Барам совет

Член од
24 мај 2012
Мислења
294
Поени од реакции
114
Барам совет на кој јазик е поубо да работиш C++ ili C# , со другари сакаме да правиме игра но се двоумиме на кој јазик, јас сум за C#, барам некој професионален совет фала однапред!
 

Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
што разбирате повеќе тоа. не верувам дека има огромно значење за вас бидејќи ќе биде тапа игра.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.073
Поени од реакции
11.441
Барам совет на кој јазик е поубо да работиш C++ ili C#
Зависи колку захтевна ќе ви биде играта. Генерално C++ има подобри перформанси и се користи за правење на game engine, ама маана му е што немаш мемориски менаџмент, мора сам да се грижиш за ослободување на меморијата. Од друга страна C# има garbage collector кој ти ја брка таа работа, и плус ги имаш Microsoft XNA и WindowsPhoneSDK развојните околини за игри кои возат на C#.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.086
Барам совет на кој јазик е поубо да работиш C++ ili C# , со другари сакаме да правиме игра но се двоумиме на кој јазик, јас сум за C#, барам некој професионален совет фала однапред!
А да елаборираш малце, бидејќи прашањево ти е премногу општо. Каков тип на игра сакате да правите, колку се разбирате од ОО и визуелно програмирање ?
 
Член од
24 мај 2012
Мислења
294
Поени од реакции
114
А да елаборираш малце, бидејќи прашањево ти е премногу општо. Каков тип на игра сакате да правите, колку се разбирате од ОО и визуелно програмирање ?
Ние сепак сме аматери сакаме да правиме мали игрици колку практично да го вежбаме нашето знаење за понатаму да има и нешто поголемо... ме интересираше кој од овие јазици нуди поголеми услови и кој повеќе се бара моментално
фала за советот
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.086
Ние сепак сме аматери сакаме да правиме мали игрици колку практично да го вежбаме нашето знаење за понатаму да има и нешто поголемо... ме интересираше кој од овие јазици нуди поголеми услови и кој повеќе се бара моментално
фала за советот
Па види, како за почетник, C# е далеку полесен јазик (според мене). Прво како што спомна членот погоре, немаш потреба од мануелно менаџирање на меморијата,а имаш и доста готови компоненти кои го олеснуваат визуелното програмирање. Сега секако, зависи што програмираш, но за мали игри (какви што претпоставувам дека ќе правите) нема да осетиш некоја голема разлика во брзината на извршување иако C# е јазик кој е "поспор" од C++. Во однос на тоа што повеќе се користи, се зависи од типот на проект на кој се работи. Во глобала, програмските јазици се само технологија, во зависност од потребите на задачата која што сакаш да ја завршиш, треба да го избереш јазикот кој највеќе ти одговара. Она што сакам да го кажам е, не треба да се врзуваш за одреден јазик, најбитно е да ги сфатиш концептите, а учењето на јазици понатаму воопшто нема да ти биде проблем.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас лично не се разбирам многу во технологијава, но од луѓе колку што имам слушнато, викаат дека Ц++ е подобар во некои работи од Ц#. Една од тие работи била дека Ц# е поспор од Ц++, потоа Ц++ има свои предности за правење игра.........., но сепак зависи и од тоа каква игра ќе правиш, по некоја логика:)
:)
 
Последно уредено:
M

Mr.InF3ction

Гостин
Барам совет на кој јазик е поубо да работиш C++ ili C# , со другари сакаме да правиме игра но се двоумиме на кој јазик, јас сум за C#, барам некој професионален совет фала однапред!
Најдобриот програмски јазик е јазикот со кој што ќе можеш да го решиш проблемот со твоето моментално знаење (знењето на тимот) и времето што го имаш во располагање :)

Ако е за игри, зошто не користиш Unity или друг game engine?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom