Барам / Имам потреба од програмер, работа, часови, итн

  • Креатор на темата Креатор на темата zorang
  • Време на започнување Време на започнување
^ ако ја има нека ја пушта и кај мене :)
Другар ја најдов на англиски (оригиналот). Ако сакаш линк кажи ќе ти пратам по пп и на сите други кои сакаат ќе им ја пратам. :)
 
Најдов уште една книга за C++ од Bjarne Stroustrup ( креаторот на C++ ) кој сака ќе му пратам линк само на англиски е. Поздрав! :)
 
Дали знаете во Македонија некоја фирма каде што се работи хардверско програмирање, vhdl / fpga, ако воопшто постои таква во мк..?
 
Претежок е тој јазик ако почнуваш со програмирање, ама со среќа, ако го совладаш ќе ти многу полесно понатаму со другите програмски јазици. (y)
 
gnr estranged live
Претежок е тој јазик ако почнуваш со програмирање, ама со среќа, ако го совладаш ќе ти многу полесно понатаму со другите програмски јазици. (y)
Почнав да читам еден учебник по информатика за средно. И све е добро напишано и лесно. Е сега треба да почнам малку и за повиско. Инаку сега за сега добро иде. :D
 
Дали знаете во Македонија некоја фирма каде што се работи хардверско програмирање, vhdl / fpga, ако воопшто постои таква во мк..?
Seavus работат такво нешто, имаат девизија за embedded. На факултет имавме и покането предавање ос нив за vhdl.
 
Претежок е тој јазик ако почнуваш со програмирање, ама со среќа, ако го совладаш ќе ти многу полесно понатаму со другите програмски јазици. (y)
А кој е лесен јазик за почнување со програмирање? Зошто Ц++ се смета за тежок?
 
Некои го сметаат за тежок зошто бара и некое познавање од меморија и оперативни системи. Така да, за почетник, многу подобра опција е на пример да фати да учи Јава поради самата виртуелна природа на јазикот, нема потреба од манипулација со меморија, многу повеќе готови објекти и класи, но затоа учење на C++ како прв јазик има други предности. Можеби ќе се измачиш малце на почеток, но затоа ќе совладаш други концепти кои Јава ги апстрахира. :) Мене C++ ми беше прв јазик и со оглед на тоа што имав 14 години имав малку потешкотии, ама со упорност се снајдов.

Иако јас како прв јазик најмногу би препорачала Python. Одлично јазиче е. :)
 
Да, ама за да почнеш да го учиш Java како прв јазик ќе треба да го разбереш концептот на на објектно ориентирано програмирање. Според мене тоа е доста потешко ако претходно не си учел структурно програмирање. Од друга страна работите кои се учат за почеток во C/C++ како променливи, низи, матрици, функции итн, се доста едноставни за претставување и разбирање. Сега, секако дека овие јазици се потешки од Java, но тоа може да го увидат само "поискусни" корисници. Сигурно нема почетник да се занимава со memory management :).
 
Концептот на објектно програмирање е поблизок до реалниот живот и поради тоа е поедноставен за почетници бидејќи можат да си го поистоветат со реални примери, додека за структурно програмирање тоа не важи. Кога станува збор за програми до 1000 линии структурно е подобар избор од причина што целата логика може најчесто да се претстави top-bottom, но за покомплексни програми употреба на структурен јазик само драстично ќе го искомплицира кодот. За вакви ситуации објектен пристап е многу помоќен од причина што програмерот во секое време може да имплементира/отстрани објекти кои му се потребни во кодот без многу замарање.
 
Точно, но кодовите кои ќе ги пишуваш на почеток сигурно нема да бидат подолги од 100-200 реда. И во ООП ќе треба да ги објасниш истите работи, променливи, if-ови, циклуси итн., само што тука ќе треба дополнително да објасниш и што значи објект. Значи јазиците од типот на Ц и Ц++ се супер за запознавање со програмирањето, а се потешки од Java/C# и слични за креирање на поголеми програми/апликации.
 
Да, кога се учи Ц за прв колоквиум треба да се искуца модул за memory management за оперативен систем по желба :icon_lol:

Кога се учи програмирање, се учи како концепт и начин на размислување. Кога се работи за јазици како C, C++, C#, Java ..тие основните работи се скоро исти така да не е многу битно со што ќе почне, јас препорачувам C само затоа што нема готови функции за одредени работи, па мора малце да размисли како се брише буква од string или бројат зборови во реченица :D
За Python, PHP, JavaScript...би рекол дека се лош старт посебно за почетници кога забораваат да стават ";" и имаат еден куп други синтаксички грешки, најверојатно ќе се откажат од програмирање пред да научат :D
 
Некои го сметаат за тежок зошто бара и некое познавање од меморија и оперативни системи. Така да, за почетник, многу подобра опција е на пример да фати да учи Јава поради самата виртуелна природа на јазикот, нема потреба од манипулација со меморија, многу повеќе готови објекти и класи, но затоа учење на C++ како прв јазик има други предности. Можеби ќе се измачиш малце на почеток, но затоа ќе совладаш други концепти кои Јава ги апстрахира. :) Мене C++ ми беше прв јазик и со оглед на тоа што имав 14 години имав малку потешкотии, ама со упорност се снајдов.

Иако јас како прв јазик најмногу би препорачала Python. Одлично јазиче е. :)
Индиректно му кажуваш да не учи Јава. Многу почнуваат и структурно да учат во Јава. И не апстрахира многу работи за разлика од Ц++. Ако почне со Ц++ и го засака во иднина ќе стане .НЕТ програмер е тогаш се му е на готово:icon_lol:
Џава хејтер. :icon_lol:
 
Сакам да покренам една добра иницијатива. Дали е некој желен да почнеме заедно да учиме некој програмски јазик ? Ако сме повеќе ќе се мотивираме и ќе си помагаме да ги поминеме препреките заедно, полесно ќе се снаоѓаме за материјали и ќе биде многу поефтино, секако тука е и забавата која доаѓа од учење и работа во група. Со ова се намалува шансата за откажување. На пример, може да се собираме неколку пати неделно, за место не е проблем, јас ќе се погрижам за тоа. Јазикот што ќе го учиме не е ни толку битен, поради тоа што нема лош јазик, сите се корисни и за сите има работа. Можностите се големи, ова е иднината, можеби понатаму и некој стартап да бидне. ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв