Белорусија

Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
северенфиромистан
Se pishuva Severen Firmostan...
 

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.356
Поени од реакции
6.042
Јас од моја страна верувам дека единствено белорускиот народ има право да дава и да одзема власт во Белорусија, дека треба да бидат внимателни, претпазливи и да не донесуваат избрзани одлуки, ги имаат Украина и Македонија како одлични примери за такви фатални грешки кои никој не смее да си дозволи да ги повтори.
Ако ти сакаш да се случи промена на власта во Белорусија само за да видиш со свои очи дали навистина белоруските опозиционери се платеници на странски држави, тоа е твој проблем.
А каде јас тоа реков дека некој друг освен белорускиот народ има право за да дава и одзема власт? Мое е мислењето дека е ПОГРЕШЕН начинот на владеење на бркавиот, и воопшто на сите тие автократии каде се воспева ликот и делото само на ЕДЕН човек, а се друго е или странски платеник или странски шпион. Сите не чинат, само тој чини.

Повели ти посети ги Москва, Пекинг, Њујорк и останати места, урлај по цел ден од тоа што го напиша, па потоа пушти тука извештај, да видиме колку твоите урлања направиле било какви промени во било кои од државите во кои се наоѓаат градовите кои ги спомна.
Промени се знај како се прават. Ама за да напрајш промени, треба да има услови за тоа. Какви промени сакаш ти да направиш кога цела опозиција ја стрпуваат во затвор, а на ливчето имаш само три избора, едниот Лукашенко, а и другите два се негови подопашници, и да гласаш за нив, исто како за Лукашенко да си гласал??

А нас што ни го сменаа името, си сме криви самите себе. 200 души на протест вечерта против промена на името...200 души....200 души....

А на фб, форум итн милион тастер патриоти. Денеска патриотизмот драги мои, не се покажува со тоа да имаш маица со северна на мајкати, да имаш профилна со знамето од Кутлеш, и да се расправаш 24/7 на компјутер...Ама ако, тие кои го променаа името, такви бараат...И затоа се промена.. Северна на маИкати, а зема 50.000 плата од државна компанија, и вози најнов модел мерцедес, а вечерта кога го сменаа името лежеше дома и мислеше друг да му ја заврши работата...Ајт таму....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Единствената разлика меѓу големите земји е на кој начин му оставаат на земјите сателити како нашава, начин на владеење. Додека Западот им остава некоја си демократија и некој си вид на слобода, Источните земји се љубители на вождови налик Лукашенко...
Демократија?
Хаха.. Не.

Слобода?
Слобода за што - да правиш (на сопствена штета) како што ќе ти кажат?


Причината зошто ние кои барем малку ги разбираме работите, преферерираме авторитарни лидери (ете како Путин), е затоа што тоа е единствениот начин државата да биде суверена и да има власт која колку толку ќе работи за доброто на нацијата и на државата. Со други зборови не дека Лукашенко е цвеќе за мирисање ама ако веќе бирам „помало зло“ попрво би го имал Лукашенко за „тиран“ отколку вакви квинслинзи на власт.

Пошто навистина кои би биле разликите помеѓу Лукашенко и Заев? (или вметни тука било кој друг бивш премиер, иако никој не е толку за никаде како Заев)
Дали со некој како Лукашенко би имало повеќе или помалку корупција - не знам. Но знам дека малцинството не би ја водело државата и не би паразитирало на грбот на мнозинството. Знам дека ако побараме веднаш би не примиле во EAEU што е подобро отколку празни ветувања за EU... И знам дека многумина паразити на платните списоци на невладината петта колона би биле незадоволни (од кои многумина се активни и на форумов, и уште повеќе на попопуларните социјални мрежи).

едит:
П.С. Тоа со EAEU е спомнато повеќе како илустрација дека постојат алтернативи (да напомнам пред да почне скокањето за „европската иднина“).
 
Последно уредено:

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.356
Поени од реакции
6.042
Причината зошто ние кои барем малку ги разбираме работите, преферерираме авторитарни лидери (ете како Путин), е затоа што тоа е единствениот начин државата да биде суверена и да има власт која колку толку ќе работи за доброто на нацијата и на државата. Со други зборови не дека Лукашенко е цвеќе за мирисање ама ако веќе бирам „помало зло“ попрво би го имал Лукашенко за „тиран“ отколку вакви квинслинзи на власт.
Кои сте тоа вие кои „барем малку ги разбирате работите“? Имате некој сертификат, полагавте стручен испит некаде? Или онака од ракав си делиш квалификации, и ако нема некој исто размислување како тебе, тогаш не ги разбира работите. Кажете вака ние обичните смртници да не дебатираме со вас, о богови на разбирањето на работите...

Ако се прашувам јас, не сакам да имам ниту тиран ниту квислинзи да ми ја водат државата..Помало зло не бирам...Помало, поголемо, злото си е зло....Репресивни режими мразам и ќе мразам, а ти ако имаш желба да те контролира психопат кој своите фрустрации си ги лечи на цел народ тогаш тоа е твоја работа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Ако се прашувам јас, не сакам да имам ниту тиран ниту квислинзи да ми ја водат државата..Помало зло не бирам...Помало, поголемо, злото си е зло....Репресивни режими мразам и ќе мразам, а ти ако имаш желба да те контролира психопат кој своите фрустрации си ги лечи на цел народ тогаш тоа е твоја работа.
Па ти веќе живееш под репресивен режим воден од предавници. И те контролираат психопати.
Тоа што сметаш дека имаш „некоја демократија и каква таква слобода“ (цитирам) е чиста заблуда од твоја страна.

Јас само посочив зошто едното зло е помалку лошо од другото.
Не реков дека прв избор би ми бил да имам тиранин на чело на државата, туку дека подобро и тиранин да биде водач отколку квинслинзи и предавници. Разликата погоре ја објаснив, а ти обиди се да рационализираш зошто според тебе за обичниот човек е подобро да биде воден од психопат родољуб отколку од психопат предавник... Притоа воопшто нема ни да навлегувам во riality check дискусија за фактот дека скоро сите индивидуи што завршуваат на чело на држава се психопати и/или социопати од некој вид.

едит:
Кои сте тоа вие кои „барем малку ги разбирате работите“? Имате некој сертификат, полагавте стручен испит некаде? Или онака од ракав си делиш квалификации, и ако нема некој исто размислување како тебе, тогаш не ги разбира работите. Кажете вака ние обичните смртници да не дебатираме со вас, о богови на разбирањето на работите...
Кога некој вака очигледно ме дискутира мене лично, наместо тезите кои ги кажувам - јасно е дека станува збор за класичен ад хоминем.
Инаку не, јас не те класифцирам според некакви „сертификати“ - туку според нивото на разбирање на светот во кој живееш. Разбирањата не ти се засновани на реалноста, и затоа во дискусија имаш проблем разликите во ставови да артикулираш во аргументи: Во тој твој хендикеп, муабетот ти се сведува на баналности (лични навреди и ад хоминем).
 
Последно уредено:

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.356
Поени од реакции
6.042
Па ти веќе живееш под репресивен режим воден од предавници. И те контролираат психопати.
Тоа што сметаш дека имаш „некоја демократија и каква таква слобода“ (цитирам) е чиста заблуда од твоја страна.
A каде тоа прочита дека јас реков дека во Македонија има демократија и слобода, и не живеам под репресивен режим? Или онака од ракав си делиш заклучоци и мислења како што ти одговараат? Влечиш сопствени судови за мене, а потоа ми зборуваш за ад хоминем :)
Кога некој вака очигледно ме дискутира мене лично, наместо тезите кои ги кажувам - јасно е дека станува збор за класичен ад хоминем.
Инаку не, јас не те класифцирам според некакви „сертификати“ - туку според нивото на разбирање на светот во кој живееш. Разбирањата не ти се засновани на реалноста, и затоа во дискусија имаш проблем разликите во ставови да артикулираш во аргументи: Во тој твој хендикеп, муабетот ти се сведува на баналности (лични навреди и ад хоминем).
Момак, на твојот ад хоминем вратив со исто. Ако тоа што го напиша ти дека спаѓаш во тие the chosen кои ги разбираат работите, јас ти одговорив поточно прашав, епа сега можеби не си навикнат да ти враќаат така, можеби цел живот си живеел во стаклено ѕвонче, ама тоа е твоја работа, можеби се сметаш себеси за некое си божество па не смее никој да ти се обраќа на начин на кој ти се обраќаш, е тука не можам да ти помогнам. Јас тебе те прашав фино лепо кои сте тоа вие што ги разбирате работите и како се заслужува таа титула, а ти почнуваш ад хоминем, мад хоминем.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
A каде тоа прочита дека јас реков дека во Македонија има демократија и слобода, и не живеам под репресивен режим? Или онака од ракав си делиш заклучоци и мислења како што ти одговараат? Влечиш сопствени судови за мене, а потоа ми зборуваш за ад хоминем :)
Момак, на твојот ад хоминем вратив со исто. Ако тоа што го напиша ти дека спаѓаш во тие the chosen кои ги разбираат работите, јас ти одговорив поточно прашав, епа сега можеби не си навикнат да ти враќаат така, можеби цел живот си живеел во стаклено ѕвонче, ама тоа е твоја работа, можеби се сметаш себеси за некое си божество па не смее никој да ти се обраќа на начин на кој ти се обраќаш, е тука не можам да ти помогнам. Јас тебе те прашав фино лепо кои сте тоа вие што ги разбирате работите и како се заслужува таа титула, а ти почнуваш ад хоминем, мад хоминем.
Ти кажа дека Западот оставал демократија и слобода, додека тие (ние) на Истокот сме љубеле тиранија и вождови.
Тоа го кажа, а јас со аргументи ти го образложив твоето неразбирање на реалноста.

За жал ти моето објаснување ти целосно го игнорираш и наместо мојата теза, ти упорно ме коментираш мене лично (што е дефиниција за ад хоминем, провери и едуцирај се).

Ако ти се дискутира како човек - за темава на дискусијата - повели коментирај ја суштината на моите постови... Или па продолжи со забегувања и пишувања за мене лично, по што ќе морам да те игнорирам - со заклучок дека си многу полош карактер одошто на прв поглед звучиш (а звучиш прилично лошо уште од старт, необјективен си и не си способен цивилизирано да дискутираш).
Јас сакам да верувам во луѓето, и мислам секој треба да добие шанса... Но сѐ си има граница.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.145
Поени од реакции
12.761
А каде јас тоа реков дека некој друг освен белорускиот народ има право за да дава и одзема власт? Мое е мислењето дека е ПОГРЕШЕН начинот на владеење на бркавиот, и воопшто на сите тие автократии каде се воспева ликот и делото само на ЕДЕН човек, а се друго е или странски платеник или странски шпион. Сите не чинат, само тој чини.

Промени се знај како се прават. Ама за да напрајш промени, треба да има услови за тоа. Какви промени сакаш ти да направиш кога цела опозиција ја стрпуваат во затвор, а на ливчето имаш само три избора, едниот Лукашенко, а и другите два се негови подопашници, и да гласаш за нив, исто како за Лукашенко да си гласал??

А нас што ни го сменаа името, си сме криви самите себе. 200 души на протест вечерта против промена на името...200 души....200 души....

А на фб, форум итн милион тастер патриоти. Денеска патриотизмот драги мои, не се покажува со тоа да имаш маица со северна на мајкати, да имаш профилна со знамето од Кутлеш, и да се расправаш 24/7 на компјутер...Ама ако, тие кои го променаа името, такви бараат...И затоа се промена.. Северна на маИкати, а зема 50.000 плата од државна компанија, и вози најнов модел мерцедес, а вечерта кога го сменаа името лежеше дома и мислеше друг да му ја заврши работата...Ајт таму....
Ете ти пример за опозиција која не треба да лежи во затвор, туку треба доживотно да си го исплаќа долгот кон нацијата во гулаг, само што тешко ти е да веруваш дека белоруската опозиција е иста како и украинската (до 2014 година) опозиција, и иста како и македонската (до 1 јуни 2017) опозиција.

Изгледа имаме некакви заеднички ставови, ама на различен јазик не се разбираме.

Кои сте тоа вие кои „барем малку ги разбирате работите“? Имате некој сертификат, полагавте стручен испит некаде? Или онака од ракав си делиш квалификации, и ако нема некој исто размислување како тебе, тогаш не ги разбира работите. Кажете вака ние обичните смртници да не дебатираме со вас, о богови на разбирањето на работите...

Ако се прашувам јас, не сакам да имам ниту тиран ниту квислинзи да ми ја водат државата..Помало зло не бирам...Помало, поголемо, злото си е зло....Репресивни режими мразам и ќе мразам, а ти ако имаш желба да те контролира психопат кој своите фрустрации си ги лечи на цел народ тогаш тоа е твоја работа.
Е тука имаш еден малку голем и сериозен проблем, а тоа е фактот дека постојат различни видови на репресија.

Економската репресија на пример, која македонскиот народ ја трпи веќе со децении, не е дело само на домашните анти-македонски паразити од луѓе наречени политичари, чисто за потсетување, ММФ, Светска Банка и други странски таканаречени фактори кои даваа амин за криминалната приватизација во 1990-те години, беа меѓу главните сили кои им даваа легитимитет на истите тие анти-македонски паразити од луѓе наречени политичари.

Убаво што си против репресија, но треба прво да ги мразиш тие кои ја потпомагаат репресијата, потоа тие кои истата ја спроведуваат, и на крај тие кои истата ја нарачуваат, бидејќи залудно го мразиш Адолф Хитлер, ако не ги мразиш истовремено со него и Хајнрих Химлер, Јозеф Гебелс, Рајнхард Хајдрих и бројни други.
 

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.356
Поени од реакции
6.042
Ти кажа дека Западот оставал демократија и слобода, додека тие (ние) на Истокот сме љубеле тиранија и вождови.
Тоа го кажа, а јас со аргументи ти го образложив твоето неразбирање на реалноста.

За жал ти моето објаснување ти целосно го игнорираш и наместо мојата теза, ти упорно ме коментираш мене лично (што е дефиниција за ад хоминем, провери и едуцирај се).
Сам влечиш заклучоци, момак. Јас му дадов пример што и како да вика во главните градови, да видиме кај има слобода и демократија, не прејудицирав, но ти ете си заклучил кај има и што има сам (не знам зошто, веројатно знајш во кој град, на кој, што ќе му се случи после викањето), па сега ме правиш мене крив што немам исто мислење како тебе.

Се извинувам со длабок наклон, но јас не сум воспитан да ќутам, и не ќутам, ти се свиѓало тоа тебе или не. Не можиш да очекуваш ти да се обраќаш со зборовите, ние малку што разбираме, и да не добиеш одговор еквивалентен на тоа. За разлика од неколку вас тука, љубители на Лукашенко и таквиот тип на владеење, јас имам различно мислење, но не си давам со право да тврдам кој колку ги разбира работите, бидејќи секој си гледа различно на работите. Што би рекле постарите, како ќе си постелиш така ќе си легниш.

Ако ти се дискутира како човек - за темава на дискусијата - повели коментирај ја суштината на моите постови... Или па продолжи со забегувања и пишувања за мене лично, по што ќе морам да те игнорирам - со заклучок дека си многу полош карактер одошто на прв поглед звучиш (а звучиш прилично лошо уште од старт, необјективен си и не си способен цивилизирано да дискутираш).
Не знаев дека една таква величина како тебе што се се разбира, може преку постови и букви на форум да слуша звуци и тоа со поглед :), ама ај, викам јас дека си божество па можеби и таа способност ја имаш...

За тебе лично сум зборувал?! :) За некој многу што разбира немој аман со овие глупи спинови, и глумење жртва, ти се молам. Тоа каков карактер сум, кој си па ти да одредуваш, богот на разбирањето..Тоа дека те навикнале се да ти е угодено, извини, но ова е демократија, ако не си научил досега да ја практицираш, тогаш повели научи ја. Прв чекор ти е да прифатиш дека најпаметен можиш да му изиграваш дома и пред огледало. Дали сум ти звучел тебе лошо, да ти кажам еписибир ми е, искрено онака. А тука сите си имаат право да имаат сопствено мислење, згора на се триеш нос колку ти ги разбираш работите, а колку другите не, а кога ќе добиеш со иста мера, почнуваш да цвикаш како некое разгалено дете по таткому. Игнорирај ме слободно во иднина, твоја работа си е, ооо ти господару на цивилизациската дискусија...
Јас сакам да верувам во луѓето, и мислам секој треба да добие шанса... Но сѐ си има граница.
боже ванлоче, те молам немој да ми даваш шанса повеќе. Стисни кај мене на игнор, и толку.

Ете ти пример за опозиција која не треба да лежи во затвор, туку треба доживотно да си го исплаќа долгот кон нацијата во гулаг, само што тешко ти е да веруваш дека белоруската опозиција е иста како и украинската (до 2014 година) опозиција, и иста како и македонската (до 1 јуни 2017) опозиција.
Шта се мене тиче, партија која насилно му го промени името на цела нација, пробува да им ја промени цела историја и географија, на избори не смее да има 1 глас, остај ти гулазите. Камоли, 300.000. Тоа доволно говори за нас како држава...Што ако би завршиле на гулаг, а нам името пак ќе ни биде НордМазедониен? Не ми се криви никои за ова што ни се случува нам дома, ниту САД ниту Русија. Тие си се водат од своите интереси, си ги гледаат само Американските, Руските, Германските и не им е гајле дали сме ние тука на Балканот или Блискиот Исток,дали сме Македонци, Бугари, Албанци, Сиријци итн. Тие си имаат план и агенда, и ќе си ги тераат нивните интереси. Тоа што ние лутаме во свемирот и си ги копаме очите, ниту имаме некоја си стратегија и цел, ниту знаеме што ни е интерес а камоли негово исполнување, не ни се криви ни САД ни Русија ни Домениканската република... И ЗАТОА САМИТЕ СИ СМЕ ВИНОВНИ..Цела понова историја чекаме некој друг да ни ги решава внатрешните проблеми, цела понова историја вмро и сдсм кога се караат ги делат странците. Јас искрено, најголемата кривица ја гледам најмногу со сопствениот народ кој немо посматра масовна пљачка 30 години и си седи мирен, чекаат некој друг да им ја збрка работата, доаѓаат избори упорно и упорно се гласаат истите па истите. Толку не осиромашија што главна преокупација на 90% од државава во моментов му е трчање по штабови, шетање од куќа по куќа во селата кои ги посетуваат еднаш пред избори, и сликање колку само напредни се... За што? За државна работа, од 17.000 плата, за нишај врата...Не бе, самите не се сакаме за да не сака некој..САД, Русија, Кина, Германија и сите ќе се мешаат тука, само ние сме малце глупи не знаеме да се поставиме за да бидиме на иста фреквенција со интересите на некоја од нив па да се заложи и за нас некој како што се заложија за Косово...Косово ниту е побогато, ниту е стратешки на подобро место од Македонија, ниту има излез на море, од секаде може да се заобиколи, итн. успеа да направи цело НАТО да стои позади нив и да ги брани. И не...Не е тоа што САД ги сакале Албанците, или пак Русија Србите.. САД како и Русија, си ги гледаат само американскиот и рускиот интерес, и тие не признаваат ништо друго..Сега нивниот интерес е да ги поддржуваат Албанците односно Србите...Но утре може да има тектонско пореметување на геополитиката па да се сврти топката поинаку. Ете тука ние играме ДООООСТА слабо...Кога ќе сврти топката..Никогаш не влечиме позитивни чекори..
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
@kikomcjuve од тебе добивам само спинови си рекол ова, си рекол она. Јасно се гледа и се чита што си рекол, „Запад = демократија/слобода а Исток = тиранија“. Таа мантра цело време си ја цепаш а кога некој ќе праша за аргументи, немаш друг одговор освен ад хоминем и многу зборување без да се каже ништо.

...тука сите си имаат право да имаат сопствено мислење, згора на се триеш нос колку ти ги разбираш работите, а колку другите не, а кога ќе добиеш со иста мера, почнуваш да цвикаш како некое разгалено дете по таткому. Игнорирај ме слободно во иднина, твоја работа си е, ооо ти господару на цивилизациската дискусија...
боже ванлоче, те молам немој да ми даваш шанса повеќе. Стисни кај мене на игнор, и толку.
Не во прашање „правото на сопствено мислење“ туку способноста тоа мислење да го одбраниш со факти и со аргументи.
Тоа што ќе кажеш дека Запад овде оставал да имаме демократија и слобода, тоа не се факти (како што разбира секој со функционален ум, секој што не живее во фантазија).

Какај колку сакаш за држави како Белорусија и Русија, и за нивните лидери Путин и Лукашенко. Факт е дека со сите нивни проблеми и покрај тие проблеми, И РУСИТЕ И БЕЛОРУСИТЕ ЖИВЕАТ МИЛОН ПАТИ ПОДОБРО ОД МАКЕДОНЦИТЕ... Ете гледаш, ми се заглавил капс локот. Ајде да го прифатам твојот совет и да те игнорирам. Не за друго туку немам време за вакви глупости. Вакви банални и детски расправии без суштина, тоа го имам и во кафана или пред продавничка (а таму барем некој и нешто смешно ќе каже, плус има и пиво).
 

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.356
Поени од реакции
6.042
И РУСИТЕ И БЕЛОРУСИТЕ ЖИВЕАТ МИЛОН ПАТИ ПОДОБРО ОД МАКЕДОНЦИТЕ...
Па и Американците и Германците живеат милион пати подобро од Белорусите и Русите.

Јас не реков дека Запад НИ остава демократија, туку му остава демократија на своите граѓани. Тие политички финти не. Јас сум рекол, и пак ќе речам, кога нема да се сакаш сам, друг ќе те сака....
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Јас не реков дека Запад НИ остава демократија, туку му остава демократија на своите граѓани. Тие политички финти не. Јас сум рекол...
Ова сум рекол она сум рекол... :D
Еве точно што си кажал:
Единствената разлика меѓу големите земји е на кој начин му оставаат на земјите сателити како нашава, начин на владеење. Додека Западот им остава некоја си демократија и некој си вид на слобода, Источните земји се љубители на вождови налик Лукашенко...
Ај сега кога јасно се виде какви спинови правиш, тука ќе застанам.
Автоматски споено мислење:

Изгледа имаме некакви заеднички ставови, ама на различен јазик не се разбираме.
Ма какви заеднички ставови... Тој си мисли дека на Запад имале демократија и дека овде кај нас промовираат демократија и слобода. Ти не ми изгледаш на некој што верува во приказни.

А не се разбирате пошто како јагула е, постојано се врти, ги врти работите што кажал и не признава ни нешто што секој може да го провери во претходниот пост... Чисто губење време.
 
Последно уредено:

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.356
Поени од реакции
6.042
Ај сега кога јасно се виде какви спинови правиш, тука ќе застанам.
:) Ти спинуваш, и извртуваш контекст. Јас реков ЗЕМЈА како нашава, која е под патронат на Западот, и дека даваат НЕКОЈА си привидна демократија, а дека се помеки во однос на сателитите на Истокот. Под поимот НЕКОЈА СИ, што подразбираш?
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.656
Поени од реакции
35.530
Единствената разлика меѓу големите земји е на кој начин му оставаат на земјите сателити како нашава, начин на владеење. Додека Западот им остава некоја си демократија и некој си вид на слобода, Источните земји се љубители на вождови налик Лукашенко...
A каде тоа прочита дека јас реков дека во Македонија има демократија и слобода, и не живеам под репресивен режим?
Јас не реков дека Запад НИ остава демократија, туку му остава демократија на своите граѓани. Тие политички финти не. Јас сум рекол, и пак ќе речам...
Јас реков ЗЕМЈА како нашава, која е под патронат на Западот, и дека даваат НЕКОЈА си привидна демократија, а дека се помеки во однос на сателитите на Истокот.

ММЕ во секој нареден пост по нешто менуваш... Колкумина ве има таму кај тебе во главата? Со кој разговарам во моментов? :)
 

Vartolu

makoto 誠 chu 忠義
Член од
29 декември 2007
Мислења
15.356
Поени од реакции
6.042
ММЕ во секој нареден пост по нешто менуваш...
Менувам? :) Убаво прочитај си ги постојте, не влечи пасуси и да спинуваш :) УДБА умре, навиките ви останаа бре, тешки комунистички бачиња бре... Убаво си објаснувам кое е моето мислење за се, само не можиме да ти соџвакаме тебе за да можиш да сфатиш..

Македонија ИМА репресивен режим, но далеку од степен како тој во Белорусија,сепак Македонија е во сферата на интересот на САД и нивни интерес е да се мешаат во нашите работи тука. Сите влади изминатите 30 години биле со нивни АМИН, и во следните 30 години ќе бидат со нивни АМИН. Јас ја зборувам реалноста, а не желбите мои. Ние реално, не сме моќни да им контрираме, ама сме глупи да ги искористиме да си ги истераме нашите интереси преку нивните. Ниту една земја друга од моќните ги нема ресурсите и моќта на САД на Балканот сеуште. Додека другите се позиционираат, ние глумиме жртви како да цел свет е собран да не уништи и постојано кукаме. Наместо да заземиме малку поагресивна политика, ние постојано дефетистички настапуваме. Никој не сака плачковци како во друштво, така и во меѓународна политика.

Западот на своите граѓани ИМ дава демократија, нам ни дава НЕКОЈА СИ демократија... Истокот дава вождој и за поинакво мислење зандани и гулази...

Колкумина ве има таму кај тебе во главата? Со кој разговарам во моментов?
Има еден ако сакаш да ти го дадам позборувајте си малку, само да не не ми го вратиш... :) Пред да почниш со плачење, како се поставуваш така си добиваш...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom