Еве јас ќе напишам нешто за БГ политика која не засега сите што чекаме државјанство,
За тие што мислат дека кочењево нема врска со политика во бг, се е политика и бизнис
Да резимираме до сега:
Во 2014 г. Јавното обвинителство на РБ утврдила издавање на илјади потврди за потекло на косовари,албанци и македонци без никаков доказ. Не е покрената постапка, туку само испратиле препораки до ДАБЧ. Резултатите од проверката утврдиле дека корупцијата е единственото логично објаснување. Се работело за 1512 случаи. Министерството побарало од овие лица доказ за поврзаност со роднината всходјашт, а 640 биле и лично исконтактирани. Само 200 души доставиле документи за поврзаност, другите 440 не. Следи проверка од обвинителството на 810 преписки од ДАБЧ за периодот 2011/2013. Во 90% од преписките немало доказ за в'зходјашт блгарин.
Како резултат на тоа е сменет в.д. директор на ДАБЧ Јордан Јанев од страна на Ѓорѓи Близнашки. Пред Јанев директор беше Росен Иванов кој сега е адвокат и се занимава со државјанства, а клиенти му биле многу македонци со прекратени преписки. Иванов си има поднесено оставка во 2013 г. после една средба со зам. министерсот за правда Илија Ангелов кој му објаснил дека нема да се создаваат бугари без докази. Неговата политика во ДАБЧ продолжува иако Советот за државјанство престанува да прима удоствоеренија за происход ако не се претстават докази за тоа.
Во меѓувреме некои медиуми со истражувачко новинарство добиле информации дека се натурализираат странци за 2/3000 евра. Зам. Министерот Ангелов испратил сигнал до шефот на дирекција Блгарско гражданство Катја Матева
http://www.justice.government.bg/117/1103/ која остро реагира и потоа станува персона нон грата за ВМРО. Приемот на удостоверенија без докази е прекинат во 2014 г. и до 2016 г. се прекинати 7600 преписки за натурализација од кои 5100 за македонци.
Во 2016 г. е приведен и покренато е обвинение кон агент на ДАНС (началник на сектор во дирекција “Контраразузнавање”)
http://debati.bg/dvama-agenti-ot-dans-na-sad/ кој што измамил 4 странци, дека за одредена сума на пари ќе им договори на двајца порана дата за интервју во МП, а на другите двајца ќе им среди за карти за постојано пребивавање. Им зел вкупно 20 000 евра.
После сето ова следи пазарење помеѓу мин. За правда Екатерина Захариева и Патриотичен фронт. Таа бара парламентарна подкрепа за клучниот проект за промени во Законот за судовите затоа што го нема потребното мнозинство и и требаат гласовите од коалицијата Патриотичен фронт во која е и ВМРО.
http://www.mediapool.bg/kak-ministerstvoto-na-pravosadieto-pomogna-na-biznesa-s-grazhdanstvoto-news259273.html Во тоа време шеф на ДАБЧ е Борис Вангелов.
Захариева до тогаш ги штити позициите на Катја Матева дека нема да се создаваат бугари без докази. Во парламентот започнува расправата за проектот за новиот судски закон, а ВМРО јасно кажува што бара од министерката и дирекно настојува за отстранување на Матева и ја обвинува за саботирање на натурализацијата на македонците. Според Матева, законот не дозволува натурализација без докази.
Законот е изгласан во јули 2016 г. со подршка од ВМРО, а кратко после тоа е покрената дисциплинска постапка кон Катја Матева за неисполнување на обврските и после силни притисоци таа е сменета од должност.
После бурни расправи, извршена е и проверка во дирекцијата блгарско гражданство но не се пронајдени никакви докази за незаконско работење , а инспекторите утврдуваат дека кочењето на процедурите се должи највеќе на ДАНС, МВР и советот за гражданство.
Работа повторно тргнува и Советот почнал пак да дава позитивни мислења на странците со удостоверенија за происход. Се подготвувало преразгледување на прекратените преписки од пред 5/6 г. но имало проблеми со инфомацискиот систем кој не дозволувал тие да се воведат.
За неколку месеци пак пука тиквата...
На почетокот на 2017 г. мин за правда дава предлог државјанство да се дава само на странци што ќе докажат потекло со документи.
http://www.mediapool.bg/ministerstvoto-na-pravosadieto-smyata-da-preseche-biznesa-s-balgarskoto-grazhdanstvo-news260945.html Еден од аргументите за тоа е да се прекрати барем дел од “бизнисот” со државјанства. Новиот подпретседател Јулијана Јотова го одбила издавањето на укази на сите кои не докажале со документи дека имаат всходјашт блгарин во фамилија, дури не ни предвидува довршување на постоечките преписки и изјавува дека ќе се прекратат сите кои нема да докажат происход. Како причина за тоа ја наведува гореспоменатата ненадејна промена на позицијата од страна на Захариева во корист на ВМРО т.е. да не се бараат докази за потекло и да станат меродавни удостоверенијата издадени од ДАБЧ.
Пред да дојде на должност Захариева, мп бараше оригинални документи за докажување на потекло. Захариева доби поткрепа од ВМРО за промени во судскиот закон а ВМРО доби контрола на голем дел од процесот за натурализација.
На 28 април 2017 г. влегуваат во сила измените во Наредбата од 1999 г. за примена на Законот за бугарско државјанство.
http://lex.bg/laws/ldoc/-549705728 Промените предвидуваат дополнително да се бараат сите документи кои докажуваат постоење на барем еден всходјашт роднина со бугарско потекло (покрај удостоверението од ДАБЧ).
На овие измени ВМРО остро реагираа и се обраќаат до претседателот Румен Радев, министер/претседателот, и министерот за правда како и до сите медиуми во бг. и дури сега гледаме позитивни сигнали и надеж за промени и решавање на проблемот. Претпоставувам дека се работи за некој нов меѓупартиски “договор” за подршка во парламент и сл.
Сега засега важат само измените во наредбата од 1999г., а тоа се
Докажување на потекло со оригинални дополнителни документи.
http://lex.bg/laws/ldoc/-549705728
Има уште доста работи да се додадат во овој текст...Значи Заеви Маеви Бојковци договори не споменувајте никој. Глупостиве не се од вчера.