Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
24 април 2008
Мислења
11.246
Поени од реакции
12.969
http://kapital.mk/ushte-20-562-makedontsi-si-zaminaa-za-edna-godina-dosega-otseleni-nad-600-000-luge/

УШТЕ 20.562 МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА. ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ НАД 600.000 ЛУЃЕ!
Објавено на 14 октомври 2015, 12:08 од Александар Јанев во Економија

Гордите патриоти отпорни на сиромаштијата и невработеноста во Македонија остануваат се помалку на број бидејќи во последните години егзодусот на Македонците кулминира. Најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 наши роднини, пријатели или соседи, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Најмногу од нив, дури 14.387 Македонци во 2013 година тропнале на портите на Германија, 1.457 се отселиле во Австрија и 1.385 во Швајцарија.

Вкупната бројка на отселени Македонци од земјава до денес, пак, надминува 600 илјади луѓе. До оваа проценка се доаѓа откако ќе се соберат сите објавени податоци за емиграција од меѓународните институции. Најпрво Светската банка објави дека до 2010 година од Македонија се отселиле 447 илјади граѓани, меѓутоа, истражувањето на професорите Весна Јанеска и Сузана Борнарова во една студија за Европската Комисија докажа дека бројката до 2011 година е поголема за околу 97 илјади иселени во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои претходно не биле земени предвид во истражувањето на Светска банка, и со тоа достигнува 544 илјади луѓе. Податоците на ОЕЦД, Светска банка и Евростат покажуваат дека од 2011 година до денес, бројот на македонски емигранти се зголемил за уште речиси 60 илјади граѓани така што сумирано се доаѓа до бројка што остава со „подзината уста“.

Дека трендот на масовно иселување не запира предупреди и Светската банка во својот најнов извештај за земјите од Балканот. Аналитичарите на оваа меѓународна финансиска институција се загрижени што годинава бројот на граѓани што бараат азил во Германија е всушност три пати поголем од лани што навестува дека емигрантите допрва ќе го срушат рекордот. За шест месеци, дури 6.704 Македонци побарале азил во Германија. Од сите земји во регионот, бројот на оние што бараат азил во Германија достигнува 78 илјади луѓе.

Мирнодопските балкански земји меѓу кои и граѓаните на Македонија кои најмногу бараат „прием“ во Германија се рангирани на истата листа со земјите како Сирија, Ирак, и Авганистан каде што беснеат војни.

„Регионот губи огромен дел од младото и образовано население. Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу топ земјите според бројот на емигрантите. Една четвртина од граѓаните веќе живеат надвор од своите татковини“, пишува во Извештајот на Светската банка.

Во овој Извештај се проценува дека од деведесеттите години до денес, 4,9 милиони луѓе ги напуштиле овие шест земји, но ако порано главната причина за тоа беа војните по распадот на Југославија, денес луѓето си заминуваат главно од економски причини.

„Слабиот економски раст, хроничната невработеност, животниот стандард еднаков на третина од европскиот просек и постојаната ранливост на надворешни кризи ги тераат луѓето да трагаат по подобри економски услови. Најголем дел од емигрантите се млади, работоспособни и генерално пообразовани отколку оние што остануваат во татковината“, предупредува Светската банка во својот извештај и ги предупреди „властите да инвестираат во развојни проекти што ќе поттикнат брз економски раст, ќе отворат нови работни места во приватниот сектор за да ги мотивираат младите да останат во своите земји, а оние што заминале да посакаат да се вратат“.

Експертите велат дека одливот на младите од земјата е трагедија бидејќи како што тргнало, овде ќе останат да живеат само пензионери.

„Државата треба да сфати дека не само што губи идни ресурси туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на пензионери и на ништо друго“, велат експертите.

Ако се знае дека во Македонија и после 24 години од независноста, повеќе од 500 илјади граѓани, односно една четвртина од населението живеат во сиромаштија, а 256 илјади луѓе се невработени, се проценува дека најголем дел од нив допрва ќе спасот од бедата ќе го бараат во бегството во “ветените” ЕУ, САД или Австралија.

Државниот завод за статистика изброја само 740 отселени лани
Домашната статистика пак за пребројување на отселени граѓани не е соодветна затоа што не ги калкулира луѓето кои се на привремен престој во странство, а практично се иселени, но во другата земја имаат статус на времено доселени. Така во публикацијата Миграции, Државниот завод за статистика пресметал само 740 отселени граѓани. Во последните пет години, според оваа публикација произлегува дека земјата ја напуштиле 5.081 луѓе што воопшто не соодветствува со реалноста.

Најдобар метод останува пописот, но според текот на политичките преговори, минимални се шансите да се спроведе регуларен попис што е еден од главните услови за фер и демократски избори, туку поверојатно е дека ќе се бара “преодно” решение што нема да ја даде целосната слика за бројот на луѓе во земјава. Она што е јасно е дека бројката од два милиона граѓани што живеат во Македонија е мит.

Печалбарите не се враќаат назад
Традиционалното печалбарство во Македонија веќе не постои, бидејќи се претвори во трајно иселување на македонските граѓани во странство. Помалите општини останаа со половина население, особено во зимските месеци.

Ако некогаш на печалба одел само еден човек или двајца браќа, денеска се оди со цело семејство од три генерации. Печалбарите велат дека полесно се преболува носталгијата со фамилијата покрај себе, а за време на зимскиот период и трошоците се помали, а и не мора да ја праќаат целата заработка во земјава, како порано.

Тие што заминаа, велат дека немаат намера да се вратат назад во „несредена држава“.

„Навистина чудно е што се потешко се враќаме назад. Ние заминавме во Австралија по егзистенција. Сега по 40 години сме добростоечки финансиски и без проблем можеме и ние и младите да опстојуваме дури и без работа. Но, нешто нè држи таму. Пробавме неколку пати да останеме подолго во Македонија, дури и ја реновиравме куќата. Но, едноставно квалитетот на живот е поинаков или барем ние сме навикнати така. Мора да кажам дека ја сакаме Македонија, но нема да се вратиме дефинитивно, а уште помалку нашите внуци родени и одгледани во Австралија“, вели еден иселеник во Австралија.

Тоа што иселениците не планираат да се вратат во татковината и ги повлекуваат своите семејства во странство отвора уште еден голем проблем. Економистите проценуваат дека во следните десет години, дознаките од странство, односно парите што им ги испраќаат печалбарите на своите роднини ќе се преполоват.

„Трендот покажува дека луѓето што одат на печалба, најчесто остануваат засекогаш да живеат во странство и ги повлекуваат и своите семејства. Тоа автоматски значи дека нема да имаат кому да праќаат пари во Македонија. Нивните деца што се таму родени имаат уште послаби врски со роднините во татковината, така што Македонија не може да се надева на големи приливи од странство по тој основ во иднина“, оценуваат економистите.

Ова се алармантни проценки за нас, ако се знае дека дознаките од странство важат за главни социјални и макроекономски стабилизатори. Само за споредба, минатата година иселениците пратиле 252,1 милиони долари во земјава, што е идентично колку и приливот на странски директни инвестиции.

Меѓутоа, едно истражување за значењето на дознаките од странство покажа дека дури половина од сите мигранти што праќаат пари, тоа најчесто не го прават преку формални канали како агенции за трансфер на пари, пошти или банки, така што половина од парите што ги праќаат нашинците воопшто и не се евидентираат во официјалните статистички податоци. Според тоа произлегува дека сумата е всушност и многу поголема.

Еден друг податок на Народната банка, кој ги опфаќа и девизите променети во менувачниците, покажува дека на тој начин лани се свртеле над 1,7 милијарди долари. Се проценува дека најголем дел од овие евра и долари се всушност печалбарски.

Истото истражување покажа дека парите што ги праќаат печалбарите имале исклучително позитивно влијание за животот на нивните домаќинства во татковината. Ова истражување покажува дека само една третина од емигрантите испраќаат пари во Македонија, најголем дел од нив до 5.000 долари. Само малку од печалбарите им праќале големи суми пари на своите семејства.
Авторите на извештајот се соросоиди, авторите на статијата се соросоиди, единствена вистина - и тоа само делумна вистина - во целата статија е информацијата од Државниот Завод за Статистика, која јасно гласи дека само 740 Македонци се иселиле во 2014 година.

Делумна вистина е, бидејќи тие 740 Македонци се вистински патриоти и не си заминале засекогаш, туку заминале за да ја промовираат вечната татковина низ Европа и низ светот.

Кога ќе се вратат со европски и светски невести/младоженци и илјадници странски инвеститори, ќе бидат пречекани како вистинки херои на аеродромот Александар Велики, од каде што со двокатен кабриолет автобус ќе бидат пренесени до Порта Македонија, каде што ќе бидат пречекани како вистински херои од потомците на Ацета Велики, воинот на коњ ќе пролее солзи радосници од Егејско Море, а коњот ќе нужди златен измет. Кога овие две супстанци ќе се измешаат и ќе влезат во Вардарот, нивото на мед и млеко кое Вардарот го носи со себеси ќе се зголеми масовно, така што ни целата вечна татковина нема да може да ги издржи поплавите од мед и млеко кои ќе следуваат.

--------------------------------------------------

А сега, враќање во реалноста.

Единствено трагично спомнато во извештајот на Светска Банка и во статијата на Капитал, се тие пари кои иселениците им ги испраќаат на своите семејства во Македонија.

Огромна е веројатноста дека само во 2014 година, добар дел од тие 252 милиони евра или над 1.7 милијарди долари според податоците на НБРМ, завршиле во рацете на едни или други корумпирани политичари, функционери и службеници - дали од плаќање даноци, дали од плаќање долгови, дали од плаќање казни или други измами создадени од страна на политичарите и останатите крвопијци кои преку сламка им ја цицаат крвта на Македонците.

Иселениците кои им мислат најдобро на своите семејства во Македонија, наместо пари, треба да им испратат авионски билети во еден правец за да се спакуваат и да се преселат кај своите блиски кои заминале во странство во потрага по подобар живот.

Денот кога крвопијците ќе останат без свежа крв, ќе биде денот кога ќе немаат на кого да му ја цицаат крвта, а тоа ќе биде денот кога ни 1 (ЕДЕН) иселенички цент нема да влезе во Македонија.

После тоа, на крвопијците ќе им остане единствено да се изедат меѓу себе.
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073

https://en.wikipedia.org/wiki/Demographics_of_the_Republic_of_Macedonia
Ethnic groupcensus 1948
Macedonians 789,648

Бројката на иселени државјани на Македонија се преближува до бројот на македонци по втората светска војна. Уште да знаеме колку Македонци имало за време Турско, за да можеме периодот под Македонско да го прогласиме како најлош период во историјата на овој народ.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.033
Поени од реакции
956
Емотивно писмо од иселена докторка
окт 14, 2015Доказ.МкКолумни

Македонија 2015.

Брзам… Летот ми е за пола саат! Се спаси – така ми викаат сите! Спасена сум била… Дури и на аеродромот сите вработени ми го кажаа истото „блазе си ти – ние остануваме тука”. Зошто не се чуствувам спасена? Да ми кажеа барем од што се спасив? Знаете ли вие колку е тежок чекорот. И таа одлука да решиш да оставиш се` и да тргнеш во непознатото! Да свртиш грб на твоите, најмилите и да кажеш – чао! Е, тоа чао колку е тешко само!?! Пари? Не се парите толку проблемот туку мирот! Телото некаде, а душата дома… тоа мир ли е?? Тогаш зошто? Не можеш повеќе да трпиш- ете затоа! Се обидуваш, но премногу е!

Германија 2015.

…Курс по германски јазик! Цел свет во десетмина збран! Прв час: треба да се претставиме од каде доаѓаме! Започнува прво девојчето од Либија. Ја претставува својата земја. Ни раскажува каков убав живот имала. Ни раскажува што сакала да биде кога ќе порасне. Ни раскажува за нејзиното семејство, нејзините другари и… и солзи И навираат во очите… и мене исто! ВОЈНА! Поделени, разделени – уништени! Се смени изразот на нејзиното лице. Сега ни раскажува како со денови патувале И како се криеле И спасувале и… Другари, пријатели, роднини, не знае кои преживеале, каде се, не знае повеќе што да ни каже. Молк. Слушаме сите. Стана неподносливо тивко! Тешки преголтувања се слушаат само да можеше се` да се голтне, ама прејадени сме. Продолжува дечкото до неа: Јас сум од Украина!!! Машкоста не му дава да пушти солза, се познава! Устата изгризана, едвај раскажува. Се смешка! Разбирам! Сигурно мисли за татковината, за првите чекори, за првите букви, за првите симпатии, за првите разочарувања, победи. Се` е таму! Овде? – ништо од тоа! Војна пак? Солзите ќе прелеат…и мене исто! Бегаме, бегате, бегаат! Бегаш,а не знаеш каде одиш! Еден профессор ми рече: „Оди таму кај што ветерот ти го знае името!“

Овде никој не ме знае. Ветерот боли, дождот е премногу студен, сонцето не го чувствувам, не ме грее, не ме стоплува! И победата не е победа. Нити поразот пораз! Доаѓа на ред мојот, веќе другар, од Сараево! Започнува. Му дојде како флеш бек се што преживеал некогаш! Немал ни убаво детство. Само страв, страв и борба за преживување! Другите слушаат. Професорката не` гледа, се чувствува како да ни згрешила. Дојде мојот ред! „Здраво, јас доаѓам од Македонија!“ Кога го изговорив името се почувствував толку гордо! Абе каква само топлина во студената Германија! Сакав да им кажам и покажам на сите колку е убава нашата Македонија. Какви луѓе живеат таму! Па кај нас владее оптимизам! Дури и нашиот грб е оптимистички. Сонце и планина, борба и слобода! Тоа е нашиот живот, тоа е и вашиот живот иако не знаете! Сите маки, проблеми, тешкотиии – тоа е планината! Зад секоја планина има сонце – решение! Ќе биде добро – им велам јас! Сакам да им дадам малку мир, малку оптимизам да налеам во овој момент. Девојчето од Либија ми вели: „Некогаш планината е многу голема! Тогаш треба да почекаме подолго“. И` велам: „Нема откажување!“

Продолжувам да зборувам! За мојот град, колку е најубав! За моето семејство, за моите другари. И сум среќна, светам! Ѕид ќе поместам со моите зборови. Абе ќе убедам човек да земе да се спакува и да отиде да живее таму! Ме прекинува еден дечко од Полска! Добро Ања, зошто дојде тука? Ми стежнеа, ми се смачи. Голем камен ми стави на душата со тоа прашање, аман кај го најде!? Занемев! Внатре вриштам, а гласот ми го снема – не можам да зборувам. Едвај некако собрав сили да му кажам и да си признаам. Тивко во тишината му одговорив: „Затоа што така беше! Веќе одамна не е така!“ Еднаш некој ми рече: „Порано беше подруго, се` беш сиво, но душите ни беа шарени! Сега се` е шарено, душите ни се сиви!“ Таа рамнодушност за се`! Тоа не` убива! Мене во Македонија ми го нема друштвото! Еден другар ни е во Америка, другите се во Словенија, Италија, Австрија, Бугарија и Германија! Мене семејството не ми беше дома, беше во Италија! Печалбари. Да, таков е животот на Македонците, печалбарски, за пари бил. А сега? Заминувам, значи, се спасувам! Се спасувам од депресијата која ја има во Македонија! Луѓето не сакаат да живеат таму. Таму има владетели како од барокот кои ќе останат сами! Кај нас ја убија среќата, ја убија радоста!! Кај нас нема војна, но пак се убива! Кај нас не убиваат луѓе, кај нас убиваат души! Сите души се болни во Македонија. Кога бев мала, никој не зборуваше за пари, за партиии. Како мала не знаев кој ни е претседател. Мислев дека најголеми пари се 50 денари. Бев зафатена со кукли, бев докторка и сите кукли требаше да ги лекувам. И правевме парфеми и имавме фантазија, имавме СРЕЌА! Сега децата не си играат, не се смеат, немаат желби. Играат игри, абе не се ни тепаат, оти сите си имаат свој таблет И се зафатени!
И сега сум таква докторка! Вистинска. Кога побарав работа во Македонија прво ми побараа „други документи”, наместо диплома И ми понудија плата од 5.000 денари –волонтирање! Просечна чистачка зема минимална плата која е многу поголема од докторската! Реков – НЕ! Доста понижувања!!! Сите ученици кои бевме добри и кои знаевме што сакаме да станеме кога ќе пораснеме рековме: „Не, нема да дозволиме“. Сите се спасивме? Немојте така да зборувате луѓе, па греота е! Зарем ние не сакаме да бидеме дома на топло со семејството, да си ги гледаме нашите како стареат, да излегуваме со пријатели, на кои без да се објаснуваме ќе не` разберат што сакаме да кажеме, да не` разберат зошто се смееме и зошто плачеме. Тука никој не го интересира!

Пак ќе кажам: Преголтуваме и преголтуваме и камо да можеше се` да се преголтне. Само, камо да можеше целото тоа да можам да го кажам, за да ме разбере дечкото од Полска! Сакав да ме разберат сите! Ама тоа не е твојот јазик, тука фалат зборови, тука фалат емоциии. Ама на лицето ми пишуваше се`. Кога очите зборуваат, туѓиот јазик не е потребен. Сараево ме разбра. Ми рече, ќе помине! Либија ме погледна. Ми рече ќе издржиш! Украина ме погледна – ми рече силни сме! Тишина. Другите се збунија! Им беше срам да кажат од каде се! Кои се? Зошто се? Ја гледам професорката. И таа ги брише солзите! Целата топлина се размени со студенило! Сивилото кое го оставив дома! Сум го носела значи?! Значи ова се` било само глума! Сами талкаме и не знаеме зошто, сами се развеавме и пак не знаеме зошто! Сами и ќе си умреме! А се` што сакаме е топлина, радост, мир. Сама… а така ќе е убаво да дојде некој кој ќе ми каже, ајде доста беше. Ајде да си одиме дома. И тоа да биде и мојата дома исто. Ете тоа ќе ме спаси!

Анонимна докторка

D

Darko_ufo

Гостин

Dokaz.mk :tapp::pos:
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.902
Поени од реакции
10.475
Не ја коментирам содржината на колумната, иако вакви емотивни сцени можам само во латино серии да замислам. Моја забелешка како некој што поминал низ тие курсеви, шансите дека ваков дијалог се одвивал на курс по Германски се некаде околу 0%. Интеграцискиот курс е на Германски, нема Англиски, Арапски, Украински. Ако сите овие личности погоре можеа да бидат дел од овој дијалог и тоа на Германски, не би имале потреба да го посетуваат истиот. Кај мене имаше луѓе со 19 години престој во Германија што не можеа да состават 3 прости реченици на Германски. Како што реков, суштината не ја коментирам, арно ама со вакви Good Will Hunting патетични стории прават сатира и обична шега од проблемот што несомнено постои.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
http://kapital.mk/ushte-20-562-makedontsi-si-zaminaa-za-edna-godina-dosega-otseleni-nad-600-000-luge/

УШТЕ 20.562 МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА. ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ НАД 600.000 ЛУЃЕ!
Објавено на 14 октомври 2015, 12:08 од Александар Јанев во Економија

Гордите патриоти отпорни на сиромаштијата и невработеноста во Македонија остануваат се помалку на број бидејќи во последните години егзодусот на Македонците кулминира. Најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 наши роднини, пријатели или соседи, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Најмногу од нив, дури 14.387 Македонци во 2013 година тропнале на портите на Германија, 1.457 се отселиле во Австрија и 1.385 во Швајцарија.

Вкупната бројка на отселени Македонци од земјава до денес, пак, надминува 600 илјади луѓе. До оваа проценка се доаѓа откако ќе се соберат сите објавени податоци за емиграција од меѓународните институции. Најпрво Светската банка објави дека до 2010 година од Македонија се отселиле 447 илјади граѓани, меѓутоа, истражувањето на професорите Весна Јанеска и Сузана Борнарова во една студија за Европската Комисија докажа дека бројката до 2011 година е поголема за околу 97 илјади иселени во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои претходно не биле земени предвид во истражувањето на Светска банка, и со тоа достигнува 544 илјади луѓе. Податоците на ОЕЦД, Светска банка и Евростат покажуваат дека од 2011 година до денес, бројот на македонски емигранти се зголемил за уште речиси 60 илјади граѓани така што сумирано се доаѓа до бројка што остава со „подзината уста“.

Дека трендот на масовно иселување не запира предупреди и Светската банка во својот најнов извештај за земјите од Балканот. Аналитичарите на оваа меѓународна финансиска институција се загрижени што годинава бројот на граѓани што бараат азил во Германија е всушност три пати поголем од лани што навестува дека емигрантите допрва ќе го срушат рекордот. За шест месеци, дури 6.704 Македонци побарале азил во Германија. Од сите земји во регионот, бројот на оние што бараат азил во Германија достигнува 78 илјади луѓе.

Мирнодопските балкански земји меѓу кои и граѓаните на Македонија кои најмногу бараат „прием“ во Германија се рангирани на истата листа со земјите како Сирија, Ирак, и Авганистан каде што беснеат војни.

„Регионот губи огромен дел од младото и образовано население. Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу топ земјите според бројот на емигрантите. Една четвртина од граѓаните веќе живеат надвор од своите татковини“, пишува во Извештајот на Светската банка.

Во овој Извештај се проценува дека од деведесеттите години до денес, 4,9 милиони луѓе ги напуштиле овие шест земји, но ако порано главната причина за тоа беа војните по распадот на Југославија, денес луѓето си заминуваат главно од економски причини.

„Слабиот економски раст, хроничната невработеност, животниот стандард еднаков на третина од европскиот просек и постојаната ранливост на надворешни кризи ги тераат луѓето да трагаат по подобри економски услови. Најголем дел од емигрантите се млади, работоспособни и генерално пообразовани отколку оние што остануваат во татковината“, предупредува Светската банка во својот извештај и ги предупреди „властите да инвестираат во развојни проекти што ќе поттикнат брз економски раст, ќе отворат нови работни места во приватниот сектор за да ги мотивираат младите да останат во своите земји, а оние што заминале да посакаат да се вратат“.

Експертите велат дека одливот на младите од земјата е трагедија бидејќи како што тргнало, овде ќе останат да живеат само пензионери.

„Државата треба да сфати дека не само што губи идни ресурси туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на пензионери и на ништо друго“, велат експертите.

Ако се знае дека во Македонија и после 24 години од независноста, повеќе од 500 илјади граѓани, односно една четвртина од населението живеат во сиромаштија, а 256 илјади луѓе се невработени, се проценува дека најголем дел од нив допрва ќе спасот од бедата ќе го бараат во бегството во “ветените” ЕУ, САД или Австралија.

Државниот завод за статистика изброја само 740 отселени лани
Домашната статистика пак за пребројување на отселени граѓани не е соодветна затоа што не ги калкулира луѓето кои се на привремен престој во странство, а практично се иселени, но во другата земја имаат статус на времено доселени. Така во публикацијата Миграции, Државниот завод за статистика пресметал само 740 отселени граѓани. Во последните пет години, според оваа публикација произлегува дека земјата ја напуштиле 5.081 луѓе што воопшто не соодветствува со реалноста.

Најдобар метод останува пописот, но според текот на политичките преговори, минимални се шансите да се спроведе регуларен попис што е еден од главните услови за фер и демократски избори, туку поверојатно е дека ќе се бара “преодно” решение што нема да ја даде целосната слика за бројот на луѓе во земјава. Она што е јасно е дека бројката од два милиона граѓани што живеат во Македонија е мит.

Печалбарите не се враќаат назад
Традиционалното печалбарство во Македонија веќе не постои, бидејќи се претвори во трајно иселување на македонските граѓани во странство. Помалите општини останаа со половина население, особено во зимските месеци.

Ако некогаш на печалба одел само еден човек или двајца браќа, денеска се оди со цело семејство од три генерации. Печалбарите велат дека полесно се преболува носталгијата со фамилијата покрај себе, а за време на зимскиот период и трошоците се помали, а и не мора да ја праќаат целата заработка во земјава, како порано.

Тие што заминаа, велат дека немаат намера да се вратат назад во „несредена држава“.

„Навистина чудно е што се потешко се враќаме назад. Ние заминавме во Австралија по егзистенција. Сега по 40 години сме добростоечки финансиски и без проблем можеме и ние и младите да опстојуваме дури и без работа. Но, нешто нè држи таму. Пробавме неколку пати да останеме подолго во Македонија, дури и ја реновиравме куќата. Но, едноставно квалитетот на живот е поинаков или барем ние сме навикнати така. Мора да кажам дека ја сакаме Македонија, но нема да се вратиме дефинитивно, а уште помалку нашите внуци родени и одгледани во Австралија“, вели еден иселеник во Австралија.

Тоа што иселениците не планираат да се вратат во татковината и ги повлекуваат своите семејства во странство отвора уште еден голем проблем. Економистите проценуваат дека во следните десет години, дознаките од странство, односно парите што им ги испраќаат печалбарите на своите роднини ќе се преполоват.

„Трендот покажува дека луѓето што одат на печалба, најчесто остануваат засекогаш да живеат во странство и ги повлекуваат и своите семејства. Тоа автоматски значи дека нема да имаат кому да праќаат пари во Македонија. Нивните деца што се таму родени имаат уште послаби врски со роднините во татковината, така што Македонија не може да се надева на големи приливи од странство по тој основ во иднина“, оценуваат економистите.

Ова се алармантни проценки за нас, ако се знае дека дознаките од странство важат за главни социјални и макроекономски стабилизатори. Само за споредба, минатата година иселениците пратиле 252,1 милиони долари во земјава, што е идентично колку и приливот на странски директни инвестиции.

Меѓутоа, едно истражување за значењето на дознаките од странство покажа дека дури половина од сите мигранти што праќаат пари, тоа најчесто не го прават преку формални канали како агенции за трансфер на пари, пошти или банки, така што половина од парите што ги праќаат нашинците воопшто и не се евидентираат во официјалните статистички податоци. Според тоа произлегува дека сумата е всушност и многу поголема.

Еден друг податок на Народната банка, кој ги опфаќа и девизите променети во менувачниците, покажува дека на тој начин лани се свртеле над 1,7 милијарди долари. Се проценува дека најголем дел од овие евра и долари се всушност печалбарски.

Истото истражување покажа дека парите што ги праќаат печалбарите имале исклучително позитивно влијание за животот на нивните домаќинства во татковината. Ова истражување покажува дека само една третина од емигрантите испраќаат пари во Македонија, најголем дел од нив до 5.000 долари. Само малку од печалбарите им праќале големи суми пари на своите семејства.

Не бе па и ти, како тоа, се е ова лага, само Сител и Канал 5 се "најверодостојни", нели ние сме втора најголема растечка економија во Европа, нема шанси ова да се деси. Грујо кажува дека неколку илјади луѓе се вработиле само оваа година, само незнам дали тие се некои "невидливи луѓе кои работат некоја невидлива работа", или ги зема статистиките од Агенцијата за Вработување (отпишување од евиденција на невработени, ако не се пријавиш до закажаниот рок), или отселените во странство ги смета за вработени во Македонија.:( Само незнам како се одржува буџетот на Македонија да не колабрира, од пари од иселениците и даноци, не верувам дека само така, бидејќи последниве неколку години испоставаа глупости, палми, жални врби, бродови, сега панорамско тркало, и секоја по неколку милиони евра, плус да ја додадеме неписмената и неспособна партиска администрација која како лешинар го цица буџетот на РМ.

Или пак оние мизернине неспособни опозиционери кои обеќаат дека кога ќе дојдат на власт ќе направат секој да зема 850 евра плата:pos:. Ако мислат на времето кога они беа на власт, не фала:)
 
Skorp

That guy...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
1.214
Поени од реакции
2.356
Авторите на извештајот се соросоиди, авторите на статијата се соросоиди, единствена вистина - и тоа само делумна вистина - во целата статија е информацијата од Државниот Завод за Статистика, која јасно гласи дека само 740 Македонци се иселиле во 2014 година.

Делумна вистина е, бидејќи тие 740 Македонци се вистински патриоти и не си заминале засекогаш, туку заминале за да ја промовираат вечната татковина низ Европа и низ светот.

Кога ќе се вратат со европски и светски невести/младоженци и илјадници странски инвеститори, ќе бидат пречекани како вистинки херои на аеродромот Александар Велики, од каде што со двокатен кабриолет автобус ќе бидат пренесени до Порта Македонија, каде што ќе бидат пречекани како вистински херои од потомците на Ацета Велики, воинот на коњ ќе пролее солзи радосници од Егејско Море, а коњот ќе нужди златен измет. Кога овие две супстанци ќе се измешаат и ќе влезат во Вардарот, нивото на мед и млеко кое Вардарот го носи со себеси ќе се зголеми масовно, така што ни целата вечна татковина нема да може да ги издржи поплавите од мед и млеко кои ќе следуваат.

--------------------------------------------------

А сега, враќање во реалноста.

Единствено трагично спомнато во извештајот на Светска Банка и во статијата на Капитал, се тие пари кои иселениците им ги испраќаат на своите семејства во Македонија.

Огромна е веројатноста дека само во 2014 година, добар дел од тие 252 милиони евра или над 1.7 милијарди долари според податоците на НБРМ, завршиле во рацете на едни или други корумпирани политичари, функционери и службеници - дали од плаќање даноци, дали од плаќање долгови, дали од плаќање казни или други измами создадени од страна на политичарите и останатите крвопијци кои преку сламка им ја цицаат крвта на Македонците.

Иселениците кои им мислат најдобро на своите семејства во Македонија, наместо пари, треба да им испратат авионски билети во еден правец за да се спакуваат и да се преселат кај своите блиски кои заминале во странство во потрага по подобар живот.

Денот кога крвопијците ќе останат без свежа крв, ќе биде денот кога ќе немаат на кого да му ја цицаат крвта, а тоа ќе биде денот кога ни 1 (ЕДЕН) иселенички цент нема да влезе во Македонија.

После тоа, на крвопијците ќе им остане единствено да се изедат меѓу себе.

Svaka cast
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.636
Поени од реакции
85.437
После тоа, на крвопијците ќе им остане единствено да се изедат меѓу себе.
Баш ова упорно го тврдам - дека во Македонија на крај ќе има само вработени во администрација, а државата ќе се издржува преку комплициран систем на меѓусебно пишување и наплаќање на казни, помеѓу овие полтроните кои останале и работат во администрација.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
815
http://kapital.mk/ushte-20-562-makedontsi-si-zaminaa-za-edna-godina-dosega-otseleni-nad-600-000-luge/

УШТЕ 20.562 МАКЕДОНЦИ СИ ЗАМИНАА ЗА ЕДНА ГОДИНА. ДОСЕГА ОТСЕЛЕНИ НАД 600.000 ЛУЃЕ!
Објавено на 14 октомври 2015, 12:08 од Александар Јанев во Економија

Гордите патриоти отпорни на сиромаштијата и невработеноста во Македонија остануваат се помалку на број бидејќи во последните години егзодусот на Македонците кулминира. Најновите податоци на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) покажуваат дека само за една година, Македонија ја напуштиле најмалку 20.562 наши роднини, пријатели или соседи, што е рекордна бројка на иселени луѓе во последните 15 години. Најмногу од нив, дури 14.387 Македонци во 2013 година тропнале на портите на Германија, 1.457 се отселиле во Австрија и 1.385 во Швајцарија.

Вкупната бројка на отселени Македонци од земјава до денес, пак, надминува 600 илјади луѓе. До оваа проценка се доаѓа откако ќе се соберат сите објавени податоци за емиграција од меѓународните институции. Најпрво Светската банка објави дека до 2010 година од Македонија се отселиле 447 илјади граѓани, меѓутоа, истражувањето на професорите Весна Јанеска и Сузана Борнарова во една студија за Европската Комисија докажа дека бројката до 2011 година е поголема за околу 97 илјади иселени во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд кои претходно не биле земени предвид во истражувањето на Светска банка, и со тоа достигнува 544 илјади луѓе. Податоците на ОЕЦД, Светска банка и Евростат покажуваат дека од 2011 година до денес, бројот на македонски емигранти се зголемил за уште речиси 60 илјади граѓани така што сумирано се доаѓа до бројка што остава со „подзината уста“.

Дека трендот на масовно иселување не запира предупреди и Светската банка во својот најнов извештај за земјите од Балканот. Аналитичарите на оваа меѓународна финансиска институција се загрижени што годинава бројот на граѓани што бараат азил во Германија е всушност три пати поголем од лани што навестува дека емигрантите допрва ќе го срушат рекордот. За шест месеци, дури 6.704 Македонци побарале азил во Германија. Од сите земји во регионот, бројот на оние што бараат азил во Германија достигнува 78 илјади луѓе.

Мирнодопските балкански земји меѓу кои и граѓаните на Македонија кои најмногу бараат „прием“ во Германија се рангирани на истата листа со земјите како Сирија, Ирак, и Авганистан каде што беснеат војни.

„Регионот губи огромен дел од младото и образовано население. Албанија, Македонија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина се меѓу топ земјите според бројот на емигрантите. Една четвртина од граѓаните веќе живеат надвор од своите татковини“, пишува во Извештајот на Светската банка.

Во овој Извештај се проценува дека од деведесеттите години до денес, 4,9 милиони луѓе ги напуштиле овие шест земји, но ако порано главната причина за тоа беа војните по распадот на Југославија, денес луѓето си заминуваат главно од економски причини.

„Слабиот економски раст, хроничната невработеност, животниот стандард еднаков на третина од европскиот просек и постојаната ранливост на надворешни кризи ги тераат луѓето да трагаат по подобри економски услови. Најголем дел од емигрантите се млади, работоспособни и генерално пообразовани отколку оние што остануваат во татковината“, предупредува Светската банка во својот извештај и ги предупреди „властите да инвестираат во развојни проекти што ќе поттикнат брз економски раст, ќе отворат нови работни места во приватниот сектор за да ги мотивираат младите да останат во своите земји, а оние што заминале да посакаат да се вратат“.

Експертите велат дека одливот на младите од земјата е трагедија бидејќи како што тргнало, овде ќе останат да живеат само пензионери.

„Државата треба да сфати дека не само што губи идни ресурси туку и губи средства кои ги инвестирала во развојот и во образованието на тие млади луѓе. Бидејќи очигледно емиграцијата не запира, на долг рок ќе се соочиме не само со демографско стареење на населението, туку со екстремност на целосно стара држава, која ќе почива на пензионери и на ништо друго“, велат експертите.

Ако се знае дека во Македонија и после 24 години од независноста, повеќе од 500 илјади граѓани, односно една четвртина од населението живеат во сиромаштија, а 256 илјади луѓе се невработени, се проценува дека најголем дел од нив допрва ќе спасот од бедата ќе го бараат во бегството во “ветените” ЕУ, САД или Австралија.

Државниот завод за статистика изброја само 740 отселени лани
Домашната статистика пак за пребројување на отселени граѓани не е соодветна затоа што не ги калкулира луѓето кои се на привремен престој во странство, а практично се иселени, но во другата земја имаат статус на времено доселени. Така во публикацијата Миграции, Државниот завод за статистика пресметал само 740 отселени граѓани. Во последните пет години, според оваа публикација произлегува дека земјата ја напуштиле 5.081 луѓе што воопшто не соодветствува со реалноста.

Најдобар метод останува пописот, но според текот на политичките преговори, минимални се шансите да се спроведе регуларен попис што е еден од главните услови за фер и демократски избори, туку поверојатно е дека ќе се бара “преодно” решение што нема да ја даде целосната слика за бројот на луѓе во земјава. Она што е јасно е дека бројката од два милиона граѓани што живеат во Македонија е мит.

Печалбарите не се враќаат назад
Традиционалното печалбарство во Македонија веќе не постои, бидејќи се претвори во трајно иселување на македонските граѓани во странство. Помалите општини останаа со половина население, особено во зимските месеци.

Ако некогаш на печалба одел само еден човек или двајца браќа, денеска се оди со цело семејство од три генерации. Печалбарите велат дека полесно се преболува носталгијата со фамилијата покрај себе, а за време на зимскиот период и трошоците се помали, а и не мора да ја праќаат целата заработка во земјава, како порано.

Тие што заминаа, велат дека немаат намера да се вратат назад во „несредена држава“.

„Навистина чудно е што се потешко се враќаме назад. Ние заминавме во Австралија по егзистенција. Сега по 40 години сме добростоечки финансиски и без проблем можеме и ние и младите да опстојуваме дури и без работа. Но, нешто нè држи таму. Пробавме неколку пати да останеме подолго во Македонија, дури и ја реновиравме куќата. Но, едноставно квалитетот на живот е поинаков или барем ние сме навикнати така. Мора да кажам дека ја сакаме Македонија, но нема да се вратиме дефинитивно, а уште помалку нашите внуци родени и одгледани во Австралија“, вели еден иселеник во Австралија.

Тоа што иселениците не планираат да се вратат во татковината и ги повлекуваат своите семејства во странство отвора уште еден голем проблем. Економистите проценуваат дека во следните десет години, дознаките од странство, односно парите што им ги испраќаат печалбарите на своите роднини ќе се преполоват.

„Трендот покажува дека луѓето што одат на печалба, најчесто остануваат засекогаш да живеат во странство и ги повлекуваат и своите семејства. Тоа автоматски значи дека нема да имаат кому да праќаат пари во Македонија. Нивните деца што се таму родени имаат уште послаби врски со роднините во татковината, така што Македонија не може да се надева на големи приливи од странство по тој основ во иднина“, оценуваат економистите.

Ова се алармантни проценки за нас, ако се знае дека дознаките од странство важат за главни социјални и макроекономски стабилизатори. Само за споредба, минатата година иселениците пратиле 252,1 милиони долари во земјава, што е идентично колку и приливот на странски директни инвестиции.

Меѓутоа, едно истражување за значењето на дознаките од странство покажа дека дури половина од сите мигранти што праќаат пари, тоа најчесто не го прават преку формални канали како агенции за трансфер на пари, пошти или банки, така што половина од парите што ги праќаат нашинците воопшто и не се евидентираат во официјалните статистички податоци. Според тоа произлегува дека сумата е всушност и многу поголема.

Еден друг податок на Народната банка, кој ги опфаќа и девизите променети во менувачниците, покажува дека на тој начин лани се свртеле над 1,7 милијарди долари. Се проценува дека најголем дел од овие евра и долари се всушност печалбарски.

Истото истражување покажа дека парите што ги праќаат печалбарите имале исклучително позитивно влијание за животот на нивните домаќинства во татковината. Ова истражување покажува дека само една третина од емигрантите испраќаат пари во Македонија, најголем дел од нив до 5.000 долари. Само малку од печалбарите им праќале големи суми пари на своите семејства.
Некојпат ќе прочитам во некоја статија дека и јас сум се иселил, ама не сум знаел за тоа. Хехехе.

Секој кој се иселува од Македонија повеќе од 6 месеци треба да го одјави своето престојувалиште во Македонија и во таков случај не е македонски даночен обврзник, туку на државата каде престојува повеќе од 6 месеци Годишно. Само македонскиот Завод за статистика добива информации од МВР за иселените граѓани и јавно ги објавува. Што напишал некој некаде е релевантно колку и ланскиот снег.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Некојпат ќе прочитам во некоја статија дека и јас сум се иселил, ама не сум знаел за тоа. Хехехе.

Секој кој се иселува од Македонија повеќе од 6 месеци треба да го одјави своето престојувалиште во Македонија и во таков случај не е македонски даночен обврзник, туку на државата каде престојува повеќе од 6 месеци Годишно. Само македонскиот Завод за статистика добива информации од МВР за иселените граѓани и јавно ги објавува. Што напишал некој некаде е релевантно колку и ланскиот снег.
Не ми треба ваков податок јас на своја кожа сум го осетил иселувањето. Улицата кај што се родив и кај што живеев до 18 год е празна а не е некое село да речиш во Охрид е. Во радиус од 300 метри на таа улица бевме преку 40 деца сега нема ни едно по некој пензионер и средовечни луѓе над 45 год тоа е тоа.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Некојпат ќе прочитам во некоја статија дека и јас сум се иселил, ама не сум знаел за тоа. Хехехе.

Секој кој се иселува од Македонија повеќе од 6 месеци треба да го одјави своето престојувалиште во Македонија и во таков случај не е македонски даночен обврзник, туку на државата каде престојува повеќе од 6 месеци Годишно. Само македонскиот Завод за статистика добива информации од МВР за иселените граѓани и јавно ги објавува. Што напишал некој некаде е релевантно колку и ланскиот снег.
Има еден виц:
- имам бе проблем...:му ставив на аутото спојлер , штеди 15%, посебни гуми..18%, нов софтвер за бордкомпјутерот 32%, нов систем за убризгување гориво 30%, го исполирав огледало 20%...
- па што е проблемот???
- како бе што е, кога го возам аутото од резервоарот извира гориво.., се бербат праи... :):):)

И..никако не ми е јасно кога ќе се иссели последниот кон тој убав мирисен и сончев свет, па малку раат да се раскомотиме ????;)
 
Член од
6 април 2005
Мислења
2.959
Поени од реакции
3.099

za razlika,tvoite pisuvanja se relevantni i izdrzani so fakti?[DOUBLEPOST=1445202251][/DOUBLEPOST]

sea ne ste komotni?
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
za razlika,tvoite pisuvanja se relevantni i izdrzani so fakti?[DOUBLEPOST=1445202251][/DOUBLEPOST]
sea ne ste komotni?
....релативно , да не е уште ова постојаното ѕвонцање и закерање на овие кои би оделе да пливаат у мед и млеко.... ќе биде рајска тишина, лепота за уво...;)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom