Блискоисточни печалбари

Член од
19 мај 2006
Мислења
419
Поени од реакции
5
Nekolku pati napadjani od nasiot pecat bidejki se raboti za golema suma na pari a nasata drzava nema nisto korist od toa.Pa bidejki i jas sum eden od mnogute nasi Makedonci koi ja imaa taa sreka da dojdat da rabotat vo edna od ovie zemlji me interesira vaseto mislenje okolu toa.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Zemaj pari prijatele, zivej si zivot i voopsto da ne ti e gale, ama imaj na um, eden den vrati se anzad vo tatkovinata, mirno da si uzivas vo srabotenoto i da si gi trosis parite vo nea, za i ona da ima kolku - tolku korist nekako.
 
Член од
23 март 2005
Мислења
284
Поени од реакции
2
Ич да не ти чуе мандалото!:icon_lol:
 

JeCILaDy

Move Away
Член од
18 април 2006
Мислења
2.350
Поени од реакции
22
Ич да не ти е гајле шо зборат другите, прај си како шо мислиш дека е најдобро за тебе. Луѓето зборале и секогаш ќе зборат, таман работа ако им обрнуваме внимание. Можи пак некој фала ќе ти речи ако се вратиш во знак на солидарност, демек сите сиромашни, и ти сиромашен!
 

436053

Consigliere
Член од
19 декември 2005
Мислења
860
Поени од реакции
68
А шо е муабетот?Ја не знам за што тоа се работи.Ако може да ми се објасни?
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Кога ти дават-земај, кога те бркаат-бегај! Ич не му ја мисли!
 
Член од
19 мај 2006
Мислења
419
Поени од реакции
5
Околу илјада кумановци се отидени на работа во Ирак, Авганистан, Кувајт и во Џибути.

Невработеноста, беспарицата и сиромаштијата ги принудуваат луѓето дури и по цена на сопственото здравје и живот да ја напуштаат државава и да одат на привремена работа во критичните зони. Поголемиот дел од нив, како што се говори во Куманово, одат принудно, но не е исклучено да има и такви кои за кусо време сакаат да заработат многу.

Колкава е вистинската заработувачка, никој освен самите тие не може да каже. Но, се дознава дека месечната плата се движи од четири до десет илјади американски долари. Висината зависи од повеќе фактори. Имено, во побезбедните земји платата е помала. Така, во Авганистан најниската плата е нешто повеќе од четири илјади долари, во Џибути околу пет, а во Ирак достигнува до десет илјади долари.

Доброупатените велат дека на привремена работа главно се оди преку фирмата "Браун и Рут", која беше стационирана во Куманово. Тие што во неа работеа во сопствениот град, а се оценети како добри и вредни работници, полесно добиваат работа и во странство. Меѓу привремените работници во далечните земји ги има од 20 до 45-годишна возраст, мажи и жени, општи работници, но и високообразовани кадри, инженери, лекари, економисти.

- Според моите сознанија, најважно е да бидат психофизички здрави - вели роднина на еден од вработените во Авганистан.

Тој додава дека во Кувајт е администрацијата на американската база во Ирак, а кој еднаш ќе замине и ќе донесе "куп" пари тешко се откажува. Особено кога ќе се вратат во Куманово и кога повторно ќе се соочат со фактот дека во градот и во државава ништо не се сменило, дека се уште нема работа.

Работниците доброволно потпишуваат договори дека одат на сопствена одговорност, немаат никакво осигурување, а не се регистрирани ниту во Бирото за вработување. Нивната работа е на црно, но поради парите ја прифаќаат.

Условите за работа се различни, а се раскажува дека најдобри се во Џибути. Печалбари не се расположени отворено да им раскажуваат на другите освен на своите најблиски. Како што велат, за чување тајни потпишуваат доброволно, па ако сакаат да си го зачуваат местото, најдобро е да молчат. (С. А. Ј.)
Ova e statija od Dnevnik od pred nekolku meseci
Pa bidejki veruvam deka golem del na nasi gradjani od vnatresnosta a i onie od dijasporata ne se zapoznaeni so ova cisto sakav da otvoram tema za ova posebno sega koga tolku mnogu se zboruva za Iran a nie sme sekade okolu nego i posebno sto ovdeka ljugeto ginat sekoj cas.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Makedonija, zemja na gurbetchii. Пуста да е, пуста да би останала туѓината клета и беспарицата проклета.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
Камо среќа...

..коа би имало поише такви фирми како КБР да носи народ на печалба, како ние што се снајдовме да отидеме од 2003 наваму. Јас лично не наидов на лош прием кај никого,и никој не го сменил својот однос спрема мене од коа сум надвор...макар јас не приметив до сега. Не мора да спомнувам дека 90% од нас се враќа назад у Македонија, така да економијата може само да очекува позитивни работи од нас...се надевам дека момците и девојките што се надвор паметно ке ги вложат парите (знам дека нема многу избор, али без ризик нема добивка!), и дека од сето ова ке произлезат нови фирми у Куманово, па и у други градови у МК, ке има нови запослувања за невработените (у скромни размери, нормално), али секое ново работно место е плус у денешна немаштина. Што се однесува до Владата и нивните лапачки афинитети, може да си кажуваат прикаски до утре, ниту ни нашле работа, ниту не прашува некој кај идеме, кога се враќаме, живи ли сме, здрави ли сме...ги оставија троица наши сограѓани да им скинат глави у Ирак, а луѓето отидоа за корка леб...впрочем, да беа саглам, немаше луѓето да идат и чесно да печалат некој динар у тие вукоебини како што се Авганистан, Ирак и Џибути..

ПС Да има некоја иницијатива од сите печалбари за финансирање на трета политичка опција, која што би била добро платена да ги застапува интересите на Македонскиот народ ( и нормално сите останати у државава кои што ја сметаат Македонија за своја!), би можеле да сметаат на моја скромна помош у секое време!
 
Член од
19 мај 2006
Мислења
419
Поени од реакции
5
www.dnevnik.com.mk | За 150 работни места во Ирак, Авганистан и во Џибути се пријавиле двојно повеќе кумановци

Нов бран кумановци се подготвуваат во следниот месец да заминат на печалба во Ирак и во Авганистан. За 150 работни места во овие две земји се пријавиле двојно повеќе кумановци. И овој пат сиромаштијата, нискиот животен стандард, невработеноста и бесперспективноста во земјава, заедно со високата примамлива плата, се главните причини поради кои кумановци со години во континуитет бараат начин да заминат на печалба во некоја од земјите на високиот ризик.

Меѓу пријавените има кандидати што веќе биле во некоја од овие земји, но и луѓе што првпат сакаат да си ја пробаат среќата. Покрај Ирак и Авганистан, актуелна е и Џибути, мала африканска земја на источниот брег на континентот сместена меѓу Етиопија, Сомалија и Еритреја. Кумановци велат дека се свесни оти во Ирак ќе ги демнеат киднапирања, бомби, заседи, дека во Авганистан ќе живеат со опасноста од нараснатиот револт против странците, а во Африка ќе бидат опкружени со опасни заразни болести, но објаснуваат дека заминуваат немаат зашто подобар избор.

- Самото тоа што сме далеку од семејствата е најтешката страна на печалбата. Но кога ќе се соочам со фактот дека во Куманово, па и во цела Македонија, нема можности ниту да се вработам, ништо друго не ми преостанува туку да си ги спакувам работите и да заминам - вели една високообразована кумановка што заминува за Авганистан и која, како и сите други со кои зборувавме, не сака да и' се споменува името.

На гурбет се заминува главно преку американската компанија „Брајан и Рут”. Компанијата однапред им ги кажува условите за одење на печалба, но и покрај тоа што има многу непријатни информации, ретко некој се откажува.

- Ќе имаме 12-часовно работно време, седум дена во неделата, а платите ќе ни се движат од 3 до 12 илјади американски долари, во зависност од работното место, односно соодветно на образованието, завршената обука и покажаните резултати, како и познавањето на англискиот јазик - вели оваа млада жена.

Таа додава дека во компанијата се води сметка за унапредување на кадрите, а работниците од нашата земја имаат добар рејтинг и важат за интелигентни, вредни, дисциплинирани:

- Можеби и не е за верување, но има кумановци што се на високи позиции во компанијата, асистенти на проекти, менаџери на оддели, супервизори, па дури и такви што ја надгледуваат работата на Американците.

Ако на почетокот на печалба одеа главно мажи, на последните конкурси се' повеќе се пријавуваат лица од понежниот пол. И следната наша соговорничка е кумановка, која повеќе од четири години работи за „Брајан и Рут”, и тоа во Куманово, на Косово и во Ирак. Вели дека се вратила пред четири месеци, со намера веќе да не оди на печалба, но пак се премислила.

- Гледам дека овде ништо не оди кон подобро. Напротив, моите врсници се невработени, немаат обезбедено егзистенција, дури немам ни со кого да излегувам зашто кога немаат пари на луѓето не им е до ништо, а најмалку до забава. Затоа почнав интензивно да размислувам пак да заминам. Сите прво ме прашуваат дали ми е страв од бомбите. Страв?! Веројатно со текот на времето и тој се надминува, се потиснува. Камповите во кои се вработените луѓе на „Браун и Рут” се обезбедени од американската армија. Така е и кога патуваме низ Ирак или Авганистан. Секогаш одиме во добро обезбедени конвои. Сепак, условите за работа не се розови. Работиме во земји во кои месното население ги смета сите странци за непријатели. Температурите се високи, 49 Целзиусови степени во ладовина.

Друг кумановец, кој веќе четири години оди да работи таму од каде што сите бегаат, вели дека нема намера да се врати во Македонија и тука да си ја бара среќата.

- Да се вратам во земјава?! Да. Сакам. Но кога ќе се соочам со суровата вистина дека светот оди напред, а ние 15 години стоиме во место, немам дилема дека треба да одам надвор. Каде да барам работа? Во ЧИК, „Искра”, ЗИК или во фабриките што одамна не постојат. Куманово уште живурка од она што ние го заработуваме по светот. Не смеам ниту да помислам уште колку социјалци ќе има да нема вакви можности за печалба - вели тој и додава дека вработените во компанијата имаат комплетно здравствено осигурување, исто како да се во американската армија. Имаат и животно осигурување преку светската осигурителна компанија „Цигна” и тоа 50.000 долари во случај на смрт или тешка телесна повреда.

Слично размислуваат и другите пријавени за работа во Ирак, Авганистан и во Џибути. Очигледно, кога се' ќе се стави на вага, натежнува печалбата. Лошите искуства, пред се', трагедијата на тројцата погубени нивни сограѓани или последниот случај со киднапирањето на тетовските работници во Ирак, не се доволни за да ги пишманат. Желбата за подобар живот за нив е посилна од сите ризици.

TOLKU SE VNIMAVA NA TOA KOLKU LUDJE ODAT I KOLKU KE ZIMAAT PLATA KAKO DA SAKAAT LUDJETO DA POMISLAT DEKA NASATA VLADA GO SREDUVA OVA NASE IDENJE NA PECALKA.A DA PRI TOA NE SE NI POMISLUVA DEKA SETO OVA STO SE OBJAAVUVA MOZE I DA NASTETI NA NEKOMU.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
12
Поени од реакции
0
gledam deka na ovaa tema odamna nikoj ne diskutira, iako e seuste aktuelna kaj nas.Mojot soprug saka da zamine vo Avganistan, megutoa jas mnogu se plasam.Ve molam potrebno mi e mislenje od nekoj sto veke bil tamu ili pak ima nekoj blizok tamu, i nekoj sovet.Odnapred fala.
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
bubence напиша:
gledam deka na ovaa tema odamna nikoj ne diskutira, iako e seuste aktuelna kaj nas.Mojot soprug saka da zamine vo Avganistan, megutoa jas mnogu se plasam.Ve molam potrebno mi e mislenje od nekoj sto veke bil tamu ili pak ima nekoj blizok tamu, i nekoj sovet.Odnapred fala.
Нормално е да ви биде страв за судбината на маж ви, но зарем ви е помило да го гледате како се нервира што нема да им купи чоколадо на децата? Не знам каква ви е состојбата дома, но сигурно не е розева чим се обидува да најде работа у такво подрачје.

Јас лично сум татко на 2 деца, и точно на прв роденден на ќерка ми заминав за Авганистан во лето 2002 година. Тогаш работев за фирма што се бавеше со дистрибутерство на прехранбени производи на земјите припаднички на коалициските сили. Живеевме нормално во куќа во центар на Кабул. Искачавме кога сакавме, се враќавме кога сакавме. Ни влакно од глава не ми фалеше. Потоа се вработив во КБР, и возев над 100 пати во конвој на возила од Кабул за Баграм и назад, и немав ниту еднаш животот не ми висеше на конец. Повремено ги гаѓаат базите, но чисто аматерски (за среќа :)). Општо гледано многу малку жртви има наспрам Ирак кај што загубив дури и неколку пријатели.
Камо среќа да добие работа мажот ви, ке биде во добри раце, ви ветувам:wink:
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
12
Поени од реакции
0
Blagodaram mnogu za poddrskata, no sepak Vie ste bile tamu 2002, pred 4-5 godini, situacijata e mozebi promeneta.Mi spomnavte deka gi napagaat bazite, a bas skoro vo vesnik citav deka bazite bile posigurni, bidejki gi cuva vojska.Isto taka me interesira, dokolku mozete da mi kazete,kolku se plateni tamu rabotnicite, na primer kolku ste bile vie plateni, bidejki na nitu edna strana nemozam da najdam navedena suma, a vaka sto slusam i citam po vesnici se spomenuvaat sumi od 4000$ pa da 10 000$, kako sto procitav tuka.Razlikata e mnogu golema.Na primer, maz mi bi otisol kako opst rabotnik, pa ako znaete da mi kazete otprilika kolku bi bil platen.Fala
 

Gravity Grave

Voice of the Voiceless
Член од
27 март 2006
Мислења
774
Поени од реакции
11
bubence напиша:
Blagodaram mnogu za poddrskata, no sepak Vie ste bile tamu 2002, pred 4-5 godini, situacijata e mozebi promeneta.Mi spomnavte deka gi napagaat bazite, a bas skoro vo vesnik citav deka bazite bile posigurni, bidejki gi cuva vojska.Isto taka me interesira, dokolku mozete da mi kazete,kolku se plateni tamu rabotnicite, na primer kolku ste bile vie plateni, bidejki na nitu edna strana nemozam da najdam navedena suma, a vaka sto slusam i citam po vesnici se spomenuvaat sumi od 4000$ pa da 10 000$, kako sto procitav tuka.Razlikata e mnogu golema.Na primer, maz mi bi otisol kako opst rabotnik, pa ako znaete da mi kazete otprilika kolku bi bil platen.Fala
Базите се одлично чувани, и веројатно постои опасност и дома да се повреди доколку комшијата му фрли саксија на глава. Во случај да има можност да добие работа, веднаш нека прифати.

За плата, невкусно е да се изнесува плата на работник во КБР во време кога повеќето во Македонија не можат да заработат ни за леб. Пишете ми приватна порака и ке ви одговорам.

поздрав
 

Kajgana Shop

На врв Bottom