24.10.2008, 16:28
ОМО ИЛИНДЕН ПИРИН НИКАКО ДА СЕ РЕГИСТРИРА ВО БУГАРИЈА
БУГАРИТЕ ЛЕГАЛНО ГО "РЕШИЈА" МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Откако ги исцрпеа сите политички средства, притисоци и закани Бугарите решија легално да ја елиминираат партијата на македонското малцинство. Ќе го менуваат Изборниот и Законот за политички партии.
Според измените, за да ОМО Илинден Пирин функционира како Партија мора да има свои претставници во најмалку 2/3 од Бугарските општини, а за да учествуваат на локалните, мора да имаат освоено 1% од гласовите на парламентарните избори.
Целта според Стојков е јасна. Македонското малцинство да исчезне од бугарската политичка сцена.
- Очигледно е дека овој закон има намера да ги уништи партиите како нашата.Тоа се гледа од еден од предлозите каде дури с ебар да се забрани партија на регионална основа, што е апсурдно бидејки во Европа регионализмот е истакната како движење, дури има и Комитет на региони.Овој закон има уште една цел, а тоа е да се спречат локалните сили, пред се бизнис елитите да учествуваат во поделбата на колачот заедно со големите, да бидам искрен разбојници од Софија - изјави Стојко Стојков – претседател на ОМО Илинден Пирин.
Според Стефан Влахов, филозоф и историчар од Бугарија, ОМО Илинден дури и да се регистирира како партија Бугарите и понатаму ќе го негираат македонското малцинство и народ. Според него Бугарија има проблем да го зачува сопстевниот идентитет, па отаттаму и нагонот да ги уништува останатите.
- Проблемот не е само со Македонското малцинство, односот на Бугарите е ист кон сите малцинства што постојат во Бугарија. Причината е што Бугарија се соочува со криза на сопстевниот идентитет. За да се променат работите во позитивна насока, Бугаринот мора прво да го смени чипот во својата глава - рече Стефан Влахов – филозоф и историчар.
Пред извесно време Влахов беше избркан од Софискиот Универзитет поради неговите промакедонски ставови.
Тоа беше денеска на Сител. Кој сака може да погледне и видеото баш е интересно.
Извор