12.05.2009 17:14
Еуфорија кај Социјалдемократите за враќањето на Црвенковски, аплаузи и емоции од активисти и симпатизери на СДСМ, кои еден час порано го исполнија просторот пред партиската зграда на „Бихаќка“.
„Не чека огромна работа на планот на консолидацијата на партијата, не чекаат тешки и сериозни битки и предизвици, меѓутоа од работата не бегаме, од битките и предизвиците не се плашиме, сигурен сум, убеден сум, верувам дека на крајот ќе успееме“, рече Црвенковски.
Меѓу оние што го чекаа Црвенковски, стари и нови лица. Некои подзаборавени со неговото заминување од истото место на кое сега се враќа.
За „кам-бекот“ на старо-новиот лидер Социјалдемократите ја подновија и партиската зграда.
„Реновирањето претпоставувам дека се совпадна, коинциденција, дека не е направено со таа цел, заради враќањето на Црвенковски. Сепак е убаво освежување на партијата“, рече активист на СДСМ.
„Да одиме напред со партијата, да победиме на наредните избори. Ќе победиме 100%, гарантирам, зошто сите го сакаат, Бранко многу го сакаат“, велат симпатизерите на СДСМ.
По пречекот Црвенковски кратко на кафе со Заев. На претходното пак, со Ѓорге Иванов, му ветил поддршка за правилните потези, но и сериозни критики за секоја грешка.
Од вилата на Водно вечерва Црвенковски заминува во станот во капиштец.:baeh:
Па катастрофа сте кого дочекувате најголемиот гробар на Македонија.