white_eagle
: : stuck in void : :
- Член од
- 21 јануари 2008
- Мислења
- 953
- Поени од реакции
- 716
Во однос на коментарите погоре, само ќе кажам неспособноста на луѓето да си ја гледаат работата и да не судат кој кога се оженил/омажил дали ќе има деца или нема, меѓу другото, е дел од оној менталитет поради кој што не сакам да живеам во оваа држава. Убаво би било кога за ваквите работи би се дискутирало само на форум, ама реалноста е што огромното преовладување на негативни коментари поради претераната конзервативност на ова општество во однос на тоа што некој одбрал како животен стил и зошто не се омажил/оженил или боже сочувај пар во брак неколку години а немаат деца затоа што не сакаат не ја прави државата пријатно место за живот.
Тие луѓе што демек сакаат да прошетаат или да направат кариера и нека им е „блеф“ за да можат да „избегнат формирање семејство“, прашањето е кои сте вие кажете ми да мудрувате кога и дали воопшто тој слободен човек да прави семејство? Не сте помислиле дека барем одреден дел од тие луѓе мора да бараат причина за ги затнат љубопитните муцки зошто препрашуваат зошто не се како нив затоа што тие не би сфатиле некоја причина како „не ми треба партнер/деца и можам да бидам среќен/на и без нив“ затоа што вие имате и сте среќни и неможете да сфатите како поинаку тоа би било можно.
Зарем „возрасноста“ толку ја изедначувате со „обврската“ да бидете принудени да правите нешто против ваша волја само поради очекувањата на општеството? Да се биде возрасен значи да се прават многу работи против сопствената волја што се задолжителни, на пример да се плаќаат сметки, даноци, да се биде одговорен за своите постапки т.е. да се појавиш на судење, да одиш во затвор ако си направил нешто итн. а не влегува формирање семејство, правење деца, затоа што може да се биде совршено одговорен возрасен човек и без тие нешта.
Некои луѓе размислуваат на начинот дека ако не се направи семејство како возрасен таа личност не е одговорна и бега од обврски. Тоа само покажува колку тие се мизерни во однос на среќата на другиот. Јас тоа го сфаќам во стилот: ЗОШТО ТРПЕ ДА Е СРЕЌЕН БЕЗ ДЕЦА ИЛИ БЕЗ БРАК а јас се оженив/омажив и имам деца и не сум среќен колку него. Ако не бевте толку мизерни и патетични ќе бевте среќни зашто вашиот пријател води среќен живот на свој начин. Тоа не е “бегање“ од обврска затоа што таа обврска не е задолжителна.
Бегање од обврска би било неплаќање на данок или бегање од должност да се појавиш на суд, затоа што таквите работи како граѓанин на слободна држава си ОБВРЗАН (го забележавте зборот?) да ги направиш. Дали една личност кога ќе се роди е ОБВРЗАНА од некого да направи семејство и да се ожени/омажи? Сигурен сум дека не е, туку се зависи од тежината која што општеството ја става на таа акција.
Инаку назад на основата на темата:
Кај смеела порано жената да го разведе мажот? Ако зборуваме за просторите на Македонија колку и да бил лош бракот по обичај за жената или децата таа би морала да трпи и не смеела да писне и да се спротистави. Дали долготрајноста на тој брак би кажувала за тоа колку е тој „стабилен“? Денес барем во модерното општество се повеќе луѓе се способни да опстанат сами, па жената денес кога би била самохрана мајка пак би можела да им понуди подобар живот на своите деца отколку во нефункционален брак и „семејство“.