Бошкоски: Наспроти опструкциите, Груевски ќе гласа за мене
Тој денеска од Охрид со порака до премиерот Никола Груевски да не шири дезинформации во јавноста оти заедно со Бранко Црвенковски, Мендух Тачи и Љубчо Георигиевски коваат заговор против него. Наспроти ваквите тврдења на Груевски, силно сум уверен дека тој на овие избори како и најголем дел од членството на ДПМНЕ ќе гласаат за мене рече Бошковски.
„Јас верувам дека премиерот Груевски на овие претседателски избори ќе гласа за Љубе Бошковски, значи јас не верувам дека премиерот сериозно мисли дека постои некаков заговор. Јас воопшто не се сомневам дека членството на ВМРО ДПМНЕ е со мене. Формално раководството одреди кандидат од друга политичка партија, тоа е нивна желба, но ова не е време за решавање на желби ова време за предизвици пред кој се наоѓаме и кои мора да ги решаваме.
На прашањето дали има решение за македонско-грчкиот спор за името доколку дојде на функцијата претседател Бошковски рече оти има точно утврден предлог, но во интерес на преговорите коиј во моментов се водат не сака јавно да го обелоденува.
„Овој проблем е тежок, но е решлив, сигурно има решение и треба да се најде решение. Јас знам како, но да не го загрозам идентитетот, знам како но да не го загрозам уставот, знам како да го решам тоа прашање, но и знам кога дозволете ми во овој миг да не го отворам тоа прашање за да не ги загрозам преговарачките позиции“.
Бошковски од Охрид замина за Струга за каде најави можна средба со родителите и учениците од средношколскиот училишен центар Нико Нестор. Тој вчера јавно застана против учењето во „етнички смени“.