- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 3.271
- Поени од реакции
- 707
Турски медиуми објавија дека Бугарија се подготвува официјално да побара од Турција обесштетување од 10 милијарди долари од Анкара за имотите на бегалците од Тракија кои се иселиле од Турција по 1913 година.
Медиумите се повикуваат на изјава на министерот без ресор Божидар Димитров, задолжен за прашања на Бугарите во странство. Тие јавуваат дека Димитров дал сигнал оти ако обесштетувањето не биде платено, Бугарија ќе предизвика пречки за членство на Турција во ЕУ.
Димитров потенцирал дека прашањето за обесштетување е во извештајот на ЕК за напредокот на Турција за 2008 година.
Медиумите го насочуваат внимание на изјавата на Димитров дека решението на тој проблем е услов за членство на Турција во ЕУ. Тој изјавил дека во врска со барањето се проучуваат документи од државните архиви и оти прашањето за обесштетување фигурира во Анкарскиот договор од 1925 година меѓу Бугарија и Турција кој се уште е на сила.
Според медиумите, прашањето за обесштетувањето ќе биде разгледано за време на посетата на премиерот Бојко Борисов во Турција во крајот на месецов.
Турција го губи ентузијазмот за влез во ЕУ
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предупреди дека „ентузијазмот на Турците за влез во Европската унија е намален заради однесувањето на некои лидери на земјите-членки“.
Во интервјуто, објавено во понеделник во списанието „Критер“, Ердоган подвлекува дека останува непроменета позицијата на владата за присоединувањето на Анкара во европското семејство.
„Процесот за членство во ЕУ е прашање, што не подлежи на промена во дневниот ред на неделните седници на Советот на министри“, изјави Ердоган.
Тој смета дека поради однесувањето на некои земји и нивните лидери во ЕУ, постои недоволен ентузијазам кај Турците за европската интеграција.
A1