Болести - причини и превенција

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Дијабетична кетоацидоза

Дијабетична кетоацидоза е по животот опасна состојба на нарушена рамнотежа на хемискиот состав на крвта (електролитите). Се развива кај лица со дијабетес чии што клетки не го превземаат шеќерот од крвта потребен за енергија. Поради ова не можност на клетките да го користат шеќерот како извор на енергија организмот ги разградува мастите и ги користи како извор на енергија. Но при оваа разградување на мастите се ослободуваат материи наречени кетони кои преминуваат во крвта. Присуството на овие кетони во крвта ја прави крвта кисела и ја изместува нормалната урамнотеженост на останатите состојки во неа. Луѓето со тип 1 дијабетес и некои луѓе со тип 2 дијабетес имаат ризик од појава на дијабетична кетоацидоза доколку не земаат доволно инсулин, истовремено имаат тешки инфекции или други болести или доколку станат екстремно дехидрирани.


Симптоми на дијабетична кетоацидоза се:
  • Зацрвенета, топла и сува кожа
  • Силен непријатен мирис на здивот (слично на мирисот на средствата за чистење на лак од ноктите, ацетон)
  • Премаленост, сонливост и тешкотии при будење. Децата може да покажуваат отсуство на интерес за игра и за останати активности
  • Брзо и длабоко дишење
  • Губење на апетит, болка во стомакот и повраќање
  • Конфузност
Тешката дијабетична кетоацидоза може да предизвика тешкотии во дишењето, оток на мозокот, кома и смрт.
Терапијата опфаќа давање на инсулин и течности преку вена детално следење и замена на солите во крвта.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Компликации на шеќерната болест

Проблеми со сетилото за вид поврзани со дијабетес

Ако имате дијабетес, не купувајте нов пар очила кога ќе забележите дека видот ви е заматен. Ова може да биде само привремен проблем кој брзо се развива и е предизвикан од високиот шеќер во крвта. Високиот шеќер во крвта доведува леќите во вашето око да отечат,што ја намалува вашата способност за јасен вид. За да го поправите овој заматен вид, потребно е да го симнете шеќерот во вашата крв барем во границите од 90- 130mg/dL (5- 7.2mmol/L) на гладно. Можно е да поминат три месеци откако шеќерот добро сте го контролирале за проблемите со заматен вид потполно да ви исчезнат.

Нејасен вид може исто така да биде симптом на многу посериозни проблеми со очите. Трите главни проблеми со очите за кои лицата со дијабетес треба да бидат свесни дека можат да им се појават се катаракта, глауком и ретинопатија.



Катаракта е заматување на нормално проѕирните леќи во очите. Леќите се дел од окото кои ни овозможуваат да видиме и да фокусираме одреден лик исто како камерата. Иако било кој може да развие катаракта, луѓето со дијабетес добиваат катаракта во помлада возраст од останатите и истата напредува многу побрзо во споредба со луѓето кои немаат дијабетес.
Ако имате катаракта, вашето око не може да ги фокусира светлосните зраци со што видот ви е нејасен- како што кај нас обично се вели: гледам како низ перде.

Третманот се состои во хируршка операција со поставување на вештачки леќи (имплантанти), со понатамошно користење на очила или контактни леќи за прецизна корекција на видот.








Глауком. Кога течноста во внатрешноста на окото не се одлива (дренира) под дејство на повисокиот притисок во окото се развива болест наречена глауком. Задршката на течност во окото води до пораст на очниот притисок кој понатаму ги оштетува нервите и малите крвни садови во окото, предизвикувајќи промени во видот.
Во најчестата форма на глауком можно е да не постојат никакви симптоми се додека болеста не напреднала значително кога веќе ќе се појават сериозни оштетувања на видот. Во поретката форма симптоми може да се развијат нагло во вид на главоболки, силна болка во окото, нејасен вид, солзење на очите, светлосни кругови при гледање во светлина па се до комплетно губење на видот.
Третманот опфаќа специјални капки за очи кои ќе ви ги препорача вашиот очен лекар, ласеротерапија или хируршка операција на окото. Оваа сериозна компликација можете навреме да ја спречите со еднаш годишно посетување на вашиот очен лекар за преглед на глауком со мерење на вашиот очен притисок.



Ретинопатија. Ретината е група на специјализирани клетки кои ја претвораат светлината што влегува низ очните леќи во слики. Главниот очен нерв – оптички нерв ги пренесува визуелните информации до мозокот.
Дијабетичната ретинопатија е една од васкуларните (поврзана со крвните садови) компликација на дијабетесот. Таа е резултат на оштетување на малите крвни садови кои нормално ја хранат ретината- задниот дел на окото.
Докажано е дека ризикот од појава на ретинопатија е дотолку повисок доколку нивото на шеќер во крвта било повисоко и доколку дијабетесот подолго трае. Правилно контролирање на шеќерот во крвта било со инсулин или таблети како и контрола на крвниот притисок и нивото на холестерол во крвта со прекин на пушењето може да ја спречи појавата на ретинопатија. Оштетувањата кои настануваат како резултат на дијабетична ретинопатија водат до трајно оштетување на видот и на крај до потполно слепило.

Контактирајте со вашиот лекар секогаш кога ќе забележите:
  • Црни точки во видот
  • Заслепувачки светлосни зраци при нормално гледање
  • „Дупки“ во видот
  • Заматен вид
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
HIPOGLIKEMIJA (низок шеќер во крвта)

Хипогликемија или низок шеќер во крвта се јавува кога нивото на шеќер во крвта ќе падне под 65 mg/dL (3.5mmol/L).Ваквата состојба обично се јавува како резултат на прекумерно дозирање со инсулин или со некои таблети за лечење на дијабетес. Раните симптоми на низок шеќер во крвта вклучуваат:

- Потење (речиси секогаш присутно). Проверете дали се потите особено од задната страна на вратот.

- Нервоза, тресење, слабост

- Екстремна глад и лесно гадење

- Вртоглавица и главоболка

- Заматен вид

- Срцебиење и општа вознемиреност


Ако шеќерот во крвта продолжи да паѓа под 40mg/dL (2.22mmol/L) вашето однесување може да се смени. Се појавуваат симптоми како што се:

- Неможност да се концентрирате

- Збунетост и раздразливост

- Неповрзано зборување

- Нестабилност кога стоите или одите

- Грчеви на мускулите

- Промени во личноста, како лутина или плачење



Симптоми на тешка хипогликемија под20mg/dL (1.2mmol/L) се:

- Несвестица

- Кома

- Смрт



Еве неколку практични совети како да реагирате во случај да ви падне шеќерот во крвта на ниско ниво:





1. Препознајте ги раните симптоми. Можно е да ги немате секогаш истите симптоми, па затоа најдобро е секогаш да ја имате листата на симптоми на низок шеќер во крвта која ви е наведена погоре во текстот со себе и една копија за дома за членовите на вашата фамилија да можат да проверат доколку ви се слоши во вашиот дом.
2. Ако поседувате апарат за мерење на шеќер во крвта, измерете го сами шеќерот во вашата крв доколку мислите дека можеби паднал на ниско ниво.
3. Изедете храна која брзо го качува шеќерот во крвта. Течните храни побрзо ќе го покачат шеќерот во крвта од цврстата храна.
  • Шеќер за готвење – 1 супена лажица
  • Овошен сок – 150 милилитри
  • Млеко со ниска масленост – 250 милилитри
  • Мед – 1 супена лажица
  • Џем – 2 супени лажици
Било кој од овие хранливи производи внесени во погоре опишаната количина ќе го покачи шеќерот во вашата крв околу 30 mg/dL за околу 15 до 20 минути.



4. Почекајте 10 до 15 минути откако сте изеле храна за брзо качување на шеќерот и ако е можно измерете го шеќерот во крвта повторно. Ако и понатаму е под 65 mg/dL, изедете уште една доза од храната и изедете нешто што содржи протеини за подолготраен ефект.
5. Ако шеќерот во крвта и понатаму ви е под 65 mg/dL и станувате се повеќе сонливи итно барајте итна медицинска помош по можност некој да остане покрај вас додека пристигнат медицинските служби.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Хиперосмоларна состојба

Хиперосмоларна состојба е опасна по животот состојба која се развива кога лице со тип 2 дијабетес има многу високи вредности на шеќер во крвта – над 600 мг/дл (33ммол/л).

Најчесто хиперосмоларна состојба се развива кога лицето има истовремено и некоја друга болест, како на пример тешка форма на грип или некоја друга инфекција, или пак има срцев напад. Таа исто така може да се развие ако лицето зема лекови кои ги отстрануваат течностите од организмот (популарно кај нас познати како таблети за мокрење – диуреици.

Постарите луѓе имаат поголем ризик за развој на хиперосмоларна состојба.


Симптоми на хиперосмоларна состојба се:
  • Зголемено мокрење во текот на неколку дена
  • Дехидрација која се развива доколку лицето не внесува доволно течности
  • Промени во свесноста од општа сонливост до ступор, кома. Овие промени можат погрешно да не заведат дека станува збор за мозочен удар или некоја ментална болест
Хиперосмоларната состојба се лекува во болница со давање инсулин за да се намали нивото на шеќер во крвта и дополнително течности преку вена за да се надоместат изгубените течности.

Најдобриот начин да се се спречи појавата на хиперосмоларна состојба е да се лекува високиот шеќер во крвта и да се пијат доволно течности.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Средна сипаница

Средната сипаница (Англиски: Chickenpox) е инфекција предизвикана од вирусот Варичела Зостер. Кај луѓе со средна сипаница може да му биде лошо ден-два, со треска и црвенило на кожата потоа следуваат поголем број на мали црвени брунчиња, кои во текот на наредните 2-4 дена се претвораат во пликови. Пликовите побелуваат од гној во текот на неколку дена, а потоа се претвораат бо темни красти. Брунчињата се најчести на телото, главата и вратот, а поретки на рацете и нозете. Бројот на брунчињата може да биде различен. Децата на возраст од 2-10 години најчесто заболуваат од оваа болест. Треската и осипот се појавуваат околу 2 недели по допирот со заразеното лице. Средната сипаница е заразна за 7 дена, од 2 дена пред до 5 дена откако ќе се појави. Сувите красти не се заразни. Откако едно лице прележало средна сипаница, кај него се создава долготрајна отпорност на болеста и тоа најверојатно никогаш нема повторно да се разболи од неа.



Спречување

Средната сипаница не е смртоносна болест, но за да се спречи заразувањето на други лица, децата со средна сипаница не треба да одат на училиште, додека сите брунчиња се претворат во красти. Од 1995 веќе постои вакцина против средната сипаница. Таа се дава во една доза на децата постари од 12 месеци.

Лечење

На повеќето деца што заболеле од средна сипаница не им треба никакво посебно лекување против вирусот. Лекувањето се користи за да се контролира треската и за да се спречи второстепена бактериска инфекција на брунчињата. Ако настане бактериска инфекција, како последица на неа може да останат лужни. Може да помогне ако се користат масла за капење што истовремено дејствуваат и против бактериите и против јадежот. На брунчињата може да се ставаат седства против инфекција за да се спречи второстепената бактериска инфекција.
__________________
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Заушки (мумпс)

Заушките се вирусна болест предизвикана од вирусот на мумпс, која се шири аерокапково, преку секрети од респираторниот тракт ( мукус од носот или устата). Вашето дете било во контакт со дете кое има заушки. Прочитајте ја внимателно следната информација.

Кои се знаците и симптомите на заушки?

Се јавува покачена температура, главоболка и оток со осетливост (најчесто еднострано) на задушните плунчани жлезди сместени на аголот од вилицата (пред, под и зад ушите). Поретко можат да бидат зафатени и подвиличните и подјазичните жлезди (едно или обострано).
Кај момчиња по пубертетот заушките може да доведат до воспаление на тестисите.
Други можни компликации се загуба на слухот и воспаление на мозокот и неговите ципи (менингоенцефалитис).
Колкав е инкубациониот период?
Инкубациони период: 12-25 дена по експозиција

Колку време детето е заразно за другите?Инфективен период: 7 дена пред почетокот на отекување на жлездите и 9 дена откако ќе се јави отокот.

Кога може да се врати во градинка/училиште?Исклучување од установи со дневен престој: до 9 дена откако ќе се појави оток на паротидните жлезди.

Како може да се превенира?

Мумпс може да се превенира со вакцинација. Сите деца од 12-15 месеци треба да се вакцинираат за морбили, паротитис и рубеола (МПР). Втората доза се дава пред запишувањето во училиште ( 6 години) или при запишувањето во 5-то одделение ( 11-12 години). Ако вашето дете не е имунизирано за паротитис , контактирајте го лекарот за да договорите вакцинација.
Ако се сомневате дека вашето дете има заушки, задржете го дома и контактирајте го лекарот. Ако тој потврди дека се работи за заушки, информирајте ги одговорните во градинката/училиштето, за да можат да превземат соответни мерки.

Каде да се обратите за помош?

Вашиот педијатар
Инфектолог
Клиника за инфективни болести
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Рубеола (црвенка)

Што е рубеола?Рубеола е вирусна болест, која се јавува во детството. Се шири аерокапково, преку респираторни секрети ( мукус од носот и устата). Ако неимунизирана бремена жена се инфицира со рубеола, нејзиното дете може да умре пред породувањето или може да се роди со сериозни оштетувања, како што се катаракта, ментална ретардација, глувост , срцева мана, кожен исип и зголемување на црниот дроб и слезената.

Кои се знаците и симптомите на рубеола?

Децата со рубеола обично имаат благо покачена темепратура, црвеникав, средно крупен, петнест исип на кожата и зголемени и осетливи лимфни жлезди, зад ушите и позади на вратот.
Возрасните може да имаат лесно покачена темепратура, главоболка и течење на носот. Тие може да се жалат на болка и оток на зглобовите.
Инфекцијата може да помине и без да се пројават јасни симптоми.
Во ретки случаи, може да настане воспаление на мозокот .
Колкав е инкубациониот период?
Инкубациониот период изнесува 14-21 дена по експозицијата.

Колку време детето е заразно за другите?Заразниот период се разликува кај постнаталната и конгениталната рубеола.

Постнатална рубеола : 1 недела пред појавата и 7 дена по избивањето на исипот.
Конгенитална рубеола : овие доенчиња се сметаат за заразни до крајот на првата година или додека не се добијат негативни култури од урината и од назофарингеланите секрети ( кои се земени по 3-иот месец).
Кога може да се врати во градинка/училиште?

Постнатална рубеола – 7 дена по почетокот на исипот.
Конгенитална рубеола - по 1 година или додека не се добијат негативни култури од урината и назофарингеалниот секрети.

Превенција

Болеста може да се превенира со вакцинација. Оваа вакцина се дава заедно со вакцината за паротитис и морбили на возраст од 15 месеци, и е задолжителна во нашата земја. Втората доза се дава на 4-6 години или на 11-12 год. Ако вашето дете не е имунизирано за рубеола, контактирајте го вашиот лекар за да го вакцинирате.
Ако се сомневате дека има рубеола контактирајте го докторот. Ако тој ја потврди дијагнозата, информирајте ги надлежните во градинката/училиштето, за да можат да превземат заштитни мерки.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Жолтица (Хепатитис А)

Хепатитис А преставува вирусна инфекција на црниот дроб. Се пренесува оро-фекално т.е. со нечисти раце по претходен контакт на рацете со измет на инфицирана особа. Може да се пренесе и со контаминирана вода и храна.

Кои се знаците и симптомите?

Доенчињата и малите деца често немаат никакви симптоми.
Веројатноста за пожолтување на кожата и очите ( жолтица), се зголемува со возраста ( повеќето мали деца немаат жолтица, повеќето возрасни имаат).
Други симптоми кои може да се јават се губиток на апетитот, замор, гадење, повраќање, мускулни болки, температура, темна урина и бледа обезбоена столица.
Колкав е инкубациониот период?
Инкубациони период е обично 15-50 дена.

Колку време детето е заразно за другите и кога може да се врати во градинка/училиште?
Заразниот период е околу 2 недели пред почетокот на симптомите и околу 1 недела по појавата на жолтицата. Децата треба да се исклучат од дневниот престој- до 1 недела од почетокот на симптомите и додека жолтицата не исчезне.

Превенција и третман

Не постои ефикасен третман за хепатитис А, сепак повеќето деца и возрасни комплетно оздравуваат.
За да се превенира ширењето на хепатитис А, важна е добрата лична хигиена и хигиена на околината. Рацете треба да се мијат задолжително пред да се приготвува храна и по користење на тоалетот или по промената на пелените.
Во некои ситуации, кај лицата кои биле изложени на хепатитис А, може превентивно да се даде инекција на заштитни имуноглобулини, за да се спречи ширење на вирусот. Имуноглобулините претставуваат крвен продукт кој содржи антитела. Локалните одели на министерството за здравство треба да се вклучат во евалуацијата и во водењето на болеста. Тие би требало да одлучуваат каде и кому треба да се даваат имуноглобулини.
Ако вашето дете или било кој во фамилијата развие симптоми на хепатитис А, контакирајте ги вашиот лекар, кој треба да ја потврди дијагнозата. Информирајте ги одговорните лица во дневниот престој/училиштето, за да може да превземат заштитини мерки за другите деца и другите фамилии.

Каде да се обратите за помош?

Вашиот лекар
Инфектолог
Клиника за инфективни болести
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Висок крвен притисок (хипертензија)

Високиот крвен притисок е еден од неколкуте „фактори на ризик“ кои ги зголемуваат шансите за појава на срцева болест, мозочен удар и други сериозни заболувања. По правило, колку е повисок крвниот притисок толку е поголем ризикот. Лекувањето опфаќа промени во ризичниот животен стил- слабеење ако сте дебели, редовна физичка активност, здрава исхрана, намалување на консумирање алкохол, прекин на пушењето цигари, намалено внесување сол. Ако е потребно се земаат одредени лекови со кои се снижува крвниот притисок.


Што претставува крвниот притисок?



Крвен притисок е притисокот кој крвта го врши на ѕидовите од вашите крвни садови (артерии). Крвниот притисок се мери во милиметри живин столб (mmHg). Кога го мериме крвниот притисок секогаш го изразуваме преку две вредности на пример 120/80 (сто дваесет со осумдесет) или 150/95 (сто педесет со деведесет и пет).
  • Првиот број го означува таканаречениот систолен крвен притисок. Тоа е притисокот во крвните садови во моментот кога срцето контрахира (испумпува крв во артериите).
  • Вториот број го означува дијастолниот крвен притисок. Тоа е притисокот во крвните садови во моментот кога срцето се „одмара“ помеѓу две последователни отчукувања.

Кога велиме дека крвниот притисок е висок?



За висок крвен притисок се смета притисок од 140/90 mmHg или повисок при секое мерење. За висок крвен притисок зборуваме и во следните случаи:
  • Кога само систолниот притисок е покачаен, на пример 170/70 mmHg.
  • Кога е покачен само дијастолниот притисок, на пример 120/104 mmHg.
  • Или кога се покачени и обата, на пример 170/110 mmHg.
Сепак, не е се така едноставно како што изгледа. Во зависност од многу други фактори, нивото на крвен притисок кое би се сметало за доволно високо за да се почне со земање лекови е различно од индивидуа до индивидуа.


Крвен притисок од 160/100 mmHg или повисок



Оваа дефинитивно значи висок крвен притисок. На секој човек со крвен притисок кој се движи на тие вредности обично му се предлага да зема лекови со кои ќе се снижи притисокот.


Крвен притисок од 140/90 mmHg или повеќе но под 160/100 mmHg



Ваквата состојба понекогаш се нарекува слабо покачен крвен притисок. Во идеални случаи, ваквиот притисок треба да се снижи, но за повеќето луѓе ризикот од слабо покачениот крвен притисок е мал и лечење со лекови не е потребно. Сепак, на одредена група луѓе со ваков крвен притисок им се советува да земаат лекови за притисок. Тука спаѓаат:
  • Луѓе со висок ризик за развој на кардиоваскуларни болести (види подолу), или
  • Луѓе со веќе постоечка срцева болест
  • Луѓе со шеќерна болест
  • Луѓе со оштетување на срцето или бубрезите (органско оштетување) како последица на висок крвен притисок.

Крвен притисок помеѓу 130/80 и 140/90 mmHg



За повеќето луѓе овој крвен притисок е во ред. Сепак според најновите препораки за одредени групи луѓе и овој крвен притисок е висок и бара медицински третман. Ова се однесува на:
  • Оние кои развиле компликација од шеќерната болест, особено оштетување на бубрезите.
  • Оние кои имале сериозно кардиоваскуларно заболување, како на пример срцев удар, мозочен удар (шлог) и слично.
  • И оние кои имаат одредено хронично заболување на бубрезите.

Како се дијагностицира висок крвен притисок?



Само еднаш измерен крвен притисок над нормалните вредности не значи веднаш дека имате висок крвен притисок. Вашиот крвен притисок варира во текот на денот. Тој може накратко да биде покачен ако сте нервозни (анксиозни), под стрес, или сте биле физички активни непосредно пред мерењето.

За висок крвен притисок се смета дека имате во оној случај кога на повеќе наврати ви е мерен крвниот притисок (во различни околности и кога сте релаксирани) и во сите тие мерења постојано притисокот ви бил над нормалните вредности.


Период на набљудување



Ако во едно мерење се покажало дека притисокот ви е висок, вообичаено е вашиот доктор да ве советува одреден период да поминете под почеста лекарска контрола. Ова значи да се направат неколку мерења на одредени временски интервали одреден период. Должината на периодот на посматрање зависи од тоа колку бил покачен притисокот при првото мерење и дали имате некои други ризици по вашето здравје.

На пример, да речеме дека при првото мерење притисокот ви бил слабо покачен 150/94 mmHg. Ако инако добро се чувствувате, тогаш може да ви се советува период на посматрање од неколку месеци. Крвниот притисок во тој период може да ви се мери на секоја втора или трета недела. Периодот на посматрање е воедно и добар момент да направите некои промени во животниот стил кои би допринеле во снижување на крвниот притисок (видете подолу). Доколку и во наредните мерења крвниот притисок остане покачен, тогаш ќе ви биде советувано лекување со лекови за снижување на крвниот притисок, зависно од од останатите фактори на ризик (видете подолу).

Од друга страна пак, ако имате шеќерна болест или од неодамна сте преживеале срцев удар или мозочен удар, че бидете советувани многу почесто да го проверувате вашиот крвен притисок во текот на наредните неколку недели. Исто така, со лекови за снижување притисок бично се почнува порано доколку мерењата покажуваат покачена вредност.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Која е причината за покачен крвен притисок?

Причината останува непозната во најголем број случаи
Ова се нарекува есенцијална хипертензија. Притисокот во артериите зависи од тоа колку силно срцето испумпува крв и колку отпор пружат артериите (крвните садови) при струењето на крвта низ нив. Се смета дека слабо стеснување на артериите значително го зголемува отпорот при струење на крвта, што за последица го покачува квниот притисок. Точната причина за ваквото слабо стеснување на крвните садови не е позната. Веројатно се работи за влијание на повеќе фактори.

Во одредени случаи, високиот крвен притисок е предизвикан од други заболувања
Во таков случај се нарекува секундарна хипертензија. На пример одредени проблеми со бубрезите или хормоните моќат да предизвикаат појава на висок крвен притисок.


Имам ли потреба од некакви тестови?



Доколку ви е дијагностициран висок крвен притисок тогаш вашиот лекар треба да направи еден општ преглед и се изведуваат рутински тестови во ки спажаат:
  • Испитување на мокрачата со цел да се урврди присуство на протеини или крв во неа
  • Испитување на крвта за да се провери дали вашите бубрези функционираат нормално (уреа и креатинин во серум), маснотии и шеќер во крвта.
  • Снимање на срцето – електрокардиограм ЕКГ

Цел на овие тестови е:
  • Да се исклучи можноста од постоење секундарна причина за покачен крвен притисок како што е на пример болест на бубрезите.
  • Да се провери дали високиот крвен притисок направил оштетување на срцето.
  • Да се провери постоење на други ризични фактори како покачен холестерол или шеќерна болест. (видете подолу)

Кој треба да направи проверка на крвниот притисок?



Високиот крвен притисок обично не предизвикува никакви симптоми. Не можете да знаете дали имате висок крвен притисок доколку претходно не сте го измериле.
Затоа, секој од нас би требало редовно да прави проверка на својот крвен притисок барем еднаш на секои 3 до 5 години. Ваквите проверки на крвниот притисок треба да се изведуваат многу почесто (барем еднаш во годината) кај: постарите луѓе, луѓе кои порано имале висок крвен притисок, луѓе со шеѓерна болест и луѓе на кои претходно крвниот притисок им бил помеѓу 130/85 и 139/89 mmHg (значи е близу до горната граница за покачен крвен притисок).


Зошто високиот крвен притисок би бил проблем ако истиот не предизвикува никакви симптоми?



Високиот крвен притисок е „фактор на ризик“ за појава на кардиоваскуларни болести (како што се срцев удар и мозочен удар) и болест на бубрезите во иднина. Ако имате висок крвен притисок со тек на годините истиот може да ги оштети артериите и да го оптерети вашето срце. Генерално, колку е пвисок крвниот притисок , толку е поголем ризикот по здравјето. Сепак, високиот крвен притисок е само еден од неколкуте ризици за појава на кардиоваскуларни болести.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Што се тоа кардиоваскуларни болести?

Кардиоваскуларни болести се болести на срцето (срцевиот мускул) или крвните садови. Како и да е, во пракса, кога докторите го употребува терминот кардиоваскуларна болест тие обични мислат на болести на срцето или крвните садови предизвикани од атерома. Секоја поединечна атерома е во вид на мало масно испакнување кое се развива во самиот ѕид на артериите (крвните садови). Атеромата е уште позната и под називот атеросклероза.

Кардиоваскуларни болести кои можат да бидат предизвикани од атерома се: ангина, срцев удар, мозочен удар, транзиторен исхемичен напад и периферни васкуларни болести. Во Македонија кардиоваскуларните болести се на прво место како причина за смрт меѓу луѓето.


Фактори на ризик за кардиоваскуларни болести



Кај секој од нас постои одреден ризикод појава на атерома која може да доведе до кардиоваскуларна болест. Сепак, одредени таканаречени фактори на ризик значително го зголемуваат таквиот ризик. Меѓу нив спаѓаат следните:
  • Ризик фактори од стилот на живеење на коиможеме да влијаеме и да ги промениме.
    • Пушење цигари
    • Слаба физичка активност
    • Гојазност
    • Нездрава исхрана
    • Консумација алкохол во голема мера
  • Ризик фактори кои се лекуваат или делмно се лекуваат.
    • Хиертензија (висок крвен притисок)
    • Висок холестерол во крвта
    • Високи триглицериди (масти) во крвта
    • Шеќерна болест
    • Болести на бубрезите кои ја нарушуваат бубрежната функција
  • Трајни фактори на ризик- оние на кои не може да влијаеме.
    • Позитивна фамилијарна историја. Ова значи дека ако имате татко или брат кој развил срцева болест или мозочен удар пред да наполни 55 години или мајка или сестра пред да наполнат 65 години.
    • Припаѓате на машки пол.
    • Рана менопауза кај жена.
    • Возраст. Колку сте постари, толку е поголема веројатноста да развиете атерома.
Важно: некои фактори на ризик се поризични од останатите. На пример, пушењето и високиот крвен притисок се поголем ризик за здравјето од гојазноста. Исто така ризик факторите меѓусебно спојачуваат. Така ако имате два или повеќе ризик фактори истовремено, ризикот по вашето здравје е значително поголем отколку кога имате само еден ризик фактор. На пример, средновечен човек пушач кој нема никаква физичка активност и има висок крвен притисок има висок ризик да развие кардиоваскуларна болест на пример срцев удар пред да наполни 60 години.

Затоа, користа од снижување на крвниот притисок се состои во намалување на ризикот од појава на кардиоваскуларни болести во иднина.

На пример, се проценува дека намалување на дијастолниот крвен притисок за 6 mmHg го намалува вашиот релативен ризик од појава на мозочен удар во иднина за околу 35-40% и од појава на срцев удар за околу 20-25%. Поголемо снижување на крвниот притисок значи и уште поголема корист за вашето здравје.


Како може да се снижи вашиот крвен притисок?



Постојат два начини на кои вашиот крвен притисок може да се снижи:
  • Да направите одредени помени во вашиот животен стил (намалување на тежината, здрава исхрана, намалено внесување сол и алкохол).
  • Со земање на одредени лекови за снижување на крвниот притисок.
Промени во стилот на живеење со кои може да се издејствува снижување на крвниот притисок

Намалете ја вашата телесна тежина ако сте прекумерно дебели.
Со намалување на вишокот килограми можете значително да си помогнете. Крвниот притисок може да се намали за 2,5/1,5 mmHg за секој вишок колограм кој ќе го намалите.

Редовна физичка активност
Ако е можно направете напор за да бидете физички поактивни во текот на 5 или повеќе дена од неделата, најмалку 30 минути. На пример брзо одење, пливање, возење велосипед, танцување и.т.н. ако претходно не сте биле физички активни и ако сега сте почнале со редовна физичка активност пет дена во неделата, вашиот систолен крвен притисок може да се намали за 2-10 mmHg.

Намалете го внесот на сол преку храната
Количината на сол која ја внесуваме преку храната може да има влијание на вашиот крвен притисок. Според препораките не би требало да внесуваме повеќе од 5 до 6 грами сол дневно (повеќето луѓе внесуваат повеќе од пропишаното). Еве неколку совети како да го намалите внесот на сол преку храната:
  • Користете билни зачини за храната да добие во вкус наместо да ставате поголема количина на сол во неа.
  • Ограничете ја количината на сол што ја додавате при готвењето на храната како и онаа што ја додавате кога сте на маса.
  • Избирајте прехранбени продукти на кои има означено „без додаток на сол“ и користете што е можно посурова (непроцесирана) храна.
Јадете здрава храна
Накратко ова значи:
  • Најмалку пет оброци, а идеално би било 7 до 9 оброци дневно на разновиден зеленчук и овошје.
  • Основата на повеќето оброци би требало да ја чинат житариците (како корн флејкс, леб од целозрнесто брашно, компир, ориз и тестенини) плус овошје и зеленчук.
  • Без многу мрсна храна како што се мрсното месо, сирење, полномасно млеко, пржена храна, путер и др.
  • Во вашето мени вклучете 2-3 оброка со риба неделно.
  • Ако јадете месо најдобро е да внесувате телешко или бело пилешко месо.
  • Ако намеравате да користите пржена храна користете растително масло како сончогледово или маслиново масло.
  • Малку сол.
Здравата исхрана е корисна за вашето здравје на повеќе начини. На пример, може да го снижи холестеролот, ќе се намали вашата телесна тежина, ќе ја обезбеди потребата од витамини, растителни влакна и други хранливи материи со што можат да се спречат некои болести. Во некоја мера здравата исхрана може и директно да влијае на крвниот притисок. На пример ако сте се хранеле нездраво и пото почнете да консумирате храна со ниска содржина на масти и сол и богата со овошје и зеленчук вашиот крвен притисок може да се намали за 11 mmHg.

Консумирајте алкохол во мали количини
Внесување на мала количина алкохол може да ве заштити од болести на срцето. Тоа значи најмногу 250мл до ½ литар пиво дневно, 2/3 од мала чаша вино или 50 грама жесток пијлок (ракија, водка, џин, виски...).

Сепак, премногу алкохол е штетно за здравјето.

Прекинувањето на прекумерно пиење алкохол го подобрува вашето здравје на повеќе начини. Тоа исто така може да има и директно влијание на вашиот крвен притисок.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Третман со лекови

Кога е потребно да се започне со земање лекови за висок крвен притисок?



Земање лекови за снижување на крвниот притисок обично се препорачува во следните ситуации:
  • Кај сите луѓе чиј крвен притисок останал на 160/100 mmHg или над таа вредност и покрај направените промени во ризичниот стил на живеење.
  • Кај сите луѓе чиј крвен притисок останал 140/90 mmHg или повеќе по направените промени во ризичниот стил на живеење И кои имаат:
    • Шеќерна болест
    • Постоечка кардиоваскуларна болест
    • Висок ризик од појава на кардиоваскуларна болест за што беше дискутирано погоре
  • Кај сите луѓе кои имаат крвен притисок од 130/80 mmHg или повеќе и кои имаат одрдени болести. На пример, луѓе кои имаат одредени компликации на шеќерна болест, луѓе кои неодамна имале срцев удар, мозочен удар, како и некои луѓе кои имаат хронична болест на бубрезите.

Кон кои вредности за крвниот притисок треба да се стремиме?



Доколку земате лекови за снижување на крвниот притисок:
  • Ако инаку сте со добра здравствена состојба, а ви е дијагностициран висок крвен притисок тогаш целта на лекувањето е да се снижи крвниот притисок под 140/85 mmHg.
  • Во одредени случаи, целта е да се снижи крвниот притисок под 130/80 mmHg. Ова генерално се однесува на оние луѓе кои имаат одредени болести каде добрата контрола на крвниот притисок е од посебна важност. Тука спаѓаат:
    • Луѓе кои имаат кардиоваскуларни болести
    • Луѓе со шеќерна болест
    • Луѓе со хронична болест на бубрезите.

Кои лекови се користат за намалување на крвниот притисок?



Постојат неколку видови на лекови кои го снижуваат крвниот притисок. Кој од нив ќе биде избран зависи од: дали имате други здравствени проблеми, дали земате други лекови, какви несакани ефекти има лекот, вашата возраст и др. Некои лекови имаат добар ефект кај некои луѓе, а кај други пак не покажуваат така ефикасно дејство. Два или повеќе различни лекови можат да бидат пробани пред да се најде оној лек кој вас најмногу ви одговара.
Единствено вашиот лекар може да утврди кој лек за снижување на притисокот за вас би бил најсоодветен.

Само еден лек го снижува крвниот притисок до посакуваните вредности кај помалку од половина од случаите. Често пати потребно е да се земаат два или повеќе различни лекови истовремено за да се постигне посакуваната вредност за крвниот притисок. Во околу една третина од случаите потребни се три или повеќе лекови за да се постигне целта. И на крај во мал број случаи без разлика на третманот посакуваните вредности не можат да се постигнат. Сепак, и во такви случаи било какво снижување на крвниот притисок (иако не идеално) е од голема корист.


Колку долго треба да се земаат лековите за крвен притисок?



Во повеќето случаи, лековите за притисок треба да се земаат доживотно. Сепак кај некои луѓе чиј крвен притисок бил добро контролиран во тек на повеќе години, можно е да се прекине со земање лекови. Тоа особено важи за оние луѓе кои направиле значителни промени во стилот на живеење (како што се намалување во телесната тежина или прекин во пиење алкохол и др.). Прекинувањето на лековите за притисок направете го само по совет од вашиот лекар.

Ако прекинете со земање на лекови за притисок, треба редовно да го проверувате вашиот крвен притисок. Во некои случаи крвниот притисок останува нормален. Сепак во други случаи почнува повторно да се покачува. Ако тоа се случува потребно е пак да се почне со земање лек за притисок.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Низок крвен притисок (хипотензија)

Општи забелешки



Хипотензија е медицински термин за низок крвен притисок, односно притисок под 90/60 mmHg. Оваа се случува кога притисокот кој крвта го врши врз крвните садови е под нормалните вредности. Низок крвен притисок кој не предизвикува симптоми општо се смета за показател на добро кардиоваскуларно здравје, бидејќи постои помало оптоварување на срцето и крвните садови.

Сепак, постојат различни облици на низок крвен притисок кои бараат нивно идентификување, дијагноза, проценка и третман. Најчесто луѓето со низок крвен притисок бараат помош од лекар поради тоа што доживеале вртоглавица или несвестица (синкопа) како резултат на недостаток на кислород во мозокот. Нискиот крвен притисок може да биде резултат на дејството на некои лекови (на пример лекови за снижување на крвен притисок) или поради други причини, па се јавува потреба од промена на лекарствата и друг вид на терапија.
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Најчести облици на хипотензија

Ортостатска хипотензија.Неврална хипотензија



Постојат повеќе облици на низок крвен притисок кои бараат дијагноза и третман. Од нив два се најчести: ортостатска хипотензија и неврална хипотензија.


Ортостатска хипотензија




Уште се нарекува и постурална хипотензија, е сосотојба која најчесто се појавува кај луѓето со стареењето. Поради тоа, почесто се јавува кај постари луѓе. Таа многу често знае да го комплицира третманот на есенцијалната или изолирана систолна хипертензија (покачен крвен притисок), бидејќи многу пациенти со ортостатска хипотензија истовремено страдаат од систолна хипертензија кога се во седечка положба. Ортостатската хипотензија се карактеризира со неспособност на телото брзо да го регулира крвниот притисок при промена на положбата на телото. Луѓето кои страдаат од оваа појава можат да почувствуваат привремени вртоглавици по станување од лежечка положба. Затоа на тие луѓе им се советува постепено да ја менуваат положбата на телото, да седнат пред да седнат во стоечка положба и да постојат пред да дргнат да одат. Лековите кои пациентот ги зема обично на ново се ревидираат и некои од нив се заменуваат со други.

Луѓето со ортостатска хипотензија треба да избегнуваат излегување на подолго време без да земаат храна или течности како и да избегнуваат долга изложеност на сонце. Присутна малаксалост, консумирање алкохол и земање обилни оброци тешко сварлива храна ги предизвикуваат и појачуваат симптомите на ортостатската хипотензија. Носење еластични чорапи, зголемено консумирање сол, зголемено внесување течности и земање одредени лекови (само по препорака на лекар) можат да помогнат да се намалат симптомите на ортостатска хипотензија.


Неврална хипотензија




Уште е посната и како неврогена ортостатска хипотензија. Тоа е состојба при која телото не го регулира добро крвниот притисок, особено кога лицето е во исправена положба. Обично се јавува кај млади луѓе без срцеви болести кои се жалат на симптоми на низок крвен притисок. Се претпоставува дека е резултат на нарушена комуникација помеѓу мозокот и нервните сензори кои го контролираат крвниот притисок и срцевата работа.
Во одредени случаи невралната хипотензија е само привремена појава и не е сериозна. На пример, едно лице може да се онесвести откако ќе види крв, ќе слушне лоша вест или ќе добие инјекција. Ваквата индивидуа станува бледа и нестабилна со чувство на гадење и непријатност во стомакот.

Во други ситуации невралната хипотензија е многу посериозна од ортостатската хипотензија. Луѓето может да имаат големи потешкотии па дури и не можност да стојат во исправена положба подолго време. Во другите симптоми спаѓаат вртоглавица, слабост, потење, замаглување на видот и несвестица. Дијагнозата се поставува со отфрлање на други слични болести, како и со изведување некои дијагностички тестови ( електрокардиограм на пример).
 

Ѓорѓески

Бивши Скај Дог
Член од
25 мај 2007
Мислења
6.661
Поени од реакции
945
Знаци и симптоми на низок крвен притисок

Кога крвниот притисок ќе стане на ниски вредности или кога ќе се случи нагло ненадејно опаѓање на крвниот притисок, здравствената состојба и способност на единката можат значително да се нарушат. За разлика од некои пациенти со висок крвен притисок кои не чувствуваат никакви симптоми, кај лицата со низок крвен притисок можат да се јават силни симптоми поради кои истите бараат лекарска помош. Во таквите симптоми спаѓаат следните:
  • Вртоглавица или зашеметеност
  • Заматен вид
  • Недостаток на концентрација
  • Гадење или мачнина во стомакот
  • Мускулна слабост
  • Несвестица
  • Брз и слабо исполнет пулс
  • Ладна кожа
  • Брзо и плитко дишење
  • Маласалост
  • Главоболка

Ако крвниот притисок падне на значително ниски вредности, се јавува опснист телото да не биде доволно снабдено со кислород потребен за нормално обавување на неговите функции. Недостатокот на кислород може да резултира во оштетување на мозочните и срцевите функции, како и со тешкотија во дишењето. Со силно изразен низок крвен притисок една индивидуа може да ја изгуби свеста и да падне во состојба на шок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom