Kade be? Znaes kako funkcionira kaj nas policijata? Bizarno e da se kaze, no partiski. Ne te kaznuvaat ako imas prijatel, vo prevod, kolku pogolem prijatel tolku pogolemi gluposti mozes da pravis.
))
Aha, prefrli ja topkata na Branko. Branko bese opozicija i togas. Ako vlasta ne naraca deka toa mora da se napravi, kakvi ingerencii ima opozicijata?
КАКО СЕ ДОГОВАРАШЕ ВОЈНАТА
Janko Bachev
Претходно веќе пишував за невидената кадровска диверзија што ја направи тајниот центар на СДСМ во Службата за државна безбедност, и пошироко во МВР, за време на т.н. владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Со тоа на тогаш опозицискиот СДСМ му се овозможи и понатаму беспрекорно да ја контролира тајната полиција преку своите инсталирани кадри. Но, реалната моќ на опозисикиот СДСМ и во времето на ВМРО-ДПМНЕ не беше карактеристика само за СДБ, туку вакви појави имаше и во останати државни органи. Најочигледен пример за кадровските сплеткарења имаше во најбитниот царински граничен премин во Гевгелија, каде се вршеше најголемиот шверц. Тогашниот министер за финансии Борис Стојменов, под чии ингеренции беше Царинската управа, форсираше тандемско фукционирање на неговиот роднина-царинскиот службеник К.Стојменов (со кого во одреден период ќе се прикажуваат дека наводно не се во добри односи) и царинскиот службеник Захо Ќуркчиев, брат на сегашниот генсек на СДСМ Никола Ќуркчиев. Претходно на мошне суптилен начин беше елиминиран од кадровската листа на ВМРО-ДПМНЕ за раководител на Царината, извесен Никола Петков, долгогодишен професионалец со искуството во царината.
Во меѓувреме се продуцираат многубројни афери за оцрнување на вмровската власт. Најзначајниот конструиран настан секако е војната во 2001 година. СДСМ и тогашната ОНА направија обид за насилно освојување на власта, а се под легендата за борба за поголеми права на Албанците во Македонија. Во оваа насока да спомнам дека речиси сите права за Албанците што беа нормирани со рамковниот договор веќе претходно беа во фаза на реализација и утврдени во агендата на тогашните политички партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДПА. Остануваше само уште да се операционализира и двојазичноста во македонскиот парламент, што сигурно во догледна иднина ќе беше обезбедено со политичка борба. Затоа и до ден-денес останува отворено прашањето за оправданоста на војната во 2001 година.
Неколку податоци одат во прилог на тезата дека војната е конструирана. Имено, со почнувањето на војната, тајниот центар на СДСМ во СДБ ќе обезбеди преку неговите раководни инсталации во тајната полиција да се бришат одредени безбедносно-интересни лица од евиденциите на СДБ. Ова особено ќе биде зачестена појава на неколку месеци пред војната, кога речиси секојдневно се доставуваат телеграми за информирање до агентурата во СДБ, дека спомнатите лица се бришат од евиденциите на СДБ. За појаснување, да кажам дека спомнатото бришење на одредени лица од евиденциите на СДБ, всушност значи дека т.н.бришани лица повеќе не се интересни за службата и агентите на тајната полиција во иднина не треба да преземаат какви било оперативни активности спрема нив. Колку ова било длабоко смислен и оправдан план во тоа време, може да се види од увидот во овие списоци за бришење од евиденциите на СДБ, каде се доаѓа до фрапирачко сознание според кое т.н. бришани лица како неинтересни за агентите за СДБ, всушност биле најекспонираните команданти на ОНА за време на војната.
Во тоа време, додека на теренот се води војна, на неколку наврати во Гостивар во станот во сопственост на КРЦ (контраразузнавачкиот центар на Министерството за одбрана, кое тогаш го раководи Владо Бучковски) одржуваат тајни средби, одбрани оперативни тимови на СДСМ и ОНА. Овој стан е на целосно секојдневно располагање, а клучевите од него ексклузивно по налог на Бучковски ги има еден познат во јавноста армиски полковник-разузнавач Д.С.-М. Спомнатите оперативни тимови, пак, се составени од личности од највисока доверба на Црвенковси и Ахмети. Така, оперативниот тим на СДСМ е составен од Л.К., З.В., М.З, едниот кандидат за пратеник на претстојните парламентарни избори, другиот дипломат и третиот раководител-безбедњак. Тимот на ОНА го раководи Г.О., кој преку доброволец во косовската војна, дополнително во македонската војна стигна до највисок воен чин, а во тимот е уште и Т.Џ, сега државен функционер од ДУИ. Бучковски, пак, како тогашен министер за одбрана, ќе биде на врска со ОНА преку неговата тогашна и сегашна верна сенка М.Ѓ., кој одржува врска со веќе спомнатиот Г.О. од ОНА. Подоцна се дозна дека алчноста на СДСМ одела дотаму што дозволиле дури телефонските апарати за комуникација и телефонските сметки на М.З и М.Ѓ од штабот на СДСМ да ги плаќа ОНА. Огромните парични средства за потребите на ОНА од нивниот пребогат фонд 'Татковината повикува' ќе се трансферираат преку филијалата на банката 'Пиреус' од Грција, која е лоцирана во Албанија со назив 'Банка Тирана'. Денеска, пак, од банкарска сметка во 'Алфа банка' се исплатува месечен паричен надомест од 150 евра на борците на ОНА, а дел од овие средства, иако сеуште се крие од македонската јавност, се обезбедува со дозвола и знаење на Бучковски од државни органи и институции.
Инаку, за цело време на војната, Црвенковски и Ахмети ќе бидат на постојана врска. Лице за контакт-курир на Црвенковски- ќе биде веќе спомнатиот М.З.-денес сдсмовски државен функционер. Во тоа време тој му ги пренесува на Али Ахмети строго чуваните тајни од Министерството за одбрана на Бучковски, се разбира со негово знаење. Се сеќаваат граѓаните дека за време на војната борците на ОНА речиси секогаш однапред ги знаеја и ги избегнуваа заседите на македонската армија. Во оваа насока, борците на ОНА добро го знаеја и движењето на македонските бранители за што благовремено поставуваа мински заседи од кои загинаа најголем дел од македонските бранители.
ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА ( 29 )
ЕДНА ЗАГУБЕНА ВОЈНА
Janko Bachev
Македонските политички демагози,
залудени единствено од лична промоција и желба за слава, моќ и за профит, ја изгубија војната во 2001 година-на воен, политички и на дипломатски план. По вакви битни настани, секоја сериозна држава изработува соодветна анализа за да дефинира соодветни солуции и проценки за во иднина. За жал, кај нас само се правеа обиди за убедување на јавноста дека вината за војната е во меѓународната заедница, која наводно не ги сакала Македонците, а премногу ги сакала Албанците. Ваквите перфидни и демагошки тези претставуваат најгруба манипулација со сопствените граѓани. Македонија ја загуби војната најмногу поради страотните стратегиски грешки и несоодветниот тактички приод кон настаните, на што во голема мера му кумуваа внатрешните политички надмудрувања и интриги, доминацијата на личниот над државниот интерес, незнаењето, тајната дипломатија, разузнувачкото 'приклештување' на одредени битни личности во војната, извршената кадровска диверзија во најчуствителните државни органи и слично.
За време на војната отсуствуваше толку значајното политичко единство. Наместо единство, нашите политички репрезенти дозволија да надвладеат личните интереси и амбиции, кои немаат никаква врска со одбраната на земјата. Се преземаа активности во корист на поединци, кои ја водеа земјата во воен пораз........
ТАЈНАТА ПОЛИЦИЈА ВО ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА ( 28 )
ЗА КАРПАЛАК Е ВИНОВЕН БУЧКОВСКИ
Janko Bachev
На 8 август 2001 година беа убиени 10 македонски бранители кај месноста Карпалак. Официјалната верзија за нивната смрт се сведува на тоа дека се убиени во заседа од албанските терористи, и дека постоеле одредени технички пропусти во организацијата на конвојот кон Тетово. И толку.
Но, работите не стојат така. Одредени податоци до кои дојдов при истражувањето за овој серијал фрлаат поинаква светлина на настанот. Убиството кај Карпалак најверојатно, е наменски конструирано непосредно пред потпишувањето на т.н. рамковен договор за дефинитивно да се отстранат сите колебања во врска со потпишувањето на договорот. Притоа, наводно, би се отстранила опасноста од понатамошно гинење на македонските 'војничиња и полицајчиња'. Истовремено задоволени се и одредени теснопартиски и лични интереси на политичкото водство на СДСМ. Во своите амбиции за што побзо враќање на власт, сдсмовците не се воздржувале и од местење на бранителите за време на војната. Просторот не дозволува подетална елаборација на овие 'причинско-последични врски'. Во оваа пригода само за спомнатите сознанија.
Одговорноста за убиството кај Карпалак треба да се бара кај Владо Бучковски како тогашен министер за одбрана.
Во почетокот на јули 2001 година, значи цели четириесет дена пред настанот на Карпалак, во СДБ постоеле два службени документи со податоци врз основа на кои се знаеше дека на ридот од каде се пукаше врз конвојот се наоѓа вооружена група од 15 лица, кои преку ден беа присутни во ископаните ровови, а ноќта се повлекуваа кај свои јатаци во едно соседно село со целосно албанско население. СДБ добро го работела овој случај, и успеала дури да уфрли свој човек-соработник во терористичката група. При едно нивно вообичаено ноќно повлекување кај јатаците, комбиниран тим припадници од државната и јавната безбедност при МВР дури и го посетиле ова место и извршиле снимање и увид на локацијата. Преку вградениот соработник се извршила и комплетна идентификација на терористичката група, по што од оперативните евиденции на МВР можело да се види дека овие лица се всушност криминалци и наркозависници, претходно познати на полицијата.
По ова, СДБ согласно правилата за соработка на безбедносните органи во државата, преку МВР ги доставила овие информации за натамошно постапување до надлежниот Сектор за безбедност и разузнавање при Министерството за одбрана, а оттаму и до Бучковски како тогашен министер за одбрана. Но, министерот Бучковски воден единствено од желбата за власт, не презема ништо во врска со ова, иако 40 дена ги имаше потребните информации за соодветно дејствување. Трагедијата сигурно ќе беше спречена ако Бучковски дозволеше интервенција армиските хеликоптери, бидејќи прецизно се знаеја сите битни елементи како локација, време и начин на движење, вооруженоста, распореденоста, бројноста на групата и слично.
Очигледно е дека Бучковски како министер за одбрана во овој случај пропуштил да преземе одредени дејства, што бил должен да ги преземе во интерес на безбедноста на конвојот. Спротивно на сите формациски воени правила, резервистите биле пуштени да се 'возат' накај Тетово како да одат на екскурзија. Дури и по трагичниот настан, бранителите се оставени сами на себе без никаква помош да горат во торпедираните возила, иако на армиските хеликоптери по воздушна линија од аеродромот Петровец до Карпалак им било потребно најмногу пет минути да им пружат соодветна помош. Но, хеликоптерите ќе пристигнат на местото на настанот дури по шеесетина минути.
Во прилог на тезата за конструираноста на настанот кај Карпалак говорат и следните факти: со наредба армиските хеликоптери се приземјени; сегашниот сдсмовски функционер М.З. во тоа време е врската меѓу Црвенковски и Ахмети, што значи дека уште за време на војната додека гинеа македонски бранители се преговарало за преземање на власта. Останува мистерија и до ден денес зошто пред убиството е отстранет безбедносниот пункт на автопатот Скопје-Тетово во близина кај Карпалак и слично.
По ова, преживеаните и семејствата на загинатите по долгогодишното судско малтретирање ќе добијат смешна 'оштета' од државата од 2.500 до 3.000 евра Овој оштетен износ е невидена фарса и девалвација на македонските бранители. Од друга страна, јавноста се сеќава како министерката во МНР, Илинка Митрева, своевремено му вети на еден пакистански адвокат дури 14 милиони долари отштета за наводно убиство на седум пакистански терорисити кај 'Раштански лозја'.
Во судската постапка за обештетување на бранителите, еден од адвокатите ја одби понудата на авторот на текстот да се појави како сведок во процесот за да ги презентира овие податоци, што беше можност во судска постапка да се постави прашањето за утврдување на одговорноста министерот за одбрана Владо Бучковски во загинувањето на резервистите. Но, како што знаеме, во 'правна' Македонија некои прашања не смеат да се постават.