Бленда

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Блендата е сместена во објективот, обично на задната страна, близу до местото на спојување на објективот со телото на апаратот. Нејзината улога е да ја одреди количината на светлина кое ќе пројде низ објективот, како и да ја одреди длабинската острина (depth of field). Составена е од повеќе "ливчиња" кои се поместуваат и со тоа отворот на блендата се шири и стаснува.

Колку што отворот на блендата е поголем, до филмот или сензорот ќе пројде повеќе светло. Доколку низ блендата помине повеќе светло, ќе биде потребно помалку време за осветлување на филмот или сензорот. И обратно - кога отворот е помал, низ него проаѓа помалку светло, па потребно е повеќе време за осветлување на филмот или сензорот.

Големината на блендата би можела да се означува со големината на отворот во mm, но постои проблем како да се споредат различни објективи, бидејќи отворот на блендата на различни формати на филм или сензор е различен, па тешко е да се спореди количина светло која ја пропушта блендата на различни формати. За да се реши тој проблем, како поим воведен е бројот F (големо F, бидејќи со мало f се означува фокалното растојание).

Бројот F се добива со делење на фокалното растојание на објективот (во mm) со реалниот отвор на блендата и претставува релативен број со кој може да се споредат различни објективи, односно количина на светло кое проаѓа низ објективот. Доколку имаме два различни објективи и двата ги поставиме на F 5.6 низ нив ќе пројде иста количина на светло, без обзир на нивната различна конструкција или форматот. Колку е F бројот помал, големината на отворот на блендата е поголема, па се вели дека објективот е брз, бидејќи дозволува да пројде повеќе светло а со тоа се крати времето потребно за осветлување на сензорот или филмот.

Низата за вредности на бројот F ја чинат броеви кои меѓусебно се добиени со множење со коренот од 2, односно 1.41. На пример, 1.41 х 1.41 = 1.97, заокружено на 2.

Од F броевите е составена класичната F низа. На пример, објективите за апаратите со класичен 35mm филм и дигиталните фотоапарати со променливи објективи по обичај ја имаат следнава низа:

1,4 - 2 - 2,8 - 4 - 5,6 - 8 - 11 - 16 - 22 -32

Додека кај дигиталните фотоапарати кои немаат променливи објективи ситуацијата е нешто послаба, па низат најчесто изгледа вака:

2,8 - 4 - 5,6 - 8

Секој соседен F број означува двојно помала количина на светло кое поминува низ блендата. На пример, со F 4 ќе влезе двојно помалку светло отколку со F 2,8.

naum_spaseski

Стружанец
Член од
25 јануари 2007
Мислења
534
Поени од реакции
2
Што е брзина на затворање на блендата?
Најпросто дефинирана – брзината на затворање на блендата е „количество на време за кое блендата е отворена“.
Во аналогната фотографија, тоа е времето за кое филмот е изложен на сцената што ја фотографираме. Во дигиталната фотографија е слично, брзината на затворање на блендата е времето за кое сензорот на фотоапаратот „ја гледа“ сцената што сакаш да ја фотографираш.
Овде, темава ќе ја разделам на неколку делови за тие што сакаат да научат што точно е брзината на затворање на блендата, и каква улога игра во фотографијата:

  • Брзината на затворање на блендата се мери во секунди – или во најчестите случаи делови од секундата. Колку што е поголем именителот толку е поголема брзината (пр. 1/1000 е многу побрзо отколку 1/30).
  • Најчесто се користат брзини 1/60 делови од секунда или побрзи. Ова е затоа што се што е побавно од ова е многу тешко да се користи без тресење на фотоапаратот. Тресењето на фотоапаратот е кога вашиот фотоапарат се поместува додека блендата е отворена што резултира во заматени фотографии.
  • Ако користите бавна брзина на затворање на блендата (се што е побавно од 1/60) ќе треба да користите статив, или некој вид на стабилизација на слика, (се повеќе фотоапарати доаѓаат со ваква опција).
  • Некои фотоапарати исто така имаат можност за многу бавни брзини, кои што не се делови од секундата, туку се мерат во секунди ( на пр. 1 секунда, 10 секунди, 30 секунди и тн). Овие се користат во ситуации со многу ниска осветленост, или кога се обидувате да фотографирате многу движења одеднаш. Некои фотоапарати исто така имаат опција „B“ („bulb” на англиски, или сијаличка на македонски). Овој мод ви овозможува да ја држите блендата отворена онолку време колку што го држите окидачот притиснат.
  • Кога одлучуваш која брзина да ја користиш во сликата, секогаш треба да се прашаш дали нешто во сликата се движи и како сакаш да го „фатиш“ тоа движење. Ако има движење во твојата слика, имаш избор да го замрзнеш движењето, или да дозволиш објектот да се движи и намерно да се замати (чувство на движење).

  • За да го замрзнеш движењето во сликата (како во примеров), треба да одбереш поголема брзина на затворање на блендата, или пак ако сакаш да го заматиш движењето, треба да одбереш помала брзина. Конкретните брзини што треба да ги одбереш ќе варираат од брзината на предметот во твојата слика, и колку сакаш да биде тој заматен.

  • Движењето не е секогаш лошо – Има моменти кога движењето е добро. На пример кога сликаш водопад и сакаш да прикажеш колку брзо водата тече, или кога фотографираш автомобил во движење и сакаш да додадеш чувство на брзина и тн. Во сите овие моменти најдобро би било избирање на помала (подолга) брзина на затворање на блендата. Сепак, во сите овие моменти треба да користиш триножник или си во ризик на уништување на сликите од движењето на фотоапаратот (ова заматување е различно од заматувањето на предметот во движење).
  • Фокалната должина и брзината на затворање на блендата – друга работа што треба да се согледа при одбирање на брзината на затворање на блендата е фокалната должина на леќите што ги користиш. Подолгото фокално растојание ќе го нагласи тресењето на фотоапаратот, и треба да користиш поголема брзина на затворање на блендата (ако немаш никаква стабилизација на слика, ниту во леќите ниту во фотоапаратот). Има едно „правило“ кое се користи при фотографирање без стабилизација на слика, а тоа е одбирање на брзината на затворање на блендата со именител кој е поголем од фокалната должина на леќите. На пример, ако имаш 50mm леќа, 1/60 е во ред, но ако имаш 200mm ќе треба да фотографираш со брзина од околу 1/250.
 
S

Sweet666

Гостин
Добро објаснување за почетници. Би допишала дека стандарните брзини одат во чекори по ваков редослед

  • 1/1000 s
  • 1/500 s
  • 1/250 s
  • 1/125 s
  • 1/60 s
  • 1/30 s
  • 1/15 s
  • 1/8 s
  • 1/4 s
  • 1/2 s
како делови од секундата. Понатаму се запишуваат како 1", 2". 3", 30" (цели секунди)
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Добро објаснување за почетници. Би допишала дека стандарните брзини одат во чекори по ваков редослед

  • 1/1000 s
  • 1/500 s
  • 1/250 s
  • 1/125 s
  • 1/60 s
  • 1/30 s
  • 1/15 s
  • 1/8 s
  • 1/4 s
  • 1/2 s
како делови од секундата. Понатаму се запишуваат како 1", 2". 3", 30" (цели секунди)
Кај ДСЛР то е веќе далеку над и под овие вредности. На 450Д е 1/4000 до 30 секунди (и булб кое е неограничено отворена бленда - додека не го отпуштиш шутерот)
 
Добро ова беше за пример.. мојот иде и до 1/8000.
 
Vinnetou

Continium Transfunctioner
Член од
15 мај 2005
Мислења
3.513
Поени од реакции
482
Bulb е идеално за сликање на громови.
 
Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.320
Поени од реакции
7.372
Јас вообичеано користам 1/400 за лопати на камен темелници при сончев ден.
При фотографирање статични објекти сумЉиво освелување спуштам до 1/8. Подолго од тоа не ми држи раката, дури и сконцентриран.
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Да те надополнам со вредностите на блендата, како што веќе кажа вредностите на цели бленди се 1 - 1,4 - 2 - 2,8 - 4 - 5,6- 8 - 11 - 16 - 22 - 32,,,,, но кај дигиталните фотоапарати се појавуваат и вредности како 4,5 - 5 - 6,3 - 7,1 - 9 - 10 и тие всушност се третини од бленда...
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Што е брзина на затворање на блендата?
Најпросто дефинирана – брзината на затворање на блендата е „количество на време за кое блендата е отворена“.
Во аналогната фотографија, тоа е времето за кое филмот е изложен на сцената што ја фотографираме. Во дигиталната фотографија е слично, брзината на затворање на блендата е времето за кое сензорот на фотоапаратот „ја гледа“ сцената што сакаш да ја фотографираш.
Овде, темава ќе ја разделам на неколку делови за тие што сакаат да научат што точно е брзината на затворање на блендата, и каква улога игра во фотографијата:

  • Брзината на затворање на блендата се мери во секунди – или во најчестите случаи делови од секундата. Колку што е поголем именителот толку е поголема брзината (пр. 1/1000 е многу побрзо отколку 1/30).
  • Најчесто се користат брзини 1/60 делови од секунда или побрзи. Ова е затоа што се што е побавно од ова е многу тешко да се користи без тресење на фотоапаратот. Тресењето на фотоапаратот е кога вашиот фотоапарат се поместува додека блендата е отворена што резултира во заматени фотографии.
  • Ако користите бавна брзина на затворање на блендата (се што е побавно од 1/60) ќе треба да користите статив, или некој вид на стабилизација на слика, (се повеќе фотоапарати доаѓаат со ваква опција).
  • Некои фотоапарати исто така имаат можност за многу бавни брзини, кои што не се делови од секундата, туку се мерат во секунди ( на пр. 1 секунда, 10 секунди, 30 секунди и тн). Овие се користат во ситуации со многу ниска осветленост, или кога се обидувате да фотографирате многу движења одеднаш. Некои фотоапарати исто така имаат опција „B“ („bulb” на англиски, или сијаличка на македонски). Овој мод ви овозможува да ја држите блендата отворена онолку време колку што го држите окидачот притиснат.
  • Кога одлучуваш која брзина да ја користиш во сликата, секогаш треба да се прашаш дали нешто во сликата се движи и како сакаш да го „фатиш“ тоа движење. Ако има движење во твојата слика, имаш избор да го замрзнеш движењето, или да дозволиш објектот да се движи и намерно да се замати (чувство на движење).

  • За да го замрзнеш движењето во сликата (како во примеров), треба да одбереш поголема брзина на затворање на блендата, или пак ако сакаш да го заматиш движењето, треба да одбереш помала брзина. Конкретните брзини што треба да ги одбереш ќе варираат од брзината на предметот во твојата слика, и колку сакаш да биде тој заматен.

  • Движењето не е секогаш лошо – Има моменти кога движењето е добро. На пример кога сликаш водопад и сакаш да прикажеш колку брзо водата тече, или кога фотографираш автомобил во движење и сакаш да додадеш чувство на брзина и тн. Во сите овие моменти најдобро би било избирање на помала (подолга) брзина на затворање на блендата. Сепак, во сите овие моменти треба да користиш триножник или си во ризик на уништување на сликите од движењето на фотоапаратот (ова заматување е различно од заматувањето на предметот во движење).
  • Фокалната должина и брзината на затворање на блендата – друга работа што треба да се согледа при одбирање на брзината на затворање на блендата е фокалната должина на леќите што ги користиш. Подолгото фокално растојание ќе го нагласи тресењето на фотоапаратот, и треба да користиш поголема брзина на затворање на блендата (ако немаш никаква стабилизација на слика, ниту во леќите ниту во фотоапаратот). Има едно „правило“ кое се користи при фотографирање без стабилизација на слика, а тоа е одбирање на брзината на затворање на блендата со именител кој е поголем од фокалната должина на леќите. На пример, ако имаш 50mm леќа, 1/60 е во ред, но ако имаш 200mm ќе треба да фотографираш со брзина од околу 1/250.
блендата нема брзина на затварање, завесата има брзина на затварање :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom