Да, во произход што го издаваат за постојан престој не пишува на каква основа е издаден, бидејќи се поднесува во МНР (при аплицирање за виза тип "D") и МВР, а не во МП. МВР не се занимава со вештачење на стари документи и тоа колку ти е веродостојно потеклото, едноставно го уважуваат документот издаден од ДАБЧ. Освен тоа, постојаниот престој, за разлика од државјанството, е нешто што сепак може да се изгуби ако не поминуваш Х време годишно во Бугарија, па затоа се добива полесно и побрзо, а потоа е оставено на тебе како ќе го употребиш. Ама прв пат слушам дека произход за такви потреби се издава за 24 часа. Мене ми звучи како варијанта со "подмачкување", бидејќи јас последните месеци поминав низ оваа процедура и веќе се преселив во Бугарија, ама не ме кошташе толку многу 850 евра. Сѐ на сѐ нешто над 400 евра ме фати со вклучени патни трошоци, ако не ги сметаме парите што претходно сум ги потрошил на добивање произход (околу 250 евра), што си ги ги сметам како трошоци за државјанството, не за постојана лична карта.[DOUBLEPOST=1497116500][/DOUBLEPOST]
Воопшто не е така. Во Софија нема да бидеш платен под 500 евра (ниеден Бугарин не се нафаќа за помалку да работи). Пици да разнесуваш, ќе вадиш 700-800 евра. Лично познавам Македонец што работи како готвач, заработува околу 900 евра месечно. Намерно давам примери за понеблагодарни и помалку посакувани работни места што се многу послабо платени во Скопје. Во Софија една бурекчилница да отвориш, ќе заработиш пари (ова е само моја лична претпоставка), бидејќи едноставно населението е вработено и купоспособно, во постојано движење е и ретко кој има време да готви, па затоа постојано има промет во малите бизнисчиња за храна. За Пловдив и другите поголеми градови не знам.