Атлетика - кралицата на спортовите

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Атлетиката на Олимписките игри 2012, е предвидена да трае 10 дена, односно од 3 Август па се до затворањето на 12 Август, и ќе се одржува на Олимпискиот стадион.
Олимпискиот спорт атлетика, е поделен на четири дисциплини меѓу кои: трчање на стадионот и поле, трчање по пат и брзо одење.



Околу 2000 атлети ќе се натпреваруваат на 47 одвоени настани и машките и женските настани ќе имаат сличен распоред. Мажите ќе се натпреваруваат во 24 настани, жените на 23, со тоа што има еден помалку, каде кај жените изостанува 50 километарската трка. Во продолжение, кај машките 110 метри со пречки и десеттобој, кај жените овие настани се организираат на 100 метри со пречки и седмобој редоследно.

Кои учесници изборија учество може да се провери тука http://en.wikipedia.org/wiki/Athletics_at_the_2012_Summer_Olympics_-_Qualification

Во продолжение распоредот на настани


Олимпискиот стадион
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Офтопик:Маскотата изгледа како пенис.:pos:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.940
Поени од реакции
16.238
Мажи
Трката на 100 метри ќе биде епик, читам дека Усаин Болт има некоја си повреда, после двата порази од Блејк и ја би глумел повреда:D .. тука е и третиот јамајканец Асафа Пауел, можеби не е во препознатливата форма, но ќе се бие голема битка на тартанот.
Од САД, Џастин Гетлин се враќа после суспензијата, тука е и Тајсон Геј, Ким Колинс од Сент Китс и Невис да не го заборавиме, па и најдобриот европски спринтер, французинот Кристоф Леметре. Британската чест ќе ја брани Двејн Чемберс, и од Бахамите Дерик Аткинс,
Како и да е за трката на 100 метри мислам дека ќе одлучуваат Блејк и Болт, евентуално некој како Блејк што изненади на СП минатата година, да изненади и на овие ОИ, ама не ми е многу верно.

И на 200 метри слична битка ќе гледаме, од американците ќе е Спирмон, од јамајканците ќе се овие двајца што се во преден план и на 100 метри.

400 метри, Оскар Писториус:cuc: не дека има шанса за некој медал, ама човекот го заслужува секој респект. Тие што следат атлетика ќе знаат зошто. Главен фаворит за златото Лашон Мерит, не глеам кој би го загрозил во оваа дисциплина.

За мене една од подобрите дисциплини, овој пат техничка, фрлање ѓуле, каде секоја Олимпијада гледаме голема битка, како главни фаворити ги издвојувам Ресе Хофа (САД), Кристијан Кантвел (САД), Андреј Микневич (Белорусија), Томаш Мајевски (Полска).

Другите технички дисциплини не би да ги коментирам, има млади надежи, ќе видиме кој како ќе се покажи на овие ОИ.
Жени
100 метри во женска конкуренција, исто како и кај мажите, битка ќе водат две земји, САД и Јамајка (чудно нели?) . Како главна фаворитка ќе ја издвојам Вероника Кембел - Браун од Јамајка, исто сонародничката нејзина Шели Ан Фрејзер, од репрезентацијата на САД ќе се крстат во Кармелита Џетер и Алисон Феликс.

200 метри кај жените, копи - пасте од трката на 100 метри, само треба во листа на фаворитки да ја додадиме Сања Ричардс од САД.

Скок во височина, дисциплина кај жените околу која се крева голема фама, тука е Бланка Влашич (?!) ( настапот и е под знак ?), русинките ги предводи Ана Чичерова, од Германија претставник е симпатичната Ариане Фридрих, да не ја заборавиме и сребрената од последното СП во Доха, шпањолката Рут Беитиа, беше втора со прескокнати 1.96м.

Скок со стап, доволно да се потсетиме на Јелена Исинбаева, можеби не е во формата кога го рушеше рекордот во оваа дисциплина, но мора да сметаме на оваа натпреварувачка. Светлана Феофанова, секогаш втората од тимот на Русија, дали на оваа Олимпијада ќе е пред Исинбаева останува да видиме, Лиза Ризик, бронзена од ЕП во 2010 година. И германките имаат уште една силна натпреварувачка, Силке Спигелбург, сребрена од истото првенство каде Ризик освои бронза. Тимот на САД е исто така конкурентен, во него ја имаат сребрената од ОИ во Пекинг 2008 година, Џен Сур со прескокнати 4.92 м.


Тоа се дисциплините според мене кои ќе привлечат огромно внимание, но не треба да ги заборавиме маратоните во машка и женска конкуренција, брзо одење, па скок во далечина во двете конкуренции, трискок, копје (голема битка ќе се води меѓу скандинавците), диск..
Се надевам на интересна Олимпијада, кога се работи за атлетиката, па и некој рекорд не е на одмет да се сруши, тука алудирам на трката на 100 метри, со здрав Болт и во одлична форма Блејк, се сомневам дека ќе остани овој резултат што сега е.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Нешто најинтересно за гледање на олипијата, особено она трчањето со пречки го обожувам :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Бланка Влашиќ нема да настапи на ЛОИ поради повреда. Каков бед е ова, се спремаш 4 години и за еден момент се ти паѓа во вода.
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Двајца фрлачи на диск на Унгарциве дисквалификувани ради допинг
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Бланка Влашиќ нема да настапи на ЛОИ поради повреда. Каков бед е ова, се спремаш 4 години и за еден момент се ти паѓа во вода.
Што се спрема, не спремна настапи и на прошлото првенство, Европско мислам беше:cautious:, долго време е повредена... Составен дел од спортот...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Што се спрема, не спремна настапи и на прошлото првенство, Европско мислам беше:cautious:, долго време е повредена... Составен дел од спортот...
Често некои спортисти ги прескокнуваат континенталните и светските собири за да не им се наруши тренажниот процес за на олимписки игри, и Фелпс вака направи со едно СП у пливање :)
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Често некои спортисти ги прескокнуваат континенталните и светските собири за да не им се наруши тренажниот процес за на олимписки игри, и Фелпс вака направи со едно СП у пливање :)
Да бе кој е тој спортист што пропушта СП, вистинскиот спортист не калкулира со кариерата, секогаш и сегде го дава максимумот.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.940
Поени од реакции
16.238
Да бе кој е тој спортист што пропушта СП, вистинскиот спортист не калкулира со кариерата, секогаш и сегде го дава максимумот.
Па првенствата кои се пред ОИ секогаш ги пропуштаа, барем дел од нив, за да се подготват подобро за самите ОИ, а и страв од повреди, за сите спортисти Олимписките игри се свето нешто.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Па првенствата кои се пред ОИ секогаш ги пропуштаа, барем дел од нив, за да се подготват подобро за самите ОИ, а и страв од повреди, за сите спортисти Олимписките игри се свето нешто.
Го пропуштил некој на 1000 и тоа не бил ни 20% спремен, и повеќе се плашел од неуспех на првенството отколку тоа што го викате. Дајте бе вие да имате СП пред вас, ќе пропуштите за Олимпијада, па ако не бидне и од тоа ништо...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Да бе кој е тој спортист што пропушта СП, вистинскиот спортист не калкулира со кариерата, секогаш и сегде го дава максимумот.
Ама ќе ти го наруши тренажниот процес, тие 4 години се спремаат за Олимпијада, свето нешто е за нив тоа. Еве од Америка што бев што гледав ти кажувам, првата година тренира фитнес на пример, другите 4 години само брка време. И ако се одлучи да иде на СП ќе треба да се концентрира на одредени трки, ќе треба да спреми друг тренинг, ќе треба после СП-то да земе одмор за да му се регенерира телото и ќе нема доволно време за да постигне сакан резултат (затоа што алудираат на златото). Таму само злато се признава, ептен се амбициозни овие олимпијциве, поготово овие што еднаш освоиле злато или за малце не освоиле, не можат да спијат додека не освојат пак :)
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Без Бланка ќе немам за кого да навивам во атлетикава.
А како што прочитав и Торкилдсен во копје нема да настапи и он се повредил......само тркачкиве дисциплини ќе бидат добри освен 100 и 200 метри и штафетити кои се стандардно најгледани, годинава многу очекувам и од 110м. со пречки кај мажите. Ќе биде интересно и таму, тоа обавезно ќе се гледа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom