Ај да пробам да најдам причина... Балтичките и Централноевропските земји како прво самите себе се сметаат како дел од Западот и обратно, најмногу поради Католицизмот/Протестантизмот vs Православието на русите од Азија

Исто така тие земји имаат доста подлабоки корени и идентитет независен од комунизмот, за разлика од Белорусија и Украина, кои без комунистичката револуција најверојатно немале ни да постојат како држави. Е сега последните две долго време се биле и дел од Полско-Литванскиот Комонвелт, и како такви развиле култура малку поразлична од руската...
Иначе шо се тиче до колоритните револуции, мислам дека разликата меѓу Белорусија и Украина е што првата била буквално упостошена од германските нацисти за време на ВСВ и така комунизмот е добил контраст, како херојска победа врз злото кое дошло од запад... за разлика од Украина, особено западниот дел каде имаш грчко-католичко население, кое е формирало некаква некомунистичка држава и идентитет во 1918 и потоа била освоена од комунистите, и потоа со поттик од германските нацисти раѓа ликови - „национални херои“, како Степан Бандера... а во другите делови, Холодомор, лоша репутација за Сталин & Ко.
Затоа мислам дека Украинците полесно прифаќаат анти-руски и анти-комунистички влијанија... Како и да е и двете држави се премногу поврзани со Русија геополитички, историски, економски, културно, религиски... и нема да бидат лесно разделени. Инаку најголемата привилегија во комунизмот за тие држави, покрај индустрискиот и технолошки развој, била
Коренизацијата, или со друг збор дерусификација и создавање на национални држави во
Сојуз нерушимыј республик свободных
Сплотила навеки Великаја Русь.
Да здравствует созданныј волеј народов
Единыј, могучиј Советскиј Сојуз!
Генијален потег.