Аustralian Open 2011

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.915

Од 17ти до 30ти Јануари во Мелбурн, Австралија ќе започне првиот гренд слем за оваа година Австралија Опен.
Бранител на титулата и еден од главните фаворити за освојување на овој гренд слем е Роџер Федерер, кој во ланското финале го совлада Енди Мареј со 3-0 во сетови одбраната на титулата Роџер ќе ја почни против Лацко...како фаворити се споменуваат и носителот број еден т.е првиот тенисер во светот моментално прв на АТП листата Шпанецот Рафаел Надал, кој пред турнирот имаше здраствени проблеми, но спремен ќе го дочека овој гренд слем, каде лани стигна до 1/4 финалето...тој во првото коло ќе игра со Маркош Даниел од Бразил.
Како фаворит се споменува, а и нормално е тоа, третиот носител на турнирот, србинот Новак Ѓоковиќ тој на почетокот од турнирот силите ќе ги одмери со Шпанецот Марсел Грањољерс.
Интересен дуел во првото коло е и дуелот помеѓу домашниот тенисер Лејтон Хјуит и Аргентинецот Давид Налбандијан.
Дел Потро по подолга пауза повторно е назад на големите турнири, тој во првото коло ќе се сретни со Дуди Села, противникот и не е некој од врвот, но ако знаеме дека Дел Потро и нема во последно време официјални мечеви така да нема да биди лесно во никој случај.


Во женска конкуренција оваа година ќе ја немаме последната шампионка од овој гренд слем, Американката Серена Вилијамс, која поради здравствени проблеми ќе го пропушти почетокот на оваа тениска сезона.
Прва носителка на турнирот е Данкињата Каролин Возниацки, таа во првото коло ќе игра против Жизел Дулко од Аргентина.
Втора носителка е Вера Ѕвонарева, нејзин прв меч на овој турнир се надевам не и последен ќе и биде со Сибил Бамер од Австрија.
Нај интересен дуел веројатно во првото коло би требало да биди оној измеѓу третата носителка Ким Клајстерс и повратничката на тениските терени Динара Сафина
Другата од сестрите Вилијамс, Венус Вилијамс ќе игра против Сара Ерани.
Седмата носителка Јанковиќ ќе се сретни со Ала Кудравцјева од Русија, би требало да биди лесна пречка..но изненадувањата на гренд слемовите се многу чести.
Ана Ивановиќ 19та носителка на турнирот ќе игра против Макарова од Русија.
Носители на турнирот

Целиот распоред на турнирот може да го видите тука.

Директни преноси ќе врши Еуроспорт, оваа година и на двата канала, така да скоро сите мечеви може да се погледнат директно.

Се надевам на одличен тенис, на добри услови, со помалце сонце, за да можи и Новак да помине повеќе од 1/4 финале :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.403
Поени од реакции
6.024
После Тс/Цонга и кипарецон ,годинава мислам дека пак некој послабо рангиран ќе направи таков испад.
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.428
Поени од реакции
42.695
Хјуит во прво коло со Налбандијан...ццц... Уште во прво коло ли да излезе бе?? Ај ваљда ќе успее да победи, па после сигурно тепа во второ.. Па во трето со Јужни ако не се лажам.. :) Само Налбандијан нека го победи, после ќе видиме што-како.. Само едно знам, сигурен + во гејмови (за спортска ова :))

Како и да е, се надевам на интересно турнирче.. Првата недела ќе може по цела вечер да се гледа, оти не се оди на школо. :) Втората недела, ќе ги гледам само утакмиците што ќе се играат во вечерен термин (по Австралиско време)..

Исто така, ептен интересен ќе биде мечот Клајстерс - Сафина..

Со среќа нека им е на сите и нека победат најдобриот и најдобрата..
 
P

PewDiePie

Гостин
Мојот втор фаворит после Роже,Љубичиќ се падна со Лушчак и очекувам да помине лесно. Ќе биде јако годинава,Надал како и секогаш лесна ждрепка се на се.
 
С

сашенко

Гостин
Надал е мојот фаворит годинава.Се надевам ке направи историја и ке освои 4 гренд слема по ред.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.692
Поени од реакции
4.520
Тешко дека Хјуит ќе го тепа Налбандиан :)

инаку фаворит кај мажите ми е Надал секако иако има голема конкуренција тука се Џокович,Федерер,Давиденко исто така се враќа и Дел Потро но не е нешто посебно не е во форма ич кај жените некако сум убеден дека ќе тепа Ким Клајстерс незнам зошто но кога ја гледав на мастерсов што го играат последниов како игра мислам дека нема кој да и се спротистави едино Вожњачки но не верувам тука е и Звонарева на која сум фан но останува да видиме :)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Нема шанси да тепа Хјуит, едноставно не е тоа од пред 2, 3 години и поназад...
Очекувам Надал да го освои Гренд Слемов и да му се доближува на Федерер:tv:

--- надополнето ---

Ова квалификацииве неможат да се одиграат, само врне во Мелбурн:jaj:
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Нема кој да му пружи отпор на Рафа :)
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Мислам дека ќе го собере Федерер ова, некако не ми е сигурен Рафа за овој гренд слем.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.335
Поени од реакции
2.224
хм хм хм ...
Интересно.
фаворит нормално НАДАЛ, а што видов многу интересни натпревари не чекаат, добро е што имаме 1 Недела дома да ги гледаме сите дуели, бидејки не се оди на школо. Па затоа ке се прати, + Еуроспорт си фаќам и двата канала, кој како мене.

После Надал, го подржувам и Монфилс!
Сега за сега толку.
 

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Сирот тој немал отпор кој да му пружи :kesa::pos2:
Седи бе немој со тие Роџер Федерер филмови 6 години по ред што се емитуваа. :tv:
нека си купи палома овој пат да биде спремен , хахах
 
С

сашенко

Гостин
Кога играат фаворитите? Има некој распоред на натпревари?
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.810
Поени од реакции
15.915
Кога играат фаворитите? Има некој распоред на натпревари?
Од утре вечер недела спрема понеделник (01часот), па на даље ќе играат сите тенисери, има погоре распоред на мечевите, ама тајмингот не го знам кој кога ќе игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom