Библиски мистерии

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Библиски мистерии


* Свитоците од мртвото море
* Пророштвото на Исаија
* Декодиран кодот на Да Винчи
* Светиот оган во Ерусалим
* евангелието по Јуда
* Светиот грал
* Ковчегот на заветот
* 10те Египетски чуми
* Библискиот код
* Содом и Гомор
* Ноевата Арка
* Еврејскиот Шабат
* Нефилите: вонземјани или луѓе?
* Светињата над светините
* Паднатите ангели
* 4 јавачи на Апокалипсата
* Армагедон
* Тајната на бројот 666
* И други.

Серијата предавања се одржуваат секој вторник од 19:00 часот, во просторијата на библискиот центар „Божилак“ во Аеродром.
Повелете, сите од форумов сте добредојдени.
За повеќе инфо: www.veronauka.com.mk
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
А да пишеше по нешто за нив :) - барем извадоци за да не заинтересираат повеќе :smir:
 

КвикСилвер

Модератор
Член од
28 март 2010
Мислења
4.544
Поени од реакции
5.855
Израелските археолози во долината Ела, односно Кирбет Кејафа, ископале воодушевувачки нов доказ што би можел да ја потврди библиската приказна за кралот Давид. Се' досега не било откриено речиси ништо што би ја потврдило библиската приказна за овчарчето од 10 век пр.н.е. што му било роб на џинот Голијат, а потоа станало крал на Израел и го основало Ерусалим. Но Јосеф Гарфинкел, професор по археологија на Хебрејскиот универзитет, пред некој ден го објави пронаоѓањето мало, но потенцијално скапоцено парче керамика во урнатините на антички утврден град југозападно од Ерусалим, кој потекнува од времето на кралот Давид. Гарфинкел вели дека на тоа парче керамика е испишан најстариот познат хебрејски запис, кој е за 850 години постар од свитоците од Црното Море, пишува во својот напис британскиот весник „Дејли мејл“.

Експертите се' уште се обидуваат да го дешифрираат целиот текст од написот, но Гарфинкел вели дека се возбудени поради можноста да е поврзан со Давид, бидејќи тие веќе ги превеле зборовите за „крал“, „судија“ и „роб“, што сугерира дека текстот бил еден вид официјална белешка од тоа време во регионот. Научниците досега не можеле со сигурност да кажат дали кралот Давид навистина бил херојски монарх и пишувач на псалми како што вели Библијата или обичен локален и неважен лидер на мало племе. Само еден натпис со зборовите „куќата на Давид“ од библиско време е откриен досега, што ги довело научниците во дилема дали кралот Давид воопшто постоел. На глинениот фрагмент биле испишани пет реда текст со црно мастило и поделени со црни линии, напишан со ранохебрејско каанитско писмо. Археолозите пронашле и ламби, глинени садови и други предмети.

Тестирањето со јаглеродниот изотоп 14 на Оксфорд покажа дека тие датираат од 10 век пр.н.е., што според Стариот завет е ерата на кралот Давид и неговиот син Соломон, кој го изградил Ерусалимскиот храм. Урнатините од тврдината во долината Ела биле откриени во 2003 година, во близина на израелскиот град Бејт Шемеш на Јудејските Ридови, југозападно од Ерусалим.

Огромниот комплекс се протега речиси на 2,4 хектара и е опкружен со 700 метри долг градски ѕид изграден од камења, од кои некои тежеле и по осум тони. Тврдината го контролирала античкиот трговски пат од Ерусалим до крајбрежјето и се издига над рамнината на која Давид ја водел легендарната смртоносна битка со Голијат, гигантскиот шампион од ривалските Филистејци. Родниот град на Голијат, Гат, бил ископан само неколку километри јужно.

- Хронологијата и географијата на тврдината Елах создаваат уникатна допирна точка меѓу историјата, историографијата и потеклото на раното Давидово кралство. Ова е најстариот јудејски град откриен досега и неговото создавање има досега невидени импликации врз нашето разбирање на оваа ера - вели Гарфинкел.

Според него, софистицираноста и големината на градот сугерираат дека тој бил дел од силно и централистички-планирано кралство. Археолозите имале напорна недела трагајќи по кралот Давид и неговото семејство. Еден од истражувачите вели дека во Ерусалим бил откриен и антички систем за одвод, споменат во Библијата како пат што го искористила војската на Давид да го преземе градот од Евусејците. Археолозите во Јордан открија антички рудник за бакар за кој тестовите покажуваат дека е можно да му припаѓал на легендарниот библиски крал Соломон.

Еве нешто за Свитоците на мртвото море
 

Kajgana Shop

На врв Bottom