Белорусија

Член од
24 април 2008
Мислења
11.168
Поени од реакции
12.804
Ете бе, главното барање на протестантите е организирање нови избори со набљудувачи со се. Ако Лукашенко како што вели дека го сакале 90% од народов, нема да му биди проблем да се прошета на изборите.

Јас да сум на местото на Лукашенко и да го знам фактот дека 90% од народот ме поддржува, би викнал претставници на протестантите, би им го исполнил барањето за избори, и тоа по модел кои тие ќе го одберат, со набљудувачи и со се, и после изборите ќе ги викнам опозиционерите на дебата и ќе им ја пензионирам цела политичка кариера така собрани на купче..Ама ќе да не е така во Белорусија, чим пред секои избори се апси главниот на опозицијата, со цел да внесат страв кај луѓето и да не излегуваат на гласање или да не гласаат за противникот, па сами си ги бројат резултатите и сами си ги штеловаат.

Ама Лукашенко многу добро знае колкава му е real поддршката, така да затоа и се буни...
Проблемот е во тоа што претставничката демократија не е исто што и директна демократија, последните вонредни парламентарни избори во северенфиромистан се одличен пример за тоа - над 45% од гласачите воопшто не го искористуваат правото на глас, ама сепак ете ти нова квислиншка влада предводена од наводно фер и демократски избрани ѓубриња од луѓе.

Ако Александар Лукашенко денес ја задоволи таканаречената белоруска опозиција, никогаш нема да запрат, секогаш ќе го оспоруваат изборниот процес се` додека не им успее обидот за државен удар.

Ене ти ја соседна Украина како одличен пример - тие па воопшто не ни оспоруваа изборни резултати во 2014 година, ако толку не им чинеше тогашниот претседател Виктор Јанукович, наредните редовни претседателски избори требаше да се одржат во 2015 година и слободно ќе можеа да го отпишат. Но како што испадна, позади корисните идиоти во Украина стоеја странски интереси, вклучувајќи ги и личните и профитерските интереси на Хантер Бајден - синот на тогашниот заменик претседател на САД и сегашен кандидат за претседател на САД од редовите на Демократската Партија на САД - Џозеф Робинет Бајден.

Затоа е поважно да се исече ваквиот проблем уште сега во корен со целосно изолирање на корисните идиоти од политичкиот процес, со цел да се спречат идни манипулирања.

Не дека тоа е правилното нешто што треба да се направи, но бидејќи западот од поодамна игра според принципот на Хенри Кисинџер дека "ова прашање е премногу важно за да го оставиме на гласачите самостојно да го решат", мораат и белоруските власти да играат според истиот принцип. Не е во ред гласачите да бидат манипулирани само бидејќи некоја даскалка која првично велела дека воопшто не планирала да се занимава со политика, сега одеднаш се премислила и вели дека е подготвена да ја превземе - не да ја освои на фер и демократски избори, туку да ја превземе - власта во држава во која веќе изгубила на последните избори на кои се кандидирала.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.927
Поени од реакции
37.013
Е па мнозинството Белоруси не излегуваат на протести, што значи дека за нив очигледно изборите биле фер и демократски.
Протести и избори се две различни работи. Ако така гледаш, Лукашенко не може да собере ни приближно толку луѓе на улица како што имаше во неделата.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.168
Поени од реакции
12.804
Протести и избори се две различни работи. Ако така гледаш, Лукашенко не може да собере ни приближно толку луѓе на улица како што имаше во неделата.
Трагедија за него.

Е па резултатите од изборите ти говорат нешто спротивно.

Во САД исто така двајца од последните тројца претседатели се избрани без мнозинска поддршка на граѓаните на САД - особено овој последниов избран со речиси 3 (ТРИ) милиони гласачи помалку од неговата противничка на редовните претседателски избори кои се одржаа на 8 ноември 2016, потоа имаше и сеуште има протести, па сепак општеството си продолжува и понатаму, кучињата си лаат, караванот си врви.
 
Во САД претседателот не ја апси целата опозиција и изборниот штаб на против кандидатот пред избори. Тоа во нормални демократски дежави не се случува, туку само во вакви монархии кај што избори се чиста формалност.
 
shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.760
Поени од реакции
31.908
Во САД претседателот не ја апси целата опозиција и изборниот штаб на против кандидатот пред избори. Тоа во нормални демократски дежави не се случува, туку само во вакви монархии кај што избори се чиста формалност.
,,,"zoshto SAD e najdemokratska drzhava na svetot,,,zatoa shto edinstveno vo nea nema Amerikanska ambasada",,,
,,,klishe od scenario , a sekogash ke ima nezadovolni i od samite sebe,,,
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.067
Очигледно многу погрешно ги разбираш работите, поготово од бизнис аспект... Мене како бизнисмен не само што ми одговара да е низок стандардот во држава кај што сакам аутсорс, туку и ќе инсистирам на тоа. И кога ќе влезам во таа држава ќе правам све за да стандардот остане низок, за да мене повеќе ми се исплати... Така да 120 евра минимална плата би ми било доста примамлива информација од аспект на дуинг бизнис... Претпоставувам дека од тој аспект е истражувањето.
Извориве си ги толкуваш во зависност како ти одговараат. Светска банка е релевантна кога се работи за нешто, а дуинг бизнис од истата праела намерно за фирмите да користат слабо платена рака :) Ти ова сериозно??

Лукашенко е никој и ништо во меѓународна политика и може да се меша во други држави само ако го викнат на семинар таму, или на одмор ко ќе оди..А да имаше моќ, да видиме дали ќе се мешаше или не..

Веќе констатиравме дека Шведска властите се отепаа од крадење тендери а Великиот вожд Лукашенко мисли за добробитта на својот народ..Не знам што го пишуваш истото нонстоп...
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Добро ете се согласивме, Белорусија е рајот на земјата.Сите се против Белорусија, додека пак Белорусите живеат без сиромаштија, без глад, имаат бесплатно здравство, екстра образование, одличен стандард, немало глад и сиромаштија. Само сите тоа вие го знајте, а Белорусите тоа да не го знаат, па му рипаат онака од ракав 200.000 луѓе на улица на великиот вожд Лукашенко. Оти тие белоруси им е испран мозокот, не гледаат дека живеат најубаво на светот, не сакаат да бидат богати, да имаат екстра образование, сакаат сиромаштија, да ги крадат на тендери, нешто слично како во Шведска.

Пак ме ваѓаш од контекст, со тие куршуми не. Никаде не ги реков дека едното е последица на другото.. Но пак да ти појаснам. Јас реков дека на Балканов му се диват на владетели од типот на Лукашенко и компанија, додека брцаат во контејнери и живеат on the edge. Не реков дека брцаат по контејнери поради тоа што му се диват на Лукашенко.

Второ, Балканот, конкретно Југославија живеевме на овие простори едно 30-40 години како под еден вид комунистичко уредување, со воспевање на ликот и делото на другарот Јосип, и како ќе кажи другарот Јосип, така ќе биди. Цели генерации се така растени, па поради тоа ми е јасно зошто им е близок тој начин на уредување. Цела генерација се растени дека кога ќе помини главниот од ЦК на КП во општината треба да знаеш во две секунди рбетот да го наместиш под агол 90 степени нанапред, и ако ти речи добар ден, да се фалиш вкоперација дека ти зборнал, додека тој и околните главучи на функција, до посер јадат и пијат во кафаната на државна сметка, а ти седиш и гнетиш месен нарезак на хартија и пиво на скали, пред коперација,среќен дека ти отпоздравил, а тој со парите од потта твоја, јади бифтеци. Тоа е во кодот останати во нашиве квази демократи кои изминатите 30 години на ист начин ја практицираат нивната извитоперена форма на „демократија“ која во практика е „софт комунизам“. Ова во Македонија што го имаме ти е тоа, софт комунистичко уредување, каде локалниот водач на владеачка партија, ти е: биро за вработување, локален водич за финансиски текови, социјална служба итн.

Чекај сега, ако добро сватив, ти си против странска вмешаност во Белорусија. А велиш дека Путин ќе застане во одбрана. Путин, јас колку што знам е Русин. А што бара да се меша во Белорусија? Тоа ти се тие двојни стандарди...
Ќе испаднам најголем комунист, ама повторно не си во право. Види колку богатство остави Тито зад себе. Јованка умира во беда, а неговите синови и внуци никакво богатство немаат. Крадење и привилегии имало да, но многу многу помалку од сега. А и самиот систем ги привилегирал работниците, кои наспрема денешните биле цареви. Одмори, бенефиции, повисоки плати, докрај исплаќани сите додатоци на плати, јаки синдикати итн.
Види ги денешниве, пример Саша има хотел на скопскиот плоштад. Од кај му со плата од 1500 евра хотел? Љубчо е средно богат бизнисмен, Заеви кој знае колку пари вртат со бизнисот со марихуана и да не ги набројувам.
Комунистите имаат милион мани, но во поглед на оваа работа, не само на Балканот, туку и на ниво на цела Европа биле меѓу најмалку извалканите.
 
Комунистите не морале да крадат, по нивниот начин на размислување, се било нивно, така да... А Јованка умре во беда, прибидејќи од претходно се и беше земено, не ја оставаа на тараса да излези, ниту од дома надвор, а не оти немаше ништо...
 
Член од
19 мај 2014
Мислења
140
Поени од реакции
59
Opozicijata bara izbori.
I se dodeka ne pobedi izborite se falsifikuvani.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Па сега да бидеме реални ако се 200К протестанти во Минск во прашање тогаш реално се работи за сериозна бројка. Анализите велат дека протестантите се множат минимум со 5 во поглед на гласачи. Зошто истите тие бројки ги немаше на избори немам појма. Можеби е заради слабиот кандидат или имало сериозни малверзации, но бројките од 200К во 2 милионски град не се заебанција. Каква е состојбата во други градови немам појма, но очигледно е дека во Минск има сериозна критика кон Претседателот.
Повторно останувам на тоа дека со мочани 10% гласа немаш легитимитет да бараш избори или отставки. Макар и 1М гласа да и украле, повторно тоа е доказ за неспособноста на екипата околу женската. Има милион механизми за контрола во 2020 година, а и солидно опозиционо потпориште во народот, кои очигледно дека опозицијата не ги искористила.
 
Не знам дали си информиран дека Лукашенко и неговите сами си ги броеја гласојте, како и изминатите 2 изборни циклуси...Со ни една минута реклама за опозицијата, со главниот на опозицијата во зандана...Со сите салтанати...Ама ете според Википедија имаат напредок..Тell me about democracy
..
 
Е сега за ова и ти не си најинформиран. Во модерно доба фејк њуз има насекаде. Затоа јас се воздржувам да се ставам на една или на друга страна. Вистината е веројатно некаде насредина или поблиску до едната или другата страна. Но, доколку има 200К на улиците од главниот град тогаш бројката не е за потценување.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.578
Поени од реакции
27.426
Протести и избори се две различни работи. Ако така гледаш, Лукашенко не може да собере ни приближно толку луѓе на улица како што имаше во неделата.
Зошто би собрал протестанти ? Против кого ќе протестира?
Автоматски споено мислење:

Извориве си ги толкуваш во зависност како ти одговараат. Светска банка е релевантна кога се работи за нешто, а дуинг бизнис од истата праела намерно за фирмите да користат слабо платена рака :) Ти ова сериозно??
Кај реков дека лажирала ? Едноставно пуштаат статистики за државите, кои фирмите ги користат како информација дали да се отвори аутсорс таму или не.

Реков дека мене како бизнисмен ми одговара тоа, а не дека е нешто наместено или дека се мести. Баш ја потврдив релевантноста, разбивајќи го твојот факт дека нискиот минималец не е добар услов за дуинг бизнис.

Лукашенко е никој и ништо во меѓународна политика и може да се меша во други држави само ако го викнат на семинар таму, или на одмор ко ќе оди..А да имаше моќ, да видиме дали ќе се мешаше или не..
Да имаше баба муда, дедо ќе ја викавме...

Гледај кој се меша, а не шта би било кад би било..

Веќе констатиравме дека Шведска властите се отепаа од крадење тендери а Великиот вожд Лукашенко мисли за добробитта на својот народ..Не знам што го пишуваш истото нонстоп...
Кај реков дека властите се отепале од крадење? Кој спомна крадење освен тебе тука? Тендерите се менуваат сосема законски, а ги добиваат фирмите (читај олигархијата) кои се блиски до тие дошле на власт и ги финансираат нивните кампањи. Нема тука ништо незаконски, све е тоа легален бизнис.

Цело време се прпелкаш околу нешта што воопшто не сум ги кажал. Еве пак ќе се повторам, можда ќе успееш навистина да прочиташ. Што се менува во Шведска кога ќе се смени власта? Истото ко и кај нас, фаците и тендерите... И толку, све друго си продолжува по старо.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
11.168
Поени од реакции
12.804
Во САД претседателот не ја апси целата опозиција и изборниот штаб на против кандидатот пред избори. Тоа во нормални демократски дежави не се случува, туку само во вакви монархии кај што избори се чиста формалност.
Не, претседателот на САД не ги апси опозицијата и изборниот штаб на против-кандидатот пред избори, туку го прислушкува изборниот штаб на опозицијата - Вотергејт, нарачува истраги против својот против-кандидат во странски држави, отворено и јавно го оспорува изборниот процес како наместен пред истиот воопшто да се одржи, како и бројни други формалности во демократските држави, особено во слободарските и демократските САД.
 
Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.380
Поени од реакции
6.067
Што се менува во Шведска кога ќе се смени власта? Истото ко и кај нас, фаците и тендерите... И толку, све друго си продолжува по старо.
Мноогу голема разлика има од тоа..Швеѓаните очекуваат да се сменат некои работи кои нема видно да им променат нешто во животот, бидејќи веќе живеат убаво, добро се ситуирани, таму можиш да не работиш само ако не сакаш да работиш, а ние тука го чекаме спасителот што ќе не избави од калта.

Второ, нејќам да бегам од темава, ама еве изгуглај како се одвиваат јавните набавки во Шведска и ќе си увидиш колку ти не си во право...

Затоа вака Белорусија си има најубаво напраено. Што ќе се замара со тендери мендери, Лукашенко 25 години премиер се нека биди негово, ни тендер, ни јавна набавка.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom