Ауфвидерзен Македонијо!

Член од
31 август 2013
Мислења
149
Поени од реакции
338
Уште некој стручен да ми ја објасни потребата на некои животот на нашите во странство секогаш да се дефинира како кучешки, беден, на раб на достоинство. Не се зафркавам, навистина не разбирам. Освен очигледната употреба на одбранбениот механизам дека туѓото грозје е кисело, ама мојот лимон е благ, не можам да си го објаснам овој феномен. Јас навистина не знам никој (а знам многу, премногу луѓе преселени во странство) да страда таму како тука, па ако сака и чистач нека работи. Пак живее подостоинствено од чистач тука. Велат, таму на крај на месец ништо не ти останува.... Ај да кажеме нека е така (а не е, ама ај, атер за муабетот)-овде на 80% од народот на СРЕД месец не им стига, не на крај на месец да не им останува. Јас многу, искрено и длабоко верував во Македонија, или можеби во моите идеали за Македонија, ама гледам дека на Македонија не ѝ е гајле за сопствените деца, за сопствените луѓе. Овде тие што би требало да се грижат за Македонија (односно за народот-оти тој е Македонија, без него ова е безлична територија, народот го дава идентитетот) оние што треба да се грижат и да се загрижат-вртат глава на страна, го игнорираат проблемот, надевајќи се дека ќе го снема. Синдром на ној. Ако не го признавам проблемот-значи го нема. Така ни куќен совет не се води, а не држава. Не е лесно во странство, точно, ама никој не бара лесно-бара да може да работи и да живее нормално од својата чесна работа (под чесна значи и плаќање даноци- за оние „патриоти“ што ги читам тука кои се горди што криумчарат ова-она од тој гнил Запад, а овде се фалат уште и дека не плаќаат никаков данок, а веројатно ги злоупотребуваат привилегиите од оние кои тој данок си го плаќаат најчесно). Едноставно, има луѓе, има многу луѓе, кои само сакаат да работат, да живеат од својот труд и да не се замараат со глупости кои им го цицаат животот и годините како пијавици. Толку.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
За првиот дел каде прочита дека воопшто кажувам од што зависи економијата? Споменици или дијаспора? Баш ради тоа нека си идат што повеќе во дијаспората па така од парите од дијаспората ние ќе живееме овде ко цареви.

Фејспалмот е за типот што не го сфатил потписов мој што е ставен во сарказам од некој друг рандом тип што појма нема што зборува. Не осудив некого зошто немал или зошто заминал преку глава ми е од луѓе ко леандра што само се жали и ништо друго неправи долги години, а тоа дали ќе цмиздрам јас не биди толку сигурен побрзо ќе барам решение одколку сожалување. Уште еден фејспалм ме мрзи слика да редам за тебе.
Never say never... Oбично многу викаат јас никогаш нема вака и така ама на крај секој ќе си добие неубав дел од животот. Ти реков не суди за другите и не се прави паметен пошто незнаеш каде ги однесла маката. Дали плачеле или не нивна работа.

Па и јас тоа викам нека си заминат сите барем да можеш како цар да живееш
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Уште некој стручен да ми ја објасни потребата на некои животот на нашите во странство секогаш да се дефинира како кучешки, беден, на раб на достоинство. Не се зафркавам, навистина не разбирам. Освен очигледната употреба на одбранбениот механизам дека туѓото грозје е кисело, ама мојот лимон е благ, не можам да си го објаснам овој феномен. Јас навистина не знам никој (а знам многу, премногу луѓе преселени во странство) да страда таму како тука, па ако сака и чистач нека работи. Пак живее подостоинствено од чистач тука. Велат, таму на крај на месец ништо не ти останува.... Ај да кажеме нека е така (а не е, ама ај, атер за муабетот)-овде на 80% од народот на СРЕД месец не им стига, не на крај на месец да не им останува. Јас многу, искрено и длабоко верував во Македонија, или можеби во моите идеали за Македонија, ама гледам дека на Македонија не ѝ е гајле за сопствените деца, за сопствените луѓе. Овде тие што би требало да се грижат за Македонија (односно за народот-оти тој е Македонија, без него ова е безлична територија, народот го дава идентитетот) оние што треба да се грижат и да се загрижат-вртат глава на страна, го игнорираат проблемот, надевајќи се дека ќе го снема. Синдром на ној. Ако не го признавам проблемот-значи го нема. Така ни куќен совет не се води, а не држава. Не е лесно во странство, точно, ама никој не бара лесно-бара да може да работи и да живее нормално од својата чесна работа (под чесна значи и плаќање даноци- за оние „патриоти“ што ги читам тука кои се горди што криумчарат ова-она од тој гнил Запад, а овде се фалат уште и дека не плаќаат никаков данок, а веројатно ги злоупотребуваат привилегиите од оние кои тој данок си го плаќаат најчесно). Едноставно, има луѓе, има многу луѓе, кои само сакаат да работат, да живеат од својот труд и да не се замараат со глупости кои им го цицаат животот и годините како пијавици. Толку.
:cuc:

Али на кој ќе му објаснуваш. Не за џабе сме пополнале 80+ страници...да немаше потреба до дополнителни објаснувања, ќе бевме до 20тина.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.987
Поени од реакции
21.535
:cuc:

Али на кој ќе му објаснуваш. Не за џабе сме пополнале 80+ страници...да немаше потреба до дополнителни објаснувања, ќе бевме до 20тина.
Ете да не барам во сите 80 + страни, ти уште си тука или емигрира веќе?
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Ете да не барам во сите 80 + страни, ти уште си тука или емигрира веќе?
Уште сум тука. Планирам да ја оправам државава. Не знам како ќе ми иде, ама редно е да почнам. :pos:

Ти, арен? Таму доле битолско, арно е? Се спремате за избори?
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.987
Поени од реакции
21.535
Уште сум тука. Планирам да ја оправам државава. Не знам како ќе ми иде, ама редно е да почнам. :pos:

Ти, арен? Таму доле битолско, арно е? Се спремате за избори?
Ехеее сега ете на секој чекор отворија мини штабчиња. Живна градот:)
Немој да се замараш, нема да се вклопиш во сликата за просечен Македонец;)
 
Член од
26 април 2012
Мислења
28
Поени од реакции
19
Тука правиме муабет за обичните луѓе не за политичарите. И обичните израелци, ако се во ваква каша како нашата т.е ако нивните политичари се однесуваат како нашите сигурно не би седеле во Израел
Ми се допаѓа наивноста.

Всушност, во Израел имаат изрази за тоа кој од каде се населил. Тие што се во моментов на власт се ашкенази луѓе, или доселеници од Европа. Во последно време поистакнати се израелци што се доселиле од арапските земји, само не ги памтам сите термини како им беа.[DOUBLEPOST=1392926499][/DOUBLEPOST]
Зошто упорно го мешаш обичниот човек со политиката?
Нашите политичари кога можеа да покажат сила во 2001 не покажаа и се случи тоа што се случи.
Секој народ има свој начин на одбрана од политичарите, нашиот го има мирниот мирна вода брег рони. Баш ќе ми биде ќеиф, кога за некоја мала интервенција некој политичар би починал во болница (било државна или приватна), посебно ако е вклучен во реформите за здравство да ги осети на негов грб или на приватна клиника да му кажат пострашна дијагноза за да можат да му соберат некој денар плус со нови тестирања.
Мене ич нема да ми биде ќеиф ако умре било кој, и ми е жал што гледам некој толку негативно настроен. Воопшто не можам да оправдам било какви реформи спукани набрзина, поготово во таков систем (кај што реформирањето на секој чекор во секоја постапка и процедура треба да трае неколку месеци, добро да се опипува, разгледува).

Колку за утеха на тие што се главни во здравство никогаш денар нема да им земат :) па и во приватна болница и ќе им се тресат до последно.[DOUBLEPOST=1392926761][/DOUBLEPOST]
на факс ама после 25 (или колку беше) и пак мораш да служиш ... неам слушнато во голем број да бегаа во странство ради служењето во војска ...
Не бегаа затоа што во војска опасноста од смрт беше занемарлива. А во Израел умираат дузина секој ден. Имав двајца другари од Израел на факултет, по задолжителен воен рок од 2 години, едниот имаше 3 а другиот 4 прострелни рани. Значи иако сакале на факултет прво си отслужиле а потоа ги пуштиле во странство на факултет. Имаа 3-4 добри другари на кои што им оддаваа помен.[DOUBLEPOST=1392927129][/DOUBLEPOST]
Зедов само очигледен пример како на тоа гледаат Израелците а како Македонците. Не беше тоа цела слика туку само еден дел од сложувалката.[DOUBLEPOST=1392765687][/DOUBLEPOST]
Е па за тоа зборав.
Ти сметаш дека ако младите немаат 1500 евра плата треба да заминат. Скраја да е да им следеше инвазија од сите соседни држави, скраја да е да мораја да служат воен рок, скраја да е да им паѓаат ракети на главата.
Демек ние сме покурнази од нив, поталентриани од нив сме, ние помалце сакаме да се замараме од нив или ние имаме само еден живот а тие девет и ние неможеме да си дозволиме да го поарчиме така за џабе додека тие можат. Лузерска логика до коска. Ништо чудно што разликата помеѓу нас и Израел е таква каква што е.
И вака ме копка да те прашам а ако некој зема 1499 евра и тогаш ке му се исплати или ?
А ако зема 1399 или 1299 евра плата. Или мора стриктно да биди 1500 евра.
А ако зема на пример 5000 евра плата но секој момент може да му падни една ракета во дворот или утре да го мобилизираат да оди на фронт. Малце а?
Добро 10000 евра доволни ке бидат. Можеби за 20000 ке се исплати ризикот.
Или пак ако размислиш доволни се и 200 ама да знаеш дека ке поминиш мирен живот без многу турбуленции.
Ете веќе кога почна со лицитација ајде да видиме колку тебе ти чини газот и за колку пари тебе ти се исплаќа нешто да направиш или да не направиш. Ете на пример за колкава месечна плата би живеел во ризичен регион во некоја држава каде секој ден ти е бонус од животот.
Јас ја застапувам математичката теорија, само велам дека наместо да се помириме со мизерија, можеме да се избориме за добри услови и да го стигнеме развиениот свет. Од секое лошо има и полошо, скраја да е, од Израел полошо е Египет, од Египет полошо е Пакистан, од Пакистан полошо е Мјанмар, од Мјанмар полошо е Кенија, од Кенија полошо е Сомалија а и од Сомалија можеби е полошо на Јемен или Централно Афричка Република. Потенцијалот кој што го имаш дома е неизмерно поголем од потенцијалот да успееш како цвеќе да израснеш на туѓ терен. Зборувам за потенцијалот, нека ме дебатира некој нека повели дека на бар повеќе од пола Македонци им се работи, им се ствара и се спремни да се борат за да остварат некоја голема цел.
 
Последно уредено:
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Ми се допаѓа наивноста.

Всушност, во Израел имаат изрази за тоа кој од каде се населил. Тие што се во моментов на власт се ашкенази луѓе, или доселеници од Европа. Во последно време поистакнати се израелци што се доселиле од арапските земји, само не ги памтам сите термини како им беа.
Изгледа не го сфаќаш тоа што го зборувам, Израелските политичари покажуваат заби и дека нема заебавање со нив, нашите покажуваат дека се грижат за нивните фамилии исклучиво и кога требаше да покажат заби, тогаш се изгубија.
Компарацијата е со израелците е што и тие се во дури и полоша каша со соседите од нас и се далеку посупериорни, за разлика од кај нас каде политичарите си мислат за нивниот газ и никако подалеку. Е за тоа бегаат луѓето од Македонија, затоа што знаат дека кога тогаш ќе дојдат во ситуација да треба да потрошат 5-10 години од животот на бесмислени работи (заебанции со судови, полиција итн). Како што гледаш и на телевизија, секогаш се решаваат банални проблеми, а не суштински

Мене ич нема да ми биде ќеиф ако умре било кој, и ми е жал што гледам некој толку негативно настроен. Воопшто не можам да оправдам било какви реформи спукани набрзина, поготово во таков систем (кај што реформирањето на секој чекор во секоја постапка и процедура треба да трае неколку месеци, добро да се опипува, разгледува).

Колку за утеха на тие што се главни во здравство никогаш денар нема да им земат :) па и во приватна болница и ќе им се тресат до последно.
Колку си ти само наивен дечко, понаивен здравје. Сите овие реформи што ги спроведуваат се со цел некој добро да се нафатира. Кога ќе ги снема од јавност овие што се главни во здравството, ќе бидат заборавени, затоа што такво е сељачкото македонче, додека има корист ќе те игра, ако нема како да не си постоел.
 
Член од
26 април 2012
Мислења
28
Поени од реакции
19
Добро, поминаа избори идат нови, поминаа многу избори до сега, во овие 20 години, имаше неколку парламентарни, претседателски, општински, дојдоа нови, некои останаа, а некои изгубија. Сакам да ве прашам колку од тие што изгубија и се повлекоа, имаат деца што останаа да живеат и да работат во државава? набројте ми некој, од нив...дали и они како што вели валво немаат пари за убав живот овде....мислам дека имаат и за динче на лето и за гуми на секои 40 000 да сменат, ама си ги испратија децата надвор зошто??? оти овде кога ќе те види сабајле комшијата ке те викне ела да пиеме по една ракија??? овде е изгубена работа. јас само им се дивам на тие што собраа храброст и заминаа.
Браво, храбар е тој што бега, ова е прв пат во историјата. Неќам да слушнам за некои ненаживеани на кои што Париз им е фетиш, или не знам стан на менхетен. Храброст е да се вратиш и да се бориш и да им објасниш на луѓето дека со работа се станува човек. А не да ги тераш децата да учат нешто, за кое што не треба многу или ич да работат.[DOUBLEPOST=1392927705][/DOUBLEPOST]
Никогаш не е касно, ете јас не би одел во странство за да бидам келнер или да чистам. Не можам да си замислам така да живеам па макар и неколку години.

Соберете искуство во било кое поле што ве интересира па потоа шансите за да се пронајде некоја солидна работа се добри. Колку што гледав јас огласи кај арапите секој беше со барем 2 години искуство.

Инаку овде тоа е животот, јас ете речиси ќе магистрирам потрошив 7 години и преку 10 000 евра за сега да сум задоволен што работам на струката за 200 евра плата со речиси 2 месеци каснење.
Пазарот денес добро ги наградува занаетчиите, ретки се добрите занаетчии и во МК и во странство што воопшто мислат на преживување и на пари. Слободната економија дава цена на секое знаење и во 91 преминавме во систем кај што ги нудиме своите вештини и знаења на пазарот на труд. Немој да ме сфатиш грешно и јас сум магистер (не на домашен факултет) и сум веќе свесен дека пазарот е презаситен од такви како мене.[DOUBLEPOST=1392928315][/DOUBLEPOST]
за овој концепт зборував ...

http://faktor.mk/archives/96635#
Сеуште не ми е јасно, како тоа одлучуваш да одиш на факултет, кој што те насочува да зависиш САМО од државата, субјект кој што одамна знаеме дека е трул. Не ми е јасно ова вистински, ако има нешто во МК што не можам да сфатам е тоа што сите зинале по државна работа, а наоколу држави банкротираат.[DOUBLEPOST=1392929222][/DOUBLEPOST]
Кога ќе се свртиме околу себе и ќе видиме кај се наоѓаме нозете сами по себе забрзуваат.
Не можам да кажам дека не се чувствувам предадено кога ќе се свртам околу себе, за мене е доволно што направив свој филм (инаку се вратив од странство полн со оптимизам) и што го форсирам својот филм. Во регионот во кој што работам делувам само позитивно и гледам кај што можам да влијаам да се исправат некои ситници што можам да ги исправам, а далеку сум од моќен да исправам големи работи. Но, ако сите се бориме за одредени ситници, целината од тие наши дејства ќе биде едно средено парче земјичка, без разлика со кого ја делиме. Многу пати сум размислувал да фатам магла, а околу мене таков неискористен потенцијал. Секогаш кога ќе размислам подлабоко, вината ја пронаоѓам многу во себе си а и во луѓето околу мене, не можам да сфатам како треба да размислува човек за да сака да биде паразит (државна добра плата, малку работичка од време на време, добра кола, секогаш паркирана покрај кафич) и тешко ми паѓа кога ќе видам како во работен ден и во работно време (за мене се тоа свети моменти на продуктивност) луѓе седат и дремат по маси. Економијата е секогаш огледало на народот, џабе плукаме по поединци, кога од нас потекнуваат сите.[DOUBLEPOST=1392930102][/DOUBLEPOST]
Јадни робови за 2000 евра црнчат, наместо тука да се газди со 200 евра.
Гревота е да се зборува за инает. Ако секој што појде во Германија го чекаат со раширени нозе и 2000 евра плата човек не ќе останеше на балканов. Другар мој во Љубљана остана и зема 800 еур плата и околу 350 дава за стан плус 100 еур за трошоци околу стан, сметки. Ако се 350 еур. за во Љубљана доста, што ќе му праќаат татко му и мајка му од ниш по 100че месечно да го поткрепат? Башка еднаш на 3 месеци добива пратка (ајварче, сиренце итн.) Колку само примери знам низ Виена и низ Љубљана, знам и низ Германија и другите држави ама нешто помалку. Знам и успешни (во права смисла на зборот со плати или приходи над 3.000 еур месечно) да бидам реален, свака им част, ама мал процент се. Нашите плати во странство (освен во Швајцарија) се движат од 800 до 1200 еур. месечно зависи од локацијата. Зборам за плати без некое значително или со некое презастапено образование.

Еве еден интересен пример што ми текна, имам пријател хирург во Цеље кој што вози Пежо 206, вика плочкар, со препорака еден од најдобрите, и вика пријателов, доаѓа плочкарот со Ауди со четири аусплуси и ми бара 55 еур на сат, а вика он, јас земам околу 20 еур.

Од друга страна колку многу знам во МК (добро обучени луѓе) што тепаат плати во ранг 500 еур - 1500 еур во провинција :) (во приватни фирми).

Кој што ќе си посее, тоа ќе си жнее и не зависи СЕ од образованието.[DOUBLEPOST=1392931205][/DOUBLEPOST]
Уште некој стручен да ми ја објасни потребата на некои животот на нашите во странство секогаш да се дефинира како кучешки, беден, на раб на достоинство. Не се зафркавам, навистина не разбирам. Освен очигледната употреба на одбранбениот механизам дека туѓото грозје е кисело, ама мојот лимон е благ, не можам да си го објаснам овој феномен. Јас навистина не знам никој (а знам многу, премногу луѓе преселени во странство) да страда таму како тука, па ако сака и чистач нека работи. Пак живее подостоинствено од чистач тука. Велат, таму на крај на месец ништо не ти останува.... Ај да кажеме нека е така (а не е, ама ај, атер за муабетот)-овде на 80% од народот на СРЕД месец не им стига, не на крај на месец да не им останува. Јас многу, искрено и длабоко верував во Македонија, или можеби во моите идеали за Македонија, ама гледам дека на Македонија не ѝ е гајле за сопствените деца, за сопствените луѓе. Овде тие што би требало да се грижат за Македонија (односно за народот-оти тој е Македонија, без него ова е безлична територија, народот го дава идентитетот) оние што треба да се грижат и да се загрижат-вртат глава на страна, го игнорираат проблемот, надевајќи се дека ќе го снема. Синдром на ној. Ако не го признавам проблемот-значи го нема. Така ни куќен совет не се води, а не држава. Не е лесно во странство, точно, ама никој не бара лесно-бара да може да работи и да живее нормално од својата чесна работа (под чесна значи и плаќање даноци- за оние „патриоти“ што ги читам тука кои се горди што криумчарат ова-она од тој гнил Запад, а овде се фалат уште и дека не плаќаат никаков данок, а веројатно ги злоупотребуваат привилегиите од оние кои тој данок си го плаќаат најчесно). Едноставно, има луѓе, има многу луѓе, кои само сакаат да работат, да живеат од својот труд и да не се замараат со глупости кои им го цицаат животот и годините како пијавици. Толку.
До некаде можам да се сложам со ова. Не знам кој е моментот (trigger) што ќе не натера да се запрашаме и преиспитаме себеси. Можеби треба да го чекаме мамурлукот, после ова пијанство во кое што во моментов тоне народот. На нашиот народ единствена цел му е да избегне работа, тоа ме разочарува. Во Европа е тешко да пуштиш корен затоа што луѓето таму се себични и не те сакаат, те гледаат како туѓ, дури ни децата родени во странство не се баш прифатени. Кога финансиски би бил топ среден, ова ќе ти тежи, тоа е она кучешкото. Затоа кога би МОРАЛ да бирам дестинација не би ја бирал Европа, денес Чиле е еден убав пример за пристојно живеење, Австралија иако контроверзна со нашите иселеници, ако ги избегаваш има сосем добри изгледи за економски раст во недогледно време, да не навлегувам, има многу места настрана од ЕУ каде што странците се убаво прифатени и каде што можеме да фатиме квалитетен корен.
 
Последно уредено:

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.987
Поени од реакции
21.535
Изгледа не го сфаќаш тоа што го зборувам, Израелските политичари покажуваат заби и дека нема заебавање со нив, нашите покажуваат дека се грижат за нивните фамилии исклучиво и кога требаше да покажат заби, тогаш се изгубија.
Компарацијата е со израелците е што и тие се во дури и полоша каша со соседите од нас и се далеку посупериорни, за разлика од кај нас каде политичарите си мислат за нивниот газ и никако подалеку. Е за тоа бегаат луѓето од Македонија, затоа што знаат дека кога тогаш ќе дојдат во ситуација да треба да потрошат 5-10 години од животот на бесмислени работи (заебанции со судови, полиција итн). Како што гледаш и на телевизија, секогаш се решаваат банални проблеми, а не суштински
.
Искрено незнам како попластично да ти објаснам за да сфатиш некои работи. Ајде вака ке пробам.
Ти си некој рандом батка кој оди со друштвото во кафич. Некој друг рандом батка нешто ти се сили а тебе искрено сам окото не ти го фаќа. Знаеш дека ке те претепа. Арно ама сега се вртиш на кај друштвото и гледаш дека:
Под А: дека само што не ја фатиле вратата да избегаат.
Под Б: ги засукале ракавите и чекаат момент да го прекршат.
Што би направил ти во двете различни сценарија?
За појаснување.
Ти си политичарот.
Друштвото ти е народот кој го застапуваш и кој те избрал.
Другиот батка е одбери по твој избор.
 
Ја избравте лошата страна на Израел, вероватно досега ќе постигнеа мировен договор со решение за две држави на иста територија (решение кое што според сите калкулации најдобро ги служи самите Израелци). Ова решение се избегнува заради нивни домашен популизам и немање муда од страна на нивниот лидер да им ја каже на нивните луѓе вистината во лице, дека постои решение кое ќе им обезбеди супер иднина, во замена за некаков компромис (отстапки на 5-10 % од територии). Проблемот е комплексен, но како и да е заклучокот е дека сегашниот Нетанјаху ја нема таа храброст што ја имаа претходните лидери да им се спротивстават на нивните екстремно десничарски фракции.

Добрата страна е што држат до себе и се ценат и прават држава, тоа сакав да го истакнам. Добро се образовани и знаат дека мора да се работи напорно за да се створи нешто.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.403
Поени од реакции
7.851

Добра метафора, освен фактот што е политички поларизирана, не гледам никаква симетрија со реалноста во Македонија. Грешам единствено ако си мислел на Клингонците...
 
Ова не важи само за Израел туку генерално секаде. Сакав да ја доловам поентата дека политичар без поддршка на народ е ништо. Граѓаните се кичмата на една држава. Ако се тие слаби, разединети, нерешителни тогаш и државата е мекотел. Политичарите можат да бидат колку што сака јаки и решителни но кога никој нема да застани зад нив се им е џабе.[DOUBLEPOST=1392940906][/DOUBLEPOST]
Добра метафора, освен фактот што е политички поларизирана, не гледам никаква симетрија со реалноста во Македонија. Грешам единствено ако си мислел на Клингонците...
Еве ти една реалност.
Името.
Ако народот се сложуваше да го смени името мислиш дека политичарите досега немаше да потклекнат под притисокот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom