Дејвид ајк еднаш тврдел дека е исус и се фрлил од мост па лигаменти,и дел од мозокот оштетил.
Вели премиерите на владите и претседателите се рептили.
Видиш си утнал малце тука. Тврди нешто слично, но не баш тоа. Не знам зошто сите велат дека се правел Исус, јас никаде го немам прочитано тоа, а ако има такво нешто би сакал линк до истото.
Вели дека некои луѓе, најчесто аристократски семејства, влечат корени од античка раса на битија кои биле хибриди од луѓе и некоја вонземска цивилизација. Ако ти требаат повеќе детали кажи.
Плус ти велеше дека САД не биле на месечината...колкава е таа лабораторија..површина,и волумен на истата,понатаму како произведуваат кислород-под месечината(нема фотосинтеза услови за канабис сатива и дрва)+каде го оставаат отпадот од произведената енергија??
Не биле првиот пат на Месечината. Кога тајната програма била се уште во подготовка. Тајната програма започнува паралелно со второто официјално слетување на НАСА астронаути на Месечината. Што всушност се случувало позади сцените на сниманиот материјал таму станува шпекулација или тема за дебатирање. Во секој случај, станува збор за третото слетување на Месечината (не знам кое по број од тајната програма).
лабораториите се проценува дека се големи, километри големи. Е сега волумен не знам, толку детални информации ретко наоѓам :wink:. А кислород? Мислам дека тие што биле на Месечината не дишат кислород. Не знам за отпад, претпоставувам дека нема отпад? Не знам.
И зошто да ја њук д мун кога можат со добра ракетна одбрана да пресретнат секое кинеско летало упатено кон месечината???
Кина не е Македонија па да можеш да ја возиш со разни изговори и објасненија за чудни настани што се случиле. Еве, на пример, во вселената. Не се толку глупи, ќе сфатат што се случува.
А интересно е што на Марс до сега само Американците со нивни летала имале пристап. Не е малку чудно што Русите и Јапонците, кои според мене, се малку поразвиени (поразвиени во јавни
И во тајни рамки). На Русите им беше удрен од метероит а на Јапонците ненадејно им откажаа системите. Ситуацијава е ЉОЉ
А ова за рептиливе...не знам..не знам што да ти кажам...озбилно
Нели рептилите би ја обновиле својата лабораторија....
Имаат две (релативно) нови на Марс. На Месечината управуваат Грејците.
Да, мислам дека Јапонија ќе стаса пред Кина иако се блиску и двете. Јапонија до пред некое време (или можеби уште, не знам) беше појака економски од Кина, и тие не го искористија тоа како што треба, но сепак Јапонија има испратено мисија на Марс (мислам дека беше неуспешна), има лансирано повеќе сателити од Кина, има летала што редовно ја посетуваат МВС, за разлика од Кина, значи можно е Јапонија да стаса до Месечината пред Кина. Од друга страна пак, Кинезите имаат лансирано самостојно човек во вселената (3 пати), така да многу се блиску една до друга. Но мислам дека трката за Месечината им е однапред изгубена заради Русија и САД.
Интересно. Гледав некои нивни концпети за вселенски мисии, навистина интересно. Доста брзо напредуваат.
Инаку примати во вселенски мисии се секако САД и Русија, без сомнежи.