Значи да речеме последните 70-80 години имаат нагорна линија на напредок во поглед на квалитет на живот и никој ниту ги спречил ниту ги замарал во тоа.
Ете исто така и во Белорусија имаат контстантен напредок во квалитетот на живот веќе ми се чини 26 години. И тоа е евидентно и поткрепено од реноимирана организација попут УНДП. Зошто побогу би чепкале земја која има таков напредок ...
Како се одвиваат јавните набавки во Шведска, ајде просветли ме жити све... Па ете за бељата има тука во МК бизнисмен кој ете учествувал во Шведска во јавни набавки и слично како и тука, мора да си врзан со владеачката структура или да си гигант попут Ериксон врзан за секоја влада или да си подизведувач на некој ист таков гигант. И во моментот кога ќе добиеш тендер, ти е лежи лебу да те јадам дури и бетер него тука.... Е сега, стандардите за да влезеш се доста повисоки одколку кај нас, но сепак и цените се доста посолени, за да можат да се издржат тие стандарди. Но претежно проектите заглавуваат длабоко во бирократија и доста често се случува иако некој проект е дебело платен, сепак да стои отворен заради бирократски грешки и државата да плаќа пенали за тоа и накнадно да отвара и по неколку тендери за една иста работа. Толку е метастазиран овој проблем, што веќе се пренесува и на гигантите, попут Ериксон, кои се повеќе личат на јавно претпријатие и мака мачи да сврзе проекти во телеком индустријата, па така дебело се ослонува на аутосорс, за што веќе плати со неколку неуспешни проекти, што доста му го наруши угледот... па така Кинезите сега бушат тука.
Убаво е за живот, додека државата има пари, да ги расфрла за глупости, па така ако прогуглаш и видиш дека постојат тендери за такви глупости, што дури е и срамота што се плаќа за такви работи, а тие исти или слични работи кај нас на многупати се посочени како афера или некаква злоупотреба. Тоа ти е нешто слично како проектот Скопје 2014 кај нас, кај што се отвори работа за градежните фирми, па живнаа градежните компании, чисто ради социјална поткрепа, а истовремено и популизам.
Само јебига, видела жабата дека го потковаат коњот, па кренала ногата...
Ништо не е негово во Белорусија. Неможе да има толкава злоупотреба каква што сакаш да прикажеш, а да има толкав напредок, да земјата е понапред од неколку земји членки на ЕУ, а со неколку да се на исто рамниште. Еднотавно човекот се грижи за државата. Можеби има власт каква што им боде очи на некои олигарси на западот. Но факт е дека успешно ја води земјата со константен напредок и покрај блокадите, сопките и ембаргата што ги трпи од западот.
Тоа е евидентирано од западни извори, а не од рекла-казала муабети.