Евангелие според Јован
Прва глава:
1:1 Во почетокот беше Словото, и Словото беше со Бог, и Словото беше Бог. 2 Тоа беше во почетокот со Бог.
3 Се' стана преку Него, и без Него не стана ништо од она што настана. 4 Во Него имаше живот и животот им беше светлина на луѓето. 5 А светлината свети во темнина, и темнината не ја опфати.
6 Се јави човек, испратен од Бог, по име Јован. 7 Тој дојде за сведоштво, да сведочи за Светлината, та сите да поверуваат преку него. 8 Тој не беше Светлината, туку дојде да сведочи за Светлината. 9 Вистинската светлина, Која го осветлува секој човек, доаѓаше на свет.
10 Тој беше во светот, и светот стана преку Него, но светот не Го позна. 11 Дојде кај Своите, но Своите не Го примија. 12 А на сите што Го примија, им даде власт да станат Божји деца - на оние кои веруваат во Неговото име, 13 кои не се родија ниту од крв, ни од телесна похота, ниту од волја на маж, туку од Бог.
14 И Словото стана тело кое се всели меѓу нас и ја видовме Неговата слава, славата што ја има како единствен од Таткото - полн со благодат и вистина.
15 Јован сведочеше за Него и извика, велејќи: „Еве Го Оној за Кого реков: Оној Кој доаѓа по мене, поголем е од мене, зашто постоеше пред мене!” 16 И сите ние примивме од Неговата полнота благодат врз благодат. 17 Зашто, Законот беше даден преку Мојсеј, а преку Исус Христос дојдоа благодатта и вистината. 18 Бог никој никогаш не Го видел; Единородниот Бог - Кој е во прегратката на Таткото, Тој Го објави.”
Значи Исус е Бог
Во Библијата терминот Богородица не постои. Настанат е во Црквата. Според мене е логичен, зашто ако Исус Е Бог, тогаш таа која Го родила во ред е да биде наречена Богородица