Биртии

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Препорачајте некоја хард кор биртија, да има певаљка и да биде некаде помеѓу Велес и Скопје.
Фала!

П.С. По можност да не добиеме гратис тровање.
Оди во Царето, мирисот ќе те опие:ROFLMAO:

Ако мене ме прашуваш најпаметно ти е да одиш во Деспина ако сакаш да се осетиш дека си во биртија, башка местото ти е проверено и со докажан квалитет:giggle:
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
819
Поени од реакции
1.226
Во нашиот крај баш во завиден број ги има и секоа е која од која :D Во Неготино и Кавадарци има повеќе такви, почнувајќи во Неготино со тивка ноќ - кога има певаљка не се знае ни кој јаде ни кој пие,шоферите и локалните љубители на алкохол одат до крај,певаљката за да пее таму како предоизпозиција треба да е над 100 кила и обавезно да и фалат 2 до 4 заба.
Кафана Биферај на железничка во Неготино,кога како работи само одбрани луѓе одат таму и кој си отиде пред да дојде сабајлето од утредента не го зимаат со нив.
После чаушот културно 10 души можат за 1500-2000 да се направат пепел,доколку и газдата му е погодена вечерта,се зима гитарата клуч на врата,се пуши,и свирки додека ти држе газот.
Комитско гнездо и Змијата во непосредна близина се и двете места имаат заедно 10 маси,и ако има ден кога не се пие алкохол да знаете дека на светот му дојдил крајот..
Делма - Местото е буквално андерграунд до толку што и телефоните не фаќаат мрежа,ова е рајот за рокерите во градот,строго рок и цените буквално 6 души за 700 денара квалитетно заматени ќе испаднат :D
За Кавадарци знам за две и двете се .... :D
Дејтона непосредно од центарот на градот,беше вторник и влеваме внатре како и сите горенаведени кафани 5 до 6 маси,локални мераклии и дојде ред да не служи газдата,и еден другар утредента полагаше за кола и несакаше алкохол,и порачува горска негазирана,и во тој момент газдата го погледнува како човек да убил,и му вика дете ако сакаш вода еве а фонтаната,тука само сериозни луѓе седнуваат :D
За Бакарди оти не седев ногу неможам да кажам но првпат таму сум платил златен даб 100 денара ваљда тие од страна и патарина плаќаме :D
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
^
Море Бакарди дури е и културно место за локали како „Тексас“ или „Гризли“ во Кавадарци, има и уште неколку такви „естаблишменти“.
 
Член од
25 октомври 2012
Мислења
819
Поени од реакции
1.226
^
Море Бакарди дури е и културно место за локали како „Тексас“ или „Гризли“ во Кавадарци, има и уште неколку такви „естаблишменти“.
За култните 3 багрема заборавив,ама затворено е и не сум бил таму,убави приказни има од таму :D
 
C

cige

Гостин
^
Море Бакарди дури е и културно место за локали како „Тексас“ или „Гризли“ во Кавадарци, има и уште неколку такви „естаблишменти“.
Има ли во Кавадарци некоја прчварница Мартиник?
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Има ли во Кавадарци некоја прчварница Мартиник?
Познато ми е името, ама не знам точно, не сум чест посетител на вакви места, треба ептен замрачен од алкохол да бидам за да отидам на вакви фини локали.
 
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Те немет тебе тука, ова можит да е генерична слика од нет. Да приложиш како си сликан со Жика (чим си од Охрид не треба да ти објаснувам на кој Жика мислам) или евентуално со газдата од Арена, оној со репчето а горе ќељав.



Аха, мисли си.
Да не им го прљаме подфорумот на господата од браншата на филмската уметност со најниските ноти на човековото постоење!

Ти не си шабан, ти си нрд. Глеј колкав текст си напишал за да го церебрализираш шабанскиот живот! Социолошки анализи, психолошко профилирање, цели описи/портрети и други стазисни нарации. Каде со тој муабет, бе, дечко? Вистинскиот шабан со змаеви тетоважи не зборуе за Декарт. Ти си само посетител во тој свет, човек кој искуствено допрел до тој телос. Гостин. Цел живот таму да бидеш, да ти се свиѓа тоа, нема да бидеш шабан. Можеш да уживаш у таа естетика, може да бидеш боем, шабан нема да станеш. Ти не ја живееш шабанеријата, тоа е посебен начин на живот кој не се вклопува со твоите сензибилитети. Треба да бидеш посебен архетип за да го живееш тоа на најсуштинско и висцерално ниво. :D Колку често си се тепал у кафана? Имаш ли често влагано у тепачки каде ти иницираш прв (не да рипаш за другар или некој да ти се искурчи, па да го зашлапаш)? Да идеш на маса и да праиш проблеми? Имаш ли проблем со контрола на импулс и агресија? Имаш ли проблем со хиперсексуалност? Не можеш. Сите го иаме висцералното и убаво е да се извади, ама кога Жути ќе дојде дома, нема да помисли да пише антрополошка анализа за кафанската демографија на форум. Умот увек ќе те кочи да го извадиш ѕверот од себе у полн сјај. Когнитивниот апаратус ќе ти ја кочи таа моќ, ќе се сецнеш, ќе се подзамислиш, нема да имаш муда да напраиш нешто глупо. Може да имаш акал и да си психо-садист, грото од умните кримоси се тоа. Ама ти фали предаторското, ти вали бестијалноста за да бидеш целосен шабан. Природните шабани не мислат и имаат муда. Заебаните кримоси мислат и имаат муда. Ти мислиш, ама немаш муда.

Шабанството има социјални и темпераментни компоненти. Социјалните се естетиката, музиката, дружбата, све тоа. Такви у кафана ги има многу, ја сум бил тоа некој период. Многу другари што киснат у кафана се тоа, силом прилике тоа им е стилот на живеење. Суштинскиот шабан е многу подлабок од тоа. Суштинскиот шабан ги има и социјалниот идентитет и природните инклинации. Тој е агресивен, без контрола на импулс, бабуш со змај на рамо! Ако го нема социјалниот дел, тој може да биде скинер што тепа или друга подкултура што оправдуе насиље и шабанско понашање (ко состојба на битисување). Тоа ти не го допираш. Ти си само социолошки шабан, не си комплетиран. А за Деспина, малку сме иделе, неколку пати. Али Опатија ни беше дом 2 години. Ќе ти кажуем за нашите патешествија у Опатија некад.

П.С.
Доста со аргументот „Превод на Смитс у турбо фолк,“ ќе те скршам. xD
 

Kajgana Shop

На врв Bottom