Билијард

Член од
22 април 2013
Мислења
20
Поени од реакции
35
На времето многу масовна забавна игра, имаше скоро во секое скопско маало, наредени жетони по масите па ако имаш среќа кога ќе завршат поголемите да мавнеш и сам некое топче. Обично беа во флиперници ставени по маса-две... ми недостига дружбата;) Туку се заиграв на Miniclip и имав солиден успех, мислев дека знам да играм се додека еден пријател не ме однесе на едно местенце, е таму веќе шок, прво немам играно сигурно 7-8 години, второ масите денешни и тие од мое време не се ни малку исти, нема ни жетони си плаќаш на време. Туку се заигравме со пријателчето, летнаа 3-4 саата ко од шала, пивце, зезанции а и не ги чекаш големите да те пустат, си резервираш термин. Играте ли билијард воопшто...?
 
Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Најјакото нешто за мене е ова, сакам секакво бијарто без разлика дали е на дупки, дрвца или карамбули, пораснав со него. Ама тешко се наоѓа екипа за играње.
 
kapetan

Не сум дебел. Стомакот ми е 3D!
Член од
4 октомври 2008
Мислења
966
Поени од реакции
535
играв до пред 1 година активно секој ден си одевме со другарите на билјардче...пиво..добро друштво...5-6 саати летаат како ништо...шо и да праевме колку и да имавме работа за билјард имавме време..онака си се опушташ ама па и некогаш имаше големи кавги околу правилата дерење ненормално :D.Во секое време сакам и можам да играм...единствена работа која нема да ја откажам и да сум заморен и болен и изнервиран итн.
 
Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Еее порано игравме многу. По цели ноќи сме останувале. Сега само на www.miniclip.com само колку да ја одржувам формата :ROFLMAO:
 
MajMyH

EngineereD Fr0m DarknesS proTected by Divini✞Y ☤
Член од
11 септември 2011
Мислења
2.630
Поени од реакции
2.256
На времето многу масовна забавна игра, имаше скоро во секое скопско маало, наредени жетони по масите па ако имаш среќа кога ќе завршат поголемите да мавнеш и сам некое топче. Обично беа во флиперници ставени по маса-две... ми недостига дружбата;) Туку се заиграв на Miniclip и имав солиден успех, мислев дека знам да играм се додека еден пријател не ме однесе на едно местенце, е таму веќе шок, прво немам играно сигурно 7-8 години, второ масите денешни и тие од мое време не се ни малку исти, нема ни жетони си плаќаш на време. Туку се заигравме со пријателчето, летнаа 3-4 саата ко од шала, пивце, зезанции а и не ги чекаш големите да те пустат, си резервираш термин. Играте ли билијард воопшто...?
Со жетони имаш уште во медицинар, по 10 денари жетон. Една од најаките игри на кои сум тепал време како помал, а често и сега знаеме со другари да се собереме да играме иако јас сум повеќе за пикадо бидејќи подобро го владеам.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Не сум играла толку многу, колку што сакам да играм. :)
 
Пропалица

Мртов/а
Член од
25 јуни 2011
Мислења
2.866
Поени од реакции
1.406
Лани играв секој ден, сега оваа година слабо поради обрски.
 
Член од
22 април 2013
Мислења
20
Поени од реакции
35
Денес бев пак, резервирав и за во недела, местото е преполно затоа што во моментов нема друг билијард во Скопје. Во разговор со вработените ми кажаа дека играме на професионални маси 9-ки (има три такви и една маса за снукер, бајааѓи голема, наводно единствената во Ск.) а ние на времето сме играле на 6-ки или 7-мици.Во фаза на реновирање се нешто градат надвор а набрзо ќе имаат и кујна и летна тераса и најверојатно една маса нова за билијард надвор на терасата. Преполно е а имаше и едни двајца што играа професионално со нивна билијард опрема онака тивки и сконцентрирани. Цената е 240 денари од еден час за навечер а преку ден до 16ч е наполу 120 денари, пивце за 80-че... Ми се врати малце и осетот, денес 6-3 за мене ;)
Местото се вика Гран Клуб и е некаде позади Рамстор накај излез од Државна.
 
Kocka

Manchild
Член од
1 август 2006
Мислења
3.531
Поени од реакции
2.752

kako be nema drug biljard a boris trajkovski so e toa?
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
10без10

Фев 09, 2014

Меѓународен турнир во Билијард „Insomnia open“ во Прилеп
Од 14-16 Фебруари прилеп ќе биде домаќин на билијард елитата од овој дел на Европа.

Низ тридневен турнир, на кој ќе учествуваат повеќе од сто натпреварувачи, Прилеп ќе има можност да проследи високо професионална игра на мајсторите на овој спорт кои че се натпреваруваат во дисциплината „Десетка“.
Со оглед на квалитето на учесниците, тешко е да се каже кој е фаворит на овој натпревар, кој ќе мора да се проследи до крај за да се види кој од сите овие великани на билијардот ќе го освои овој турнир, кој ќе се игра до касни саати во недела вечер.
Организарторот, клубот „Insomnia“ уште во својот прв обид за организирање на турнир од вакви размери, успеа да го приреди најголемиот и најдобар турнир во билијард кој досега се одржал во Република Македонија.
Играчите кои клубот „Insomnia“ успеа да ги собере на едно место за оваа манифестација, се играчи кои на најпрестижните турнири во светот имаат освоено дваесетина шампионати.
Една од главните ѕвезди на турнирот е гркот Никос Економопулос, освојувач на дури шест европски медали, од кои два во сениорска конкуренција. Никос е освојувач и на Austrian open 2012, а настапил и како член на репрезентацијата на Европа која ја победила репрезентацијата на САД, на MOSCONI купот во 2012 година.
Силна билијард екипа доаѓа и од Р. Србија предводена од Шандор Тот, кој е двократен освојувач на EUROTOUR и четирикратен освојувач на медаљи на ЕП во билијард (злато во Финска во 2002 година).
Трократниот освојувач на сребро на ЕП, Зоран Свилар е вториот фаворит на овој турнир, член на српската екипа која ќе му придаде неизвесност на овој турнир.
Истот така треба да се спомнат и Милош Веркич, Мартин Мартинович и Андреу Касовица кои со својата одлична форма ќе пробаат да се изборат за првото место.
Од Бугарија доаѓа првакот во снукер, Красимир Карамашев и првакот во десетка на Бугарија, Станимир Русланов.
Од Хрватска ќе пристигнат европскиот првак Ивица Путник и Марко Лишнич, незаменливиот хрватски репрезентативец.
Од словенските билијардисти посебно треба да се спомне Матјаж Ерчуља, најдобриот словенечки играч, кој доаѓа со големи амбиции на овој турнир.
Албанецот Ник Манај кој е актуелен бранител на среброто од минатото ЕП, исто така ќе се претстави на овој турнир со својата одлична игра.
Сериозна екипа претставуваат и играчите од Босна и Херцеговина, предводени од Дино Черимагич и Ален Муратович (бронза на последното ЕП).
Домаќините голема надеж полагаат на македонскиот двоец Жика Михајловски и Дејан Сипковски. Па останува да видиме како ќе се представат овие играчи на домашен терен, и дали ќе подлегнат на притисокот.
Турнирот започнува во петок, а финалниот натрпевар е резервиран за во недела во попладневните часови.
Турнирот ќе може да се прати преку Live Stream на http://biserko.dyndns.org/ - user name: user pass: user и на www.10bez10.com , а извлекувањето на ждрепката, како и фотогалериите од текот на турнирот ќе можете да ги очекувате на www.10bez10.com

http://10bez10.com/vesti/sport/2082-megjunaroden-turnir-vo-bilijard-insomnia-open-vo-prilep
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 13:51 ---
Голем меѓународен турнир во билијард во Прилеп

Во билијард клубот „INSОMNIA„ во Прилеп од 14 до 16 февруари ќе се одржи најсилниот турнир во билијард некогаш одигран во Македонија.

На турнирот веќе се пријавени преку 110 професионални билијард играчи.
Речиси комплетната светска билјард елита ќе биде присутна на овој спектакал, меѓу кои присутни ќе бидат: Ивица Путник од Р. Хрватска - европски првак, Шандор Тот од Р. Србија - европски првак и вицешампион, Зoран Свилар oд Р. Србија - втор европски вицешампион, Никос Економопулос од Р. Грција, кој моментално е 5-ти најдобар билијардист во светот, и учесник на Москони купот, на кој 5 најдобри играчи од Европа играат против 5 најдобри играчи од Соединетите Американски Држави.
Од првите 30 на светската листа во Прилеп ќе настапат 15. Вкупниот награден фонд е 10.000 евра. Најдобриот ќе земе 2000 евра.
Полуфиналните борби и големото финале ќе бидат на програмата на 16 февруари во вечерните часови.
Исто така обезбеден е стриминг пренос на сите мечеви на официјалната страна на организаторот, и на www.10bez10.com каде ќе бидат објавувани и резултатите од натпреварите, како и фотогалерии од текот на турнирот. Вистинско уживање за љубителите на оваа прекрасна игра.
 
Последно уредено од модератор:

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Нека снимаат таму на секој одигран меч и нека постираат на јутјуб, ќе биде интересно за гледање. (y)
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Инаку клубот е лудило во Македонија ги нема тие билјарта и може да се игра на нив 100 денари саат, ама брука и срамота сме, тоа масите 100 метра ела бркај ја црната на крај :icon_lol:.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom