Бугарските ѕверства врз Македонскиот отпор

Член од
22 февруари 2012
Мислења
134
Поени од реакции
130
Нека прочитаа Бугарите зашто се Фашисти и окупатори во Македонија:

југославските народи се д'ржаха много сериозно по време на Втората световна војна. Те дадоха нај-много жертви процентно на населението. Това се оценјава от всички нормални историографи в света. Хитлер предлагаше на југославија Солун с Вардарската долина, ако се прис'едини к'м пакта на фашистките д'ржави. Правителството на Цветкович подписа (25.03.1941 г.) договор, но југославските народи не се полакомиха за Солун и Вардарската долина, дигнаха се и го свалиха от власт. 25 дни по-рано Богдан Филов подписа договор с д'ржавите от фашисткија пакт, а в Б'лгарија цареше п'лно спокојствие. С изклјучение на мал'к број интелектуалци и нјаколко политици англо- и франкофили, всички други или приветстваха или не реагираха по отношение на този акт. А и тези които не бјаха с'гласни не демонстрираха открито своето нес'гласие.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Февруарскиот поход - Македонија Во Текот На Втората Светска Војна




Во текот на оваа битка што траеше 2 месеци, македонската армија имаше загуби, но поголеми беа оние на бугарскиот окупатор.
Оценето е како успешна фаза за конечното ослободување на вардарскиот дел на Македонија.

--- надополнето: 4 март 2012 во 20:55 ---
Јас не сум крив што нашите револуционери(сите до ЕДЕН) се кажувале Бугари или македонски Бугари тогаш .. мал милјон документи/книги ќе ти најдам и за Ѓорче Петров и за Сандански и за Даме Груев ..... тоа апсолутно ништо не докажува што Иван Михајлов се кажувал себеси Бугарин
Кој треба на тебе да докаже дека твојот бај Ванчо се залагал за присоединување на Македонија со Бугарија.

Ако неговата активност за таа опција и кокетирањето со германските фашисти, хрватските усташи, и бугарските бели кошули за остварувањето на таа негова цел ја величиш а со тоа сакаш да ја докажеш неговата добронамерност кон Македонија мора што поскоро да се преиспиташ во твојата активност.

И да ти вратам за "како будала" да не смрдиш веќе со таа твоја врховистичка активност.

Публикувањето на тие не многу познати публицистички и меморијални материјали е мал придонес кон големата претстојна истражувачка работа на творештвото на големиот бугарски револуционер Иван Михајлов, на кого историската наука уште му должи", подвлекува Билјарски. Истовремено најавува дека се предвидува да се истражува и да се публикува и неговата огромна кореспонденција, која, според него, била не помалку вреден извор за проучување на "револуционерните борби на Бугарите останати надвор од татковината".
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
-да продолжиме,убаво што е спомнат а и со скица даден
Февруарскиот поход на нашите партизански единици,еден
негов дел го носи и името Богомилски поход.Од западна
Македонија,преку Богомила до Егејска Македонија,потоа
од таму до Прохор Пчински.А по патот.Борби,борби,борби.
Јунаштва и победи.На,Орешка Чука.на Мукос Планина.
Кај Никодин и Степанце.По Радобилско Поле и ридовите.
Пред реката Црна.Кон височините на Кожув. Сите тие
борби беа подвизи и победи, слава на нашите партизани
и нивното оружје,со многу страдања и жртви.
-Некогаш сакам да ги опишам дел од овие борби,непознати
за многу нашинци од разни генерации.Тогаш беа во “мода“
-Сутјеска, Неретва, Напад на Дрвар и Иво Лола..Иво Лола.
-----------------------------------------------------------------------------------
-“Побрзо... побрзо...чело побрзо! замрзна еден другар.
Бригадата и натаму речиси тапкаше во место. Бесната
виулица со несмалена жестина продолжуваше немилосрдно
да ја шиба и валка во снегот.Изнемоштената снага се подаваше на студот. Лутиот мраз незадржливо продираше
в коски. Десната страна, отрпната и туѓа,анџари ја дробеа.
Заседната над коравите плешки, демнеше смрта.
Во темната ноќ се уште завива северот,Беснее над стрмнините на непознатата снежна пустелија.Завева.
На десетина чекори непрозирна маглина ја дроби колоната.
-Напред! Замрзна уште еден другар.
-Што ли се случува таму,напред. Некој борец се беше
накривил на косината како телефонски столб.Побеснев од
лутина. Главнината ја дотолчува студот, а претходницата
спие!.забележав. Безразборно се нафрлив да го прекорувам
крајно невнимателниот другар.Тој беше виновен и молчеше.
Без збор ги поднесуваше мојте навреди. Го дофатив за рамена и силно го затресов-“Спие“- со горчина изговорив.
-“Дигни се“ -налутено додадов.
Но тој остана непослушен.Не ја изврши наредбата.
Тој навистина спиеше. Во длабок и вечен сон.
Зарем човек така лесно замрзнува,зарем така лесно се умира од студ? Без болки без грчеви?!- се изненадив.
Ме порази случајот. Останав зашеметен пред замрзнатиот
другар што го навредував неправедно.Не знаев што правам.
-Смрт...не никако...За живот! За посреќен живот отидовме по
овој пат со борби.Тоа не може да се случи.Сепак Смрт...
Се наведнав над него и му се загледав во лицето,немали да
го препознам кој е тој овдека,на стрмнините на Кожув, што ги
склопил очите така мирно,без да го умори пеколната жестина
Без да му ороси челото пресмртната роса, без задушниот плач и избезумен извик на неговата мајка.Замаглените очи не можеа да го препознаат.Со премрзнатите раце почуствував дека студеното лице му е глатко и младешко.
-Го погледнав. “Треба да бил јунак“- а млад е,многу млад.
-Повеќе вакви случаи се десива деновиве....
-...Ни земјата за која така верно се бореа не можеше да им
се одолжи.Немавме алат ни други можности нивните
останки да ги положиме во нејзините прегратки. Ги прекривме со пластови снег, бирани и полека положувани врз нив, како да се плашевме дека заледените грутки ќе ги
повредат нивните нежни мртви тела.Снежната покривка ја
покри тајната на нивното постоење, што требаше да ја зачува за нас, за времињата зад нас,ако до пролета не стасаме пред да окапнат снеговите, да ги понесеме со
бојните труби во нивните родни места за покој.“
-------------------------------------------------------------------------------------
Во чест на 65 замрзнати и загинати партизани, во Февруарскиот Поход по падините и сртовите
на Кожув планина- гонети од идејата за слободна Македонија и од бугарскиот фашистички окупатор.
Од книгата “Кон височините и под нив“- Гоце Митевски
посветена на борецот Андон Дуков и другите како него
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
-Убиството на Мирче Ацев
На 4 јануари 1943 год.е убиен во скопскиот затвор.
Во врска со убиството на Мирче Ацев,полицискиот бугарски началник на групата А,( Љ:Ј:) пред воениот суд на 17.01.1945 год. покрај другото изјави:
...Мирче одби да даде било какви инвормации за својата активност.
Почнавме да го мачиме за да му изнудиме признанија.Беше тепан жестоко.
Нозете ужасно му отекоа. Самиот се чудев како може да поднесе толку ћотек без да прозбори ниту збор. Тој беше затвореник што беше најповеће мачен од сите што поминаа низ затворот. Тој се покажа најцврст од сите, одвај одеше. За сето време додека беше тепан, ни малку не викаше,ни глас не пушти, извонредно многу издржуваше. Веће беше во таква состојба што немаше повеће каде да се удира...
...Околу 6 часот со Христо Стоилов и Васил Цанков седевме,кога агентот
Крум Панков ни се обрати со зборовите.
'' - Господин началниче Мирче Ацев е во многу тешка состојба,умира."
Откога Крум Панков излезе, Цанков ми рече:
" Ајде врлетего низ прозорецот и речете му на Симеонов дека сам се фрлил" ... што и така направивме.'

'Погребот на Мирче Ацев ( кажување на братучетка му Вера Оровчанец)

....Кога разбрале во Прилеп дека е Мирче заедно со Страшо затворен во скопската полиција, Вера оди таму и моли да ја пуштат да го види.
Од полицијата добива одговор.
" Ние не знаеме дали е тој. Но ние фативме двајца шумкари кои ниту имињата не си ги кажуваат. Едниот од нив е веће умрен."
...Се вратив назад кај една моја другарка симпатизерка на НОД. Со нејзината мајка отидовме во болница во мртовечницата беше еден стар чувар.Започнавме обете,со тетка Пара,да го молиме чуварот да отвори
само да влеземе да видиме дали е таму Мирче Ацев. Конечно кога ветивме пари и оти нема никој за тоа ништо да разбере се согласи да ја отвори вратата.Влеговме внатре.Међу умрените во просторијата не можев да ги препознаам познатите лица на Мирче и Страшо.Тогаш стариот чувар, што беше исто така внатре дече дека зидовите се со фиоки и во нив исто така има мртовци.И почнав да ги извлекувам. Во секоја фиока имаше по еден мртовец.Во една го познав Страшо Пинџур.
Морници ми поминаа по телото.Веднаш во другата фиока беше Мирче
Ацев. Видливо беше дека бугарските зверови од овој убав и строен маж
направиле грозотија. Од неговата бујна и црна коса беше оставиле само еден прамен, главата му беше деформисана. Насекаде се гледава траги
од измачувања.
...Стариот чувар кога виде дека го препознав мртовецот, брзо ме истера надвор,бидеићи се плашеше, зошто токму за тие двајца мртовци
полицијата најмногу се интересирала тие денови.
...Ние не престанавме да го молиме да ни го даде Мирчета тајно да го однесеме.Едно време тој се согласи и ни рече за утре рано в зори.
...Вечерта спиев кај тетка Пара и чичко Ристо Деспотовски инаку шофер
Утроро се сложи да го однесеме со автомобил Мирчета за Прилеп.Како што се договорифме ,стариот чувар ни отвори и го извадивме телото на Мирчета и го ставивме во ковчегот.Чичко Ристо и јас тргнавме со автомобилот тргнавме преку Бабуна. Иако патувањето беше тешко и со снег ,во Прилеп стигнавме околу 12 часот напладне.
...Низ градот веднаш се разнесе глас за Мирчета. Немавме време ниту да го пресоблечеме, а народот доађаше да му одаде последна почит на Мирчета. По еден час и половина колку што беше во својата кућа, поворката со Мирчета киниса кон гробиштата.
( Татко му, Мајка му, Брат му беа во интернација во бугарија, Сестра му во илегалство )
...За тоа време скопските полицајци,веројатно разбрале дека еден од двајцата отепани е украден, почнале да го измачуваат стариот чувар.
Тој им рекол како што се договоривме, дека е точно оти еден земале но тој бил починат во болницата. Полицијата веднаш се растрчала да го фати Мирчета мртов.Међутоа една случајност ја заблуди полицијата.Тој ден во скопскиот затвор бил обесен еден борец од Пуста Река Крушевско. Неговите родители некако го добиле телото и со воз го пренесле во Прилеп. Кога прилепските бугарски окупаторски полицајци
добиле известување дека на станицата доађа мртов човек, целата таа
полиција отишла попладнето да го чека мртвиот мислејћи дека тоа е
Мирче Ацев. Међутоа брзо ја виделе забуната. Потоа се упатиле кон кућата на Мирче Ацев. Но тука доцна стигнале.Мирче Ацев беше веће погребан со сите почести на народен борец. Полицијата бугарска немаше смелост да го откопа мртовецот. Се плашеше од револт на населението-Тоа беше всушност удар за фашистите."
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
-Бугарските зверства и терор над македонскиот народ во
Фашистичка Бугарија во време на 2 С.В. 1942-1944 год.

1.Интернации на одредени (заврлени) села-места.
2.Трудови дружини. “трудоваци“
3.Црни чети - “ Черни роти“
4.Концетрациони логори.
5.Политички затвори.

---------------------------------------------------------------------------------
Бугарската фашистичка администрација,полиција и војска
веднаш по окупација на Македонија почна со терор,апсења
па дури и до ликвидација на т.н.“неблагонадежни болгари“
Такви Македонци ,мажи жени на секоја возраст беа праќани
во “мајка“ Бугарија кој се манифестираа во наведените 5 точки.
Во некој наредни текстови-постови сакам да го расветлиме
животот на овие наши Македонци таму во тие места каде биле.
Да чуеме и за ова тема што знаат тамошните Бугари кои
се сега на гости по форумов.Ќе ја кажат ли вистината.
За Мирчета може да напишам и за апсењето ако ве интересира.
Само тој беше борец за слобода на својот народ,а можеби и
“комунист“ но тоа не го прави терорист во никој случај.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Последниве години тој ги истражуваше политичките струења во Македонија под бугарска окупација и, според документите, бројот на лицата кои биле поврзани со бугарската власт, кои се сметале за Бугари, а Македонија ја гледале како дел од Бугарија бил мал. „Ова групација не чувствувала потреба да се бори и затоа не формирала ниту контрачети. Мислеле дека со доаѓањето на Бугарите дошла и нивната слобода, дека живеат во слободна држава. Навистина, такви чети имало во втората половина на 1942 и 1943 година, но нив ги формирала бугарската власт и безуспешно се обидела да предизвика граѓанска војна. Контрачетниците ги плаќала од државната каса, а денеска во Историскиот архив на Македонија има списоци со нивните имиња. Но, тие контрачети биле во мал број и не дошло до некои борби со партизаните. И во Тиквешијата постоела една таква контрачета и само таа се судрила со партизанските единици. Меѓутоа, формирањето на тие чети од бугарската држава и тој судир во никој случај не значи дека имало некаква граѓанска војна“.


Македонските комунисти и патриоти биле единствената воена и политичка сила која имала јасна визија за иднината на Македонија по завршувањето на војната. Тие имале цел да формираат македонска држава во рамките на Југославија и тоа го сториле. Наспроти нив, немало друга влијателна организирана воена сила создадена на македонските простори кои за иднината на Македонија имала поинаква визија и затоа била избегната граѓанска војна. Тогаш против комунистите биле само окупаторските војски - Бугарите, Италијаните, Германците и балистите.
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Тие имале цел да формираат македонска држава во рамките на Југославиjа.

Борци за независност или за Титова Југославиjа?





Това кажува се. Кои разбрал, разбрал.
Кои не разбрал, да се моли вечер пред снимката на другарот Тито.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Тие имале цел да формираат македонска држава во рамките на Југославиjа.
Тие имале цел да формираат македонска држава во рамките на Југославија...... и тоа го сториле.
И живееле 50 години слободни како никој во светот заеднички братски живот со сите ЈУ народи и Републики во ТИТОВА Југославија наспроти окупаторските фашистички бугарски апетити за санстефанска Бу'лгарија.

(((Македонските комунисти и патриоти биле единствената воена и политичка сила која имала јасна визија за иднината на Македонија по завршувањето на војната. Тие имале цел да формираат македонска држава во рамките на Југославија и тоа го сториле. Наспроти нив, немало друга влијателна организирана воена сила создадена на македонските простори кои за иднината на Македонија имала поинаква визија и затоа била избегната граѓанска војна. Тогаш против комунистите биле само окупаторските војски - Бугарите, Италијаните, Германците и балистите.)))

Додека бугарите и Бугарија после ослободувањето 50 години беше гранично обиколена со ТРИ реда бодликав ѕид ние одевме секоја вечер во нивната мајка булгарија на музика и момичета гледајќи им ги раширените очи и скришни солзи жалејќи ги за нивната мака за исперените мозоци од БАН.

Тие апетити кај малкумина поединци од поколенијата на фашистичките бугарски окупатори и сега повремено ги покажуваат канџите не можејќи очи да затворат за спиење од мислата дека тоа ќе им се оствари... кога ќе прдне умрено магаре.

Борци за независност или за Титова Југославиjа?
Ако не беа тие борци во Титова Југославија немаше да биде АСНОМ а со тоа и сегашната независност туку ќе беше САН СТЕФАНО ......ВЕЛИКА БУЛГАРИЈА.


Това кажува се. Кои разбрал, разбрал.
Кои не разбрал, да се моли вечер пред снимката на другарот Тито.
Тоа кажува се ВЕРОЈАТНО НЕКОЈ РАЗБАРЛ, ако не разбрал има слики на СС Хитлер и неговиот верен слуга ЦАРА Борис нека се крстат, плачат и плачат да станат од катакомбите и ја остварат идејата за САНСТЕФАНСКА Бугарија.

Во тој дух е и искажувањето на д-р Кирил Миљовски, кој подоцна ќе се вклучи во комунистичкото движење, ќе биде избран во Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и за негов член, а по војната ќе биде професор и прв ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Тој првата година на окупацијата бил уапсен од бугарската полиција и во затвор одлежал два месеца. Како што пишува во документот, д-р Миљоски со научна точност ги изложил своите ставови: „Во Бугарија се зборува дека тука нашле на расипана, неморална, денационална младеж. Тоа не е вистина во ниеден случај. Но кога се зборува за лоши гласови, се знае дека некој има сметка. Се кажува дека сме се посрбиле. Јас не сакам да зборувам за грозотиите на бугарските затвори и зошто сум затворен. Петстотини души минале низ затворите поради еден развратник на една девојка.
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
Декември, ако некои ке каже дека не е имако зверства во вардарска МКД ке излаже.
Во военно време, особено на балканот а и во светот е така. Некои ако каже дека БГ е спасила сите евреи
ке излаже. Во МКД и Тракиа не ги е спасила. Но е спасила 50 илиади свои. И само 2 са земите направили това.
Не спорам и дека тогаш са били фашисти на власт.
Ама аи ми кажи ти сега колко македонци са истепали тиа ваши комунисти като са толко убави? И титовистите србокомунистите? Колко луге бес вина, суд и присуда
птидоа во Голи Оток или беа утепани? Шо ке кажеш за тиа луге, за тиа зверства? По малко ли ги е болело?

За мен лично нема разлика мегу фашисти и комунисти. И двата вида са убиици. Разликата е само дека фашистите тепат туги народи, а комунистите туги и свои.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
Декември, ако некои ке каже дека не е имако зверства во вардарска МКД ке излаже.
Во военно време, особено на балканот а и во светот е така. Некои ако каже дека БГ е спасила сите евреи
ке излаже. Во МКД и Тракиа не ги е спасила. Но е спасила 50 илиади свои. И само 2 са земите направили това.
Не спорам и дека тогаш са били фашисти на власт.
Ама аи ми кажи ти сега колко македонци са истепали тиа ваши комунисти като са толко убави? И титовистите србокомунистите? Колко луге бес вина, суд и присуда
птидоа во Голи Оток или беа утепани? Шо ке кажеш за тиа луге, за тиа зверства? По малко ли ги е болело?
Кога бе ќе се одвикнете од поставување прашања?
Не е темата каде се наоѓаме за полемизирање по ова шо си нацртал, дај кажи за бугарско фашистичките војни ѕверства направени во Македонија во втората светска војна за време окупацијата. Сите вие вртите сукате да ја избегнете таа тема и кога ние ви поставуваме прашања се смотате како морнарски чвор, вазол, јазол да не може ни Свети Петар да го разврзе.

Само да знаеш, мешаш а и другите или во сијалиците сте го научиле и запомтиле само тој збор "србокомунистите".
Веројатно си уште во пелени и не можете или не знаете а можно може да биде и.. знаете а се правите мутави.
Имало југокомунисти или СКЈ во кој СКЈ членувале републичките сојузи како СКМ, СКХ, СКСло, СКБиХ, СКЦГ и СКСрб., кога ќе ја чукнеш сијалицата да засвети ќе ти светне дека биле Југокомунисти и едно да знаеш и обавезно да запомтиш ТИТО е хрват па затоа најдобро да се избламираш со... Титовистите хрватокомунистите.

За останатото шо си плеснал не реплицирам оти не е темата за тоа иако имам текст да паднеш во несвест од столот.

За мен лично нема разлика мегу фашисти и комунисти. И двата вида са убиици. Разликата е само дека фашистите тепат туги народи, а комунистите туги и свои.
За мене ИМА и тоа огромна разлика.

Во своите народи има и домашни предавници па затоа што заслужиле тоа добиле. Пост воен период е тешко да се исчисти од кртовите предавници.

Приврзаниците на В.Михајлов и бугарија подготвувале терен тој да дојде во Скопје. Во јули 1941 година, Димитар Чкатров, Димитар Ѓузелов, Владимир Куртев и други одржале средба на која расправале за тоа. Притоа, се договориле како да се организираат во новонастанатите услови, како да придобијат истомисленици и да назначат пунктови началници во поголемите градови. „За Скопје бил назначен д-р Асен Албански, а за Битола Пешо Гребенаров, поранешен пунктов началник во Пловдив, човек на Михајлов. Нивната цел била ширење на политичко-пропагандна активност. Истовремено, бугарската амбасада во Загреб ќе му издаде на Михајлов лажен пасош на име Иван Гаврилов Атанасов, трговец, роден во Софија, како и на неговата сопруга Менча Карничу на име Марија Иванова Атанасова, домаќинка, исто така, родена во Софија“, повикувајќи се на документи од бугарските архиви.
 
Член од
28 јануари 2010
Мислења
493
Поени од реакции
117
За мене ИМА и тоа огромна разлика.

Во своите народи има и домашни предавници па затоа што заслужиле тоа добиле. Пост воен период е тешко да се исчисти од кртовите предавници.


Знаеш ли колко македонци са истепани от титокомунистите со етикетата "предавници". Ако знаеш, обиасни го на децата и внуците им. И дали са били "предавници" тиа, дека не са сакале МКД да влезе во Jугославиа, а да биде самостоина?
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Декември дај биди малце повеке објективен како прво Бугарите не биле фашисти мислам дека не ни постои Бугарска фашистичка партија , биле во сојуз со фашистите не ги прави нив фашисти ... ;) а , на друга страна да партизаните имале герилско-терористички методи на војување прифати го тоа незначи дека е нешто лошо ако имаш такви методи на делување .. повеке герилски ама често и терористички методи применувале и во тоа нема апсолутно НИШТО СРАМНО ...
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Под 1 знаеме дека биле фашисти

Под 2 каде направиле злосторства датум,време аргументи wikipedia

Под 3 ако зборуваме за историја дај кажете нешто паметно и поучно на форумот.

знаете дека се забранети хејтери и ширење на пропаганда

Сепак историја се менува нели секоја прави грешки
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
-Вечерва, поточно утре рано наутро во 1943 год.бугарската администрација, војска и полиција ќе ги апси Евреите од
Макединија на број 7251 лице и ќе ги депортира во Треблинка
никој не се врати.
-Од Битола вкупно 3357 Евреи
-Од Скопје вкупно 3313 Евреи
-Од Штип вкупно 551 Евреи
-----------------------------------------------------------------------------
Од нив само бебиња до 1 година беа 155.
Деца до 16 години беа 1037.
Лица над 60 години 865.
Изнемоштени старци 125.
Трудници 17 (од кој 4 се породија)
Некој болни Евреи се земени и од болница
(од кој 4 умреле првите денови)
-----------------------------------------------------------------------------
повеќе во темата Еврејските партизани...прочитајте задолжително

и сега уште болгарине не признаваат дека биле ФАШИСТИ
ај бери им памет ако го имаат,од овој факт,од овој чин
пофашистички и не може да биде абе слуги фашистички
затнете се конечно признајте ја вината пред народот и бога.
 

Dekemvri

Неписмен уличар
Член од
8 декември 2010
Мислења
338
Поени од реакции
247
methMKD
прво Бугарите не биле фашисти мислам дека не ни постои Бугарска фашистичка партија ,
(биле во сојуз со фашистите не ги прави нив фашисти) ..
Ова подолу, да го кажеш на твоите пијани и ретардирани фашистички пријатели дека бугарите биле во сојуз со фашистите... ама не биле фашисти!

Министерскиот совет (со одлука број 3156, НА бр. 4153/5 од 05.6.1942) издал Наредба за државјанство во "ослободените" земји во текот на 1941, со која фактички е создаде основен терен за пат на Евреите од Македонија кон Треблинка. Со Указ број 52 од 28.7.1942 година и потпис на царот Борис Трети бил донесен Законот за овластување на Министерскиот совет за преземање на сите мерки за уредување на еврејското прашање и прашањата поврзани со него.
На 22.2.1943 година по овластување на царот Борис Трети и Богдан Филов, Александар Белев потпишал СПОГОДБА за собирање на 20.000 Евреи од Македонија и Тракија со германскиот полномошник Теодор Данекер (експерт од одделението 4б на Ајхман, повикан од Министерскиот совет на фашистичка Бугарија). Во членот 8 од спогодбата пишува: "Во никаков случај бугарската влада нема да бара враќање на иселените Евреи".

Во 1943 година беа депортирани и убиени 7.148 македонски Евреи или 98 отсто од еврејската популација што дотогаш живеела во Македонија.

Планот за собирање како строго доверлива информација е направен на 4.3.1943 година. Бил подготвен и Правилник за работа на концентрациониот логор во Скопје. Од него, само за илустрација одвојувам: забрането на притворениците да пеат песни, да играат игри, да отвораат прозорци и да гледаат преку нив, да добиваат храна однадвор... Посета - апсолутно забранета. На 13.3.1943 Белев носи нова Наредба број 865 за ликвидација на имотите сопственост на лица од еврејско потекло иселени надвор од границите на земјата. На чуварите (одбрани пријатели) им се заканува тогашниот кривичен законик за непослушност. Полицијата влегла во еврејските домови. По само неколку дена 3 конвои заминале од Скопје носејќи занавек 7.200 македонски Евреи во Треблинка во Полска, од каде што никој не се вратил. Веднаш по симнувањето од возовите биле одвоени децата, жените и мажите и задушени во гасни комори. Телата биле наредени на клади што личеле на отворени скари, во тури по 2.000 тела и запалени. Огнот и миризбата на телата се чувствувале на километри. Пепелта е истурена во заедничка гробница во Треблинка, каде што, за жал, и по 60 години стои натпис - Евреи од Бугарија. Бугарската полиција собрала се што било вредно, се што можело да се впаричи. Се што можело да се носи заминало во правец на Софија.


Жртвите, (главно Евреи) што не биле убиени во гасните комори умреле од глад, прекумерна работа, заразни болести и медицински експерименти.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom