Моментално сум во стандардна. А да можам да го вратам времето би се запишала во англиска билингвална во Орце. Само во англиска. Ама касно дознав за неа. Сепак на анкетата гласав за стандардна. Зошто? Од мн. едноставна причина, за некои сум за, но за некои сум не. Не ми пречи како што е во ЈБТ неделен број на часови по 6 германски, тоа е сосема ок. Ниту пак да изучувам некои предмети на англиски, па дури и сите, освен македонски се разбира. Зашто сепак, сите знаеме дека англискиот е популарен јазик кај нас. Порано се учеше од 4то одд, сега од 1во го воведоа. И 80% од децата имаат одено по англиски курсеви. Така да горе доле нема некој што не знае англиски, колку толку да се снајде. Зашто тогаш на тој што му оди подобро, а сака повеќе да го усоврши да не се запише во англиска билингвална? Сепак за француски не мислам така, немој да ме сфатите погрешно. Не дека не го сакам јазикот, туку сите знаеме дека почнуваме да го изучуваме од 6 одд. А ретко каде се наоѓа добар професор по француски. Е сега, кој за 3 години може да научи толку добро француски, па да се запише во паралелка на која предметите како биологија, физика, хемија...се на француски? Треба екстремно да си заангажиран за јазикот, или да одиш + на курс, па да постигнеш.
Уште една работа +. Мој другар е во Корчагин во билингвалната. Таму и предметот македонски јазик и литература го учат на француски. Каков апсурд. Токму од оваа причина не сум за француската билингвална. Мислам како може македонски јазик да се учи на француски?
И сепак сума сумарум...добро ми е во стандарднава паралелка
Откако дознав дека во Орце немаат учебници направени по програмата на англиски, туку учат од истите учебници како и ние, само што секој час губат време да ја преведат лекцијата на англиски... си викам можеби подобро што не отидов. Би отишла некогаш...кога би било поорганизирано!
:pos2: