Божикен подарок - нови цени на горивата

Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поскапуваат за два, а екстра лесното масло за домаќинството за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 64 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 65,50 ден/лит и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) - 51,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за 1,50 ден/литар, односно ќе изнесува 40 ден/литар. Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,560 денари/кг и ќе изнесува 29,287 ден/килограм.

Рафинериските цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 4,77 проценти.

Покачувањето на цените се должи на зголемувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар за 3,67 проценти и на корекцијата на курсот на денарот во однос на доларот.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Да не се повторувам ама ќе морам....
Кога немаме апчиња на плин возиме :icon_lol:.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Да не се повторувам ама ќе морам....
Кога немаме апчиња на плин возиме :icon_lol:.
не биди толку сигурен во плинот, гвујо и неговите регулатори ке најдатат оправдување за промена на цената на плинот, само не се знае кога ?:toe:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Само коњ му е мајката... ич да не се замараш дали си бил пијан, дали бензинот поскапел или поскапела регистрацијата, башка на ладно пали од прва.

п.с. не за џабе ако се е погодено викаат “На коњ сум“...
 
Член од
2 април 2006
Мислења
14.363
Поени од реакции
3.069
Само коњ му е мајката... ич да не се замараш дали си бил пијан, дали бензинот поскапел или поскапела регистрацијата, башка на ладно пали од прва.

п.с. не за џабе ако се е погодено викаат “На коњ сум“...
Доста бе на вас полесно ви е ипак, ние во Ск мораме сега и со зонско паркирање да се замараме. :)
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Само коњ му е мајката... ич да не се замараш дали си бил пијан, дали бензинот поскапел или поскапела регистрацијата, башка на ладно пали од прва.

п.с. не за џабе ако се е погодено викаат “На коњ сум“...
Да знаеш дека си во право...но се поставува едно прашање, што да правиме со останатите коњи во државава оние двоножни :vozbud::vozbud:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Хммм...
А зошто воопшто постои регулаторна комисија?
Зошто секој трговец да не си формира сам цена, па што биде нека биде!
Не само за нафтени деривати, туку за се останато!
Е, таму кајшто е монопол, ќе си сака некаков инструмент за контрола, ама поарно ќе биде...
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Бицикло...ем здраво ем ефтино!
 
H

^HITMAN^

Гостин
Веќе сум отрпнат на ценовните "шокови". И 500 денари да наплаќаат за литар гориво не се нервирам. Ќе идам со такси или со автобус или со велосипед па и пеш и готово. Едноставно не ми се нервира повеќе. Барем спокојот не сакам да ми го земат.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
На плин се исплака ?Тој е 35 денари ако не го поскапиле и него до пред два дена знам дека е таа цена ?
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
Веќе сум отрпнат на ценовните "шокови". И 500 денари да наплаќаат за литар гориво не се нервирам. Ќе идам со такси или со автобус или со велосипед па и пеш и готово. Едноставно не ми се нервира повеќе. Барем спокојот не сакам да ми го земат.
БРАВО!!!! 500 денара литар гориво и ти ке идеш со автобус или такси и мислеш тие цени ке останат на јавнио превоз со таа цена гориво...........И да да не бидам офф топик да им се заблагодарам на сите шо предонесеа за оваа новогодишна честитка и да им посакам рак,сида,свински грип и може по некоја салмонела оти јадат ногу слатки.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Хммм...
А зошто воопшто постои регулаторна комисија?
Зошто секој трговец да не си формира сам цена, па што биде нека биде!
Не само за нафтени деривати, туку за се останато!
Е, таму кајшто е монопол, ќе си сака некаков инструмент за контрола, ама поарно ќе биде...
За да дрпа некој пари... се сеќавам кога се отвори првата пумпа на Лук Оил, цените на горивото беа еднакви со цените во соседните држави (во тогашно време разликата беше по 5-7 денари од литар поевтино). Но, регулаторите ја средија работата и ја елиминираа конкуренцијата, наметнувајќи исти цени секаде, па остана лук оил да се пофали само со квалитет...

Кај и да е, ќе мора да ја укинат наскоро ако сакаме пазарна економија и реална конкуренција.
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ве читам и ви се чудам на мозокот, да ме извините. Што е толку голем проблем што дериватите ќе поскапат за 1,50 и 2 денари? Па тоа пари ли се?:smir:
 
J

Johnny Stulic

Гостин
Ве читам и ви се чудам на мозокот, да ме извините. Што е толку голем проблем што дериватите ќе поскапат за 1,50 и 2 денари? Па тоа пари ли се?:smir:
Шо викаш и кога беа поефтини тураше за 300-ки и сега ќе тураш за 300-ки така шо исто ти се фаќа.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.886
Поени од реакции
12.421
Не се големи пари од една страна колку и да се, сепак шофер ќе скрати на друго за 50-150 денари. Но од друга страна гужвата (посебно последниве неколку месеци) во Скопје, каде честопати се вози пола час до час, кажува дека возење сопствен автомобил нема да е никаков проблем дури и на 100 денари за литар. Обратно, кога беше 25-30 денари и немаше толку гужва.
Ова испаѓа ко за инает на високите цени
 

Kajgana Shop

На врв Bottom