Безусловна љубов

Член од
6 мај 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
постои безусловна љубов иако е ретка.... Јас моментално дожувѕвав таква љубов.. Љубов без никакви услови и барања.... Раскинав долгогодишна врска,само затоа што се заљубив во човек со кој не смееме да имаме никаква иднина,само за да не ги повредиме остабатите околу нас. Се сакаме премногу,но мораме да ја криеме нашата љубов! тоа е тешко но кога се сака,се се може! НЕ барам ништо од него ни тој од мене. Не:toe:маме никакви услови и оставаме се на врмето да покаже.....
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
^
Не треба да гледаш за другите,гледај за себеси,еден е животот.Утре можеш да се покаеш за тоа.
И јас се наогав во таква ситуација.Но сепак се што е кратко трае слатко:pipi:
Таквата љубов е најубава.
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
^
Не треба да гледаш за другите,гледај за себеси,еден е животот.Утре можеш да се покаеш за тоа.
И јас се наогав во таква ситуација.Но сепак се што е кратко трае слатко:pipi:
Таквата љубов е најубава.

знам но неможеме да бидеме себични..т.е. не смееме зашто би повредиле премногу блиски луѓе.... да беше само за нас одамна јавно ќе бевме заедно. сеа за сеа мораме да бидеме тајно заедно....:toe:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
постои безусловна љубов иако е ретка.... Јас моментално дожувѕвав таква љубов.. Љубов без никакви услови и барања.... Раскинав долгогодишна врска,само затоа што се заљубив во човек со кој не смееме да имаме никаква иднина,само за да не ги повредиме остабатите околу нас. Се сакаме премногу,но мораме да ја криеме нашата љубов! тоа е тешко но кога се сака,се се може! НЕ барам ништо од него ни тој од мене. Не:toe:маме никакви услови и оставаме се на врмето да покаже.....
знам но неможеме да бидеме себични..т.е. не смееме зашто би повредиле премногу блиски луѓе.... да беше само за нас одамна јавно ќе бевме заедно. сеа за сеа мораме да бидеме тајно заедно....:toe:
Aaaand here we go again. :)

Тоа кое си го имала ти, најверојатно е производ на адреналинот кој сте го доживувале и желбата да имате нешто кое е забрането. Општо познато е дека човек сака да го има токму она кое не му е дозволено. Веројатно си имала врска со припадник на друга религија, врска која родителите не ја одобруваат, или сте биле со голема годишна разлика. Ниту едното ниту другото не треба да биде пречка за голема љубов ако таа навистина постои, но кога веќе ја имало во толку голема мера тоа сигурно не било зашто вие сте ги поклопиле идеално карактерите, сте сакале и уживале во исти ништа а разговорот никогаш не престанувал, туку, сте ја чувствувале големата љубов бидејќи проблемите потекнувале од страна а само заедно сте можеле да го решите тој проблем, па сте се чувствувале како заљубени еден во друг. Сте биле сојузници, не љубовници.

Тоа пак ме тера да мислам дека љубов како поим не постои што е поразително само по себе. Но, сеуште, за да се распламти голема љубов мора да има искра која ќе го створи тој оган. Никогаш, ама никогаш нема да се заљубат еден во друг двајца незаинтересирани и ладни луѓе. Затоа и тинејџерите ја доживуваат тинејџерската љубов како нешто спектакуларно, зашто нивните емоции, нивната жар и желба за живот се огромни, па секоја ситница ја доживуваат со голема емоција, замисли си само колку таа голема може да биде за љубовта. Среќа е што, брзо тие чувства заминуваат бидејќи нивниот живот не е воопшто монотон. Љубов се создава, игра на манипулации е, магија е. Но, во тој случај е и еднострана бидејќи некој свесно ја испровоцирал кај другиот. Апсолутно прекрасно е, а се случува секојдневно, кога тие емоции ќе се создадат двострано без некој да се потруди да ги испровоцира. Тоа е вистинска љубов, но таа минува и се преболува доколку нешто во таа врска се скрши. А нема ниту една врска која не наишла на пречка, или трансформација на страста во навика што сеуште го нарекуваме љубов. И тоа сеуште е прекасно, но е далеку од безусловна љубов. Тоа го има само помеѓу родителите и своите деца и на ниедно друго место.
 

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Divajn...

bezuslovna ljubov ima samo majkata kon svoeto dete.....tolku!

p.s. izvini za latinicata....na brzanje bev:smir:
Љубов кон фамилија, свое дете. Тоа е најчесто безусловна љубов. Исто така и онаа врска која долго време плови.. кога не се зема за грешка скоро ниедна постапка на партнерот.. И најбитната безусловна љубов кон БОГ.

Би дошло нешто приближно на онаа љубов која може да ја пружи детенце малечко. :toe:
 
Р

~~РубинРед~~

Гостин
знам но неможеме да бидеме себични..т.е. не смееме зашто би повредиле премногу блиски луѓе.... да беше само за нас одамна јавно ќе бевме заедно. сеа за сеа мораме да бидеме тајно заедно....:toe:
Разбирам,но утре никој нeма да ти каже благодарам за вашата жртва,види не ви ја знам приказната но сепак на крај љубовта победува.Можеби таа жртва на крај ке ви се исплати:wink:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Кога ќе го ставите зборот безусловно пред било кој поим станува збор за најтешко достигнување на човекот (духовно).Овде говориме за љубов но и да го ставам зборот безусловно и пред поимот пријателство пак се доведувам до иста состојба.Состојба во која нема зошто,нема прашања и веројатно најважно од се нема калкулација и условување.
За да се дојде до поимот безусловно треба да се поминат многу услови.Иронично но така е.Но тоа е случај ако постапно се вљубувате во некого,кога се заљубувате во човек трезвено,што значи го гледате низ призмата на реалноста и тој ги исполнува вашите предиспозиции и доаѓате до тој степен на безусловност.
Не верувам во безусловна љубов на прва исто како што не верувам во љубов на прв поглед,за мене љубовта е процес и никогаш не може да биде навика.
 
Член од
6 мај 2010
Мислења
5
Поени од реакции
0
ne e proizvod na adrenalin,a mozebi e bidejki e zabraneto. znam samo deka prv pat vaka se cuvstvuvam. se soglasuvam deka bezuslovna ljubov postoi samo megu roditel i dete. no ova sto go iam e neopislivo. od ista religija sme,imame razlika vo godinite...ali ne e toa edinstven problem....:toe:
 

Very Nice Girl

Нојс
Член од
25 август 2009
Мислења
1.231
Поени од реакции
160
Безусловна љубов не постои, може да се каже дека опсесијата е безусловна но тоа е далеку од љубов. Дури ни таа родителска љубов не звучи толку опсесивно како што звучи безусловната.
 
Член од
16 август 2007
Мислења
96
Поени од реакции
15
кога сум сакала,секогаш сум давала безусловно,било љубов,било поддршка,било верба..
првата љубов,тотално безусловна,втората ВИСТИНСКАТА,ОНАА КОЈА МЕ ОДБЕЛЕЖИ,од негова страна купишта попувања,обиди за да ме направи ПОДОБРА ЛИЧНОСТ,не дека таква не ме прифакал(болесник,преку кој немам целосно поминато),и сега третата шанса,тотално пропадната инвестиција,повторно без услови,без барања,без напнувања да го сменам,не се исплака,посакував да можев да бидам кучка..
 
Член од
27 август 2012
Мислења
1.024
Поени од реакции
2.539
Не постои, или јас ја немам доживеано. Но со ова мое размислување нема ни да ја доживеам зашто јас сакам да сум САКАНА и да ми се дава и враќа љубовта многууууу..Безусловна љубов е кога не ти е потребно да другата страна те сака..Кога просто го/ја сакаш без причина и без да е морално да ти исполни некои твои желби,барања,потреби...
Јас не можам така...Сакам да ми пружа внимание да ме сака бескрајно кога сум заљубена и заслепена во него..Сакам да ми удоволува...сакам да ме прави среќна задоволна и исполнета!..НЕ САКАМ ДА ПАТАМ и да се мачам! И не ја разбирам таа безусловна љубов со дечко/девојка..Единствено ја имаме со мајка, татко, брат, сестра...и можда некои роднини..Тие те сакаат безусловно! И тука се па макар не бил ти најдобрата особа карактерно....Едноставно те сакаат!.. Без разлика што и да правиш и како се однесуваш..Јас едино нив ги сакам безусловно..да они немора ништо да ми возвратат...јас ги сакам..и да немора ништо да направат за мене..тоа е така како е...
А за во врска ми нема логика да се заљубувам во некој од кого не очекувам да и он е заљубен од мене! Нема шанси такви глупости да си дозволам во живот....Еднострана љубов е многу болна..И наивно е да не очекуваш да бидеш сакан! Толку..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom