Астрономија (истражувања, откритија, новости)!

  • Креатор на темата Sagan
  • Време на започнување

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Месечината е одалечена 384000 километри,америте уште од земјата ќе знаат кога кинезите ќе го лансираат леталото,и ќе почекаат леталото да помине на пример 140000 километри,а притоа да испалат проектил-Кинезите ќе мислат метеорче ги шибнало...шит хепнс.
Е да бе, метеорче, хаха, и да го погоди метеорче нема да го оштети многу, а друго е проектил, па експлозии.....туку да бе, можи и така, жолтиве се глупи.......:vozbud:
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Дејвид ајк еднаш тврдел дека е исус и се фрлил од мост па лигаменти,и дел од мозокот оштетил.

Вели премиерите на владите и претседателите се рептили.
Видиш си утнал малце тука. Тврди нешто слично, но не баш тоа. Не знам зошто сите велат дека се правел Исус, јас никаде го немам прочитано тоа, а ако има такво нешто би сакал линк до истото.

Вели дека некои луѓе, најчесто аристократски семејства, влечат корени од античка раса на битија кои биле хибриди од луѓе и некоја вонземска цивилизација. Ако ти требаат повеќе детали кажи.

Плус ти велеше дека САД не биле на месечината...колкава е таа лабораторија..површина,и волумен на истата,понатаму како произведуваат кислород-под месечината(нема фотосинтеза услови за канабис сатива и дрва)+каде го оставаат отпадот од произведената енергија??
Не биле првиот пат на Месечината. Кога тајната програма била се уште во подготовка. Тајната програма започнува паралелно со второто официјално слетување на НАСА астронаути на Месечината. Што всушност се случувало позади сцените на сниманиот материјал таму станува шпекулација или тема за дебатирање. Во секој случај, станува збор за третото слетување на Месечината (не знам кое по број од тајната програма).

лабораториите се проценува дека се големи, километри големи. Е сега волумен не знам, толку детални информации ретко наоѓам :wink:. А кислород? Мислам дека тие што биле на Месечината не дишат кислород. Не знам за отпад, претпоставувам дека нема отпад? Не знам.

И зошто да ја њук д мун кога можат со добра ракетна одбрана да пресретнат секое кинеско летало упатено кон месечината???
Кина не е Македонија па да можеш да ја возиш со разни изговори и објасненија за чудни настани што се случиле. Еве, на пример, во вселената. Не се толку глупи, ќе сфатат што се случува.

А интересно е што на Марс до сега само Американците со нивни летала имале пристап. Не е малку чудно што Русите и Јапонците, кои според мене, се малку поразвиени (поразвиени во јавни И во тајни рамки). На Русите им беше удрен од метероит а на Јапонците ненадејно им откажаа системите. Ситуацијава е ЉОЉ :vozbud:

А ова за рептиливе...не знам..не знам што да ти кажам...озбилно:vozbud:

Нели рептилите би ја обновиле својата лабораторија....
Имаат две (релативно) нови на Марс. На Месечината управуваат Грејците.

Да, мислам дека Јапонија ќе стаса пред Кина иако се блиску и двете. Јапонија до пред некое време (или можеби уште, не знам) беше појака економски од Кина, и тие не го искористија тоа како што треба, но сепак Јапонија има испратено мисија на Марс (мислам дека беше неуспешна), има лансирано повеќе сателити од Кина, има летала што редовно ја посетуваат МВС, за разлика од Кина, значи можно е Јапонија да стаса до Месечината пред Кина. Од друга страна пак, Кинезите имаат лансирано самостојно човек во вселената (3 пати), така да многу се блиску една до друга. Но мислам дека трката за Месечината им е однапред изгубена заради Русија и САД.
Интересно. Гледав некои нивни концпети за вселенски мисии, навистина интересно. Доста брзо напредуваат.

Инаку примати во вселенски мисии се секако САД и Русија, без сомнежи.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Вели дека некои луѓе, најчесто аристократски семејства, влечат корени од античка раса на битија кои биле хибриди од луѓе и некоја вонземска цивилизација. Ако ти требаат повеќе детали кажи.
Знаеш што Neptungate, тука можеби си во право...во секоја смисла.
А ако можеш постирај повеќе детали, баш ме интересира ова со владиве.

А интересно е што на Марс до сега само Американците со нивни летала имале пристап. Не е малку чудно што Русите и Јапонците, кои според мене, се малку поразвиени (поразвиени во јавни И во тајни рамки). На Русите им беше удрен од метероит а на Јапонците ненадејно им откажаа системите. Ситуацијава е ЉОЉ :vozbud:

Да да, ова е баш чудно заради тоа што кога во 2003 година беа лансирани 4 летала за на Марс успеаа да слетаат само Американските, а Европското и Јапонското не успеаа....тоа е малку чудно. Инаку според моето знаење Русите имаат испратено повеќе летала (што слетале) на Марс отколку Американците.

Интересно. Гледав некои нивни концпети за вселенски мисии, навистина интересно. Доста брзо напредуваат.

Инаку примати во вселенски мисии се секако САД и Русија, без сомнежи.
Сепак му треба повеќе искуство кое Русија со задоволство го наплаќа. :wink:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Иако се уште е заглавен во длабнатина со мека почва на Марс, роверот „Спирит“ откри докази за неодамнешна активност на подземна течна вода на црвената планета. Веќе шест месеци возилото на НАСА не може да излезе од плиток кратер во екваторијалниот регион на Марс, кој е исполнет со оладена лава. На едно од рутинските „патувања“, „Спирит“ успеа да ја скрши стврднатата површинска почва, а неговите тркала останаа полузакопани во мекиот прав. При обидот да го извадат роверот од незавидната ситуација, контролорите на мисијата од Земјата откриле делови од посветла мека почва во кратерот. Потемелните анализи покажале дека тој тип на почва е богат со железен сулфат, покриен со кора од калциумсулфат, минерали што на Земјата се формираат само во присуство на вода во течна агрегатна состојба. Овие откритија претставуваат потврда на теоријата дека течна вода може да постои плитко под површината во регионот на екваторот на Марс, која потекнува од интензивното паѓање снег, кој паѓаат на секои неколку стотина години. Иако оваа планета е премногу студена, а нејзината атмосфера е премногу тенка за да може да има течна вода на површината, во периодот на снег, најзагреаната почва на екваторот овозможува снегот насобран под површината да се стопи во течност. Тогаш водата ср меша со почвата богата со сулфати, каде што го раствора железниот сулфат и го носи подлабоко, додека калциумсулфатите остануваат на површината.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=1885&CategID=8


А јас мислев дека само се зафркаваат..... :wink:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
НАСА ќе ја обележува неистражената вселена
НАСА се подготвува деновиве да го лансира новото вселенско „око“, сателит опремен со инфрацрвен телескоп со досега најголема чувствителност, чијашто основна цел е да ги детектира вселенските објекти што не може да бидат регистрирани со други оптички уреди. Сателитот „ВАЈС“ во текот на наредните десетина месеци ќе кружи во орбита околу Земјата и ќе го скенира ноќното небо трагајќи по најстудените ѕвезди, темните астероиди и најсјајните галаксии. Она што овој сателит, во чијашто изработка се вложени 320 милиони долари, го прави поинаков од другите вселенски камери, како телескопот „Хабл“ и сондите кои ја истражуваат длабоката вселена, е способноста да регистрира инфрацрвени зраци во четири различни бранови должини „со чувствителност која е од стотици до стотици илјади пати поголема од неговите претходници“, велат од НАСА. Фотографиите што ќе се добијат со помош на „ВАЈС“ ќе служат како навигациски карти според кои ќе се раководат големите вселенски телескопи како „Хабл“, вселенскиот телескоп „Спајцер“, опсерваторијата „Хершел“ и други. Астрономите се надеваат дека ќе успеат со новиот инфрацрвен телескоп да создадат база на податоци која ќе вклучува информации за досега недетектирани објекти, како и нов приказ на познати објекти, но кои овојпат ќе бидат многу подетално снимени. - Ќе создадеме сликовит атлас што астрономите ќе го користат за своите истражувања во текот на наредните декади. Тоа ќе биде „гугл ерт“ за инфрацрвениот дел од вселената - изјави Рок Катри, водечки научник во проектот со „ВАЈС“. Сателитот ќе кружи околу Земјата по 15 пати дневно, а ќе прави фотографии на секои 11 секунди. Со тоа ќе обезбедува и до 7.500 слики на ден. Секој сегмент од ноќното небо ќе биде фотографиран барем осум пати. - Да се обидуваме да ги набљудуваме тие објекти од земјата е како да се обидуваме да ги набљудуваме ѕвездите на дневна светлина. Во вселената чувствителноста на телескопот е неколку милиони пати поголема отколку на Земјата - објаснуваат научниците што работат на развој на сателитот. „ВАЈС“ претставува наследник на сателитот „АЈРАС“, кој беше лансиран во 1983 година, и со чијашто помош беа направени првите мапи од вселената што не опкружува. Тој, исто така, се смета и за технологија која ќе го трасира патот за гигантскиот телескоп „Веб спејс“ кој ќе биде лансиран во 2014 година. „ВАЈС“ е навистина грандиозен проект на НАСА, а наодите што ќе се направат со него се очекува да доминираат на полето на астрономијата најмалку до крајот од овој век. Гледајќи далеку во иднината, астрономите сметаат дека е можно со ова инфрацрвено око да се открие планетарен систем околу некоја далечна ѕвезда, кој ќе биде посетен од човечки тим. - Ако со „ВАЈС“ не пронајдеме нешто сосема неочекувано, ќе бидеме изненадени - гласи ставот на Американската вселенска агенција, која има големи надежи во проектот што го подготвува веќе 12 години.

Невидливиот инфрацрвен спектар

Најголем дел од светлината што ја емитираат ѕвездите и останатите објекти слични на планети е невидлива. Таа е во вид на инфрацрвена или топлинска радијација, чиишто бранови должини се толку големи што нашите очи не можат да ги регистрираат. Исто така, најголем дел од инфрацрвените зраци не поминуваат низ атмосферата на Земјата. „ВАЈС“ е приспособен да ги лови токму таквите зрачења, а со него ќе бидат откривани темни објекти што оптичките телескопи не ги детектираат.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=1887&ArticleID=128554
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Микроорганизми на Марс создаваат метан?
Теоријата дека на Марс постојат едноставни животни форми доби нова поткрепа. Последните истражувања покажаа дека метанот во атмосферата на црвената планета е константно присутен поради некои процеси што се случуваат на површината. И тука во игра се две главни алтернативи: метанот или се создава како резултат на хемиска реакција меѓу вулканските карпи и водата или настанува како резултат на активноста на живи микроорганизми. Метанот на Марс има краткотраен век на траење од само неколку стотици години бидејќи константно се разлага при хемиските реакции во атмосферата на планетата. Меѓутоа, научните анализи на податоците добиени со телескопски опсервации и вселенски мисии без екипаж покажаа дека метанот на Марс постојано се обновува и тоа од непознат извор. Научниците тврдат дека метанот што денес е присутен на Марс настанал неодамна, со оглед на тоа што Сонцето многу брзо го разлага тој гас во атмосферата на црвената планета и го претвора во други хемиски соединенија. Што се однесува до двете теории за создавањето на метанот, научниците не се големи покојници на тоа дека метанот настанува при едноставниот процес на протекување топла вода преку стврдната лава или при реакција на лавата со јаглеродниот диоксид во атмосферата. Има малку знаци на неодамнешна вулканска активност, а познато е дека ерупциите интензивно се случувале пред неколку милиони години. Меѓутоа, метанот што би настанал при тие процеси, сигурно би бил уништен одамна. Со тоа останува можноста дека живи и активни микроорганизми, кои моментално ја населуваат биосферата на Марс, се вистинскиот извор на метан. - Ако тоа биде потврдено, ќе станеме сведоци на екстремно важно откритие за биолошките и за филозофските науки. Ќе дознаеме многу нешта за потеклото на животот, а, исто така, и за присуството на живиот свет во вселената - тврдат научниците. Токму поради тоа, научниците во 2004 година беа шокирани кога првпат беа детектирани траги од метан во атмосферата на црвената планета. Опсервациите со телескопите од Земјата укажаа на постоење на неколку „врели точки“ на метан на Марс, а американските и европските научници планираат заедничка вселенска мисија со праќање сателит кој ќе трага по изворот на метан. Овој проект би требало да се изведе во 2018 година. Научниците веруваат дека новите сознанија ќе влијаат врз сите идни мисии за истражување на Марс, на пример машините што ќе бидат испраќани на ова небеско тело ќе бидат приспособени да копаат под површината во потрага по вонземски живот. Сепак, експертите нагласуваат дека ќе бидат задоволни и ако за главен „виновник“ за присуството на метан во атмосферата на Марс биде прогласена геолошката активност, бидејќи и самото тоа ќе претставува голем чекор напред во проучувањето и разбирањето на другите светови во и надвор од нашиот Сончев систем.

Метеорите паднаа на тестот за метан

За присуството на метан на Марс постоеше теорија дека истиот се ослободува од метеорите што влегуваат и согоруваат во атмосферата на црвената планета. Сепак, оваа идеја подоцна беше отфрлена кога научниците дојдоа до заклучок дека тие настани се премногу ретки и дека од метеорите се добива премногу мало количество метан за да се објаснат моменталните нивоа на тој гас во атмосферата.


Највозбудлива е теоријата за Марсовци

На Земјата метанот во големи количества го произведуваат микроорганизми, а настанува и при дигестивните процеси на големите животни како кравите. Со отфрлање на можноста дека метанот на Марс го создаваат метеоритите, бројот на алтернативни теории за изворот на овој гас на црвената планета станува се помал. Најголема возбуда меѓу научните кругови предизвикува можноста творци на метанот да се микроскопските Марсовци.


http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=11&tabid=1&EditionID=1888&ArticleID=128661
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Хабловиот телескоп е инструментот со кој, речиси две декади по ред, астрономите ги откриваат најбледите и најоддалечените галаксии кои што досега ги има видено човекот. Со новата камера, која беше монтирана на орбитирачката опсерваторија во маj оваа година, беа снимени бледо-црвени „ѕвездени градови“ кои се формирале само околу 600-900 милиони години по Големиот прасок. Со самото тоа што за Вселена се смета дека е стара околу 14 милијарди години, глетката на овие галаксии претставува и поглед назад во времето за повеќе од 13 милијарди години.

Галаксиите-кандидатки за најоддалечени објекти во рамките на сликите снимени со новата Широкоаголна камера 3 на Хабл (Wide Field Camera 3) беа избрани од страна на два тима од Оксфордскиот и од Единбуршкиот универзитет.



Ова погоре е неверојатна фотографија која покрива поле од небото со големина на една петнаесетина (1/15) од ширината на полната Месечина. Меѓутоа тоа мало делче од небото е настискано со илјадници спирали и замаглувања од кои секој од тие објекти содржи по многу милиони милијарди ѕвезди.

Делчето од небто кое се наоѓа во јужното соѕвездие Печка (Fornax) е истото она кое беше фотографирано пред пет години од страна на Хабл. Таа слика стана позната под името Хабловото ултра длабоко поле (Hubble Ultra Deep Field). Меѓутоа новата верзија на оваа слика, пак, има способност да види уште поназад во времето при тоа опфаќајќи ги најраните врели млади ѕвезди.

Ширењето на Вселената прави светлината од многу далечните галаксии да изгледа поцрвена. Затоа е и од големо значење новата камера на Хабл која е чувствителна за инфрацрвените бранови и со тоа ни дозволува да видиме објекти на многу поголеми далечини отколку што тоа беше можно претходно, да ги идентифицираме галаксиите кога Вселената била само 5% од нејзината сегашна старост одн. 1 милијарда години по Големиот прасок.

Она на што се надеваат астрономите е дека проучувањето на овие најдалечни небесни објекти ќе даде одговори за начинот на кој галаксиите биле формирани во најраните денови на Вселената.



http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=1929
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Дали постои живот на месечините на Јупитер и Сатурн?
19.12.2009


Тековната потрага за постоењето на живот може е свртена кон самиот Сончевиот Систем и планетите кои се наоѓаат во него. Дебатата за постоење на живот на Марс е веќе историска, но астрономите го вртат својот поглед и кон другите поегзотични локации во нашето соседство. На неодамнешниот состанок на Американската Геофизичка Унија во Сан Франциско, господинот Френсис Нимо (Francis Nimmo), кој е професор за Земјата и планетарните науки, изјави дека условите на сатурновата месечина Енцеладус и јупитеровата месечина Европа можат да бидат одлични места за постоење на живот. Нимо вели: „Течната вода е еден услов за постоење на живот за кој сите ќе се согласиме. Водата која се наоѓа под ледената кора на Енцеладус и Европа може да биде полна со вонземски риби и алги или многу основни форми на живот како што се бактериите“. Тој е еден од долгата листа на научници кои сметаат дека на овие водени месечини постои живот.

Откривањето на било каква форма на живот кој потекнува од планета која не е Земјата ќе биде „откритие на Милениумот“, вели професор Нимо. Доколку животот постои во водените океани на месечините околу Јупитер и Сатурн, тоа ќе значи дека ширината на зоната погодна за живот околу некоја ѕвезда ќе мора да биде адаптирана за да вклучува и месечини кои орбитираат околу џиновски гасовити планети во други системи на оддалечени ѕвезди, изјавува Нимо. Можните океани под површината на Енцеладус својата топлина најверојатно ја добиваат од плимните сили на планетата Сатурн. Сепак, постојтоењето на овие океани е нешто за што астрономите сѐ уште дебатираат. Постојаниот напор од сатурновата гравитациона сила може да доведе да растегање на внатрешноста на месечината доволно за да ја загрее водата под површината на кората од лед, која се претпоставува дека е дебела од 25-45 км. Како последица на ова може да бидат гејзерите од кристали на замрзната вода, кои до сега беа неколку пати фотографирани од страна на мисијата Касини.

Гејзерите на Енцеладус видени од камерите на Касини

Доказите кои потврдуваат дека постои океан под замрзнатата кожа на Европа доаѓаат од страна на мисијата Галилео, која прелета покрај месечината во 2000 година и која изврши мерења на нејзиното магнетното поле. Варијациите во магнетното поле на месечината ги навело астрономите да размислуваат за постоењето на голем океан под нејзината површината, што директно води кон претпоставките за постоење на погодно место за живот. Океанот на Европа се загрева на сличен начин како и океанот на месечината Енцеладус, бидејќи и двете месечини имаат неправилни орбити околу нивните масивни планети, а сето тоа води кон поместувања во нивната внатрешност со што се предизвикува триење кое води кон загревање. С’ржта и површината на овие месечини се можни извори на хемиски елементи кои се неопходни за формирање на живот. Ударот од кометите може да остави органски молекули на површината, а светлината од Сонцето може да ги помеша. Фактот што овие месечини се погодни за живот не мора да значи дека животот на нив постои, но научниците се одлучни да го докажат постоењето на живот таму.


Извор
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Први научни резултати од телескопот Хершел


Научниот тим на Хершел (Herschel) се сретна неделава за да продискутира за првите резултати кои ги добиле од опсервациите на инфрацрвента Вселена со помош на овој телескоп, кој беше лансиран во Мај годинава. Деталите од овие научни истражувања сѐ уште се очекуваат, но сите на средбата имаа можност да ги споделат тие резултати.

Европската вселенска агенција (ESA) објави неколку воодушевувачки слики како приказ на она што можеме да го очекуваме во иднина. Некои од овие слики се претставени како едни од најзначајните слики направени во Вселената во изминативе неколку декади. Хершел погледна и во внатрешноста на, до сега, невидена ѕвездена „детска соба" која е лоцирана 1000 светлински години од нас, во правец на соѕвездието Орел, а која открива изненадувачка количина на активност. Се претпоставува дека има околу 700 нови ѕвезди кои се формираат од меѓуѕвездениот гас и прашината.




На друга слика може да се забележи дека и најтемните места на нашето небо можат да сјаат за Хершел. Вообичаено овој регион изгледа како темен облак од прашина, но со Хершел се откри дека тоа може да биде место на интензивно формирање на ѕвезди. Прашината која се создава во групата, формира магнетни линии кои наликуваат на бисерен ѓердан.




Третата слика е спираланата галаксија М51, попозната како галаксијата Вртлог, прикажана во нејзината спектакуларна инфрацрвена боја. Двата краци претставуваат два големи бранови на формирање на ѕвезди, опфаќајќи ги централните делови, кои прават убава спирала. Секоја од нив сјае со својата прашина која е загреана од младите ѕвезди.




http://www.astronomija.com.mk/vest.asp?id=1934

ПС. Мислам дека темава треба да се премести во наука и технологија.​
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Апофис полека но сигурно од шега прераснува во реалност со која ќе се соочиме во иднина:

Научниците од Русија наскоро тајно ќе се состанат за да разработат план како да ја спасат Земјата од судир со гигантскиот астероид Апофис во 2036-та, официјално најави шефот на Руската вселенска агенција.
“Наскоро ќе имаме средба од затворен тип за да видиме што може да се направи за да го спречиме астероидот да удри во нашата планета за 26 години. Се работи за човечки животи. Подобро да потрошиме стотици милиони евра за создавање на систем што ќе спречи судир, отколку да чекаме да се случи катастрофата и стотици илјади човечки животи да бидат загубени,“ изјавил Анатоли Перминов.

Астероидот Апофис има дијаметар од околу 350 метри а според информациите на руските медиуми, доколку ја погоди Земјата ќе создаде нова пустина со површина колку Франција.

Перминов истакнал дека за да се спречи таква катастрофа, најверојатно ќе биде потребен меѓународен проект што ќе ги вклучува руските, европските, американските и кинеските вселенски експерти, додавајќи дека една опција е изградбата на нова вселенска апаратура наменета исклучиво за пренасочување на Апофис.
“Нуклеарна експлозија нема да биде потребна. Ќе се работи според законите на физиката а ние ќе испитаме се` што е потребно,“ напоменал Пермионов.

Извор 1 + 2
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Веројатноста за судир со Апофис е голема, т.е. речиси е сигурно дека ќе ја погоди Земјата. Нормално за да се спречи судирот ќе реагираат големите сили. Е сега тука има 2 можности:
1. Да се уништи целиот астероид со помош на нуклеарки внатре во астероидот.
2. Да се измени неговата насока и тој да не се судри со Земјата.
Е сега ова второво е поверојатно затоа што е полесно а и побезбедно (ако го разнесат со нуклеарка големи делови од астероидот можат да ја погодат Земјата).
За да се измени неговата траекторија пак има 2 можности:
1. Да се погоди со ракета вооружена со доволна моќ, но тоа да се случи "секунди" пред влез во Земјината атмосфера.
2. На астероидот да се намести бомба, најверојатно нуклеарка заради заради тежината на класичен експлозив и тоа да се направи неколку месеци пред судирот.

Астероидот Апофис има дијаметар од околу 350 метри а според информациите на руските медиуми, доколку ја погоди Земјата ќе создаде нова пустина со површина колку Франција.

Доколку ја погоди Земјата некаде на копно.....а доколку удри во некое море или океан....:nesvest:
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
„Кеплер“ откри пет нови егзопланети

„Кеплер“ откри пет нови егзопланети


Астрономите ги открија првите пет егзопланети (цврсти тела што се наоѓаат во орбитата околу други ѕвезди) со телескопот „Кеплер“ на НАСА. Опсерваторијата, која беше лансирана во март минатата година со цел да се пронајдат „нови Земји“, ги обезбеди првите резултати само неколку недели по нејзиното активирање. Иако новооткриените планети претставуваат гиганти поголеми од гасовитиот џин Нептун, од НАСА велат дека овие наоди претставуваат доказ за големата чувствителност на инструментите на телескопот, кој засега функционира одлично. Сите пет планети кружат многу блиску до своите матични ѕвезди, полна орбита завршуваат за околу три до четири дена и се толку врели, што дури и железото на нивната површина веднаш би се стопило. „Кеплер“ е создаден да открие карпести планети со големина на Земјата мерејќи ја закривеноста на светлината од ѕвездата што покажува кога некое цврсто тело поминува пред ѕвездата (од перспектива на Земјата). Меѓу другото, со помош на „Кеплер“ астрономите открија и мистериозен објект што е поврел од ѕвездата околу која кружи, а е премногу крупен за да се објасни како бело џуџе. Засега научниците немаат теорија со која би го објасниле постоењето на едно такво небеско тело.
 
Член од
21 август 2007
Мислења
23
Поени од реакции
3
Инаку, незнам дали порано е спомната, Апофис не ни е ни единствениот проблем. На последната конференција за планетарна одбрана изјавија дека досега се отркиени околу 6000 објекти блиску до земјата, од кои 800 поголеми од 1 км, што значи можат да направат сериозна штета.....

Во секој случај, добро е што некој од големите сили размислува нешто да направи по ова прашање, а не само да седи и да чека дали ќе не промаши астероидот :)

Извор: Конференција за Планетарна Одбрана
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
И уште нешто:

Земјата може да биде уништена од експлозија на ѕвезда која што е оддалечена од планетава повеќе од 3.000 светлосни години, предупредуваат американските научници.
Ѕвездата, позната како Т Pyxidis, се очекува да се самоуништи во експлозија наречена супернова со јачина од 20 милијарди милијарди милијарди мегатони на ТНТ.
На растојание од 3.260 светлосни години од Земјата, што е релативно кратко во галактичка смисла, експлозивниот бран од термонуклеарната експлозија може да ја остави планетава без озон, сметаат научниците.
Астрономите од Универзитетот Виланова во Филаделфија истакнале дека Меѓународната ултравиолетова сателитска сонда им покажала дека Т Pyxidis всушност се две ѕвезди, едната наречена бело џуџе што вшмукува гас и постојано расте а кога ќе достигне критична маса се распрскува на парчиња.“Тогаш ќе стане онолку светла колку сите ѕвезди во Галаксијата заедно,“ велат научниците, додавајќи дека вселенскиот телескоп Хабл ја снимил ѕвездата како се подготвува за својата голема експлозија со серија на помали распарчувања.
Експлозиите редовно се случувале на секои 20 години од 1890-та, но ваквата пракса престанала по 1967-та.
“Ѕвездата може многу наскоро да стане супернова, но наскоро може да биде и долг период, затоа немојте да имате кошмари,“ изјавил Робин Скагел, потпретседател на британското друштво за астрономија.

итаканатака + уштропотака
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.394
Поени од реакции
5.021
Инаку, незнам дали порано е спомната, Апофис не ни е ни единствениот проблем. На последната конференција за планетарна одбрана изјавија дека досега се отркиени околу 6000 објекти блиску до земјата, од кои 800 поголеми од 1 км, што значи можат да направат сериозна штета.....

Во секој случај, добро е што некој од големите сили размислува нешто да направи по ова прашање, а не само да седи и да чека дали ќе не промаши астероидот :)

Извор: Конференција за Планетарна Одбрана
Да, постојат многу астероиди кои се помали и од 1 км, и преставуваат опасност заради фактот што многу тешко се детектираат. А штетата што може да ја направи на пр. еден 100 метарски астероид е огромна.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom