Бастер Китон

G

grande-juve

Гостин
“They say pantomime's a lost art. It's never been a lost art and never will be, because it's too natural to do.“


Бастер Китон, еден од великаните на комедијата, препознатлив по своето “камено лице“, бројните иновативни направи, и по неверојатните каскадерски маневри.
Прекарот “Buster“(што во тоа време значело опасен пад што може да предизвика повреда) го добил кога бил ептен мал, од славниот Худини, откако Китон се истумбал по скали и станал како ништо да не било.


Како и повеќето теми, и оваа ќе отиде во брзо време надоле, ама човеков заслужува посебна тема. Па да видиме колку тука го гледаат и го сакаат Китон, кои ни се омилени филмови, а и да заразиме нови филмаџии.
И за крај од мини воведов, една одлична статија од Роџер Еберт
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
И јас го сакам! <3
Со него сум се смеела така од срце, стомак ме болеше и солзи ми течеа. И на колку души сум го предложила, само тројца убедив да видат нешто.. И убаво си поминале.

Мора овој да го изгледате, ништо не ве коштаат 17 минути!
Мене ми е најомилен, ама имам уште за гледање. Најомилен овој, па генералот, па шерлок јуниор, па другите...
Зараза е, не можеш да застанеш кога ќе почнеш.

:love:
 
Последно уредено:
G

grande-juve

Гостин
Филмов Cops е урнебес, посебно таа сцената кога им ја пакува вазната. :pos::pos:
плус телефонска комуникација со коњот :D

Една од најомилените смешни сцени воопшто, од Генералот, на 53:36
:ROFLMAO::pos:

А овој ми е омилениот негов, Камерманот (во Уа Шнајдери се раскажува една сцена од филмов)
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Каков актер еј. Јас првпат гледам вака кратки филмови, мислев глупи се, ама овој бил будала. На последниов филм што го ставила Хоуп куќата ама е јако направена, сакам и јас така.:pos:
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Јас може ептен замарам, ама морам да ви препорачам уште два ултра урнебесно смешни филмови.
4:12 до 4:30 :pos:


 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
The Convict 13 вчера вечер го гледав, едвај заспав. Ја тепаше рибата дека му го земала топчето. :pos:
Со тој во затворот беше урнебесно, посебно кога ги маваше тие. :pos:

Го гледав и The High Sign. Не е нормално ова, земал му ја врзал коската на кучето за да му го удира ѕвончето откако ќе пукне.:pos:
После кучето збрка една мачка и се распука овој дека ѕвончето му удираше. :pos::pos:
И кога сакаше од огледало да погоди ама не можеше, и пукаше напред кон луѓето. :ROFLMAO:
 
Член од
5 август 2016
Мислења
465
Поени од реакции
296
Кој е бе овој, зошто јас не сум слушнал досега за овој? Некоја копија на Чарли Чаплин да не е?

just kidding :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom