Бебе во Бразил се роди со две глави

Довичински -

Довичински П.
Член од
26 ноември 2009
Мислења
1.205
Поени од реакции
674
Бразилските медиуми известија дека млада мајка роди бебе со две глави. Малото момче е во добра здравствена состојба.
Скенирањата покажале дека тоа има две добро оформени глави, едно срце, а сите негови витални органи функционираат нормално. Докторите известуваат дека здравјето на момчето е одлично и дека тоа цица од својата мајка со двете глави. Се очекува уште во текот на оваа седмица мајката и бебето да бидат пуштени дома.
25-годишната мајка немала направено преглед со ултразвук во текот на бременост и открила дека бебето има две глави само неколку минути пред породувањето.​
„Кога докторите ја скенираа сфатија дека бебето има две глави и дека нормалното породување ќе ги изложи на ризик и мајката и бебето“ – изјавила Клаудионор Азис де Васконселос, директорка во болницата, и потврдила дека операцијата со царски рез траела еден час.​
„За нас беше големо изненадување кога откривме дека детето е во добро здравје“ – признала таа и дополнила дека мајката не била вознемирена од изгледот на бебето.​
„Напротив, бебето беше прифатено од семејството со многу радост. Мајката ги нахрани двете усти и цело време бебето остана во собата со неа. Нејзината желба е веднаш да го однесе бебето дома“ – рекла Клаудионор.​

 

Jimmy

Организатор
Член од
26 мај 2006
Мислења
927
Поени од реакции
312
Е сега, нема одделување...ќе мора вака да живее/живеат...
 

Lux

Inglourious
Член од
25 октомври 2010
Мислења
1.189
Поени од реакции
888
Да е здраво и живо, обете
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Не ми е јасно како се управува со телото во овие случаи ? Два мозока се... едната сака да седне, другата да стане. И сега ?
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Не ми е јасно како се управува со телото во овие случаи ? Два мозока се... едната сака да седне, другата да стане. И сега ?
Вмровецот ќе контролира.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Не ми е јасно како се управува со телото во овие случаи ? Два мозока се... едната сака да седне, другата да стане. И сега ?
едната да седне, другата да стане - што прават тие во моментот ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom