Бракот како институција некогаш и денес

  • Креатор на темата Anonymous
  • Време на започнување
A

Anonymous

Гостин
Дали бракот (семејството) имаат шанса?

Зошто се одбегнува бракот? Дали е тоа поради нерешителност, дали е тоа од преголемата условна еманципација на жената?
Дали причината за денешното незадоволство помеѓу луѓето, преставено најмногу преку немање што да прават со себе си, незадоволство од себе си, лежи во губењето на традиционалните вредности, во прва рака семејството? Дали разбирањето на активноста, одгледување деца, денес е бајка, нешто кое треба да се заборави?

Дали сме сите претерано распашани? Зошто бројот на бракови се намалува, а границата на години за формирање на брак се зголемува?
И зошто секој бега од деца, со образложение дека децата се одговорност, трошење на време и како такви некомпатибилни со новото време..
Не е до парите, на запад се полни со пари, па никој нема желба за брак и за деца..

Што мислите за времето кое доаѓа?
Дали нашата себичност ќе ги уништи нашите поколенија?
Дали се има нужда од нови поколенија?
 
Член од
27 февруари 2005
Мислења
213
Поени од реакции
3
Затоа што се себични луѓето и несакаат да си го растурат комодитетот што си го имале до сега, да се посветуваат на друга личност, да одгледуваат деца и да се жртвуваат себе си за нив.
Затоа што луѓето ретко имаат доверба, затоа што еден партнер е премалку за нив, затоа што многу работи што некогаш се ценеле сега веќе се толку небитни. Се соочуваме со тотална општествена декаденција и морална деградација. Па и бракот не е имун на таквата тенденција.
 
A

Anonymous

Гостин
Затоа што се себични луѓето и несакаат да си го растурат комодитетот што си го имале до сега, да се посветуваат на друга личност, да одгледуваат деца и да се жртвуваат себе си за нив.
Затоа што луѓето ретко имаат доверба, затоа што еден партнер е премалку за нив, затоа што многу работи што некогаш се ценеле сега веќе се толку небитни. Се соочуваме со тотална општествена декаденција и морална деградација. Па и бракот не е имун на таквата тенденција.
Денес си има можности кои би биле незамисливи во минатото, да си прави секој што сака, да се нема почит кон никој и ништо..
Дали е ок тоа, дали не прави среќни?
Задоволни ли се повеќето луѓе со таквиот развој?
дали некаде по тој пат, сме ја изгубиле душата..

Што мислите за опаѓањето на моралот, за немањето на респект кон вредностите...

Можноста да си прави кој што сака е убава работа, но нели се последиците од неодговорно конзумирање на истата очигледни?
Мислите дека е кул и дека е некој фраер ако легне над 100 жени?
мислите ли дека е една жена почитувана ако го изневерува својот партнер?
Семејството, стабилната врска, се основата на човекот. Колку и да згреши, колку и да си има проблеми, семејството е покрај него да го подржи.
Инаку алтернатвата е самотноста. Им одговара ли тоа на луѓето?
Зошто би збеснувале, зошто би барале нешто повеќе повеќе од она кое природно не влече?
Зошто би сакале повеќе партнери, што има фалело на нашите баби, дедовци?
Зарем сексот со различни луѓе е којзнае колку битно нешто?
 
Член од
11 април 2005
Мислења
7
Поени од реакции
1
Брак , семьја , дети - это большаја моральнаја и финансоваја ответственность , и в наше времја мало кто хочет возложить на себја такују ответственность, распад происходит не только в социальној и политическој сфере , но и так же в головах лјудеј(хотја все проблемы наши от головы :roll: :lol: ).... Но может оно и лучше , чем старше и опытнее партнёр , тем больше доверија и серьёзного отношенија в браке....пардон за русскиј :wink:
 
Член од
27 февруари 2005
Мислења
213
Поени од реакции
3
Java напиша:
Мислите дека е кул и дека е некој фраер ако легне над 100 жени?
мислите ли дека е една жена почитувана ако го изневерува својот партнер?
Семејството, стабилната врска, се основата на човекот. Колку и да згреши, колку и да си има проблеми, семејството е покрај него да го подржи.
Не мислам дека е кул, ама не им се мешам во животот, нити ги осудувам. Иако се сите збеснати, и хараат на сите страни со образложение дека им е така убаво, или не сакаат да се врзуваат сметам дека има голем дел од нив кои се осамени и не се многу среќни.

Сметам дека секому му е подобро во заедница, во здраво семејство, одколку сам. Човекот е социјално суштество. Мене многу ми се потребни луѓе околу мене и мислам дека без нив не би можела да живеам. Едноставно ја црпам животната енергија од луѓето што ги сакам.

Убаво се чувствувам кога се грижам за некој друг и сакам деца. Ама не би влегувала во брак, реда ради, затоа што така треба. Подобро би останала сама, одколку во некои безвезе комбинации.

Не е доволно да донесеш деца на свет и да сметаш дека си завршил работа. Пред се чувствувам голема одговорност на тие деца да им најдам прво добар татко, да им создадам здрава околина, и да се потрудам колку можам од нив да направам зрели, стабилни и квалитетни индивидуи.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Brakot, a potoa i semejstvoto imaat sansa, no spored mene samo vo eden slucaj. Toa bi bilo koga ne se izbrzuva koga se resava za toa, da se znaat dobro megu sebe partnerite, da znaat koj sto saka ... pa spontano sve ke si dojde na mesto.
A sekako ne uspevaat brakovite vo posledno vreme deka pred odlukata za takov seriozen cekor najcesto e trudna devojkata, po sto se znae sto sleduva. Toa ama ic ne podrazbira stabilni luge sto utre ke stapat vo brak ili ke imaat dete. Sve vo zivotot potoa ke im se slucuva kako so im trgnalo, neodgovorno, nepromisleno ... :( :P
 

StenmarC

Скијач
Член од
24 март 2005
Мислења
2.179
Поени од реакции
50
Абе треба пак да ви ја кажам таа поговорката????

ЖИВИШ, ЖИВИШ, ЖИВИШ, ПА СЕ ОЖЕНИШ :P 8) :P
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Всушност не е толкав проблем склучувањето на бракот. Проблем е бракот да не се расканта. А ќе се расканта од повеќе можни причини.

Монотонија предизвикана од немање кешарица двајцата што се вели да отидат ко луѓе на одмор, да се облечат ко што сакаат, да пуштат "бригу на весеље" па да уживаат спокојни.

Вистинска сиромаштија во брак каде што партнерите одвај врзуваат крај со крај, па ова е причина за сите нервози и караници.

Богати и аздисани брачни парови каде што мажите изиграваат плејбои, додека сопругите МИЛФерици не остануваат ништо покуси...

Бракови склопени од интерес каде што немало ни љубов пред да биде склучен бракот, нормално нема да ја има ни во брак.

Бракови кои се случиле поради "жртви на задоволството", односно непланирана бременост, која што била единствената причина да се склучи бракот. Тешко дека детето кое ќе се роди, ќе биде доволна причина да ги задржи во брак, ако нема и вистинска љубов.

Предуслов за добар брак: Барем малку обострана и искрена љубов, без скриени интереси од страна на едниот или двајцата партнери, потоа да се колку толку "кредитноспособни", да живеат одвоено од родителите, да не ги пратат премногу трендовите (убаво е да ги пратат, но реков не премногу), да дискутираат отворено за сите проблеми и доколку се случи неверство, а љубовта сеуште постои да се прости грешката (нормално да не стане навика).
 
Член од
3 март 2005
Мислења
101
Поени од реакции
0
Amin za se Mistichen osem za ovaa rechenica "...и доколку се случи неверство, а љубовта сеуште постои да се прости грешката (нормално да не стане навика)." Vo stabilen brak so site amaneti sho gi spomena vakvo neshto nikogash nema da se sluchi.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Човекот греши, колку на нас тоа ни се допаѓало или не, некогаш ѓаволот ке замеша прсти, ќе се случи момент...Реков дека може и мора да се прости доколку љубовта сеуште постои. Но, реков да не прејде тоа во навика, па простувањето да се злоупотребува. Такво простување е друга работа. Значи да ги разграничиме термините простување и "набивање рогови".
 
Член од
3 март 2005
Мислења
101
Поени од реакции
0
Gjavolot mozhe da zamesha prsti samo tamu kade sho e "pokanet" da zamesha prsti. :wink:
 
Член од
23 јануари 2005
Мислења
1.000
Поени од реакции
8
Coldheart напиша:
Gjavolot mozhe da zamesha prsti samo tamu kade sho e "pokanet" da zamesha prsti. :wink:
eh sea nemoj taka !

proveri dali sum vo pravo preispituvajki se samiot sebe... potseti se koa si napravil nekoja rabota sto ne si sakal da ja napravish, ednostavno si pogreshil. I togash ti go kaneshe gjavolot da ti mesha prsti vo rabotata ?
 
Член од
3 март 2005
Мислења
101
Поени од реакции
0
eh sea nemoj taka !

proveri dali sum vo pravo preispituvajki se samiot sebe... potseti se koa si napravil nekoja rabota sto ne si sakal da ja napravish, ednostavno si pogreshil. I togash ti go kaneshe gjavolot da ti mesha prsti vo rabotata ?
Tochno. Slabosta na chovekot e pokana za gjavolot da mesha prsti. Vo stabilen brak nema (ne bi trebalo da ima) slabosti kaj sopruznicite vo vid na iskushenija koi bi dovele do neverstvo.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Хух, ѓаволот е виша сила. Не се работи за искушенија, во смисла некој да планирал нешто, едноставно се случуваат работи. Има многу примери за стабилни бракови, кои одеднаш доживеале крах. На што се должи тоа? :wink:
 
Член од
3 март 2005
Мислења
101
Поени од реакции
0
Ok, da zememe eden grub primer... ti si vo stabilen brak, pak so site amaneti sho gi nabroi, ljubovta cveta od dvete strani... idila! "Neplanirano" izvrshuvash neversto. Kade e ljubovta??? Koga nekoj se saka togash samata ljubov ne bi ti dozvolila nishto "neplanirano". Or am I wrong? I shto vsushnost podrazbirash pod toa "neplanirano" ako mozhe da mi objasnish. Dali sakash da kazhesh deka "planiranoto" e namerno a "neplaniranoto" e nenamerno??? :shock: Ups... sorry baby, ne planirav ama ete se bocnav so edna, prosti mi, te sakam! :shock:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom