не бе нема...
со таква негативна енергија, најдобро да одиш да се обесиш и да се врлиш во реката лајнарка...
Не, земјата ни е совршена, економијата цвета, малите бизниси просперираат и профитираат како никогаш досега
Секако треба повеќе од желба за нешто добро да ти оди. Веројатно и ти знаеш дека треба испитување на пазарот, да се провери заинтересираноста на потрошувачите, да се одреди точно што се бара, конкуренција, да се погоди точно она што им треба на луѓето. Која е целта на отварање на продавница за опинци или самари во 2009/10 година кога никој не носи опинци, ниту користи магариња како превозно средство? Или казанџиски дуќан? Колку и да си оптимистичен, постојат многу фактори дали ќе ти оди бизнисот или не.
Ај да бидеме реални, тешко се наоѓа профитабилен бизнис. Во гранките што се навистина профитабилни, веќе има толку фирми отворено што и тие станаа тешки (нелојална конкуренција, лоша наплата, итн), или треба да отвориш нешто стварно револуционерно, или да успееш да влезеш во оној круг на "бизнисмени" поврзани со одредени структури кои овозможуваат повисок профит и исплатливост на инвестицијата во бизнисот. А ако е отварањето на некоја фирма само колку за да живуркаш, едно продавниче маалско ќе заврши работа.
Ако размислуваш по некоја "логика на рецесијата", најсигурна инвестиција би била аптека (луѓето секогаш мораат да купуваат лекови), приватна здравствена ординација (и тоа во некое поле од медицината што не бара многу опрема), продавница за храна, во превод производи (или услуги) од кои луѓето не можат да се откажат дури ни кога немаат многу пари (што се мени тиче, дури и во услови на економски подем, јас би избрала таков бизнис, најсигурни ми се некако). Јас лично не би инвестирала во ресторани, украси, продавница за некоја дизајнерска облека иако кај нас гледам најдобро работат кафаните и тренди дуќаните, ама па и нашиве луѓе баш и не се репер за разумно трошење пари (чест на исклучоците).