Па друже, не можам веќе да се нервирам тука. Бар помирна глава ќе ми е во Софија, и башка тоа поинтересен живот него ли во Македонија ил Скопје.
Туку, може Леге 6 на ова да стои? Кога ќе ми излезе произходот, да си направам копија, најарно ќе биде. Со нотарски запис, сето тоа...
Благодарам.
Распрашај се убаво како што околу личната карта. Од некој што има (реално) искуство со тоа. Остај тука на форумот, 95% од информациите се лук и вода.
Не е така едноставно како што ти кажал Владо.
Имено, (барем ја колку сум запознаен) за ЛК ти треба прво виза. Откако ја извадиш визата за да добиеш привремена ЛК ќе треба да изнајмиш стан со договор со све заверено. Адресата на станот што ќе го изнајмиш всушност е адресата која ќе ја употребиш за вадењето на ЛК.
Не можеш да лупнеш Леге 6 и ајде плукни залепи, завршив работа. Па не вадиш ЛК во Пустец...
Тоа е финансиски исцрпна процедура, така да распрашај се убаво пред да влеташ во неа.
Инаку трошокот само за ЛК ќе ти биде околу 100 лева, давачки во нивото МВР. Тука можеш да го искористиш происходот. Затоа што доколку немаш происход плаќаш плус 500 лева (толку беше пред година две) за таа ЛК. Значи једина фунција на происходот е што може да ти спаси 500 лева.
Последно, вистина е дека можеш да работиш во БГ со таа лична карта. Ама пријавувањето во нивниот завод е посложена процедура. Ќе треба да најдеш работoдавец што е спремен да ја брка таа процедура. Што автоматски те става во подредена позиција (спрема бугарските кандидати) кога аплицираш за било која работа.
Работа во кафич, маркет и слично се плача од 600-700 лева плата. Доколку сакаш да имаш нормален (колку толку) живот ќе ти треба плата од минимум 1000 лева.
Имај ги на ум овие работи. И распрашај се убаво пред да влезеш во авантурата, затоа што може да ти излезе прилично скапа.
Позз