Allita напиша:
Mmmmm obozavam caevi...doma vo sekoe vreme moram da imam crn,zelen,kamilica,ovoshen od susheno ovoshje, ajducka treva, i specijalnata meshavina na tatko mi vo koja neznam shto se ima i go pijam koga sum nastinata i ima navistina efekt...
Mandrak ke moze da spodelish so nas receptata za toa kako go prigotvuvash crniot caj...jas go pijam so malku mleko vnatre, bidejki mi e mnogu jak...
Албино мачкетино форумска, пиши сега:
Го ставаш големиот чајник на оган полн со вода додека водата зоврие. Во малиот чајник ставаш чај(одприлика една голема лажица за секоја „порција”) и го преливаш со жешката вода што врие од големиот чајник, ако не знаеш колку, мери со „порциите”
-Го дополнуваш со вода големиот чајник, го намалуваш интензитетот на огнот, го ставаш малиот чајник врз големиот и го затвараш со поклопчето. Го оставаш онака на тивко уште околу 20 минути да вари водата во големиот чајник.
-Најдобро е да си набавиш малечки стаклени чашки за „турски” чај, ги има на Битпазар.
Сипуваш од малиот чајник(екстракт) помалку зашто е неверојатно силен и разредуваш по желба со водата од големиот чајник. Засладуваш по желба.
-Убав е и со капка млеко во него, но јас го сакам без други додатоци освен шеќер.
PS-Како што рече Sagaqua, одбери убаво друштво за пење чај, исклучиво во пар, со убава музика и личност што ти значи.-И ова е дел од рецептата!