S
Shellshock nam67
Гостин
Белград (Фото Ројтерс) - Српскиот претседател Борис Тадиќ соопшти дека поднесува оставка на функцијата, со што се отвора патот за одржување на предвремени претседателски избори на 6 мај, за кога веќе ќе се закажани парламентарните, покраинските и локалните избори во Србија.
На прес-конференција во Белград Тадиќ рече дека решил „да го скрати својот мандат“ и да овозможи на 6 мај да се одржат избори на сите нивоа на власта.
- Ќе се кандидирам на тие избори со многу оптимизам поради позитивните трендови во нашата земја, нагласи Тадиќ.
Тој истакна дека смета оти изборите ќе бидат тешки, но и дека ќе претставуваат можност граѓаните да се определат по кој пат ќе сакаат да одат.
- Јас го предлагам патот на европските интеграции и зачувување на интегритетот на земјата, потенцира Тадиќ, додавајќи дека нема да го признае Косово.
Тадиќ најави дека утре ќе испрати писмо до претседателката на српското Собрание Славица Ѓукиќ-Дејановиќ, која потоа ќе ги распише предвремените претседателски избори за 6 мај.
Според него, со одржувањето на изборите на сите нивоа на власта во исто време би се отворил простор за спроведување на политичките реформи и на тој начин „ќе се завршат изборните работи“ со цел Србија „да не се занимава цела година со избори“.
- Сега никој неможе да ме обвинува дека ја чувам својата фотелја, рече Тадиќ, додавајќи дека е сосема сигурен дека ќе победи на предвремените претседателски избори.
Тој потенцира дека тежиштето на неговата кампања ќе биде насочено кон економските реформи во кои треба да бидат вклучени сите институции на Србија.
- Ќе продолжиме со политиката на макроекономска стабилност, зголемување на конкурентноста на нашите производи на странските пазари и со зголемување на бројот на работни места, потенцира Тадиќ.
Во врска со неговите можни потенцијални противкндидати за претседателската функција, Тадиќ нагласи дека ќе каже кого го смета за главен ривал откако ќе биде познато кој се ќе се кандидира за шеф на државата.
- Ќе го почитувам секој мој ривал, бидејќи на изборите гледам од аголот на спортската димензија, изјави Тадиќ.
Белградската телевизија Б92 синоќа јави дека Тадиќ својата одлука да поднесе оставка ја соопштил на вчерашната седница на раководството на неговата Демократска партија (ДС), со образложение дека државата би заштедила средства со одржувањето на избори на сите нивоа на власта во еден ден.
Аналитичарите оценуваат дека со вклучувањето во кампањата на вонредните претседателски избори, Тадиќ сака да придонесе за зголемување на рејтингот на ДС на парламентарните избори, која сега заостанува зад опозициската Српска напредна партија (СНС).
Актуелниот втор мандат на Тадиќ истекуваше во февруари 2013 година и редовен термин за одржување на претседателските избори беше крајот на оваа година или најдоцна јануари идната година.