- Член од
- 30 август 2008
- Мислења
- 2.232
- Поени од реакции
- 286
Бугарија најсиромашна членка на ЕУ
18.10.2010 11:52
Европскиот парламент
Бугарија е најсиромашна членка на Европската Унија, дури 51 отсто од бугарските државјани се соочуваат со материјални трошоци, покажува извештајот на Европскиот парламент по повод 17 октомври, Светски ден за борба против сиромаштијата.
Податоците на Европарламентот за 2008 година покажуваат дека повеќе од 85 милиони граѓани или 17 отсто од популацијата на ЕУ живее под прагот на сиромаштијата.
Во текот на 2005 година овој процент изнесуваше 16, а во 2000 година 15 отсто.
Во извештајот се посочува дека во последните години социјалните разлики се зголемуваат, во најтешка позиција се децата, младите, старите лица и жените, а економската криза дополнително го намалува бројот на работни места.
Европската Унија 2010 година ја прогласи за Европска година за борба против сиромаштијата и социјалните разлики. По тој повод наредната недела во Стразбург ќе се одржи пленарна седница на која ќе учествува и генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун.
Коалицијата на невладини организации најави дека на 19 октомври ќе направи ланец од луѓе околу зградата на Европарламентот, со што ќе ја искажат грижата и солидарноста за намалување на сиромаштијата.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?vestID=128904