Србија подготвила предлог за трајно решение за статусот на Косово под наслов „Автономија од 1 до 100“, која ќе им ја предложи на западните земји. Врз основа на овој предлог на Албанците на Косово ќе им биде понудено сами да одлучат во какви односи сакаат да живеат со Србија- дали сакаат најширока автономија или пак да бидат независна држава. Но, изборот ќе биде под еден услов- Србите од Косово да го добијат истото, пишува српскиот весник Прес.
Главната поента на овој план случајно или не ја открил претседателот Борис Тадиќ додека говорел за начинот на кој Србија поднела предлог резолуција до Генералното собрание на ООН.
- Ние секако сме свесни за фактот дека можеби два милиони Албанци на Косово не сакаат да го прифатат уставниот поредок на Србија. Од друга страна светот мора да биде свесен за фактот дека Србите на Косово не сакаат да го примат суверенитетот на таканаречената држава Косово и во тие рамки треба да бараме решение кое ќе обезбеди мир и развој, порачал Тадиќ.
Соговорник на Прес, чиј идентитет не се открива, но се тврди дека е од врвот на власта во Србија, вели дека според овој план Србија бара на почетокот на преговорите за статусот на Косово да се утврди она за што зборува нејзиниот претседател Тадиќ.
- Нашиот предлог е да се прифати „реалноста на теренот“, што е формулација која постојано ја повторуваат западните земји образложувајќи зошто Косово треба да биде независно. А денеска е реалност дека на теренот има два милиони Албанци на Косово кои не сакаат да живеат во Србија, но има и Срби на северот на Косово кои не сакаат да живеат во независно Косово. И тука ништо не може да се промени, наведува соговорникот на Прес.
Тој додава дека затоа предлогот на Србија е косовските Албанци сами да одберат каква автономија сакаат на скала од 1 до 100, со тоа што 1 е да бидат во состав на Србија, а 100 е најголем степен на автономија, односно независност.
Ако ваков договор се постигне, граѓаните на Србија ќе го гласаат на референдум, рекол изворот за Прес.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&egId=20&eventId=63382
Не треба да има самозалажување. Косово им го отвори патот на многумина. Вољата на Албанците на Косово, ако се испочитува, како нивно право, тоа е вистинска одскочна даска за испочитување на вољата на Србите во Косово и Босна, Абхазијците, Шкотите и кои ли уште не.
Да, и Албанците во Македонија можат тоа да го искористат.
А здравје Боже, еден убав ден, можеби и Македонците во Албанија, Бугарија, Грција...
Смешни се изјавите од типот "Косово е посебен случај", бидејќи сите си се посебни случаи, кога ќе созреат условите за тоа.
Сите овие процеси нема да се реализираат веднаш, но се остава правен простор (а тоа им е најбитно на сецесионистите) за било кое време во иднина (како на кој ќе му созреат условите).