Бугарските ѕверства во Србија 1941-1944 г.

Член од
15 декември 2009
Мислења
770
Поени од реакции
479
22. aprila 1941. Bugari su ponovo okupirali surdulički kraj. Surduličani su internirani u Bugarsku, vršena su mučenja, silovanja i svakojaka zverstva. Bugari su dva puta palili selo Masuricu, kao i selo Koznica. Posle kapitulacije Bugarske, Surdulica je oslobođena 5. septembra 1944. Danas je taj datum opštinski praznik.

http://www.oocities.org/surdulica_com/istorija.htm

http://www.spc-altena.de/latein/ebene02/eb8_hs8_us141.html


1942. g. ceo manastir su zapalili Bugari i potpuno ga uništili, j
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Што значење има тоа? Зошто Југославија бомбандира невини граѓани, без Бугарија ниту да и ја објави војна, ниту да ја нападнала? Зошто Југославија не бомбандира Германската армија, а напаѓа цивилното население?



Види добро жртвите, колку војници и колку цивилни жртви и сам процени дали нападнале цивилно население или германски војници. Бугарската војска воопшто не учествувала во воените дејствија во тоа време.
Toa e превентивен напад и немало цивилни жртви туку само колатерална штета.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.420
Поени од реакции
572
Toa e превентивен напад и немало цивилни жртви туку само колатерална штета.
Кога целта е цивилното население, колатерална штета се германските војници. 58 убиени од цивилното население и 8 германски војници колатерална штета. Тоа е биланс во однос на убиените во Ќустендил. Во Софија дури нема воени жртви.
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
Зашто Бугарија дозволила престој на странска војска и странски воени авиони?

Истите тие авиони утрото на 6ти април извршија напад на Белград кој бил прогласен за отворен град без воени објекти. Убиени се 2-4 илјади луѓе. Жртвите кај германците се многу мали (југословенскиот напад на Софија).

Инаку југословенските авиони ги напаѓале колоните со војска на Германија кои оделе во правец на Скопје, преку линијата Куманово - Крива Паланка - Ќустендил.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Чудев се дали да пишувам во ова тема или не, па не се здржав. Нешто ми личи како провокациjа, видете ги Бугарите какви са "изверги",колко срби са утепали. Па воjна е, тепали са, а србите колко Бугари утепаа от 1919г. во Македониjа(Вардарска Бановина по онова време) и во Босилеградски и Димитровградско? Како србите се однесуваа спрема Бугарите 1885г, 1913г. ? Има прекалено много докази за сверствата на србите преку Бугарите и Македонците. Да прашам Македонците тука, ако на вас Албаниjа ви забие нож во грб 2-3 пати и поради тоа загубите воjна,изтепа ви народ и ви земе парче земjа, како ке се чувствувате и нема ли да сакате разплата??
Некоj праша оти Бугариjа пуштила Немците да тепат от своjа териториjа СФРJ, епа оти па да не ги пуштиме? Бугариjа след 2 национални катастрофи нема мерак да се тепа со кого и да било. Плус ова дека 770 000 немска армиjа иде преку Дунав и ни дава ултиматум или сме со Германиjа или сме против и ке ни окупират и изтепат. Мислим бугарскиот цар е земал наj доброто решение за ова време, па не е дозволил и Бугари да се тепат за нацистичка Германиjа на источниот фронт.
http://www.pogledi.rs/diskusije/viewtopic.php?t=19729&sid=b1ac9686e223c9d32ff61420e68f9773

Бугари и срби се мразиме и тепаме веке 10 века и нема изглед скоро да сопреме, дали Македонците ке разберете незнам. Ама молим ви се, преди да изкарате Бугарите такви или вакви, прочитаjте оти е вака.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.420
Поени од реакции
572
уѓе. Жртвите кај германците се многу мали (југословенскиот напад на софија)
Инаку југословенските авиони ги напаѓале колоните со војска на Германија кои оделе во правец на Скопје, преку линијата Куманово - Крива Паланка - Ќустендил.
1. Нема ни еден германец убиен во нападот на Софиjа.
2. Каков авион во западниот дел на Софија и Ќустендил?
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
1-ви Март '41.
На територија на Кралство Југославија се напаѓани колоните за Скопје. Куманово - Крива Паланка - Ќустендил.
На територија на Царство Бугарија: југословенски авиони Дорние 17 ги бомбардира индустриските делови на Софија и Ќустендил.

Не ти ја разбирам споредбава со Југославија и албанките.

Туку ај југословените ве мразеле па ве нападнале. Зашто РАФ бомбардирал цели во Бугарија на истиот ден?
Сигурно не им тежеле бомбите на авионите од тип Бристол Бленхајм и Викер Велингтон над Петрич и Хотово.
Супер, значи знаеш,дека германските трупи влегуват во Бугариja преди да биде подпишан договора.
Аха бомбардирали индустриски делови,а не воени колони. Да, нормално е да не ja разбираш споредбата.
Jaс ви предлагам да отворите по една тема за бугарските зверства во Романиja, во Турциja, во Грциja и да приклучиме целиот циркус. Ако сакате ние да отворим теми за зверствата на србите во Бугариja, на грците во Бугариja, на турците во Бугариja, на романците во Бугариja?!
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.965
1. Нема ни еден германец убиен во нападот на Софиjа.
2. Каков авион во западниот дел на Софија и Ќустендил?
1. Моја грешка...загинати се само цивили во Софија (8)
2. Зборував за германците кои од Ќустендил тргнале кон Скопје (тие биле цел на бомбардерите на ЈКВВ)
Супер, значи знаеш,дека германските трупи влегуват во Бугариja преди да биде подпишан договора.
Аха бомбардирали индустриски делови,а не воени колони. Да, нормално е да не ja разбираш споредбата.
Jaс ви предлагам да отворите по една тема за бугарските зверства во Романиja, во Турциja, во Грциja и да приклучиме целиот циркус. Ако сакате ние да отворим теми за зверствата на србите во Бугариja, на грците во Бугариja, на турците во Бугариja, на романците во Бугариja?!
Па и германците во Белград пуштаа бомби на цивили, германска војска е стационирана во Бугарија. Исто како да учествува. Дава логистичка поддршка на Германија, користење на инфраструктура, тоа значи дека Бугарија има ќар од нападот на Југославија.

Тоа се гледа по неколку дена, кога Германија ја поканува Бугарија да си го заземи делот. Кралството Југославија не постои после десетина дена од нападот, така да, Бугарија нема на кого да објави војна (како држава на држава).

Никој не вели дека Бугарија го бомбардирала Белград. Правам споредба на германскиот напад на Белград со југословенскиот напад на Софија. Нема воени жртви, само цивилни.

Но ова е тема за бугарските ѕверства во Србија (1941-44).
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Престанете со офтопици, темата има јасен наслов.

Веќе сме пишувале на форумов за предходната бугарско-српска љубов.

Бугарско-Српската љубов од крајот на 19 и почетокот на 20 век

А и пред самото почнување на војната на Балканот и двете држави потпишуваат дека се приклонуваат кон Тројниот Пакт на Германија, Италија и Јапонија.

Бугарија на 1 март 1941



Кралство Југославија на 25 март 1941

http://sr.wikisource.org/wiki/Протокол_о_приступању_Југославије_Тројном_пакту_(1941)

Со таа разлика што во Југославија британските тајни служби успејаа само два дена после потпишувањето да иницираат масовни демонстрации против тоа со што му ги поматија плановите на Хитлер кој тогаш мораше воено да ја освои Југославија за да преку неа и Бугарија стигне до Грција и им помогне на килавите Италијани.
Тоа воедно му го одложи и планот за побрз напад на СССР, коешто закаснување можеби имаше пресудно значење за пресвртницата во војната токму на источниот фронт во Русија.


Вратете се на темата!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Tочно за темата:

Единиците на бугарската 24.пешадиска дивизија дојдоа кон половината на август како казнена експедиција во селото Остра кај Чачак да го одмаздат еден убиен бугарски војник,го прегазија скоро цело Драгочево,запалија повеќе од 200 куќи,испотепаа и испоапсија се што не беше избегало. (ова е во 1943 година)

Исто такво тешко злосторство бугарските фашистички војници (заедно со германската полиција)направија јужно од Арилје:поради заробени 18 бугарски и 2 германски војника од граничната испостава кај Ивањица, убија 372 селани,351 уапсија,460 куќи запалија.

За таквото совесно и упорно истребување на тие „бунтовни Срби“, бугарските окупациони трупи добија специјална пофалба и признание од германскиот военоуправен командант за Србија,генерал Бадер,по повод неговото заминување на нова должност во август 1943 година....“
 
Член од
12 април 2005
Мислења
47
Поени од реакции
24
Браво Анчо секое насилство може да биде објаснето и дури оправдано но не и од Бугарите врз Срби (овие свети луѓе заштитници на сите балкански народи ) . Аиде скриј се некаде - мнозина од војниците и офицерите од бугарската армија не им бил потребен повод за да мразат Србите ( расказите на татковците им бил доволен ) .
На крајот на 1944 Бугарската армија плаќа со ~ 4000 убиени и ~ 10000 повредени своите гревови во Југославија (учествуваат во истерувањето на нацистите)
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Ај да бидеме на чисто. Значи си ги признаваш гревовите, или по стариот испробан шизофрен терк ќе тврдиш дека два пати сте ги "ослободувале"?
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.584
Антологиското менување на дресовите кон крајот на војната кога не ги ни смениле називите на своите воени формации, а преку ноќ станале "ослободители", не ги ослободува Бугарите од одговорност за направените воени злосторства.

Во нив спаѓаат масовните стрелања и мачења над цивилното население, посебно во источна и јужна Србија, иако истото е прогласено за бугарско и припоено кон Бугарија. На пример, во селaтa Бојник и Драговац убиле 512 луѓе -- претежно жени, деца и старци -- потоа стрелале во селото Јаковљево, Долна гара, и други места во околината на Врање, Црна Трева, итн.

За време на окупацијата, спровеле бугаризација: ја забраниле употребата на српскиот јазик, затварале и интернирале луѓе по основа на етничка припадност, ги протерувале српските свештеници и наместо нив носеле бугарски, и спровеле акција на запленување и уништување на српските историски споменици, карти, книги, и вовеле даноци на земја, на секое живо лице, на овоштарници,на пчели и на се друго на што можеле да се сетатда оданочат.

Радомир Костадиновиќ ги навел овие злосторства во својата книга "Црна Трева и Црнотревцитe", Лесковац, 1968 година.

Споменикот на стреланите жртви во Бојник
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Сите акции на бугарската фашистичка војска во Јужна и во Источна Србија во февруари 1944 година беа водени под шиврата „ Бура “.

Според германските извештаи само западно од Лебане до 9 февруари се убиени 269 луѓе,но убиствата и апсењата продолжуват во Прокупље,Зајачар,Неготин.....

Сите наредби на германската команда,бугарските фашистички единици ги извршуваат мошне совесно. И повеќе одколку совесно.Првиот батаљон на 123 полк доби задача да запали четири села во Јабланица. Командантот на батаљонот издаде наредба единицата да не може да тргне натаму додека тој лично не се увери дека и последната куќа е запалена.

Кон крајот на февруари акцијата „ Бура “ беше завршена,а резултатите беа со стотици стрелани, уапсени,прогонети луѓе со стотиници запалени куќи,со стотиници запуштени огништа.

Наспроти сето тоа силите на народноослободително движење растеа.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Ај да бидеме на чисто. Значи си ги признаваш гревовите, или по стариот испробан шизофрен терк ќе тврдиш дека два пати сте ги "ослободувале"?
Бугарите не са светци, имат своите гревови,а кого зборуваш за твоиот шизофреничен терк за ослободуването, да те прашам какво население има во Западните покраjнини? Тамо ослободители ли са били, окупатори... што били за нив? Ке ти помогнам со слика от тоа време.


Реваншизмот во двете обштества-мегу бугарското и србското са били многу силни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom