Британец станува дедо на 29 години

Член од
14 август 2010
Мислења
5.509
Поени од реакции
5.821
Овој млад човек од јужен Велс бил бесен кога дознал дека неговата четиринаесетгодишна ќерка е бремена, но не можел да остане лут многу долго поради две причини: 1) таа се родила кога тој имал 14 години и 2) со 29 години тој стана новиот најмлад дедо во Британија.
Весниците не го откриваат неговото име за да ја заштитат неговата ќерка, но тој изјавил: „Историјата се повторува. Ми се допаѓа идејата да бидам најмлад дедо во Британија, но исто така сум бесен што ќерка ми е бремена. Самиот знам колку е тешко да се биде родител тинејџер и сега таа ќе мора да помине низ истото искуство. Но, таа ќе ја има нашата помош и подршка и сите заедно ќе го пречекаме новиот член на семејството.“
„Не се чувствувам како дедо - немам бела коса и слухот ми е одличен“. Тој додал и дека неговата мајка, која има 47 години со нетрпение чека да стане прабаба. „Таа имала 18 години кога сум се родил јас, беше шокирана кога ѝ кажав, но сега е среќна. И нејзината мајка е жива, а исто и нејзината баба која ќе стане пра-пра-прабаба. Сигурно нема многу фамилии каде што шест генерации се живи во исто време“.
Тој тврди дека е помлад од сегашниот носител на рекордот Дејл Рајт, кој имал 29 години кога станал дедо во 1997 година. Синот на Рајт, Стивен, имал 14 години кога неговата девојка, која исто така имала 14 години родила ќерка. Дејл Рајт тогаш изјавил: „Посакав да не се случеше, но не можев да му викам многу зашто и јас го направив истото“. Најмладиот дедо во светот е Никола Костич од Германија кој имал 26 години кога неговиот син, Станко, станал татко на 13 годишна возраст.



Најмладиот татко во Британија е Шон Стјуарт од Шарнбрук, Бедс, кој имал 12 години кога се родил неговиот син во 1998 година. Тој бил ослободен од училиште за да може да биде со неговата девојка, 16 годишната Ема Вебстер. Најмладата баба во Британија имала 26 години кога нејзината 12 годишна ќерка се породила во нивниот дом во Ротерам во 1999.

Извор:http://365.com.mk/statii/svet/7244-britanec-stanuva-dedo-na-godini
 
H

HITCH

Гостин
Ајде, кај овие не се знае кој кого ќе чува! :pos: Нека се живи и здрави сите, подобро да го роди детето отколку да го абортира, а со тоа и да си направи и поголеми компликации. :toe:
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Овие им се сериозна конкуренција на Топаловиќи.
 

Milanez`

Tutta lα miα vitα...
Член од
6 август 2007
Мислења
14.580
Поени од реакции
5.586
Само вие ебите се...
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.504
Поени од реакции
31.082
крушата под круша паѓа.
се кладам у стотче дека на 43 години ќе стане чукун дедо.
 

Јас!

Цвеќенце сум. Нарцис.
Член од
27 јануари 2011
Мислења
34
Поени од реакции
3
Дете ќе чува дете.
 
С

сашенко

Гостин
Овие па како да не виделе кондом како изгледа :pos2:, нека се ебат колку сакат и каде сакаат ама си постои заштита толку ли се неписмени.Ај за време на дедовците нивни не било толку чудно, некаде и по 12 ги правеле ама денес е полесно да се заштитиш а и евтини се кондомите бе мајку му.Ние далеку посиромашна земја од нив ама ако немам леб да јадам барем имам пари колку да имам еден кондом у новчаник пред излевање...:kesa:
 

Sipy

Dr.Sheldon Cooper
Член од
9 јануари 2011
Мислења
170
Поени од реакции
31
Нека е живо и здраво :) па се надевам дека нема да продолжат со иста традиција на 14 години дете да се праи :)
 

Untak

Simply complicated...
Член од
16 јануари 2008
Мислења
441
Поени од реакции
68
Овие па како да не виделе кондом како изгледа :pos2:, нека се ебат колку сакат и каде сакаат ама си постои заштита толку ли се неписмени.Ај за време на дедовците нивни не било толку чудно, некаде и по 12 ги правеле ама денес е полесно да се заштитиш а и евтини се кондомите бе мајку му.Ние далеку посиромашна земја од нив ама ако немам леб да јадам барем имам пари колку да имам еден кондом у новчаник пред излевање...:kesa:
Eпа изгледа затоа и го добиле бебенцето... ко тебе и они го чувале во новчаник.. НЕ СЕ ЧУВА ПРЕЗЕРВАТИВ ВО ПАРИЧНИК (НОВЧАНИК)!!!... :nenene:
 
С

сашенко

Гостин
Eпа изгледа затоа и го добиле бебенцето... ко тебе и они го чувале во новчаник.. НЕ СЕ ЧУВА ПРЕЗЕРВАТИВ ВО ПАРИЧНИК (НОВЧАНИК)!!!... :nenene:
Ја свати поентата?И зашто не? Кога излегуваш си носиш кондом со тебе за секој случај, дали ке го ставиш во чорапа или во џеп или во новчаник или било каде додека си излезен си имаш со тебе.После ако ти затреба се знае кај се става ако мислеше на тоа.Ама децава таму незнаат што е кондом изгледа ама добро знаат што е секс па ја средиле работата.Капиши?
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Деца не купујте кондоми.....дрога ставет во нив :)

Нека е живо и здраво детево и со надеж дека ќе има малку повеќе памет од цела фамилија негова :)
 
С

сашенко

Гостин
Деца не купујте кондоми.....дрога ставет во нив :)

Нека е живо и здраво детево и со надеж дека ќе има малку повеќе памет од цела фамилија негова :)
Да не веруваш, овие 6 генерации се живи моментално.На ова дете аманет ке му остават 7 во негово време да бидат :vozbud:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom