Такви корисни идиоти, имало и ќе има тоа е факт. Во секое општество. Тие во Македонија, не одработија само за белокосиот, туку пред се, за себе. Си се сместија во дебели фотелји и станаа она против кое декларативно се бореа. Додека оние кои мислеа дека искрено се борат, сега седат дома разочарани, овие се сместија во институции, управни одбори итн.
Муабетот ми беше, сепак можиш да издоктринираш 10-20 ете 50 илјади луѓе за да веруваат во некоја си кауза и да ги програмираш да бидат подготвени за таа кауза да протестираат до крај, но 100.000+ народ малку потешко. Сепак тука мора да има нешто плус како тригер. Тоа ми е поентата.
Споредбава меѓу земјиве (во случајот ти ги наброја Венецуела - Белорусија) не можеш да гледаш црно-бело. Различен менталитет, различна култура и многу други работи кои ги прави и тоа како различни. Еве ќе ти дадам уште еден пример со нашава ни држава Македонија и Франција. Франција му поскапеа нафта ли беше или струја и тоа не за многу, излегоа жолтите елеци на улица направија немири, полицијата не можеше да се справи и власта се откажа...Нам тука, ни го променија името, и што уште не, си ќутиме и си трајме.
Точно, може да се најдат 10.000 до 20.000 или па нека бидат и 50.000 луѓе за да бидат индоктринирани со некаква кауза, и не е баш лесно да се достигне бројка од над 100.000 луѓе кои ќе излезат на протести, но не е баш иста ситуацијата - кај нас плавите жолтици едвај собраа тестиси за да се појават на протести заедно со шареноликите идиоти, додека во Белорусија нивната слободарска и демократска хероина ги охрабрува корисните идиоти од Литванија, односно надвор од државата.
Абрахам Линколн убаво има кажано:
Некои луѓе можеш да ги правиш будали цело време,
сите луѓе можеш да ги правиш будали некое време,
но не можеш сите луѓе да ги правиш будали цело време.
Затоа не се секирај, можеби имало некоја искра која придонела за да излезат над 100.000 народ на протести во Белорусија, но тоа е само привремен ефект. Белорусите можеби не се најинтелигентен народ во источна Европа, но сепак се доволно паметни за да знаат што им следува на обичните смртници во државите во кои се одигрува арапското/украинското де-еволуционерно сценарио - ја соборуваат владата и за возврат си добиваат прст во уста. На крајот на краиштата, Украина им е прв сосед, исто како и Русија, знаат што ги чека доколку ја соборат владата во корист на некој кој ги охрабрува да продолжат со протести од надвор, особено од Литванија.
Примерот за Венецуела ти го дадов бидејќи Венецуелците навистина имаат тешки и сериозни проблеми, гладот кој го живеат со години од поодамна го нарекоа Мадуро диета - во чест на нивниот социјалистички идиот на власт Николас Мадуро, кој некако не делува како да ја практикува Мадуро диетата, не гледам да му се намалило чкембето. Од држава со најголеми резерви на нафта во светот станаа држава која чека увоз на нафта од Русија, Иран и Кина, бидејќи и тие рафинерии кои ги имаат не знаат како да ги менаџираат и одржуваат откако ги национализираа. Социјалистички менаџер може да биде или добар социјалист или добар менаџер, исто како што и капиталистички менаџер може да биде или добар капиталист или добар менаџер, ретка комбинација е да се биде и добар социјалист/капиталист и добар менаџер истовремено.
За волја на вистината, Венецуелците важат за еден од најглупавите народи во Јужна Америка, но историјата вели дека револуцијата секогаш ја движат празните стомаци, а во Венецуела ги имаш празни стомаци колку ти душа сака, ама сепак еве ги социјалистите и понатаму на власт. Дали бидејќи не сакаат да го изгубат и она малку што го добија од социјализмот како социјални станови и социјална помош - за кои можеа само да сонуваат пред доаѓањето на покојниот Хуго Чавез на власт во Венецуела - или се само глупави, не знам, но од некоја причина не се организираат на масовни протести и немири за да ги симнат социјалистите од власт.
Белорусите имаат проблеми исто како и било која друга држава во источна Европа и во светот, но не е доволно само да излезат над 100.000 народ на масовни протести и немири, потребни се план и организација за возобновување на економијата и политичкиот систем откако ќе ја сменат владејачката структура, а не само "оди си" или "нема правда = нема мир".
А претпоставувам вие имате докази дека во Белорусија е обоена револуција организирана од ЕУ и САД
Па не се баш докази, но можат да се наречат индиции, најави за санкции кон држава која ништо не им згрешила и која не претставува никаква закана, делува како обид за вмешување во внатрешната политичка состојба на таа држава, слично како што Југославија ниту му згреши нешто на НАТО, ниту претставуваше било каква закана за НАТО, ама сепак ја бомбардираа.
Ајдее сеа Лукашенко станал Тито. Разбирате ли дека такви режими со еден политичар ко Господ се нефункционални и сите лошо завршуваат.
Што е наредното? Гледам син му го спремал да превземе. Таман како што сакаш ти, монархија
Зависи од тоа кои му се пријатели и сојузници, исламистичките ѓубриња на власт во Саудиска Арабија не делуваат како да им е тешко. Убиваат новинари во сопствени дипломатски претставништва и ги сечат на парчиња како стока, целиот свет ги разоткрива, ама ниту с од санкции или било какви казни за сторителите. Во меѓувреме Доналд Трамп си тера бизнис со истите тие исламистички ѓубриња од луѓе вреден над 300 (ТРИСТОТИНИ) милијарди американски долари во продажба на оружје и муниција.
Во зависност од тоа кои се пријателите и сојузниците на владејачката структура, медиумите можат да ги прикажуваат како рај или пекол на Земјата.