Што се тоа кардиоваскуларни болести?
Кардиоваскуларни болести се болести на срцето (срцевиот мускул) или крвните садови. Како и да е, во пракса, кога докторите го употребува терминот кардиоваскуларна болест тие обични мислат на болести на срцето или крвните садови предизвикани од
атерома. Секоја поединечна атерома е во вид на мало масно испакнување кое се развива во самиот ѕид на артериите (крвните садови). Атеромата е уште позната и под називот
атеросклероза.
Кардиоваскуларни болести кои можат да бидат предизвикани од атерома се: ангина, срцев удар, мозочен удар, транзиторен исхемичен напад и периферни васкуларни болести. Во Македонија кардиоваскуларните болести се на прво место како причина за смрт меѓу луѓето.
Фактори на ризик за кардиоваскуларни болести
Кај секој од нас постои одреден ризикод појава на атерома која може да доведе до кардиоваскуларна болест. Сепак, одредени таканаречени фактори на ризик значително го зголемуваат таквиот ризик. Меѓу нив спаѓаат следните:
- Ризик фактори од стилот на живеење на коиможеме да влијаеме и да ги промениме.
- Пушење цигари
- Слаба физичка активност
- Гојазност
- Нездрава исхрана
- Консумација алкохол во голема мера
- Ризик фактори кои се лекуваат или делмно се лекуваат.
- Хиертензија (висок крвен притисок)
- Висок холестерол во крвта
- Високи триглицериди (масти) во крвта
- Шеќерна болест
- Болести на бубрезите кои ја нарушуваат бубрежната функција
- Трајни фактори на ризик- оние на кои не може да влијаеме.
- Позитивна фамилијарна историја. Ова значи дека ако имате татко или брат кој развил срцева болест или мозочен удар пред да наполни 55 години или мајка или сестра пред да наполнат 65 години.
- Припаѓате на машки пол.
- Рана менопауза кај жена.
- Возраст. Колку сте постари, толку е поголема веројатноста да развиете атерома.
Важно: некои фактори на ризик се поризични од останатите. На пример, пушењето и високиот крвен притисок се поголем ризик за здравјето од гојазноста. Исто така ризик факторите меѓусебно спојачуваат. Така ако имате два или повеќе ризик фактори истовремено, ризикот по вашето здравје е значително поголем отколку кога имате само еден ризик фактор. На пример, средновечен човек пушач кој нема никаква физичка активност и има висок крвен притисок има висок ризик да развие кардиоваскуларна болест на пример срцев удар пред да наполни 60 години.
Затоа, користа од снижување на крвниот притисок се состои во намалување на ризикот од појава на кардиоваскуларни болести во иднина.
На пример, се проценува дека намалување на дијастолниот крвен притисок за 6 mmHg го намалува вашиот релативен ризик од појава на мозочен удар во иднина за околу 35-40% и од појава на срцев удар за околу 20-25%. Поголемо снижување на крвниот притисок значи и уште поголема корист за вашето здравје.
Како може да се снижи вашиот крвен притисок?
Постојат два начини на кои вашиот крвен притисок може да се снижи:
- Да направите одредени помени во вашиот животен стил (намалување на тежината, здрава исхрана, намалено внесување сол и алкохол).
- Со земање на одредени лекови за снижување на крвниот притисок.
Промени во стилот на живеење со кои може да се издејствува снижување на крвниот притисок
Намалете ја вашата телесна тежина ако сте прекумерно дебели.
Со намалување на вишокот килограми можете значително да си помогнете. Крвниот притисок може да се намали за 2,5/1,5 mmHg за секој вишок колограм кој ќе го намалите.
Редовна физичка активност
Ако е можно направете напор за да бидете физички поактивни во текот на 5 или повеќе дена од неделата, најмалку 30 минути. На пример брзо одење, пливање, возење велосипед, танцување и.т.н. ако претходно не сте биле физички активни и ако сега сте почнале со редовна физичка активност пет дена во неделата, вашиот систолен крвен притисок може да се намали за 2-10 mmHg.
Намалете го внесот на сол преку храната
Количината на сол која ја внесуваме преку храната може да има влијание на вашиот крвен притисок. Според препораките не би требало да внесуваме повеќе од 5 до 6 грами сол дневно (повеќето луѓе внесуваат повеќе од пропишаното). Еве неколку совети како да го намалите внесот на сол преку храната:
- Користете билни зачини за храната да добие во вкус наместо да ставате поголема количина на сол во неа.
- Ограничете ја количината на сол што ја додавате при готвењето на храната како и онаа што ја додавате кога сте на маса.
- Избирајте прехранбени продукти на кои има означено „без додаток на сол“ и користете што е можно посурова (непроцесирана) храна.
Јадете здрава храна
Накратко ова значи:
- Најмалку пет оброци, а идеално би било 7 до 9 оброци дневно на разновиден зеленчук и овошје.
- Основата на повеќето оброци би требало да ја чинат житариците (како корн флејкс, леб од целозрнесто брашно, компир, ориз и тестенини) плус овошје и зеленчук.
- Без многу мрсна храна како што се мрсното месо, сирење, полномасно млеко, пржена храна, путер и др.
- Во вашето мени вклучете 2-3 оброка со риба неделно.
- Ако јадете месо најдобро е да внесувате телешко или бело пилешко месо.
- Ако намеравате да користите пржена храна користете растително масло како сончогледово или маслиново масло.
- Малку сол.
Здравата исхрана е корисна за вашето здравје на повеќе начини. На пример, може да го снижи холестеролот, ќе се намали вашата телесна тежина, ќе ја обезбеди потребата од витамини, растителни влакна и други хранливи материи со што можат да се спречат некои болести. Во некоја мера здравата исхрана може и директно да влијае на крвниот притисок. На пример ако сте се хранеле нездраво и пото почнете да консумирате храна со ниска содржина на масти и сол и богата со овошје и зеленчук вашиот крвен притисок може да се намали за 11 mmHg.
Консумирајте алкохол во мали количини
Внесување на мала количина алкохол може да ве заштити од болести на срцето. Тоа значи најмногу 250мл до ½ литар пиво дневно, 2/3 од мала чаша вино или 50 грама жесток пијлок (ракија, водка, џин, виски...).
Сепак, премногу алкохол е штетно за здравјето.
Прекинувањето на прекумерно пиење алкохол го подобрува вашето здравје на повеќе начини. Тоа исто така може да има и директно влијание на вашиот крвен притисок.