1999-та мојот веројатно иден кум ми се јави и ми рече дека има карти. Јас до тогаш бев начул тук-там некоја песна и имав скромни познавња. И влегов во Хала 1 на саем, долго време никој немаше правено никаков концерт таму. Генерален спонзор-Смирноф тогаш уште со старото лого. На сцената имаше огромно платно со две букви UM (uber makedonishe). Пред групи беа Бумбикс и втората не ми текнува. Кога на крај почнаа Архангел, завладеа масовна еуфорија. Ристо, Гино, Мите и Петар Јанков. Се сеќавам дека Чудесен Свет ја свиреа на крај. После тоа ги гледав на Скопје гори-Скопско го гасне и на Таксират кецот. Потем речено имаат издадено 4 судиски албуми.
1. Архангел
2. Архангел 2
3. Heart Core
4. Небесна Машина
и еден албум во живо Live in Skopje.
Имаат и уште еден албум пуштен во ограничено издание насловен-Песни за Ушко посветени на нивниот поранешен член прерано заминат од земскиот свет. На секој албум имаат по 10 песни вкупно 40. Сите 40 ги одсвиреа на вториот масивен самостоен концерт одржан 29.10.2005 и картата од тој концерт ми стои над кревет рамо до рамо со картите од Iron Maiden, Rolling Stones, Deep Purple, Massive Attack. Интересно е што на сите 4 концерти Вртев не ја пееше Милион Долари туку го насочуваше микрофонот кон публиката да ја пее.
Скромни би биле сите постоечки зборови за да се опише нивната величина. Архангел претставува едно длабоко псхихофизичко и пандемонско синапсирање од најдлабоките бори на кортексот преку вентрикулите па се до генерисот на битието наречено душа. Архангел се создаваат врз база на човекот како единка и на општествотвото и неговите минати сегашни и идни динамички сили
Мал омилен мој дел од нивниот Опус
Мислам или гледам грч на нема уста, овде не може да биде сиот мој дух-Архангел
Ќе исчезнм во Скопските магли, ќе исчезнам и нема да се вратам никогаш-Разговор без смисла
На сон ми доаѓаш како светица со вода во дланките-1000 светла
После сите овие години се будиш во свет кој нема минато, свет кој нема иднина-Човек без име и презиме (на концертот 1999-та оваа песна ја посвети на татко му кој беше во публиката)
Излези ќе видиш повтроно се е магично и неправедно-Чудесен свет
Мислев ја љубам а јас ја гризев, гризев до крв до самото до дно, и без да заплаче низ нежен шепот ми прости се-Дно
Ние бевме, ние сме само послушни деца построени под знамето,и се што бевме бевме само до нашите срца болни од илузии-Војна
Од срп и чекан јас сум роден и немав Исус, Алах, Сотона, место срце имав ѕвезда-Нова Вера Нова Библија
Лево лудост, десно зло, над тоа лага, под сето само бол-Крст
Без љубов знај, ќе те проголта овој град без гордост и без срам-Heart Core
Долго, долго гледам во тоа лице, се трудам да не мислам колку е убава колку е прекрасна-Љубов или омраза
Долго, долго зборувам, сакам да те трогнам да видам бар една солза-Љубов или омраза
Со страст претворена во оган го палм светиот бордел, пред мене ко гола курва стои збунет сиот свет-Владимир
Милион долари
Зар веруваш во мене
јас сум привид што ги нуди
сите можни облици.
И веќе одамна тоа не сум јас,
тоа е некој што ме гуми
и ужива во досада.
Секој обид да ме љубиш
ќе ти се врати како казна
како горка измама.
Јас сум човек кој
живее во страв
кој се паши да те допре
не знам дали остана бар малку љубов во мене
или се исчезна во времето
Осамен и уморен
трагам очајно
по моите милион долари
единствен разлог да
продолжам да живеам
и нема начин да ме промениш
се што можеш е да ме убиеш.
Не мисли колку си љубела
и дека љубовта е се
што ти е потребно.
Погледни
ќе видиш само еден
обичен смртник без концепт
за револуција.
Секој обид да ме љубиш
ќе ти се врати како казна
како горка измама.
Јас сум човек кој
живее во страв
кој се паши да те допре
не знам дали остана бар малку љубов во мене
или се исчезна во времето