ABC
“градител“
- Член од
- 24 февруари 2005
- Мислења
- 15.696
- Поени од реакции
- 192
Ирската компанија "Стеорн" и фрли ракавица на светската научна јавност предизвикувајќи ја да ја тестира нивната технологија за која тврдат дека создава чиста и бесплатна енергија. Компанијата открива дека нејзиниот пронајдок се темели на интеракција на магнетни полиња што продуцира чиста, бесплатна и постојана енергија - концепт кој се коси со еден од базичните темели на физиката, според кој енергијата не може да биде создадена, ниту уништена, туку дека таа само ја менува својата форма.. За да го поттикне интересот и на пошироката јавност, фирмата неодамна откупи и рекламен простор во магазинот "Економист". Во "Стеорн" велат дека првите 6 месеци и самите не можеле да поверуваат во она до што дошле сосема непланирано и неочекувано, работејќи на друг проект. Нивната енергија, велат од "Стеорн", не доаѓа до конверзија од некој друг извор и дека буквално е создадена. "Стеорн" признава дека нивното чудо не може да биде комерцијализирано се додека не привлече научен интерес и не се добие сериозна академска верификација.
http://www.steorn.net/en/press.aspx?p=7
http://www.steorn.net/en/press.aspx?p=7