Ајде во акција заедно со АИЕСЕК Скопје и Црвен Крст!

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Драги студенти и колеги,

АИЕСЕК Скопје, заедно со Црвен Крст на град Скопје организира хуманитарна акција за помагање на социјално загрозените семејства кои се наоѓаат во околината на градот Скопје.

Идејата на оваа акција е собирање на што поголема количина облека (обувки, јакни , џемпери, капи, шалови) за зимата која ни претстои, школски материјали (книги , тетратки) како и други материјали за кои сметате дека децата од социјално загрозените семејства би имале корист од истите.

Донираните материјали можете да ги донесете во канцеларијата на АИЕСЕК на Економскиот Факултет, како и во просториите на Црвен Крст на град Скопје (поточно Даре Џамбаз 2ри кат).

Времетрање на акцијата:
3ти до 14ти Декември

Фејсбук настан



Ви благодариме на хуманоста
Ајде да им помогнеме на оние на кои нашата помош им е најпотребна!

Ве очекуваме

 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Кога можам да се зачленам во АИЕСЕК? Студент сум од втора година
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Зошто само скопје, скопје, скопје во другиве градови нема ли социјално загрозени ?
 

filipmakedonski

Македонец
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.278
Поени од реакции
31
Зошто само скопје, скопје, скопје во другиве градови нема ли социјално загрозени ?
Ова е само првична акција во соработка со Црвен Крст на град Скопје, доколку бидат собрани поголема количина на материјали ќе се дистрибуираат низ цела Македонија со асистенција на Црвен Крст на Р.М.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom