Бран поскапувања:Бензините и дизелот од ноќеска со повисоки цени, струјата и парнотo.

spaso

Search Pretty Girls from your city for night
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Ako saka neka se i po 100 denari i4 k.r ne me boli , znam deka ke padne so tek na vreme sea ovie krizi dolu u severna Afrika ne se za dzabe i pozdrav za komunjarite ovde na forumov , predvreme da gi se4am i da kazam deka za ova ne e kriv Grujo , 4isto ova go kazuvam za da ne sirat propaganda seljandurive .
 
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.662
Поени од реакции
949
Добро, цените поскапуваат, не само кај нас туку секаде!

Ниедна влада не е крива што во Русија изгоре огромен процент на пченица, побарајте видете колку Русија извезува пченица, нормално се очекуваја поскапувања.

Велите имаме самите пченица самите ќе се нахраниме немора да има поскапувања. Но неможеме постојано кога ете и нафтата поскапи.

Овие три работи се најбитните за човекот во денешницава, и мора да поскапат, автоматски повисоки цени, со паметна влада која ќе овозможи повисоки плати на сите вработени луѓе во државава, ете, висок стандард за платата, но животот ќе остане ист, само ќе се тешиме што ќе земаме... да кажам ете фантазија 500-600 евра месечно.

Ова што не снаоѓа е крив самиот наш систем, што овозможува 50% од работодавците да не плаќаат даноци, па држвата неможе да се снајде.

До кога ли вака Македонијо.... деновиве освен историски за се друго е срамота да се наречеш Македонец....
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
78
ај кажете ми која е цената на пченицата ???
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
ај кажете ми која е цената на пченицата ???
Моменталната цена е од 16 до 20 денари..зависи од квалитет...25 г. брашно е 750 + денари... Увоз многу слабо има,домашна нема, а стоковите резерви незнам дали ќе ги пуштат..И да ги пуштат таа пченица е со лош квалитет, и мелничарите сигурно нема да ја намалат цената, ќе се правдаат со тој изговор
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова што не снаоѓа е крив самиот наш систем, што овозможува 50% од работодавците да не плаќаат даноци, па држвата неможе да се снајде.
Немој те молам со вакви приказни, не утепаа со давачки,секој ден ново законче.Денес минеше инспекција за лиценциран софтвер на секој компјутер во канцеларија.Казната е 1500 евра и забрана за работа. Е да течат пари нема да стасаш се да платиш во оваа посрана земја!!!

--- надополнето ---

Ako saka neka se i po 100 denari i4 k.r ne me boli , znam deka ke padne so tek na vreme sea ovie krizi dolu u severna Afrika ne se za dzabe i pozdrav za komunjarite ovde na forumov , predvreme da gi se4am i da kazam deka za ova ne e kriv Grujo , 4isto ova go kazuvam za da ne sirat propaganda seljandurive .
Слика прилика. Гледајте и плачете,какви се не ставивме на власт.
Никој неможе да го измени фактот дека мнозинството се вакви...pozdr@v4e

--- надополнето ---

Моменталната цена е од 16 до 20 денари..зависи од квалитет...25 г. брашно е 750 + денари... Увоз многу слабо има,домашна нема, а стоковите резерви незнам дали ќе ги пуштат..И да ги пуштат таа пченица е со лош квалитет, и мелничарите сигурно нема да ја намалат цената, ќе се правдаат со тој изговор
CiTro велиш дека мелничарите намерно ја дигаат цената поради изговор или зголемени трошоци?
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
644
Поени од реакции
156
Ова малку конспириси теори ама ако некој производ е 100 денари 18% ддв ти е 18 денари а ако е 110 денари 18% ддв ти е 19.8 т.е повеќе пари во буџетот арно ама тие плус пари никако да стигнат на вистинското место,се нешто се губат низ системот......
 
Член од
6 март 2011
Мислења
5
Поени од реакции
0
Се е поскапо.

Струја не знае да дојде под 3000 денари ( без греење) , сега ако поскапат уште еднаш :s

Според заводот за статистика само за Храна , во септември месец просечно се трошело по 12.000 денари , додај на оваа и струја, вода , телефон , алишта , плус ако имаш некое дете на факултет или училиште , рачунај семестар , превоз , кирија ... САМОУБИСТВО.

500 евра месечно ти требаат за да ги задоволиш елементарните потреби. А за да купиш стан или куќа ... рачунајте сами.[/QUOT nema so da racuname brat toa e toa tuku ke poziveeme uste malku dodeka mozeme:D
 

Принцезичка

courage is contagious
Член од
12 декември 2008
Мислења
1.556
Поени од реакции
348
За разлика од хрватската влада, која пред два дена ги намали акцизите за горивата за 2 евроцента за литар, кај нас нема најави за какви било мерки што ќе влијаат врз сопирање на нагорниот тренд кај цените на нафтените деривати

Владата не размислува да укине или да намали некои од давачките за бензините, со што би го ублажила ударот врз џебот на граѓаните од високите цени на нафтата на светските берзи. „Евросупер 98“ се продава по 78,5 денари за литар, само 2 денара помалку од досега највисоката регистрирана цена од 80,5 денари за литар премиум бензин во летото 2008 година.

Владата не размислува ниту да ја намали давачката од еден денар за литар бензин за Дирекцијата за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Давачката беше воведена пред две години, во екот на светската економска криза, кога цените на домашните бензински пумпи и на берзите го достигнаа дното.

Иако хрватската влада пред два дена ги намали акцизите за горивата за 2 евроцента по литар за да го ублажи штетното влијание од нестабилноста на светскиот пазар на сурова нафта, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески вчера рече дека владата не размислува за сличен потег.

- Секоја влада презема мерки во зависност од сопственото видување и потребите на земјата. Ние презедовме други мерки во делот на интервенција на пазарот со стоковните резерви со 40.000 тони пченица. Хрватска не го направи тоа и затоа не можеме да правиме директни споредби. Важно е да бидете ангажирани и да ги решавате проблемите таму каде што се најизразени - изјави вицепремиерот Ставрески.

Хрватската влада пресметала дека со пониските акцизи, кои ќе важат до крајот на годината, ќе се намалат буџетските приходи за околу 3,37 милиони евра месечно. Македонија увезува околу еден милион тони нафта и нафтени деривати годишно, а за годинава, според енергетскиот биланс, беа планирани околу 900.000 тони. За секој литар произведена или увезена нафта, еден денар оди на сметка на новоформираната Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Таа со овие пари, според законот за нејзиното формирање, треба да обезбеди една четвртина од вкупната годишна потрошувачка како резерва. Но, при нејзиното формирање беше најавено дека, откако ќе се обезбеди оваа резерва, ќе се укине или намали давачката.

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија вчера побара привремено да се намали или укине акцизата и алтернативно да се воведе нова, пониска стапка на ДДВ за нафтата и нафтените деривати и на тој начин да се намали цената на бензинот. Тие сметаат дека високите давачки за нафтата ~ одговараат на владата затоа што во буџетот се слеваат повеќе пари од даноци од планираното.

- Во октомври минатата година, кога владата го усвои буџетот за 2011 година и со тоа предвиде колку пари очекува да влезат во него, светската цена на суровата нафта беше 83 долари за барел, а сега е над 100 долари за барел. Затоа што цената на нафтата сега е многу повисока од таа што била планирана, Владата има непланирани екстра-приходи во буџетот. Бидејќи сегашната повисока цена на нафтата ќе потрае, тоа значи дека и екстра-приходите во буџетот ќе потраат - изјави Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ.

Тој додаде дека ако не се намалат давачките, екстра-парите од поскапувањето на бензинот, кои сега се слеваат во буџетот да се вратат назад кај граѓаните со привремено зголемување на социјалната помош.

В понеделник се очекува Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) повторно да ги покачи цените на бензините, со што е можно тие да се изедначат со рекордот од екот на светската економска криза. При пресметувањето, РКЕ ги зема предвид курсот на доларот и цената на нафтата од типот „брент“ на лондонската берза на секои 15 дена. Од вкупните давачки во цената на горивата, Владата зема повеќе од 55 отсто, преку новата давачка за резерви, акцизи и ДДВ. Преостанатиот дел се рафинериската цена, давачката од 0,5 денари за транспорт, која оди на сметка на рафинеријата и трговската маржа, која изнесува најмногу 3,2 денари за литар.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=613CE9BA4CBCA247AF4F8A87278D7534


Нова цена на такси услугата во Скопје, која ќе стапи на сила за една седмица.
Со измените и дополнувањата на Одлуката за авто - такси превозот што денеска ги изгласаа советници во Советот на Град Скопје. Така сега, стартот на такси превозот ќе чини 40 денари, додека еден километар 22 денари.

Од Град Скопје информираат дека нема голема измена во цената затоа што досега стартот беше 20 денари, а километар 25 денари.

Втора новина е и тоа што од април сите такси возила ќе бидат унифицирани во жолта боја со нови табли и ленти.

http://zurnal.mk/mk/cont.asp?k=21208120405&s=27209153317&ID=7311165152

( патем рекоа дека требало такси превозот е луксуз не потреба а заборавија дека градскиве татковци ни под разно не сакаат да пуштат автобуси да поминуваат после полноќ до 5 наутро)

Струјата поскапува. Мартовските сметки ќе бидат повисоки за 5,48 проценти. Ова го покажале првичните анализи на Регулаторната комисија за енергетика.

Тие веќе утре на подготвителна седница се очекува и да пресметаат дека ќе имаме нова, повисока цена на електричната енергија.

Зголемувањето на цената, главно, се должи на зголемените трошоци кај енергетските компании.

Мартовското поскапување на електричната енергија, несомнено, ќе предизвика дополнителен ценовен шок. Претходно во јануари поскапи и храната, лебот, млекото, месото, маслото и шеќерот.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=154D037016CD1743983F4F25D3916726

Не заборавајте дека владата и државата ве сака , имајте пријатен ден .
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Млекото во рок од 30 дена го поскапија за 7 денари.

А и бурекот за 5 денари е поскапен џабе интервенција со пченица.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
310
Поени од реакции
101
Kako vladata da gi skrati davackite koga e zaglavena vo dolgovi.Zemaa kredit od mmf za da gradat lavovi.Ne mi e jasno samo za rastitelnoto maslo t.e zejtinot.Ogromni 90 denari za 1 litar.Seker 55 denari za 1 kilogram.Veke jasno e deka poradi ovie spomenici ke plakame seker 55 i leb 30 denari.:nesvest:A ova se samo del od proizvodite na koi cenite im otidoa do vrv
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Млекото во рок од 30 дена го поскапија за 7 денари.

А и бурекот за 5 денари е поскапен џабе интервенција со пченица.
Bucio дојди у Драчево ако ти се јаде бурек по стара цена...:)
Чудна работа, ова моиве сограѓани уште по стара цена шиткаат бурек, не се даваат бре..:)
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
и таксито го поскапеа...незнам што ќе се прави во земјава, одсеа пеш си идам дома за инает!
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Цената на какаото од 60 денари рипнала на 350, а какаото е основен продукт на чоколадата.


Дами и господо ако ви се јаде чоколада купете си сега, затоа што за месец дена нема да можите тоа да си го дозволите.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
денес од 13ч цела бугарија ќе протестира против високите цени на горивото. идејата им е на сите бензински да се создадат колони од автомобили и секој да полни бензин за неколку стотинки, па наново да се врати во редот и истото да го прави по неколкупати - но исто и против високите цени на струјата,водата....
http://bg.time.mk/read/f44e175b50/835f844a04/index.html
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.749
Поени од реакции
12.207
Ова е доказ дека не сме един народ со бугарите...ние не протестираме без разлика што е полошо него кај нив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom