Добро бе, имаш капацитет да ме разбериш шо пишам, или акцентов ми е ептен лош?
Престани да дробиш празна слама, одговори ми конкретно на прашањево.
Кога ќе се спомне "однесов дополнителни документи од брачед/брачеда", што всушност се случува?
Сакаш јас да ти објаснам?
Ги земаат документите од брачедот/брачедата и ги разгледуваат.
- Ако брачедот/брачедата добила пасош на база од изјавата "се осеќам Бугарин" (што на времето беше доказ за потекло), тогаш истиот не може да биде доказ за некакво си бугарско потекло, пошо новиот закон бара повеќе.
- Ако брачедот/брачедата добила пасош на база од вистински бугарски корени, тогаш истата документација може да послужи како доказ, МЕЃУТОА од апликантот ќе биде побарано да ја докажи врската со коренот - исто како што направил брачедот/брачедата кога аплицирале. (доволно е да се приложат изводи за родени и умрени во овај случај). Де факто, тебе не ти помага документот од брачедот/брачедата што имале бугарски пасош, туку заедничката крвна врска со изворот на бугарското потекло (пр. дедо/прадедо баба/прабаба).
Затоа едни се одбиени, други добиваат. Една буква во документите (најчесто имињата) да е погрешна, одма ќе те известат по еМаил дека потребно е корегирање, односно екстра докази.
Уште не ти е јасно?
ПРИМЕР: Од тетка моја (на мајка ми сестра) братучедот извајл пасош АМА на база од татковската линија. ЈАС НЕАМ ДОПИРНА ТОЧКА со неговото потекло, иако ми е прв брачед. Можам да се обидам, но шансите се сведени на минимум.
Значи не е се црно и бело како што ние овде сакаме да биде.
Престанете со тропање глупости на темава, јас стварно разбирам луѓе во очај ќе пробаат се и сешто, и сеуште стојам на тоа да се искористи се што се може. ЗА ЖАЛ, реалноста е покомплицирана, а со comeback-ов на Бојко мислев дека ќе се подобрит, ама слабо некако....