Бугарски пасош - Да или не?

Статус
Затворена за нови мислења.

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.145
Поени од реакции
11.804
Без навреди. Секој има право да си каже зошто е за или против бугарскиот пасош. Темата не е само за како до бугарски пасош, насловот укажува дека дискусијата треба да се одвива и афирмативно и негативно.
Тоа што сте толерирани во темава за да си помагате со информации и совети како побрзо да го добиете, не ви дава за право да ги навредувате другите кои се против тоа да земат еден ваков документ.
Дискутирајте без навреди понатаму, ќе ве молам. :pipi:
 
S

Sagan

Гостин
Lupna glupost I ostana ziv...:)Prodadeni dusi se site sto zemale bugarski pasos,a znaes zosto?
Zatoa sto tamu da dobies pasos treba da se pises AS SAM BLGARCE....pa za nekolku decenii poradi takvite serkovci nema da postoime...
Citaj sto si napisal bruko edna:(pa I tie sto ti stavile like na napisanoto
Па, кога ќе видиш кои ја водат мочварава и кој е претседател, точно е дека не заслужуваме да постоиме.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
162
Поени од реакции
54
dobiv info deka tie sto imaat brat sestra bugarsko drzavjanstvo deka mozat da dobijat drzavjanstvo ne zboram za tatko majka baba dedo za niv znaeme zboram za brat sestra
Od kade ti e informacijata dali nekoj zel sto ima brat ili sestra so bugarski pasos i ne bil vraten na dopolnitelna proverka??
 
Последно уредено:
M

mordekaj

Гостин
Без навреди. Секој има право да си каже зошто е за или против бугарскиот пасош. Темата не е само за како до бугарски пасош, насловот укажува дека дискусијата треба да се одвива и афирмативно и негативно.
Тоа што сте толерирани во темава за да си помагате со информации и совети како побрзо да го добиете, не ви дава за право да ги навредувате другите кои се против тоа да земат еден ваков документ.
Дискутирајте без навреди понатаму, ќе ве молам. :pipi:
Плава Маро,ај те молам прочитај троа поназад да видиш кој прво почнува со вреѓање.Искрено да ти кажам ич не ми е гајле кој шо рекол и како рекол,него воа само процедурално,да се запазе редот :D
 
Член од
19 јули 2010
Мислења
1
Поени од реакции
11
Тешко прашање. Кај секој е различно, па затоа ќе си кажам за мене. Како паметни луѓе, треба прво да ги испитаме причините заради кои луѓето масовно вадат бугарски пасоши, а не одма да ги етикетираме како „предавници“. Се шпекулира дека од 150 000 до 200 000 МК граѓани поседуваат БГ пасош. Јас лично извадив заради тоа што не сакам да живеам / створам фамилија во Македонија и сметам дека со БГ пасош значително се олеснува наоѓањето на работа во Европа.

Зошто не сакам да живеам во Македонија?
- Ми се смачи да работам за искомплексирани македонски „газди“ за мизерни 300 евра (од кои пола ми одат за сметки);
- Никаква тимска работа и работна атмосфера, сите го кријат знаењето, пошто некако во нашиот менталитет е втерано она „Ти да не сакаш да ми го земеш занаетот а? Хехе“;
- Санкции (намалување на плата) заради најглупи и прелесно-решливи проблеми, а за успешна работа никаква стимулација. Треба да си среќен дури и ако те тапнат по рамо да ти речат „Браво“;
- Употреба на некомпатибилен работен кодекс. Сакаат да применат правила за работници во фабрика за текстил, во фирма што се занимава со ИТ;
- Многу често пријавување на работниците на помала заработувачка за избегнување трошоци кон државата. Пример: Работник кој зема 15 000 МКД, 10000 МКД ги зема како официјална плата, останатите 5000 во кеш. Поради ова, работникот е изложен на ризик да не ги земе тие останати 5000 МКД (како што ми се случи мене неколку пати, а и најверојатно на многу други). Тешко на оние кои ИЧ не се пријавени;
- Катастрофа администрација и премногу бирократија;
- Катастрофа образование, здравство и социјална безбедност - трите работи според која сметам дека една држава е силна држава;
- Полицијата се замислува дека е над законот;
- Законите за физичките и правните лица се селективни (многу зависи дали татко ти е директор на Х компанија, или чувар во Y фирма);
- Партиската книшка стана лична карта, договор за работа и многу др.
- Превисока корупција;
- Сѐ на сѐ низок квалитет на живот.

Прочитав некој тука пишале дека ги признавале луѓето кои ваделе БГ пасоши само доколку биле на работ на егзистенција, но не и оние на кои ништо не им фалело. Меѓутоа, во човечката природа е тоа да напредуваш постојано, не да застанеш некаде и да речеш „Доста ми е ова, сега сѐ е совршено“. Ако некој смета дека Македонија е совршена онаква каква што е, се наоѓа во огромна заблуда.

Зошто бугарскиот пасош е во поголема предност од македонскиот?
1. Бугарија е дел од ЕУ и дел од ЕЕО (Европска Економска Област), за која важи слобода на движење на работниците, т.е. работа без работна дозвола (работна виза) (повеќе инфо http://en.wikipedia.org/wiki/Freedom_of_movement_for_workers ). Швајцарија и Лихтенштајн скоро ставија рестрикција на ова право; Швајцарија можно е да го продолжи до 1ви мај 2019-та година (за повеќе информации, гуглај "Swiss popular initiative against mass immigration").
2. Поради 1, процедурата за вработување е иста како и на матичните граѓани на државата во која се аплицира и следуваат истите права како да си граѓанин на таа држава.
3. Поради 2, значително е олеснета цела процедура на вработување.

Во Фено-Скандинавските земји бирократијата се состои од:
- Потпишување на договор за работа и за живеалиште (стан под ќирија и сл.) - 1 минута
- Со договорот за работа, договорот за живеалиште и пасошот, се оди во даночната администрација за пријавување на данок од примања и добивање на матичен број. - 30 минути
- Со извештајот од даночната администрација, договорот за работа, договорот за живеалиште и пасошот се оди во банка за отворање на трансакциска сметка. - 20 минути
- По 3 месеци, неопходно е пријавување во полиција поради останување на период подолг од 3 месеци. - 10 минути
- Регистрацискиот документ од полиција треба да се однесе во Регистар за Население и Живеалишта - 5 минути
- Пријавување во Социјална Безбедност со договорот за работа и извештајот од даночната администрација - 20 минути
- (Опционално) Вадење лична карта - 20 минути
Не треба да се враќа по 2 пати во било која институција. Сите резултати за кои мора да се чека (дебитна картичка, регистрациски документ) ги праќаат на домашната пошта.

За да бидам доволно фер, не значи дека ако немаш БГ пасош дека немаш шанси да се вработиш како Македонец некаде. Единствената разлика е тоа што со БГ пасошот имаш многу поголем избор и е многу полесно.

И како последно да додадам, јас не чувствувам никаква етничка и национална припадност, уште помалку гордост, така да во животот ми е сеедно дали сум македонец или бугарин или албанец или што и да е друго. Националната гордост е отров на човештвото и затоа одиме наназад, не само ние туку цел Балкан. Ниту леб ти носи на масата, ниту ти се грижи за твоето семејство, ниту па на било каков начин влијае на твојот секојдневен живот. Тие што не работеле надвор од Македонија (зборам за легално), му препорачувам да пробаат барем.

Поздрав добри луѓе.
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.145
Поени од реакции
11.804
Плава Маро,ај те молам бочитај троа поназад да видиш кој прво почнува со вреѓање.Искрено да ти кажам ич не ми е гајле кој шо рекол и како рекол,него воа само процедурално,да се запазе редот :D
Дали јас грешка те разбирам? За вас кои имате бугарски пасош навреда е некој да ве нарече бугарче?

Иначе повеќе процедурално не пропуштам. :D
Ако ви се пише на темава без навреди и провоцирање, бујрум. Ако не, ќе ви ја затворам на неодредено време и ќе си свиркам.:свиркам:
 
Член од
20 март 2010
Мислења
185
Поени од реакции
82
Другар ко не си се јавувал не кажвај не се тоа чисти глупости си има коктакт бројој од дирекција за бугарско државјанство од министерство за правда можиш да пробаш да се јавиш и да видиш колку е лесно да ги добијаш јас досега се имам јавено 3-4 пати, а за да ги добијам имам вртено сигурно над 50 пати и не се јавува секој еден на 100. Некој незнај дали бројчето му е во редовна постапка или на дополнителна проверка ако не му кажи посреднико, а не па ке се јавувале сите.

И јас сега брзо слушнав за истото ако се на дополнителна вратени треба само молаба да поднесат се разбита и фотокопија од пасош
A AKO SI SLUSNAL STO NE PISETE OVDE ZA INFORMACII NEGO CEKAS DA NEKOJ KAZE PISETE TOA ZNAM TOLKU ZNAM ODMA GO PISUVAM .
 
M

mordekaj

Гостин
Lupna glupost I ostana ziv...:)Prodadeni dusi se site sto zemale bugarski pasos,a znaes zosto?
Zatoa sto tamu da dobies pasos treba da se pises AS SAM BLGARCE....pa za nekolku decenii poradi takvite serkovci nema da postoime...
Citaj sto si napisal bruko edna:(pa I tie sto ti stavile like na napisanoto
Дали јас грешка те разбирам? За вас кои имате бугарски пасош навреда е некој да ве нарече бугарче?

Иначе повеќе процедурално не пропуштам. :D
Ако ви се пише на темава без навреди и провоцирање, бујрум. Ако не, ќе ви ја затворам на неодредено време и ќе си свиркам.:свиркам:
Може болдираново не е навреда?
Или јас грешка те разбрав??
 
Член од
12 април 2014
Мислења
23
Поени од реакции
6
A AKO SI SLUSNAL STO NE PISETE OVDE ZA INFORMACII NEGO CEKAS DA NEKOJ KAZE PISETE TOA ZNAM TOLKU ZNAM ODMA GO PISUVAM .
Па другар не бев дома неколку дена(во меѓувреме ја добив информацијата) и немав седнато на нет за да напишам инаку одма пишам ете ви кажав молба и фотокопија од пасош. Иако на интервјуто си наведил дека имаш брат или сестра со име и презиме што тој таму проверва дали вистина тој има што го кажуваш бг државјанство и гледа мајка татко таму дали се исти и пиши во изјавата тие пред комисја тоа не поминва. Има полно такви што имаат и неведиле на интервју и се вратени на дополнителна. И за да добијаш бг државјанство со сегашнава политика не е доволно само бг документ или татко со бг пасош или брат сестра ти треба и голема среќна звезда за да добијаш позитивен одговор од советот за државјанство.
 
Член од
4 октомври 2013
Мислења
3
Поени од реакции
2
Дали е точно дека кој има родител со Бугарско Државјанство (пасош, лична карта, живеалиште) без проблем може да извади Бугарски Пасош? Иста ли е постапката?
Од мое искуство сметам дека е точно, татко ми и брат ми имаат пасош и моите документи не се вратени на дополнителна туку чекам указ додека на другите што беа со мене истиот ден на интервју се вратени сите. Постапката е иста .
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Wiz
Член од
6 февруари 2014
Мислења
986
Поени од реакции
845
Па другар не бев дома неколку дена(во меѓувреме ја добив информацијата) и немав седнато на нет за да напишам инаку одма пишам ете ви кажав молба и фотокопија од пасош. Иако на интервјуто си наведил дека имаш брат или сестра со име и презиме што тој таму проверва дали вистина тој има што го кажуваш бг државјанство и гледа мајка татко таму дали се исти и пиши во изјавата тие пред комисја тоа не поминва. Има полно такви што имаат и неведиле на интервју и се вратени на дополнителна. И за да добијаш бг државјанство со сегашнава политика не е доволно само бг документ или татко со бг пасош или брат сестра ти треба и голема среќна звезда за да добијаш позитивен одговор од советот за државјанство.
Od bratucedi moze isto da se kopira pasos i da se odnese,ili samo od brat,sestra?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.894
Еден од родителите ако им БГ пасош, тогаш 100% зема и апликантот. А другите (по)блиски роднини НЕ СЕ сметаат за бугарски корен. Ни брат ни сестра, ни братучеди.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom